Дали е возможно tsh od 8.7 za 3-4 dena na 6.5 i za 3 dena na 4.5? Sto sovet ke dadete? Otidov privatno endokrinolog vo sistina mi rekoa uste so apcinja ne da vidime kako ke odi?
Ништо страшно, комшика со tsh 8 од како реши проблем со цревата односно имаше проблем со опстипација, смени исхрана исчисти црева tsh 1.25 и беше за поалце од месец, здравјето на цревата и дебелината е поврзана со работата на тироидната исто така
Дали одиш наспиена, дали си под стрес кога испитуваш и дали во мегувреме менуваш исхрана? Битно е кога одиш да испиташ да си наспана и во моментот, деновите да не си под стрес. Исто така многу влијание има исхраната и физичката активност. Најдобро исфрли и глутен од исхраната, ќе имаш значително намалување, кај мене не беше нешто високо кога прв пат испитав, беше 4. 5 ама тогаш поима си немав што, како.. И да, добро е што докторот одма не ти дал терапија, паметно, мене сакаше одма да ми даде ама јас одбив. Секако за еден месец ми беше 2.5
3 години после операција од папиларен карцином на најновата контрола aTG ми е качено доста над граница. Другите вредности ми се нормални, и на ехо вака се беше во ред. Дали некој има слично искуство? Страв ми е од релапс, не знам дали приватно да проверам пак вредностите.
Според составот ок се, сега не знам за квалитет какви се, не ми се познати. Пробај ќе видиш како ти се намалува ТСХ со нив.
Ако немаш Хашимото, туку само проблем со тсх. Ако немаш проблем со антитела, да знаеш усто така- со зголемен внесување на јод, привремено тсх се качува, заборавив веќе како зошто. Комплицирано е ова со јодот.
Јас сега 2 години ќе биде од кога почнав со еутироксот дека сум хипо хашимото и баш ова со јодот е чудна работа, некаде читам како јод ни треба плус А кога бев бремена сега со второ ендокринологот ми рече да не купувам витамини тие се во едно туку што ми треба единечно дека во секој има јод а на нас тоа не ни треба плус, и барав во сите аптеки мултивитамини без јод никаде немаше А со првото дете си пиев pregnacare и во нив имаше јод ама тогаш немав или незнаев дека имам проблем со штитната.
Извадена ти е тироидната? Не би значело ништо тоа, има луѓе кои се со мирно аТг, а се со чворови и тумори кои се малигни... Јас сум 10г со покачено атг, тоа ти е веќе Хашимото... и можеш до крај на живот да си го имаш. Се контролира со исхрана, пиење на селен... и мојата докторка што вика, без стрес. Ама биди без стрес во денешно време... Јас Хипотиреоза+хашимото сум 10 години, на ехо се до пред година се беше супер и никогаш ништо не сум имала. А сега веќе имам чворче кое е во пораст на секое наредно ехо и треба да го контролираме и ако продолжи да си расте да направиме и една биопсија..
Проблемот со јодот уште не ми е јасен...ама, има јод природен (во море) и хемиски, во таблети, и нешто со структурата на тој хемискиот е поинакво и ги поттикнува антителата. Нигде не можам ова да го најдам јасно објаснето, а баш е парадокс, истовремено ем ти фали јод ем ако додаваш на некој начин штети.
Па тоа толку е комплицирано, незнам дали ти веќе си на еутирокс или не Јас толку сум разочарана во неверување сум дека ќе морам цел живот да пијам таблети, пред бременост антителата на 1300 атпо, после бременост намалено а ништо не си сменив исто што се однесува на храна е незнам да не е од поголема доза пиев секој ден 125 Сега сум 5 дена 75 викенд 50
@mariz Како си? Како се децата, бебенцето? Баш со дозата ти намалиле по бременост, како е? Јас од 125 во бременост Сега 5 дена 75 викенд 50 И ме стави по прв пат после 2 години по 6 месеци контрола
Супер сме, растеме со брзина на светлината Вие? Јас сум моментално на 75мг, сите 7 дена и вака терам веќе после пораѓај. Одлично ми беше на последна контрола и ft4 и Tsh. Антитела па не проверив.. ама тие немам ни како да ги контролирам, па не ни проверувам често. Не ми отишле никогаш повеќе од 600, па се надевам не се. Контрола имам за 2м, ама се мислам и порано да отидам кај еден интернист да ме провери цела комплет Ехо на абдомен за да провериме таман и една циста што си ја имам на бубрег.. Во Интер-ехо планирам да отидам. Па после и кај оваа што ме следи, за да видиме како се однесува тоа едно чворче/циста/ што и да е.. што ми се појави на лев лобус
Да многу брзо поминува и тажно колку е овој период убав додека ни се во рацете Моето има 2 први заби, вчера го ставив прв пат во дубак Мене антитела се беа над 1300 атпо атг 45 мислам Ама после бременост па пола паднаа сами можеби од високата доза на еутирокс После 2 год прв пат да ме стави на 6 месеци контрола А за циста на бубрег ако се сеќаваш во текот на бременост за бебето во 8ми месец ми рекоа има проширување на бубрег па во 9ти гин. Рече циста Сега пратиме на секој 3 месеци проширување на бубрег Да ни се живи и здрави само А за чворот некој го имаат и без да знаат Само да се прати
Ние што имаме хипотиреоза+хашимото, ич не смееме да користиме јод на пример за дезинфекција на рани? Купив јод од Алкалоид и на упатството пишува да не користат лица кои имаат проблем со штитна жлезда, посебно со хипотиреоза. И сега што да користам?
Здраво, како Ви е индицирана потреба за биопсоја на јазол? Според кои карактеристики? Дали некој доктор се води според TI-RADS: https://tiradscalculator.com/