Ми ја кренаа терапијата од 75, на 100ка. А пункција со биопсија ми закажаа одма неделава... Малку се зачудив дека така брзо, не очекував. Жени во ходник слушнав што прашуваа на шалтер, чекале од 1 до 3 месеци и кога рекоа одма кај мене, малку се шлогирав Дали боли, колку трае процедурата? Дали отпосле боли?
Прв пат бев на патофиза, ме прати интернистот кој ме следи. Кај интернист си одев јас само 10г, океј ми контролираше хормон.. Ама јазли сега ми се појавија пред година дена. Па интернистот следеше 1г и сега ме прати да виделе дали сум за пункција и биопсија.. Хипо+хашимото сум..
И мене брзо ми закажаа. Пункцијата не боли воопшто,само треба да бидеш мирна,да не мрдаш .Јас не осетив нелагодност ниту болка , буквално ништо, можеби сум била под стрес ( немав прашувано дали боли, но очекував да боли ) А за големината на јазлите што ти кажаа, измерија прецизно? Хормоните ти беа покачени?
4.9 tsh и ми покачи еутирокс за да сме го спуштеле убаво рече... јас на 75 последно бев ставена. После пораѓај на 3,4м одев и сеуште не сме ја изрегулирале дозата (дека во бременост качуваат доза, по пораѓај спуштаат). Инаку мереше, за 2мм од пред 1м е пораснато. Интернистот ми измери 1.7, она 1.9. Прв пат кога се појави 1.4 беше. А бев пред 2,3м кај Толовски, незнам што ме натера ама да направам ехо за да видам дали расте... и тој таму 2.9 измери. Што мереше незнам. Ама така брзо ме прегледа безвезе, лапна 1500ден и чао Па уште ми рече, за една година контрола
Кај мене обично е на горна граница и не ми ја менуваше дозата, ми препорача да пијам само селен, ништо др, ( прашував за јод и сл. ) Пиев селен во апчиња,никаква разлика, ги прекинав. Почнав да јадам по 2 бразилски оревчиња секој ден на гладно,после извесно време ми дошле ептен во нормала и се осеќав подобро,со повеќе енергија и не спијам над 10ч како порано, ептен ми одговараат 2мм разликата може да е до апарат , до лекарот... не мора да значи дека ти расте.Неколку контроли кај ист лекар и ќе прецениш дали расте или зависи колку прецизно мерат. Мене еднаш ќе ми каже 2.2 , друг пат 2.5, а тој си смета дека е иста големина, така почнав и јас да се понашам,не паничам
Поима немам... Првото ехо кога откривме дека ми се појавиле биле 14мм х 11мм, до него малечко 1.7мм. И после на секоја наредна се за малку поголемки.. а направив 3,4 еха на 2-4 месеци. Не се горе доле помали, поголеми.. туку на секои 2-4 месеци се за 1,2мм нагоре мерките. Пред 1 месец беше 17мм х 14мм, кај интернистот исто.. Сега е 19мм х 15мм, малечкото до него е 5мм. Тоа мислам нема воопшто да го чепкаат.. ? Премало е тоа.. @riba79 Маја Здравковска Инаку @Selfcontrol Нормално е да е асиметрична тироидната поради промените од јазлите?
Обично после пункција може да варира големина,така ми кажаа.Значи малце ти е пораснато.Чекај резултатите да ги видиш.И јас имам 5мм, не го спомнува, мало е
Фала ти многу Главава ќе ми пукне денес. Прееска подароци требаше за роденден од Рамстор да купам ама од стрес стомак ме заболе и во кола, едвај до дома си се извозев. Незнам зошто толку се потресов, ич не очекував дека воопшто ќе ми прават... не па и толку брзо Дали многу се чекаат резултати од државно? Дали имам опција и приватно да однесам? Дали воопшто да прашувам ваму или не...?
А зошто се потресуваш, воопшто не е за потресување процедурата,јас мислев уште се подготвуваат,тие веке завршиле Биди си опуштена За неколку дена , не се сеќавам колку,одамна беше. А зошто да даваш пари за приватно
Па мислам брзо ќе е и кај мене, зошто и до надвор се гледа топче. Одма ќе знаат каде треба да боцкаат... и слаб врат имам башка Порано некако похрабра бев за се, сега како поминува време.. се повеќе се плашам А три деца имам родено.. ахахахах Фала ти премногу, кога ќе бидне и помине ќе ти пишам
Па ти си херој со 3 дечиња, каков страв Мене за деца ми е страв и језиво,таков филм си имам направено Кога си помлад не се замараш толку Пиши обавезно, ќе видиш дека за џабе ти бил стравот. Послушај ме, кулирај си, како на кафенце да одиш
За колку време ви биле готови резз од Патологија? И дали на бројот кој е таму (за резултатите), креваат? Вртев денес, не ми кренаа... Инаку документ стои и на Мое Здравје апликацијата (сеуште нереализиран). Дали кога ќе се готови резз ги прикачуваат и таму? Јас секако ќе одам да ги земам и лично, за да одам на контрола...
Да правев пред 2 нед... Па не болеше боцкањето ич. Малку ми се подзаврте само кога станав (ваљда од што бев гладна) Дека рано дојдов, чекавме сите да дојдат за да почнат со пункции и тек после саат време чекање не земаа. Е отпосле на голтање ме болеше цел ден (како крајник кога боли).