Се јавив, по 770 од хормон е цена. Само ако сум со дијагноза ќе биле под фондот, вака не. Тогаш зошто ми дава матичната упат, реално и сам да си отидеш без упат иста цена е.
Здраво да те прашам колку време пиеше Фероглобин и по колку капсули па направи проверка И дали ти беше многу низок хемоглобинот зошто и мене ништо со Солгар не се помести
Да да. После јадење се пие. И 4 саата после Еутирокс. Ова е закон. После 1 саат од Фероглобин пијам Ц витамин од 1000, а насабајле Б12 на гладно земам едно. Б12, Фолна плус железо го врзуваат Хемоглобинот.
Да имаш право за хемоглобин и Б12 треба и фолна само кажи ми од која фирма се Б12 и фолната и одам да купам
Извини јас пак ќе те прашам го земав Б12 па гледам 1000 мкг ми се виде многу па сакав да те прашам дали го имаш испитано преку крв Б 12...дали е многу по една на ден
Не е многу. Ама сепак и преку крв тррба да се испита. Јас испитував се и Б12 и фолна и Д витамин се по ред.
Ok немам испитано Б12 и Фолна а Др се е ниско од параметрите за хемоглобин,еритроцити железо 2 Сигурно и Б12 е доста ниско
Здраво девојки, Дојдена сум на броени денови од странство, па би ви била преблагодарна доколу ме упатите каде во Скопје би можела да направам комплетено испитување на тироидна жлезда. Во мк немам здравствено осигорување, а и во интерес на времето најмногу би ми одговарало некој приватен лекар.
Девојки здраво, може ќе знаете да ми одговорите, на клиника за ендокринологија обично до колку саат работат за да си ги подигнам резултатите? Не ги ставале веќе во систем морало таму да одам
Подобро Авицена или некоја друга направи крвна слика а ехо Систина или Ремедика. Многу се скапи во овие две хормоните. Во Авицена 700-800 е хормон а во овие две 1500 плус ехо околу 4000.