Д- р Никола Костурски, салам доктор е? Доаѓа во Охрид на одредено време. Дали да одам кај него? Да ти кажам не знам точно. Не ми спомна таква работа докторката. Инаку твоето на допир се чувствува или не?
Моето на голо око се гледа преку врат, 3цм е Имам и помало ко твоето (мислам исто околу 4мм е), ама тоа е точкиче спрема другово... Сеа за недела сум пак на контрола една, па ќе видиме што понатаму ако продолжи да расте. Чат-пат на таа страна кај што е повремено осеќам како мускул кога се тегне, ко влечење некое.. незнам како да опишам. Ама и на голтање го осеќам веќе дека е таму...
Па на првото ехо така ја пиша, ама јазол си беше од старт мислам (едно до друго двете од старт). Полна структура, не беше водна циста. Јас 10г пијам Еутирокс, 9г ништо немав на тироидната и ова сега пред година ми се појави... 3 еха до сега и за секое ехо е плус пораснато поголемото и менува чудни форми. На второто ехо дури и расцеп имаше во средина со цистична дегенерација (како во средината на јазолот имаше циста, полно течност итн). Битно е да се следи како се однесува, колку брзо расте итн. Биопсија се прави само ако расте, менува структура и форма, од старт ако им изгледа сомнително. Ако е водна, не се прави биопсија мислам... Не сум сигурна ама вака логично ми е дека не би можело да вода да прават биопсија. Обично се зима парче ткиво, ако е од тоа составено што и да расте на тироидната.. Ова на сликиве првото ехо кога ги откривме ми се..
Zdravo, Dokolku nekoj znae bi sakala da mi kazate na sto se odnesuva posledniot hormon od androgenite hormoni bidejki ima mnogu visoka vrednost ?
Не мора Само секогаш биди одморена и наспиена кога ќе ти земат крв, и барем последните денови да си без стрес затоа што може ТСХ да ти биде покачено моментално.
Јас почнав да го пијам еутирокс од 50 пред три недели и веќе имам проблем тахикардии трнење во нозете отоци во нозете болка околу очите ова нешто слично ми се случи пред многу години исто кога почнав да го пијам потоа ми го прекинаа и сега ми дадоа повторно дали има некој да сподели искуства со ова зошто ми рекоа дека тоа се несакани ефекти од апчето многу се плашам дека ќе ми направи проблем имам хашимото тироидна
Odete vo bilo koja poliklinika na privatno hormonite se po 500 den,antitela e 900 den. Jas ispituvav vo poliklinika Gjorce Petrov
Здраво, дали некој има искуство да сподели со Strumeel капките? Препорачани од хомеопат, произведени во Германија.
Јас имам такво чувство и сум извадена од памет искрено антителата ми се 1000 пијам Еутирокс од 50 викенд 25 не се смирува никако
Испитав тироидна, дали се добри? За хашимото ме интересираше, ќе покажеше на ова ако имав? Треба ли уште некој хормон за тироидната?
Здраво на сите. Дали при промена на терапија ви се имаат појавено некакви симптоми? Мене ми ја сменија дозата, пиев 5 дена од 50мг, 2 дена од 25 мг. Ми ја накачија на еден ден 50, еден ден 75 мг. После 3 недели ми се јавија симптоми како тотално губење на апетит, инсомниа, висок пулс, будење многу рано, во 4,5 часот, тремор во раце и нозе, забрзани мисли, раздразливост, преосетливост на светлина, звук..
Здраво на мајка ми и дијагностицираа фоликуларен аденом на тироидна. Се жали дека ја гуши и има потешкотии при голтање. Др Угринска ја води на клиника ама сега се по одмори па тек негде крај на август ни рекоа да појдеме. Ова се оперира? Не сум запознаена воопшто..
Да Кај мене се појави чувство на лазење на мравки по нозе и дланки Исто така после три недели од промена на терапија И треперење на тело
Здраво на сите, Бремена сум 30 недела и пијам по 25 um еуторокс. Правам контроли секој месец и досега немав корекција на терапија. Погледнете ги ве молам прикачените резултати (најнови). Дали ми треба зголемување на еутирокс? FT4 е под граница и ме плаши. Следната недела ќе одам на ендокринолог, но дотогаш би сакала да слушнам ваше мислење...фала.