@anaja1 сакав да ја споделам со членката мојата ситуација и доколку сака да поразговараме И јас имам јазли кои притискаат на хранопроводникот. Пункција немам правено бидејќи нема да ми ја покаже реалната слика, имам и милиметарски јазли кои не можат да се проверат. Кај мене решението беше операција, па ќе правам наскоро. Доктори кои ми ги препорачаа се Толевска на клиника, и Смилевски и Арсовски во Систина. Хормоните ми се исто така во ред, но во нашата ситуација проблемот е од друга природа. Доколку имате конкретни прашања слободно пишете ми, можеби ќе знам да ви дадам некаква информација.
Женски нешто се осеќам цело време уморно и поспано, па решив да ја проверам тироидната жлезда. Кажете ми само преку крв може да го направам тоа, после може матичната да ми прочита резултати?
Девојки каде одите за тироидната и каде ги испитувате хормоните, каде им се најточни резултатите? Ми треба добар доктор зошто имам проблем. До сега одев кај Татијана Јосифовска ама веќе скапо ми е таму па сакам да сменам. Само неќам на клиника да се маткам. Може и некаде приватно само не волку како кај Татијана. Инаку докторкава е многу добра.
По грешка сум пишала во тироидна жлезда во текот на бременоста, ама за тука ми беше повеќето прашањето. Тсх - 14.7 Т4 - 0.999 Пијам терапија 100мг 5 дена и 125мг преку викенд. Оваа доза ја пијам годинаипол-две, т.е. откако се породив. Во бременоста пиев повисока мачку, ама до ден денес не можам да ја симнам дозата под 100. И покрај тоа резултатот е лош. Што да правам со оваа тироидна, која е максимум доза што може да се зема? Препорака за доктор за состојбава?
Малку ти е дозата. Јас за помала вредност на тсх од твојата пијам поголема доза од тебе. Оди на лекар.
По проверен лабараториски хормонски статус, тсх ми е високо. Упат за интернист имам. Што ќе проверувам кај интернистот? Што потоа следно?
Дали самп тсх проверуваше? Ќе треба и ft3, ft4 и антитела. Кај интернистот ќе правиш ехо на жлездата.
Да, да веќе примам поголема доза, ми ја покачија. До пред некој месец добра беше дозата, сега наеднаш рипнал ТСХ. Се посомнева докторката дури дали пијам Еутирокс редовно. Фала ти. ______ Дали има некое правило колку се качува Еутироксот? На неделно, или дневно ниво? Зборот ми е дали смее да се качува нагло?
Zdravo, Dali nekoj ima praveno bila kakva operacija so pokacena vrednost na TSH? Maz mi veke godina vreme pie apcinja za tiroidnata zlezda no nikako ne mu pagja vrednosta na normala. Spored poslednite ispituvanja TSH e so vrednost 9 a tiroksinot malku pod normalata... Hirurgot go ispanicil maz mi deneska, mu rekol so pokacena tiroidna nema sansi da se napravi operacija, bidejki mozelo da dojde do komplikacii I nedajboze do smarten slucaj.. Ako ne dojde do normala neznam Kako bi go resile ova. Ako imate nekoj sovet bi bila blagodarna da go spodelite
Општи хормони гинеколог ми даде. Па на нив тсх високо и ми рече на инетенист да одам. А на приватно колку чини тоа ft3/ft4 и антитела?
И јас редовно пијам Еутирокс, ама Тсх на последната контрола ми беше прилично покачен, па истиот ден докторката ми ја зголеми дозата, ми рече два дена во неделата да земам плус 25 мг од мојата редовна доза. Така што, штом доктор препорачува зголемување на дозата на дневно ниво, изгледа е правилно така. Деновиве ќе одам на контрола и едвај чекам да видам дали ќе ме врати на старата доза или ќе продолжам со новата-зголемена.
Прво, тсх 9 не е незнам колку високо, до 10 е гранично. Не е идеално, ама па не е ни катастрофа. Второ- не може да не се нормализира тсх, ако е во ред дозата. Ако и покрај зголемена доза не се нормализира, може да не е проблем тироида туку хипофиза. Ама со ниско т4 личи како да не му е доволна дозата еутитокс или не реагира на лекот соодветно. Трето-тсх варира во текот на денот, и тоа треба да се има предвид. Реагира и на вируси, цревни инфекции и слично.
Здраво испитував хормони и tsh на 3 ден од менструација tsh ми излезе 8.4. Препорачајте ми добар доктор, планираме и бременост. И дали имало посебен режим на исхрана?
Нема исхрана само еутирокс Мене прв пат беше 7.80 и од тогаш сум на терапија Кај Бојаџиев на кале одам Пробав на почеток и без глутен и се како што оди ама ништо
Каде на државно можам да ги проверам сите хормони за тироидот? И, кој доктор може да ме види за ова? И приватно да е не ми е битно. Само што поскоро тоа подобро
Јас бев во Биотек на интернист кај др Славица и таму лабараториски и ехо испитав. Планирам само таму да терам.