Се чувствувам ко да ми е потечена тироидната, многу непријатно чувство! Добив дијагноза Хашимото, со нормални хормони ама покачени антитела. Ова ми беше 4ти ден од пиење Селен. Прекинав да го пијам денес кога забележав дека ми е потечена! Ми се плаче, што да правам дајте ми препорака ве молам.
Циста од 4 мм на десната страна. Нешто повеќе околу ова? Страв ми е. Ми рече испитај хормони и ако треба да пиеш, ќе покажат хормони, ако се во ред, никому ништо.
Dali ima primer koj I pokraj pienje terapija koja e pokachena vo doza se' uste tsh stagnira ko da ne si na terapija ?
Ништо не е страшно. Ако хормоните се во ред, може а и не мора да побара иопсија на цистата. Не се плаши не е страшно.
Водна циста ми рече. Ќе испитам месецов хормони, ама знаеш дури да добијам упат, требало преку интернист и така си чекам термин. Вака некои симптоми немам. Ама и скриени можат да бидат. Менструацијата ми е точна релативно, секој месец добивам. Тежина не сум поместена од 47 кила. Немам нешто потење, замор, слабокрвност и сл. Еден доктор ми рече често било ова. А која жена нема некоја состојба со тироидната во текот на животот? Туку, биопсија е со директно боцкање? а и зошто да се прави, за не дај боже да е нешто пострашно?
Штом е водна циста нема да бараат биопсија. Е сега, за да не чекаш иди приватно за хормони нема друга опција.
А Нена, кажи ми, бидејќи заборавив да прашам кај докторкава. Кој ден од циклус се испитуваат, и кои? Трите претпоставувам
Нема врска тоа. А докторката која те гледаше не е интррнист? И гинеколог може да даде упат за хормони.
Радиолог е таа. Јас кај матичната побарав упат, ама ми рече преку интернист. А, видиш и преку гинеколог можеше, не ми текна.
Тироидот ми е отечен се осеќам како камен да имам еве 5 дена едвај дишам, се јавив на докторите ми викаат а тоа анксиозност ти е оди на психолог. Немам анксиозност имам болка во тироидот веднаш после зимање селен, прекинав да го пијам и уште ми трае ова стегање и отекување. Што да правам луѓе? Како да го смирам?
Чим е водна, може ќе пукне и сама. 4мм башка е трошка, премало. Мојава е од 1.44цм порасната на 2.9цм. Прво го водеа како циста, сеа јазолче. Ама од старт беше полна циста со структура како и тироидната. Водната е темна црна на ехо, така е кај тебе?
Радиолог не е специјалист за тироидна жлeзда. Ќе си идеш на нуклеарна медицина. И барај второ мислење. Мене така еднаш интернист ми кажа дека имам Тумор на тироидна за да испадне ништо на второ мислење.