Колку пиеш еутирокс? Високо ти е тсх, затоа се чувствуваш уморна. Идеално е околу 2. Со терапијата ќе се регулираат хормоните, само треба малку време и ќе бидеш Океј.
Идеално е за бременост околу 2, ама не е нешто ептен високо, сепак е во граници на нормала доколку не планира бременост.
Ne , imam 2 deca vekje hehehhe,samo se osekjam ne bash ubavo i zatoa prasav a plus imam i spondiloza na vrat ,strasnoooo ..
Вредност околу 2 не е само за бременост идеална, туку и за општата здравствена состојба. ТСХ мене ми беше ококу 3,5 кога ме ставија на терапија. Бев уморна, без сила, со срцебиење, нервозна, напната....сега тсх ми е околу 1,75 и одлично се чувствувам.
Има ли во Систина некаков третман за тироидни јазли, да се избегне операција? Читав информации дека имало некој таков метод, има некој искуство?
Здраво на сите , ве молам некој искуство со операција на паратироидна жлезда, ПРХ покачен преку 200 и калциум исто многу висок. Ве молам совет или искуство за хирург Би благодарам
Јас испитувам TSH i FT4 Ми рекоа за почеток доволни се овие, па тука ако се појави некаков проблем ќе испитуваме повеќе.
Дали Хашимото автоматски значи целосна елиминација на глутен или прилагодување на исхраната со намалување на бело брашно, тестенини и слично е доволно? Во бременоста ми беше зголемена тироидната во големина ама хормоните беа во граници, земав Еутирокс 25. Ја прекинав терапијата после 2 години зошто според докторот таа е многу мала доза за да ми помага нешто многу и ми препорача да ја прекинам за да видам како ќе сум. После 6 месеци, симптоми катастрофа, преуморна, поспана, безволна, не можам да ослабам ни 200 гр. иако вежбам конзистетно веќе 8 месеци. Сега бев кај друг доктор, дијагноза Хашимото, антителата ми беа 703.6 ама ТСХ 0.5. Сега за сега не ми даде терапија, само селен и контрола за 3 месеци и препорака да исфрлам глутен и лактоза. Ова со тежината ептен почна да ме демотивира, цел живот сум океј онака со 5-6 кила вишок и главно стомаче и спојлери имав ама ништо страшно и немам некои комплекси околу тоа. Ама сега стомакот ми е секојдневно како кога бев 6-7 месец бремена. Претходно имав стомаче само долу, belly pouch, половината ми беше по изразена, сега имам и втори ролни над ова и скроз се осеќам непропорционална. Вежбам пилатес онлајн со Драгана фитлајф и пазам на исхрана, ама не иде и не иде. Мислам не очекував да станам манекенка ама од претходно постојано седење требаше да имам некој напредок. Колку оваа состојба влијае на тежината и намалување на тежина?
Дали има некој со искуство на јазол кој пораснал и продолжил да расте? На колку цм ви го имаат извадено? Стигнало моето 2.5цм, доле е блиску до грло. Ми препорачаа скен да направам, за да видиме што е како е... Инаку еднаш е биопсирано (бенигно), на Клиника на Патологија. Приватно немам оставено материјал. Инаку до него има и помало едно, расте и тоа полека.
Мене едното ми е пораснато од 7 на 18 мм, другото од 4 на 14 мм, запишана сум на листа за чекање за операција за вадење на цела тироидна. Штом почнуваат да растат, мора да се отстранат ама за жал заедно со нив се отстранува и дел од тироидната, во некои случаи цела, зависи каква е состојбата.
А биопсирано е кај тебе? Зошто на толку мали веднаш вадење? Скен правеше? Моето беше откриено 14мм, ама сега е 25мм.. а веднаш вадење не ми спомнале. Другото е мало, 5мм (ама и тоа првично беше мислам точка од 1мм). Ми рече скен за да се види што опфаќа околу и каде е блиску... Имам познаник со 30мм, па него му рекле сеуште не вадење. Поим неам како проценуваат... Инаку изглеа ми засметува на голтање. Зошто се случува да голтнам храна, да не отиде и имам потреба од уште 2,3 пати голтање за да се мрдне надоле. Не го поврзав прво со чворов, ама изгледа од тоа е И на вртење глава ми се случува прерипување некое таму, ко да се поместува нешто.
Да, сите испитувања ги направив, бенигно е, но ете ми рекоа да се вади, двајца доктори истото ми го рекоа. Не знам ни јас како проценуваат што е за вадење а што не ама верувам дека како доктори знаат која е најдобрата опција за секој пациент.
Каде одиш? Скен брзо закажуваат? Наредна нед ми рече мојава ќе ми издаде упат за скен за на Клиника. Баш чудно, вака прв пат слушам на толку мали чворови да имаат закажана операција. И тетка на маж ми има, скоро 30мм и кај неа.. за вадење сеуште не и рекле, следат. И уште доста познанички имам со чворчиња не поголеми од 20мм, никој до сега не вадел. Мојава рече може ќе е за вадење, ама скенот најубаво ќе кажел.
Zdrvao,dali nekojznae koja cena e biopsija na jazol vo Sistina, ili da mi predlozi nekoe drugo mesto Vi blagodaram
Јас на Клиника правев пред 1год, резз за 2 нед имав. Можеш и државна да правиш, а материјал и Хистолаб да оставиш (приватно). Инаку знае некој Нуклеарна медицина до колку часот имаат прегледи? Имам приоритетен упат кој трае 7 дена, а сабајлечки не сум ептен во можност да одам. Ептен ако морам, па ќе излегувам од работа...