Благодарам babymama Секако дека има поврзаност од мојата другарка знам , таа исто има хипотиреоза и ја болат коските има реума.Докторите исто така реагираат ког аим кажеме дека тироидната има поврзаност и со анксиозноста...ама никогаш не велат ДА, а знам најмалку 3 личности кои имаат хипотиреоза и се анксиозни. Ајде во потрага по добра ендокринолог , дајте предлог ве молам...од наредната недела одам оти на своја рака испитав антитела и ти е ми се 37, 5 инкау горната граница е 34.Не е многу ама сепак се покачени. Поздарвче
Државно не сум одела одамна, јас одам приватно кај проф. Каранфилски, има ординација заедно со кардиологот Наумовски. Не е ефтино, околу 2400 се плаќа, ама па во тој преглед имаш се. Башка не е секогаш иста цена, некогаш е многу помалку. Се наоѓаат кај амбасадата на јужниот ни сосед. На клиника одев кај една женска, ама и го заборавив името, со црвена виткана коса, многу гласна. Право да ти кажам, се живо ми испогреши, како балон натеков и константно бев нервозна. Вратот ми беше како од вол, ми даде некое слабо терапииче, абе одвај жива останав. Не бев спиена од ладна пот и тахикардија, се додека не отидов кај Каранфилски, се се смени право да ти кажам. Се надевам дека нема ова како реклама да ми биде сватено, само сакам да помогнам од мое лично искуство!
Колку можам да помогнам незнам кога ми ја открија Хипотиреоза (хашимото) бев на неколку ендокринолози да се уверам во тоа ,едноставно неможев да прифатам (јас која бев против било кое апче ,дури и аналгин сега да моран секојдневно да пијам.) Кога добив мисленје и нијанса различни вредности одлучив сама дека морам да го прифатам тоа се информирав доста по форумиве и интернет и несакам да биде никаква реклама , ми го посочија тогаш др.Каранфилски,исто Јосифовска има своја ординација и Балабанова .Колку ви помогнав незнам ама еве ендокринолози само приватно е .......
Благодарам на одговорите девојчиња некако подобро се чувствувам (ете не сум сама за жал ) ке го побарам Др.што ми го посочивте ...нека е колку е ...барем саглам нека е. Многу Ви благодарам само сакам дај апрашам Елена за кај Др.Каранфилски мора да закажеш или не???И тоа анализи на крвта таму кај него се прават или ???? Уште нешто сакам да прашам Доколку има некоја од Вас од Прилеп да ми каже нешто за човекот Благоја кој масира кичми и сите го фалат...сакам да одам кај него заради силниве болки во кичмата (ве молам пишете ми во приватна порака може) Ајде поздравче и се најубаво!!!!
Да обавезно се јавуваш ,закажуваш кај сестрата ,мислам вторник и петок е само доктор Каранфилски и обично за една недела закажуваат,одиш на преглед кај него ,па ти пишува што да испиташ и имаат лабараторија еден хормон е 700 ден,двата 1400 +преглед 1000=2400 е сега јас обично и шекер,железо си испитувам и ме фака некаде 3000 и нешто.Ако сакас тел.бр. ке ти го пуштам по приватна порака Позз
здраво дуња,и јас имам некои проблеми со нозете и многу ми е страв да не е некоја автоимуна болест која се надоврзала на претходната.инаку јас имав хипертиреоза и минатат година ја оперирав,ја извадив,после тоа ми се јавуваат некои чудни симптоми.трнење на нозете,грчеви во нозете итн.бев кај еден куп невролози и сите ми викаат дека мора да е нешто со хормоните,некако како да незнаат лугево доволно.сега планирам да закажам и кај чепреганов па ке видам што ке ми каже.поздрав
Читајки ги симптомите на претходните членки и ја да се надоврзам ,сметам дека кај нас е направен тотален дисбаланс и се е пореметено ,истата нелагодност ,трнење ,несигурност и јас ја имам и како ми зголемуваат доза мислам се повеке и повеке ,дури ми се јавува и страв бидејки не сум сигурна .Јас бев секаде и само си нагодуваат ,а кај мене ништо не се смени ! Зошто ја опериравте тироидната далибеше неопходно или и каде ? За КАРИНА
сенценце јас имав зголемени вредности на т3 и т4 ,т.е. хипертиреоза 4 години,ми се јави после рагање на детето.ја лечев со апчиња ама веке немаше ефект,тоа не се хормони,туку апчиња кои го спречуваат лачењето на хормоните,а вредностите ми беа цело време горе долу.на крај се решив да ја извадам и да си бидам на еутирокс цел живот.ја оперирав во словенија и операцијата помина супер без никакви компликации.се тешам што ете и другите жени што имале проблеми со штитната имаат слични симптоми како мене,јас веке прочачкав низ интернет и се покаав што го направив тоа.веројатно знаете зошто.единствено што сфатив овие години е дека нема зафрканција со автоимуниве заболувања,да се најдеше барем некој лек.поздрав
Aко може и мене да ми го пратиш бројот од др. Kаранфилски по лп. и дали може прво да се закаже само за ехо на тироидата или мора се комплет со хормоните,и дали е интернист или ендокринолог?
Дали некој скоро правел биопсија(пункција) на тироида на клиника,да ми каже колку време се чекаа за резултати???
Звонел ли некој у Атикор деновиве?? Не се јавува никој, променето е бројчето или нешто друго се случило?
Проф.Д-р Милчо Богоев на ендокринологија подобар нема,во вторник и четврток е во тие бараките позади клиника
здраво! нова сум на фотумот па скам да ве прашам нешто. ова ми се последноте резултати за титоидната жлезда - FT4 (RIA) 33,8 (9-25pmol/L) FT3 10,5 (4,2-8,1pmol/L) TSH <0,07 (0,4-4,5 uU/ml) TAT:a-TPO 161 (<60 U/m). пијам 3*100мг пропилтиоуроцил 1*1/4 пропанолол на ден. планираме бременост па сакам да знам дали е подобро да одам на операција или да чекам да ми се намали лачењето на хормонот, затоа што ми рекоа дека терапијата трае 1,5 до 2 години. терапијата ја примам 3 месеца, 3 недели пиев тирозол 3*20мг но ми се појави алергија и ми дадоа пропилтиоуроцил.
HIPERtireoidizam Здраво девојки.Ми открија покачен tsh во понеделник ќе одам на ендокринолог.Ме интересира дали некоја од вас знае дали при оваа состојба се јавува гаденње,нагон за повраќање,зголемена телесна температура? Се обидувам да најдам на нет,но овие симптоми не сум ги сретнала до сега ако некој има познавање ве молам споделете.Фала однапред