Да.. Еутирокс пијам после раѓање на првото детенце... а он е 11год. Уште две успешни бремености имам после тоа, каде во бременост имав повисока доза..
Мене антителата ми се многу качени за првото се чудеа како сум истерала бременост, сега со второво следев ама немав терапија т.е. хормоните се ок. Мене ми е проблем што не се осеќам ок имам тахикардии, гушење, стрес, замор, знам да бидам депресивна иако немам причина и веруваж дека е резултат на лошо работење на тироидна
Мене не ми се спуштиле никогаш подоле од 150... не е тоа премногу, ама пак не е спуштено. 400-600 ми движат годиниве. Јас иначе и покрај терапија сум таква... Башка постојано имам анемија. Пијам терапија, ќе качам све, не пијам.. ќе падне се. Сега пред месец ипол 2 правев крвна, катастрофа.. се живо ми е паднато, дури и феритин е испод. Јас се мислам да фатам со некој Нутриционист да потерам некоја диета. Викаат глутен да се тргне од исхрана, селен да се пие... и уште куп работи имаше. Се сум во хаос (со 3 деца) и некако немам време да се посветам озбилно за тоа... Башка сега и чворов што расте, мислам решило да ме дотреска за да ми дојде памет...
Еве кога го спомна чворот сега се нервирам што го виде на ехо ама извештај не ми даде и не го пиша ехо слика немам. Ти во скопје одиш кај некој доктор? Еутирокс нели се пие и не се прекинува? Антителата мене ми беа над 1000 па сега во втора бременост се спуштија. Селен пиев ама ништо тоа не помага треба еден месец па пауза да се прави и д3 што мора да се пие.
Нека не те мава анксот, најди си друга занимација. Добри се резултатите, ехото ако имало нешто ќе ти кажеле. Може на ехо да гледа промена ама ако на лабораторија штитната си работи како што треба нема што да и прават и нема да ти дадат терапија. Ако имало нешто на ехо да се сомневаат ќе те прателе биопсија да правиш.
Јас одам кај Светлана во Железарска амбуланта (она е интернист), ама супер е. Она ме препраќа ако треба и на Патофиза. Закажи кај неа. Прави и ехо..