Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. natashaaa

    natashaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    5
    Здраво
    Имам намалена функција на тироидната пијам еуторокс веќе 7 год/..од кога почнав да ги пијам се здебелив имам 20 кила повеќе
    незнам веќе шо да правам.вежбам,трчам,пешачам,намалена исхрана што уште не ако ми верувате немам ни 1 грам ослабено ...
    го има ли некој истиот проблем?
    ве молам погнете ми оти веќе неможам се мразам самата поради ваа тироидна :worried:
     
  2. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    да знам како е јас на друг начин го осетив и го осеќам се уште а и многу други сигурно имаат нешто слично зададено од таа жлезда проклета еве јас 3 години како пијам иголем замор осеќам ,е не ме ни чуди пошто тсх е висок 12,5ми беше во декември ке видиме сега во април,но тоа што ме чуди е зошто нејќе да падне тсх пиев75 а тогаш ми беше8,5е сега пијам 100 и 125 ама уште осеќам многу замор неможам да се изнаспијам ми ремети во вршење на обврските а и глава многу ме боли е сеа веројатно ке ја прашам докторката да ми каже зошто нејке да падне тсх а редовно секој ден пијам еутирокс и внимавам на апсорпцијата кога внесувам магнезиум железо.E сега наташа кај тебе ме чуди пошто неможешда се здебелис од еуториксот туку напротив баш ке можеш да ослабеш дали тсх или т4 ти се добри?ако се ондак од друго нешто се дебелееш што ти казува докторката
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Здраво, ги читав претходните мислења на темава и се пронајдов во симптомите. Всушност пред некое време правев хормонално испитување имав зголемен тестостерон ама не ми ја проверија тироиднатазлезда, а имам покачена килажа иако не сум ја променила исхраната, и веќе цел месец сум на диета и ни грам не сум ослабната. Можно ли е да е некаков проблем со тироидната и дали ќе ми се нормализира килажата после со терапија? ( инаку денеска закажав за проверка на тироидна). поздрав
     
  4. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Јас го имам истиот проблем како Наташа, значи пиев еутирокс 75, па ми го намали на 50 а сега според резулаттите пијам 25 мг ама само од понеделник до петок, сабота и недела правам пауза. Значи јас си поставив правила на игра, во одредено време насабајле пред јадење нормално, го пијам апчето (ми ѕвони алармот на телефонот) и после пола саат пак аларм за да јадам. Не знам дали има некаква врска то што во исто време секој ден го пијам апчето, ама и т4 и ТСХ си дојдоа во нормала. Она што сакав да го кажам е дека јас за неполни 6 месеци се поправив 6 кила, а секако внесот на храна ми е сведен ан минимум (доручек мусли со јогурт пола саат после апче, во 12 саат на пладне едно јаболко, рака бадеми или банана и ручек-вечера ми е во едно околу 18 часот и без леб сум веќе 3 мисеци во секоја смисла на зборот), а пак се дебелеев. Кога го прашав докторот што да правам ем не јадам ем се дебелеам, ми рече пешачење минимум 40 минути во ден и ако можам некои полесни вежби без да се форсирам. Почнав да применувам пешачење и вртам на орбитрек ама само по 10 минути секој ден, па ќе видиме. Значи и мене ми делуваа апчињата во насока на дебелеење или пак како подувување.
     
  5. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Од 2008 сум на еутирокс, прво со 50 секој ден, подоцна ми ја зголемија дозата на 75 секој ден, па во бременоста на 125 секој ден. Од 2009 (откако се породив) не сум мрднала од 125, некако на секоја контрола нешто не е ок. Неколку пати докторката ми ја намали терапијата на 100 ама после неколку дена осетив дека нешто не е ок со мене, тахикардии, тресење на рацете, потење, немир. Сега со 125 ми е ок, ги немам симптомите од погоре.
    Пазам што јадам, прво го тргнав шеќерот, па млеко и млечни производи, па бел леб. Ама тежината не се намалува. Едвај едвај со строга диета после бременоста успеав да ослабнам 10 кг., а имам уште 10 за слабеење. Колку и да пешачам, пазам што јадам, вежбам - јас не можам да ослабнам. :(
     
  6. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ве прашам каде одите на контрола за тироидна. Многу е важно да се погоди дозата.Инаку што се однесува до зголемување на телесната тежина ,јас бев многу слаба пред да почнам да пијам Еутирокс сега се поправив едно 7 кила и сум таман .Проблем ми е што немам апетит ништо не ми се јаде а практично се поправив од Еутирокс от гарант а докторите викаат неможе.Леб неможам да јадам само зрнеста храна од се ми се гадиПозз
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.330
    Добро феминки, колку реално може да се случи да имаш ниво на ТСХ 0,05 кога примаш голема доза на синтетички хормон те еутирокс?!
    Неверојатно,нели?!
    Затоа што не зависи од телото,туку секојдневно примаш иста доза,ајде различна да е абсорбцијата секој ден,ама ова...ова е е безмалку 0! Што не е МОЖНО!
     
  8. carina

    carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    лилит претпоставувам се работи за тебе,изгледа ти е згрешена дозата.ама за да се симне тсх треба време,не се симнува толку за 1месец,значи ти неколку месеци континуирано си пиела повисоки дози.или ти проработела жлездата во обратна насока :?: ,и тоа е можно.не чувстуваше никакви промени овој период? слабеење,срцебиење,потење,умор,за да ги алармираш докториве порано.
    а можно е и да се грешни резултатите.колкави ти се вредностите на т3 т4
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.330
    Имав тахикадрии,ама сега престанаа. Јас два месеци не знаев каде сум ... Немам на Т3 и Т4 правев цел хормонски статус со полови хормони и се е изместено од конец... Прв пат да флипнам од ум за вакво нешто. Избезумена сум. Ова случајно дојде и ТСХ и кога го видов...од септември на 1,13 ,сега на 0,05 тоа е...страааашно и невозможно!
    А за слабеење...напротив. 20 и кусур дена бев на диета, 4 кг чиста вода, се издишив, и само 3 кг плус масти(што дали беа и масти, ова тироидава предизвикува губење на мускул,место топење на масти), што кога се држев во нормала... за 20 и кусур дена ќе симнев многу повеќе и не задржував вода те колку и секој нормален. За умор,бев комирана...и спора. А за потењето... никогаш не сум имала проблеми со потење,па баш напротив и тоа...не се потам речиси. Еве кога вежбам,дури чудно е,само челото ќе ми се ороси и толку...

    Ако ми ги утнале резултатите јавно ќе напишам од каде и искрено, ќе тужам!
     
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.199
    Допаѓања:
    259.796
    Пол:
    Женски
    Lilit mene mi se sluci istovo ama posle poroduvanje za po 2 meseci da mi se kaci tsh na 19 mi se cini. Nemase greska kaj mene proveriv dvapati, kontroliraj naskoro pak a sigurno sea ti ja namalija dozata?
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.330
    Не, ќе морам пак да проверам,па после ќе видиме што ќе се прави.
    Ми измести и пролактин и фоликулостимулирачки хормон и естрадиол... убедена сум дека е од тоа... Секогаш сум точна како швајцарски часовник,ама секогаш. До час луѓе мили до чааааас...а сега 4 месеци ми се изместуваше за некој ден,еден месец и воопшто не ми дојде. Докториве ништо не ми рекоа во врска со нив,па си давам за право да заклучам дека е се од тироидата.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moni-t

    moni-t Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Jас ја лечам тироидната повеке од една година и многу сум задоволна од резултатите а и од докторката ја доведовме во нормала, редовно ги пијам апчињата. Само сакам да знам дали можам да користам витаслим лајт ако користел некој нека пише бидејки не можам да ослабам никако

    Однапред благодарам
     
  13. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Би те замолила да ми кажеш кај која докторка одиш.Јас имам па проблем со апетит не ми се јаде ништо имам хипотиреоза.Позз
     
  14. moni-t

    moni-t Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Jас одам во Eндо мед во Kисела Вода кај Жанета многу ја фалат па отидов и се покажа супер. :D
     
  15. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Да но мислам дека немаат своја лабараторија . Има доста сто земаат крв и после ја носат во мекоја лабараторија нејкам да именувам но мене ми се има случено тоа.Сестрата зема крв па ја цува во фризидер и другиот ден ја носат во некоја лабараторија па ти се јавуваат за резултати дали е таму така ?
     
  16. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Во ендомед ти даваат упат за клиничка биохемија, значи си го правиш прегледот кај Жанета, па одиш на Клиника и таму ти вадат крв. Резултатите се готови за еден ден. Нема гужва, иако е на Клиника. Јас одам таму секогаш, секогаш има реагенси, најмногу што сум чекала е 15 мин. После со резултатите од таму пак се оди кај Жанета, ама она си има посебен термин во денот за тие што доаѓаат само со резултати. Јас најчесто и ги праќам скенирани на маил, па она ми пишува терапија и кога пак да дојдам на контрола.
     
  17. Megyy

    Megyy Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво..Сакам да прашам дали можеби станува збор за пореметување со тироиднава жлезда зошто во последно време сум исцрпена,немам апетит,чувствувам вознемиреност,тресење на нозете,потење...Бев на лекар пред некој ден и ме пратија на интернист каде ми кажаа дека имам тахикардија и толку многу се испаничив што сеуште неможзам да си дојдам при себе..Утре треба да направам анализа на крв за TSH..исто имав и бодежи кај срцето и речиси низ цело тело..И на грлото ко да имам топка и се обидувам да ја голтнам али ко да ми се враќа.. :sweat:
     
  18. i.eftimova

    i.eftimova Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво...Имам 43 год.и 4-5 години се мачам со хипотиреоза. Бидејки сум фармацевт, нема што не пробав од лекови(Euthyrox,Armour),додатоци на храна,дури ги извадив и сите живини пломби, се што слушнав и прочитав на интернет, буквално се...Она што последно го испробав и можам да кажам дека функционира е исхрана без глутен. После 1-2 дена храна без глуте, веднаш се чувствувам многу,многу подобро-повеке енергија, нема поспаност,нема отоци на лицето,рацете,магла во мозокот,замор...
     
  19. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Би сакала да те прашам зошто и јас го имам истиот проблем а никако да најдам решние исто и јас мислам и имам читано дека треба да се избегнуваат шекери ,храна со глутен,соја ,дури кај Хипотиреоза не е препорачливо ни да се внесува јод ,храната да е минимално засолена и тн.Што конкретно одбегнуваше од храна и примети дека имаш подобрување ?
     
  20. kamceskasuzana

    kamceskasuzana Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас сакам да ве прашам последниве денови имам болка над градите и околу тероидната жлезда и забележувам дека имам мал оток на тероидната дали ова значи дека и јас боледувам од тероидна жлезда :|