Одговор за sencence - не јадам никаков леб,тестенини, колачи, всушност, се што содржи брашно. Повремено си правам леб од специјално безглутенско брашно во пекач за леб. Од тесто си правам проја од пченкарно брашно во комбинација со безглутенско брашно, сите готвени јадења исто така со безглутенско брашно. Се свртев повеке на месо, салата,ориз, компир. Звучи тешко, но навистина не е многу...се е навика.Навистина имам подобрување на општата состојба, инаку полудував од немок,плачев од очај,веке не знаев што да направам, бев кома...сега живеам,се смеам,излегувам,ослабев 3 кг.
Знаци безглутенско брашно ,се продава такво кај нас има по маркетиве.Мене не ми е проблем дебелина ,јас немам апетит мегутоа не се чуствувам ок.Сега ми е во ред ТСХ ама ја не сум ок.
Draga carina, ke te molam da mi kazes kakva ti bese dijagnozata zaradi koja morase da pravis operacija, majkami ima golem problem so ogromna struma pri sto vo mk ne se nafaka nikoj na operacija . te molam pisi mi nekoi detali mi treba epten nekoj sovet
И мене нешто ми се поремети тироиднава во последно време. Веќе 8 години пијам Еутирок 25, ама сега после породувањето ептен некако катастрофа сум. Тахикардии, кнедла во грло, на моменти засипнувам, немам никаков апетит, и многу сум поспана и уморна.А приметувам и дупки во памтењето иако незнам дали е од тоа. Понекогаш добивам страшни напади на гушење, до губење на свест, ама само при голем стрес. Вас ви се случува ли вакво нешто? Мислам на ова последново со губењето на свест... Одкако се разболев па до ден денес сум само со 25 мг, никогаш вака не ми било.Дури во бременоста ми се среди жлездава,ама сега после 4 месеци од раѓање сум хаос...И никако да отидам на преглед, за ќутек сум...
Мене многу ми смета отеченоста на лицето и во вечерните часови изгледам како тогаш да сум станала од спиење
внесувај помалку сол. колку што можеш намали на сол и зачин и ќе има подобрување. И јас сум отечена во лицето, ама периодично. Гледам колку што можам помалце солено да јадам.
Девојки, предлог за добар ендокринолог?! Ама добар што се посветува на пациентот и навлегува малку повеќе во проблемот. Моја нога во Ендомед повеќе нема да стапне! Докторката стана одвратна, сестрата е незрела простакуша со никаков однос. Дрски се со сите пациенти! Мислев дека е до мене, ама со последниот преглед увидов дека и со пациентката пред мене и со пациентите после мене додека чекав да ми ги обработи упатите. Депримирачки е односот на докторката. Едно е да си професионален, друго е да си ладен, непријатен и депримирачки. Без никаква емоција и загриженост како доктор. А и очигледно е дека типката не се ни труди малку повеќе да навлезе во некои работи кои се актуелни во светов. Не можеш да ги третираш твоите млади пациенти кои се уште не станале ни родители,а допрва сакаат да создаваат потомство, на ист начин како пензионерите кои се чести посетители кај неа. ЕДНОСТАВНО НЕ МОЖЕШ!!! Посилни сме, физички можеби сме поздрави, ама истовремено бара повеќе работа зошто имаме уште многу години пред себе кои треба да не одржуваат здрави и нормални. Значи, јас сум истрауматизирана после нашата последна средба. Не се случи ништо посебно, ама тој ладен и незаинтересиран однос, со некоја дрскост, не го можам. Јас да треба неа да и кажувам без да ме праша конкретни работи. Па јас самата сто пати повеќе се информирам по интернетов на кој часови имам потрошено на оваа проблематика, него ли она. Па самата на почетокот ако не прочитав како да ги примам таблетите, она не ми ни кажа, сама видов што смеам да јадам, што не смеам, сама видов како да се справувам и кои суплементи да ги пијам. Нека оди, нека си ги реши приватните проблеми ако ги има, за парите од пациентите и од фондот што ги зима, срамен е тој однос! Јас тој однос го доживувам лично! Зошто така и изгледа, како да мрази што си и дошол во ординација. Еднаш затеков еден наш познат музичар...се топеше... се топеше! Имај секс жено, очигледно до тоа ти е! Кажувајте нова! Јас очи не сакам да и видам повеќе!
Здраво феминки Дали е некој запознаен како да закажам за биопсија на тироидата на патофиза,и дали се закажува...имам испитано хормони и се друго потребно.
Лилит, колку ми е познато сево ова што го пишуваш. не знам што и стана на Жанета, ама стварно делува многу изгубено и несериозно. Како да не и е гајле уопште за пациентите. А тоа секретариштето.....би и ја искубала косата на таа некултурна секретарка. Последниот пак колку ме напна, ми идеше да ја отерам кај што не треба. И јас сакам одамна да ја сменам, ама не знам каде да одам. Некој тука имаше пишано за докторка некоја позади рамстор што работела, ама изгубив контакт од неа. Евентуално, Аттик Кор, јес да е многу скапо, ама те третираат како човек. Кај нив и испитувања и преглед и консултации си правиш. Друг доктор јас не знам, ама едно знам - на клиника не се враќам!
Поздрав сакам да прашам дали некој од Вас со дијагноза хипотиреоза(претходно хашимото) и пие еутирокс(јас пијам веќе 16 години од 100мг.)имал проблеми и со болки во долниот дел од рбетот и мускулна слабост во нозете и рацете. Дијагностицирана ми е дископатија на L5-s1,но болката во долниот дел од кичматане минува ниту со физикална , ниту пак аналгетици помагаат.Наидов некаде на факт дека е можна поврзаност бидејќи и болките на коските се автоимуна болест како и хупотиреоидизмот...ама се е на база на претпоставка...Се најубаво !!!
Јас имам, ама немам дијагноза, ниту пак ме третирале некако, како што кажав...затоа што сум МЛАДА. Веројатно чекаат да се деси нешто страшно. Пијам само калциум и магнезиум,а следен чекор ми е да почнам со витамин Д. Се е од еутироксот... предизвикува слабост во коските и ризик од остеопороза... Мене ми помага и физичка активност многу. На почетокот имав болки и грчеви во мускулите,но сега е подобро. Можам да го допрам подот без викање на колената со целите дланки, се што чувствувам тогаш е само благо затегање во колената и ништо повеќе. Значително намалени ми се болките во рбетот и тоа делот што се свива, еден ден ако не вежбам веднаш чувствувам трнење во него. Така што, обиди се со суплементи и поголема физичка активност, друго нема. Девојки, доста читам за ова. Американкиве имаат навистина голем избор на лекарства и секое од нив различно делува на секого,треба да си го погодиш лекот. Еутриоксот е на база на левотироксин, но они имаат и армор што ги има Т3 и Т4 во себе,плус имаат лек нејчр тироид,на база на природен т4. Е сега...што мислите до кога ќе бидеме третирани пасивно? И дали имате идеи како да се направи притисок малку да се освестат нашиве доктори. 25 Мај беше ден на тироидата, цела недела од нашата клиника НАВОДНО ја прогласиле за недела на тироидата, НО дали некој слушна за активности, за апели за освестување? Јас само случајно фатив една докторка на утринска програма и така и дознав...
Благодарам на одговорот Лилит. Е јас сум постара имам 47 години и долго време го пијам еутироксот(скоро 16 години).Болките во кичмата започнаа пред помалку од 2 години и со ништо не можам да ги сопрам...повремено попушта болката, но секогаш е тука некаде да ме нападне, прободе, одзеде...Чувствувам болки и во вратот и во лактовите , но со памла интензитет.Но, што понатаму.Сменив неколку лекари...и на државна болница , одев и во приватни.Освен што ке ми земеа пари и ќе ме свртеа на ЕХО(ФТ4 и ТСХ)ми препишуваа доза и ме мавнуваа....од видот ТОА Е ТОА...(немале магично стапче). Каде сега да одам?На која клиника, кој Др. ми препорачувате.Последен пат одев во една приватн аклиника во Куманово и таму доѓаше една докторка од Скопје од патафизиологија, но сега клиниката ја затворија ... Ајде дајте ми предлог !!! Поздравче
Повеќето чекаме предлози на добар ендикринолог. Се надевам поскоро ќе пише некоја феминка некоја со добра препорака. Во Срце ме упатија ама се распрашав, не биле толку специјализирани за тироида. Многу незадоволни се собравме од Жанета - Ендомед. Секоја информација за квалитетен ендокринолог е добредојдена. На клиника можеби се добри,ама презафатени се докторите,а со тоа пациентите им се незначајни, си ја вршат професорската работа. Ама мислам дека сите се исти... Ние немаме спектар на лекарства тука, два се. Едниот за хипер, другиот за хипо . Дали ти е во ред или не,никому не му е гајле. Нема свест за оваа состојба со која се живее цел живот и значително го нарушува квалитетот на живеење. Нема поддршка ниту од кардиолози, ниту од нутриционисти, колку имаш воља сам да учиш, што е страшно. Пробај со космодиск, има многу задоволни луѓе, а и немаат врска годините на крајот на краиштата, вежби секогаш се добредојдени. Пробај со суплементи исто така, сигурно ќе ти ја подобрат состојбата, од калциум и магнезиум нема лошо, а витамин Д консултирај ја матичната.
Majka ми оди кај Даниела од клиника,една плава фина женичка,мислам дека и професорка е.Она е задоволна од неа,ме праќа и јас да одам кај неа. А во Срце не,освен што е некултурен тој постариот доктор(Горан),и арогантен до даска,повеќе е за срцеви заболувања мислам.
Благодарам на муабетот Лилит, ајде да бараме добар ендокринолог...и конечно некој поасално да се зафати со нашата болест... навидум ,,не е страшно,,ама еве како си го зем аданокот.. Се слушаме
Да допринесеме за здрава тироида со едно рецептче моит? Моит! Нели општо познато е дека глутенот е штетен за сите,а особено за болна тироида. Епа еве ви едно просто рецептче за кокосовки без глутен (а кокосот е ужасно ДОБАР,ОДЛИЧЕН за тироида,страшно нешто колку и прави добро). - 450 грама кокосово брашно, - 20 лажици кафеав шеќер - 4 јајца Се матат јајцата и шеќерот и се прави пена, потоа се додава кокосот и се мешаат со лажица. Не се плашете ако смесата е ровка и се двои,подобро така, зошто во спротивно ќе ви се стопат кога ќе ги печете. Потоа обликувајте топчиња,ама стискајте ги повеќе. Печете во загреана рерна на 180 степени 15 минути, колку да заруменат на мрсна хартија. По желба можете да додадете какви сакате јаткасти плодови или откако ќе се оладат да ги полеете со топено чоколадо.
Браво ЛИЛИТ за рецептава веднаш ке ја пробам,може и пола доза.Значи без брашно и пециво ,знам за глутенот дека штети но како се снаогате со такви производи и дали има подобрување ?
Според мое искуство ќе ти кажам дека не е само претпоставка за поврзаноста на една автоимуна болест со друга, посебно кога се работи за хипотиреоза со ревматски заболувања. Хипотиреозата е многу често проследена со ревматски заболувања, во мојот случај ревматичен артритис. Тоа што нашите доктори се толку многу пасивни и не се замараат со оваа проблематика, тоа е друго. Кога почнаа проблемите кај мене со РА, прво што направив отидов кај ендокринологот (во тоа време погоре споменатата докторка Даниела) и ја прашав дали има поврзаност. Таа одма рипна и ми рече дека нема никаква врска. Ама, јас почнав да си истражувам и навистина има многу случаи кои ги поврзуваат овие две автоимуни болести. Сега се лечам и кај ендокринолог и кај ревматолог. Додуша во потрага сум по нов ендокринолог (одам сега кај Жанета, ама не сум задоволна од неа), а ревматолог ми е проф. Пушевски во Неуромедика. Моја препорака ти е да си направиш и еден преглед кај ревматолог.
Да ве прашам имате ли зголемено опаѓање на косата во овој период од годината? Не знам дали ми е од тоа или пак тироидава ме зеза ама коса многу ми паѓа...