Здраво на сите,,пред некое време ми откриа хипотиродизам и пијам еутирокс 50мг. првите десет дена,,а потоа почнувам со 75мг. Бидејќи не се разбирам многу, сакав да ве прашам дали доколку имате симптоми на грип смееме да пиеме одредени лекови ( пр. Fervex, Caffetin COLD). Би ве замолила за брз одговор, бидејќи незнам што да правам. Однапред ви благодарам...поздрав
слободно напиј се илио фервекс или кафетин за настинка не му сметаат на лекот за тироиднта овие уживај си повеке овошје и зеленчук супи домашни и ке оздравиш сега е такво времето и сезона на грипови
http://www.almp.hr/upl/lijekovi/PIL/UP- ... 02-212.pdf Оди на линкот кој ти го пратив, има упатство од Еутирокс од 50 мг. Јас никогаш не сум искомбинирала Еутирокс со ниеден од тие лекови, затоа што не ми потребале, ама убаво прочитај и јави се во било која полоклиника или аптека и прашај, би требало да те услужат ако се бар малку нормални. Земаш 7 дена по 50 мг? Мојата терапија е 5 дена по 50 и 2 дена по 25 мг.
прво провери на фервекс или на кафетин колд, или што и да пиеш против настинка дали има нешто напишано во врска со комбинација со други лекови. Знам дека на Риностоп пишува дека не се препорачува да го конзумираат пациенти со хипотиреодизам.
здраво на сите... Еве и јас сум нова на форумот, па денес ги добив моите први „застрашувачки“ резултати TSH 25,1 (0.47 -5,01) Вкупен Т4 25 (60-120) холестерол 8,6 (< 5.2) Жлездата ми е отечена од уво до уво околу 1.5 цм во дебелина. Не се освестив колку брзо ми отече додека мајка ми не ме примети. Прво ме носеа на кожно да не е алергија, преку ноќта се увиде дека не е. А од утрово со крвната слика се увиде дека е тироидната жлезда. Инаку се поправив околу 5 кила, постојано сум под стрес и замор, заборавам од битно до небитно, и имам екстремно сува кожа. Откако утврдија дека е тироидна ме пратија дома и едни викат треба да одиш на ендокринологија, други на патофиза наредната недела. Па ми е страв со вакви резултати да чекам до наредната недела, бидејќи имам 7 месечно бебе кое по цел ден е само со мене дома? Некој да ми сподели искуство дали без лекарства ќе бидам ок до наредната недела? Колку ми се страшни резултативе? Ве молам за брз одговор...
олива, јас не би чекала до наредна недела. најди некој да ти го чува бебто на кратко и право на патофиза. затоа што и таму ќе ти прават испитување на хормоните и тоа се чека едно недела дена. не чекај одма оди. и да знаеш дека се закажува, не може од денес за утре. ако сакаш побрзо се да испиташ ти препорачувам да одиш во аттик кор (приватно, ама одма добиваш резултати и совет што понатаму)
Олива, од тироидава не се умира ама и тебе резултатите не ти се баш за чекање. Плус штом имаш и оток мислам дека би требало да се консултираш со лекар најбрзо можно. Олеснувачки кај тебе е што еве имаш резултати па сега останува само ехо и консултација со доктор. Си ги листав мислењата мои и мене после породувањето ми скокна ТСХ на 19,1 а претходно цела бременост ми беше добар и месеци после породувањето (цело време пиев еутирокс) но со згоелмена терапија пак ми дојде во рамките на нормалата.
Јас би те советувала да си одиш кај Др. Каранфилски човекот е закон за тироидна .И мене ме шуткаа навака натака се додека не отидов кај него и си завршив работа за еден ден .Ми ја констатира ситуацијата ми објасни се увери и самиот (можеби ке треба да направиш и кај нив проверка на ТСХ ФТ4)Ке те кошта 2400 ден ама истиот ден ке ти препише и терапија за отокот да ти се намали.Ако сакаш и телефонскиот број ке ти го дадам мислам дека само вторник и петок е таму:Позз и без страв !
Фала ви на сите за одговорите, успеав да закажам за во понеделник на патофиза.... па ќе ви пишам што како, се надевам дека до тогаш нема да отечам повеќе
Zdravo na site, pred dve nedeli sosema slucajno mi otkrija namalena funkcija na tiroidna zlezda, no uste vo minimalni granici na normala. Bev kaj Dr. Karanfilovski i mi objasni se ubavo, pa sega pijam Eutirox od 25 tableta ipol. Me interesira koj ke bidat efektite zdebeluvanje (iako vo poslednive nedeli pred da go pijam kaciv 4 kg) ili namaluvanje na kila? Dali jadete se osven soja ili ima i nekoj drugi raboti koj ne smeat da se jadat ???
Јас имам искуство од 2007 год ми е дијагностицирано хипотиреоза исто кај др.Каранфилски и задоволна сум од кај него .Што се однесува до храната и јас го прашував која храна попречува во работата на жлездата кои лекови може да влијаат мегутоа не ми кажа нешто посебно .Од искуството од други научив повеке затоа и можам да ти кажам да си јадеш се но по малку и почесто.Да и во самиот лек пишува да се избегнува соја ,исто така знам и за зелката ,брокула кикирики.Обично со хипотиреоза е поврзано и намалено железо ,холестерол покачен ,шекерот може исто да варира .За сите тие работи знам еден лек кој се вика аронија слободно земај го и не ти требаат додатоци.За килажа јас откога почнав да ги пијам се поправив Позз
Здраво, сакам да прашам дали некој знае за на ендокринологија дали треба да се носи упат кога одиш само со резултати, ( од ехо) ,,а не на контрола? поздрав
Уф, од толку напорна недела не стигнав да одговорам..., ќе ме извините.... На патофиза одново ми земаа крв, ТСХ ми е дури 29, а Т4 - 8, Ми утврдија Хашимото и ќе пијам Еутирокс прво 5 дена 25мг, па 5 дена 50 па после по 75, додека ми се навикне организмот. Инаку докторката беше изнворедно фина, Билјана Црцарева.. ми објасни за апчињата дека се синтетички хормони, се си тераш нормално... Баш ми кажа дека не би требало да се поправам со апчињата, бидејќи го регулираат метаболизмот, маникенките ги злоупотребувале за да јадат и да не се дебелеат. Ова го прочитав и на странски форуми. Нормално да не се претерува со јадење... Само многу сум уморна у п.м. Сега за сега ми е ок...
Здраво феминки, Би сакала да ве прашам како сте поминале во текот на бременоста со пиење на еутирокс, да не случајно има некои негативни последици на бебето. Иначе јас 11 години сум на терапија на еутирокс секогаш дозата ми ја менувале, но во последно време премногу тешко слабеам, а наеднаш се здебелив Лани имав 95 кг одвај намалив 13, а сега и гинекологот и ендокринологот ми викаат да ослабнам уште, па потоа да мислам за бебе
мене денес ми најдоа циста на тироидна,всушност една поголема и неколку помали и ми рекоа на контрола за еден месец за да се провери дали расте,ме интересира од што би можело да ми се створат,од стрес или..?и што би било ако ми растат ке мора да се оперирам ли?ако знае некој нека пише,фала однапред
Најчесто настануваат од стрес, како и многу други болести. И кај мене беше ист примерот, доживеав стрес и по само еден месец ми ги открија. Но не се грижи премногу. Не мора да заначи дека секогаш ќе испадне на лошо. Кога ми констатираа јазол, ме ставија на еутирокс, го пиев скоро 2 години, но сега веќе 1 година не пијам ништо. За операција сега за сега не размислувај. Ќе видиш како ќе се одвива ситуацијата. Ако ти дадат терапија, пиј ја редовно и избегнувај стрес ( се разбира ако можеш да го постигнеш тоа) Поздрав.