ke ti se oporavi pocekaj pijsi lekarstva opustuse nemoj vednas na loso operacija pocekaj i jas imav hiper pa sega imam hipoterioya
а од што се јавува циста на тироидна? на контролата ми кажаа дека не е променета и не треба да пијам терапија не ми ни кажаа што и како да се чувам,што да јадам ако некој може да ми одговори или сподели искуство би била благодарна
Да ве прашам...сте испитувале досега антитела при хипотиреоидитис??? Какви показатели се тие???? Позз
Па со секое одење во лабараторија обавезно испитуваат и антитела. Тоа е обично за Хашимото. Ако има антитела, има автоимуна болест. Млада си, дај си време на себе и на жлездата, немаш потреба од брзање додека не се стабилизираат хормоните. Нема простор за брзање и паника. Штетата што може да си ја направиш е ненадоместлива. Особено хипер што се лечи, особено кај помлади. Само три месеци се во прашање, убаво те советуваат да почекаш до 2 години. Патем да не советувам ништо, ама читајте за Л карнитин, добро влијаел на пациенти со хипер,па консултирајте се со своите доктори што ќе ви кажат.
Има ли некој што целосно се излечил од хипер??? Прочитав дека од хипер може да премине во хипо и цел живот си под терапија. инаку кај мене не е наследно, туку е поради стрес.
Па се може да се случи,ама и тоа не е страшно. Ете не,гледаш постоиме, се имаат и деца, се има и нормален живот. Ако ја оперираш тироидата, да се нормализира хиперот, поголема ти е веројатноста подоцна да отидеш во хипо. И мене ми е од стрес, па цел живот со здравје да си ја носам.
Девојќи, после една година од користење на еутирокс, а со доведување во ред на хормоналниот статус, терапијата ми ја прекинаа, ама постепено. денес ми е втор ден без алармот во 9 за апче и во 9,30 за доручек следната контрола ми е закажана за 2 месеци, да видиме као ќе реагира жлездта без терапија, НО докторот рече: 5 килограми мора да се симнат за да не се вратам на терапија. (колку повеќе се здебелував, толку повеќе ми се зголемуваше терапијата, но успеав со умерени оброци да не се поправам ненормално).
Браво Chupe!!! Гледај сега да ја одржуваш тежината во нормала, за да не мора да се враќаш пак на терпија. Не знаев дека може да се прекине терапијата, мислев дека кога ќе се почне со Еутирокс дека цел живот се пие. Кај кој доктор инаку одиш?
А кај кој доктор одиш ако сакаш да кажеш зошто обично кај хипотиреозата е доживотна терапијата и кога е дијагностицирано тоа веднаш ти кажуваат дека е доживотно Браво ако стварно не се вратиш,јас немам проблем со килажа но никако да ја доведам во ред жлездата
Bravo ova prvpat go slusam hipoterioza ne treba apcina daj kazi koj doktor e toj jas 10 lugi znam so hipo ama site pieme
Јас одам на патофиза на клиника кај Др. Синиша Стојановски. Инаку и од други го имам слушнато тоа за доживотната терапија, но јас успеав, заедно со докторот да ја доведеме во ред тироидната. Јас го правев следново: терапијата ја започнав со 75 милиграми еутирокс, секој ден. Она што ми го кажа Синиша беше дека многу е битно терапијата да се пие во одреден час од денот и точно по половина час да се јаде. Значи јас си го наместив алармот на телефонот во 9 секој ден и ме потсетуваше да се напијам апче (ми пишува на екранот ПИЈ АПЧЕ), по половина час пак алармот (ЈАДИ) и така 2 месеци. На контролата имаше подобрување во резултатите и ми ја намали терапијата на 50 милиграми еутирокс (исто секој ден). По еден месец повторно на контрола. тогаш ми ја комбинираше пет дена 50 милиграми, а за викенд 25 милиграми, за цела недела и оваа терапија (комбинираната ја пиев 3 месеци). На контролата по третиот месец ми ја одреди терапијата само на 25 милиграми и таа ја пиев 2 месеци. Потоа 5 дена по 25 милиграми еутирокс, па два дена пауза (вака пиев 1 месец). На претпоследната контрола ми рече да пијам само 2 дена по 25 милиграми, а пет дена одмор т.е. да не пијам терапија. И конечно на последната конторла ми рече дека нема потреба од терапија и на конторла сум во септември, да видиме како ќе реагира жлездата. Мислам дека голема улога игра дисциплината во пиење на терапијата. Значи за мене не постоеше ,,ај викенд е, се вратив касно(читај рано) од искачање па покасно же се напијам апче а со тоа и покасно же јадам,НЕ,,. Станував колку и да ми се спиеше си пиев терапија, по пола саат јадев и ако уште ми се спие ќе си прилегнев. Е тоа е тајната на мојот успех, секако во соработка со докторот мој кој за ништо не го менувам. Поздрав и ако имаш дополнителни прашања слободно пиши. П.С. е сега што се поправив се поправив и тука нема збор, но овој период во кој не сум на терапија имам задолжение од Синиша да се вратам на мојата првобитна килажа, односно треба да симнам 5 килограми па почнав со УН режимот, па ќе видиме дали ќе успеам
Леле кога ќе прочитам вака,солзи на очите ми доаѓаат. БРАВО! Јас се надевам на истото, бидејќи случајно пропуштив неколку дена да пијам еутирокс (што никогаш, никогаш не ми се случило,ама ете се деси, ама ете како да требало за да сфатам) и почувствував подобрување. Мене никогаш во животот не ми се случило да ми доцни циклус,а последниве месеци цело време ми се поместуваше и ми доцнеше. Имав исти симптоми на хипо,како без терапија да сум. А сега...од чиста случајност, месецов точно ќе ми дојде, ги нема тахикардиите, се чувствувам многу подобро! Сепак на своја рака не сакам да ги прекинам, продолжив да ги земам таблетите, пак сум деновиве на исто,ама со поблаги симптоми. Дефинитивно ќе го барам овој доктор да видам што ќе направам со него! Жанета повеќе нема да види моја нога да стапне кај неа! Нека си работи со пензионерите!
Не знам како е кај вас, ама мене со години ме убедуваат дека прво нешто што треба да направам кога ќе станам од спиење е да се напијам Еутирокс, а после саат време да не јадам и да не пијам ништо, посебно не млечни производи. И така и правам. Chupe, и ти ли стануваше во 9 за да пиеш апче, или во текот на денот си пиеше, ама во точно определено време.
^ Правило е тоа со еутироксот, во точно одредено време рано наутро, без никакво јадење после тоа, барем половина час. Ниту кафе,ниту течности, само апче со малку вода. И на упатството го пишува тоа, не е никакво предубедување во врска со лекарството, туку правило. Јас од прв момент кога започнав со пиење, така ги пијам. Во 7 часот наутро точно и никако доцна јадење навечер (добро сега...некад...тоа е) зошто до сабајле нема време желудникот да ја обработи храната и да остане празен. Таблетиве се пијат баш на глад, да ти клокоти стомакот.
Јас додуша многу рано станувам, околу 5:45, одма пијам апче, ама првиот оброк може да ми биде после 7, откако ќе стигнам на работа. А и искрено, толку рано ни уста не ми се отвара.
Мислам дека погоре пишав дека за мене не постоеше ,,ај викенд е па ке поспијам повеќе па после ќе се напијам апче,,. Секој ден во девет си ѕвони алармот ,, пиј апче,, па после половина час пак ѕвони алармот ,, јади ,, и така секој ден без никакви исклучоци. Првото апче си го испив во 9 и последното во 9. Најмногу ми одговараше заради работното место. сега за сега одлично се чувствувам и се надевам дека никогаш повеќе нема да се дружам со еутироксот. На конторола сум во септември па ќе видиме дали се си е останато на место Поздрав девојки и само дисциплина (во земањето на терапијата)