Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Eli_98

    Eli_98 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Здраво. Тсх ми е 3.8, пијам еутирокс 25. Ама деновиве откако се залади постојано ми се ладни стапалата и дланките, значи мраз. Читав дека може е ради хашимотото кое го имам. Совет?
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.455
    Допаѓања:
    79.012
    Пол:
    Женски
    Исто сум.. и не само тоа, све ми е ладно. На работа како откачена во јакна си седам :D Чаре мислам нема... јас вака сум со години:?:
     
  3. december

    december Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Dali ste bez energija i bez sila,ovaa nedela sum katastrofa bez energija i bez sila sosila funkcioniram..macno kako vo magla mozokot katastrofa
     
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.573
    Допаѓања:
    18.882
    Пол:
    Женски
    Дали само Anti-TPO? Или и други?
     
  5. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    7.154
    Пол:
    Женски
    Anti-TPO
    Anti-Tg
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.455
    Допаѓања:
    79.012
    Пол:
    Женски
    @Martka @SkarletOHara ви најдов постари мислења за чвор на тироидна кој треба да се оперира. Што направивте, дали и каде се опериравте?
     
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    7.154
    Пол:
    Женски
    Јас сум исто оперирана, се оперирав на државна кај др Наташа Толеска.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.455
    Допаѓања:
    79.012
    Пол:
    Женски
    Пред колку време? Само чворчето? Ќе правам скен за брзо, па ќе видиме дали е за вадење... ама расте, најверојатно ќе треба кога тогаш да се извади.
     
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    7.154
    Пол:
    Женски
    Пред 5 години, цела тироидна ми ја отстранија. Докторката рече дека чворчињата имаат тенденција да се појавуваат пак и попаметно е да се извади цела. И вака и така би примала доживотна терапија.

    Инаку кај мене беше малигно, знам случаи со бенигно што не ги чепкаат, само ги следат.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.455
    Допаѓања:
    79.012
    Пол:
    Женски
    Фала на споделено искуство:hug: Јас сум хипо+хашимото и секако и јас сум на доживотна терапија. 11г ја пијам, а чвор ми се појави сега пред 2г. На биопсија е бенигно, но продолжува да расте.. стигнато е на 2.6цм. Бев минатата недела на клиника и закажаа скен за 26ти (пауза од Еутирокс, па да снимаат). Таа спомна може и пак ќе треба да се биопсира, ќе видиме... Ја читав темава и наидов на мислења каде на биопсија бенигно, а по вадење малигно.. малку паника ме фаќа ама ваљда се решава се. Битно да се следи и на време да се фаќа...
     
  11. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    7.154
    Пол:
    Женски
    За мирна глава консултирај се со повеќе доктори би рекла. Ама како и да одлучите не е воопшто страшна операцијата. И закрепнувањето е лесно и брзо. Среќно :hug:
    Ако те интересира нешто повеќе или ти треба поддршка, пиши ми слободно.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.455
    Допаѓања:
    79.012
    Пол:
    Женски
    Да да обавезно ќе се распрашам убаво ако е за вадење. Мене и други вака паника ми направија.. Дека ако треба операција, не тука кај нас.. странство или приватно кај доктор во Ремедика. А тоа испод 4000 евра веќе не е. Фала ти многу, ќе кажам што ќе испадне и на скенот :hug:
     
    На boo3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.634
    Допаѓања:
    86.018
    Пол:
    Женски
    Да те прашам, се сеќаваш ли колку време чекаше да ја закажат операцијата и да ти се јават ? Јас исто кај Наташа треба да се оперирам, еден месец чекам, а знам за случаи каде чекале по 4, 5 месеци. Знам дека зависи од бројот на итни случаи, тие секако побрзо ги земаат за операција, само вака отприлика ме интересира.
     
  14. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    7.154
    Пол:
    Женски
    За две недели од дијагноза отприлика ме оперираа.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    За тие што имате чворче или ви оперирале, имавте ли некакви симптоми? Или само на преглед ви го открија?
     
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    7.154
    Пол:
    Женски
    Јас не чувствував ништо, матичната ми го примети кога бев на преглед за нешто друго, па ме прати кај специјалист.
     
    На mariz и bookslover им се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.455
    Допаѓања:
    79.012
    Пол:
    Женски
    Јас ништо. 11г правам контроли на 3,4,6 месеци дека сум со хипотиреоза и хашимото и со тоа секогаш и на ехо ме гледаше интернистот. Па случајно на едно ехо оп 14мм чвор.. кој еве го дојде на 26мм. И уште едно мн мало има ама на тоа не даваат сеа за сеа баш значење.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.455
    Допаѓања:
    79.012
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој има искуство со ладен чвор?
     
  19. V/B/D 2020

    V/B/D 2020 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2026
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Мене не ми кажете какво човече имам
    Има и такви,ладни?
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.455
    Допаѓања:
    79.012
    Пол:
    Женски
    Скенот покажува ладен/топол (не е буквално ладен :lol: ). Топлиот лачи хормони и во повеќето случаи има подобра шанса да не е малигно, а ладниот е неактивен (не го апсорбира и јодот кој што се прима при снимањето на скен) и има малку поголема шанса од малигност. Ништо не значи дефинитивно... ама ме интересираше дали некој има искуство на скен да покаже ладен чвор и како понатаму се одвивала ситуацијата... кажано ми е повторно биопсија да правам...