@mariz Мислам дека препорачуваат вадење доколку е баш поголемо/брзо расте или доколку пречи/притиска на нешто.
Ништо не спомнаа, декември ќе правам контрола и ќе видиме може тогаш ќе кажат ако расте. Зошто ова моево прилично брз пораст имаше... па дали ќе запре некаде или ќе продолжи да расте, само времето ќе каже..
Сигурно може. Најдобро консултација со добар ендокринолог за да се одлучи кое е најдобро решение. Знам и ситуации каде само половина од жлездата е отстранета. Се зависи од случај до случај.
здраво на сите итно ве молам било каков контакт број маил од др.ангелина богдановска на патофиза што е
Nekoj/a so nekakvo znaenje ili iskustvo za halogeni elementi i kako moze da se natprevaruvaat so priemnici na jod,i pravenje na T3 i T4?
Здраво на сите, потребна ми е информација како да дојдам до термин на патофиза? На мајка ми и открија чвор на тироидна и кажаа таму дека треба да се следи, со чести контроли. Ама термин не можеме да фатиме...
Бидете упорни, проверувајте секојдневно на Мој термин. Најлесно е да се фати термин на „Општа тироидна амбуланта", па кога веќе ќе отиде на една контрола и ќе влезе во системот како нивни пациент, натаму е лесно, самиот доктор (кој ќе биде тој ден во амбуланта) ќе ѝ закажува редовни контроли понатаму. Проверувајте често, кај одредени доктори дури и за ноември се пуштени и зафатени некои денови, па можно е баш овој период да начекате термин. Исто, можете да се јавите кај матичниот лекар и да кажете и тие да се во тек и да ве известат штом се отвори термин.