Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.329
    Јас ова одамна го заклучив дека и покрај терапија мене ми останува еден силен симптом на хипотироида - умор. Ги пратам американките и повеќе групи на фејсбук со овој проблем и мнозинството се жалат од третманите од докторите. Со тоа што кај нив е утешително што имаат шанси за средување од причина што имаат поголем избор на таблети,па некоја ќе се погоди. Побарајте ги на фејсбук, пишете тироид и ќе ви излезат повеќе групи и фан страни.

    Поголемиот дел не можат да им се објаснат на докторите дека и покрај добрите лабараториски резултати, тие и понатаму се чувствуваат лошо и имаат симптоми. Нешто кое се обидов да и го објаснам на дотичната Жанета од Ендомед, на што она дрско ми рече - НЕМА ШАНСИ! Зошто е проста и ограничена! Затоа што не можам јас да пијам терапија,а се уште да немам сила со денови, да го чекам телово да му текне да профункционира. А друго е што тешко ја погодува терапијата од причина што можеби мене ми е неопходно да пијам по одредена шема која нема иста количина од еутирокс. Еве сега пак влегувам во фаза каде телото ми дава отпор на моите желби и наредби. Луѓе ми се спие!!! Од што немам енергија од храната, самото тело бара да внесам повеќе од која ќе искористи минимум,ама не му давам и не се предавам, се инаетиме,ама има да го победам.
    Сега амеркиканциве имаат иницијатива на вклучување на чист Т3 во третманите и индивидуален приод на секој пациент. Голем број на американски доктори пристапуваат на истото и се обидуваат да соработуваат со пациентите. И најважно, застанува цел тим зад пациентите, кардиолози, нутриционисти, гинеколози и уролози. Секој пациент добива веднаш диета на која мора да се придржува и останати препораки. Се уште не е толку раширено, но има добри изгледи да стане редовна пракса на сите клиники во Америка. Нешто што кај нас нема да се случи ни во илјада години!!!

    Ах да, проблем е и сто не преземаат мерки и совети за подигнување на имунитетот, што е клучно при болести на тироидата од многу различни причини. Американциве еднаш до два пати годишно примаат некои инекции за подгнување на имунитетот.

    Одамна се борам со идејата, но и времето да покренам иницијатива за подигнување на свеста и инсистирање на подобар третман од нашиве доктори. Ама... никако да дојдам до тој дел од агендата.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На renata2017, Nova и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ја нема веќе во Мкд ,ја носеа пред некоја година,нема по државава кај не побарав не ја увезуваат веќе.а инаку поради јодот е предобра за пиење.
     
  3. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    http://kajgana.com/kako-da-gi-prepoznae ... z-simptomi
    Поздрав драги мои,
    овде прочитав дека при хипотиреозата доаѓа до оштетување на нервите...ич не сакам да ве плашам (јас се исплашив, искрено)ама сакав да прашам имате ли Вие некакво сознание???
     
  4. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Па од консултациите што сум ги имала со специјалисти нивно мислење е дека доколку се контролира редовно нивото на хормон и дисциплина во терапија организмот функционира во граници на нормала ,кај мене немаше дебелеење баш обратно беше паднав на 46 кг.Ова се некои постари информации.На крај краеви секое пореметување ако не се контролира доведува до пореметување на функции.
     
  5. hartt

    hartt Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    девојки последните резултати ми се
    FT4=7,3 (9-25)
    FT3=6,7 (4,2-8,1)
    TSH=1,0 (0,4-4,5) дали со овие резултати би мозела да останам бремена?
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.329
    Нема врска.
    Погрешно го превеле.
    Се случува кај некои пацинети да се појави анксиозност или депресија, па дури и да им констатираат биполарност, а се да се должи на намалената функција на тироидата ( и тоа само додека е нетретирана,ама после со терапијата се санира, не се буквално тие болести,мислам дека ме разбираш). Не се паничи веднаш Дуња, не си го потхранувај проблемот кој еднаш си го надминала. И се тоа се должи на успореноста на целото тело, се вртиш во магичен круг,а не дека имаш фактички проблем со тоа и се решава. Не е никакво правило, ниту сигурно дека такво нешто ќе ти се случи. Јас немам никаков таков проблем, освен физичка истоштеност и безволност на моменти.
    Ова е за некои тешки случаи на нелечена тироида,а не за луѓе кои си земаат терапија.
    Само што проблемот станува прелесен кога место синтетичкиот Т4 би ни го давале Т3 како активен хормон, значително ги средувал работите... практично исто како да немаш проблем. Ама ова е Македонија, каде докторите полесно им е да те убедат дека е се во твојата глава, а факт е дека не е.
    Еве ви чист пример од промашена дијагноза како ја лечеле жената од биполарност, а она имала само хипотироида.
    http://hypothyroidmom.com/mental-disord ... hyroidism/

    Ах и Жанета ќе си ја спомнувам во секој пост до крајот на животот. Никогаш не ми рече дека треба да примам витамин Д, Б12, магнезиум, калциум, а нив кога ги примам каде-каде ми е супер се. Протарашкајте по интернетов и ќе видите дека секаде во светот е практика со хипо да се даваат задолжително и овие суплементи.
     
    На Madonna и dunja им се допаѓа ова.
  7. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Благодарам Лилит,
    да јас може дасе рече дека скоро 100% ја надминав анксиозноста...може понекогаш имам по некоја епизода , но тоа е веќе прочитана книга.Брзои лесно се справувам со неа....животот ми е далеку поквалитетен.
    Но, паралелно со анксот ја влечкам тироидната уште од дете , пубертет , првин хасхимото, апотоа хипо....
    Редовно одев на контроли и пијам еутирокс од 100, 125 за викенд...но подолго време околу 1 годин не сум направила контрола од пуста мака...нема кај кој лекар да одам оти докторката на Ендо....ме мавнувасе за 3 мин. со иста доза од еутирокс, мислам и дека и бев здодеана како и сите пред врта што ја чекаа.Не сакаше да дискутира околу мојата умореност, тромавост, болки во зглобовите особено во кичмата...ми велеше,,не би требало,,се ти е во нормала.Инаку антителата малку ми беа над нормала(испитав сама во една био-лабараторија)34, а мах е 31.
    Ајде сегакажи ми како внесуваш магнезиум и калциум и витмин Д рече...по колку, шумливи ли се...??Оправи не малку....изгледа не не сфаќаат озбилно иако само ние знаеме колку е тешко сето оваа.
    Поздрав До Вас и Ви благодарам :)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.329
    Калциум (кој пак од витаминот Д полесно се апсорбира) и магнезиум не пијам шумливи, зошто не ги сакам, не ми е убав и вкусот и некако не верувам во нив, пијам калциум и магнезиум на Фарма (мислам дека така се викаше, 150 таблети, 360 денари, во Зегин ги има, секое по толку е, одделно се, но има и комбинација и калциум, магнезиум и цинк заедно), Б12 со фолна, а за витамин Д летно време не го пијам, се трудам на сонце повеќе да бидам изложена, зошто сум потемна, па барем еден час вкупно, навака-натака се трудам, посветли луѓе 15тина минути доволно им е. Зиме по потреба го пијам (ма да, ако се прашувам јас во ова мрачно Скопје зиме, сите треба да го пијат, затоа сме намргољен народ, во многу европски земји и во Америка на северот, во програмата за здравствена заштита е предвидена доза на витамин Д за граѓаните, отворено се препорачува и според потребите се дозира). Што се однесува до потхранување на кожата, јас се мачкам со масло витамин Е, околу 800 денари е, не знам колку милилитри точно е, да не те излажам,ама мислам дека 100 беше. Мачкам нокти и кожа на лице (летово ноктите ми беа здрави и долги не можам да ви објаснам колку, ама сега пак почнаа да ми се кршат |( ).
    Јадам кокосово масло, така цела лажичка (прогуглај ќе видиш бенефити за тироида колку има), си правам колачиња со кокос. Јадам храна богата со хлорофил, зелено, барем се трудам, ама не робувам.
    Си пијам и витамин Ц и б витамини, што мислам дека е потребно секој човек кој живее во ова лудо време да ги внесува. Тие онака. Зиме омега 3 обавезно.
    Читав дека и селенот го препорачуваат за тироида, ја поттикнува нејзината работа. Ама не сум пробала уште. Едно време пиев од оние на Суправит јод и фолна, за бремени жени, ама некако престанав, затоа што не знам како ми делува, реално, шубе ми беше, иако испив доза и пол. Не видов лошо во секој случај, а за добро не знам, не се сеќавам па и искрено да кажа и од еднаш не знам што ми стана ене ги стојат.

    Не знам, во секој случај не дозволувам ништо од овие претпоставки да ми влијае на животот и психички да ме истоштува. Единствен страв ми е искрена да бидам околу децата. Ама ете вака кога ќе прочитам жени со овој проблем си раѓаат здрави деца па ми станува полесно. Кога читам премногу за негативните ефекти тогаш најмногу се загрижувам, па после си се фокусирам на позитивните искуства, на работите што го олеснуваат проблемот, на начин на живот. И физичка активност која некогаш ми е навистина проблем, обврска, ја мразам, сепак најмногу ми помага, после тоа сум нов човек откако ќе се раздвижам. Колку и да сум била уморна, од вежбањето добивам уште повеќе енергија.

    И еве нешто околу витамините.
    http://www.idividi.com.mk/stil/zdravje/ ... index.html
     
    На Madonna и dunja им се допаѓа ова.
  9. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Гледам дека многу се жалат од Жанета и не одат веќе таму, па сакам да ве прашам каде одите сега, оти и јас одам кај неа ама и мене некако не ме бендисува па сакам на друго место да одам ама незнам кое е подобро? :)
     
  10. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Благодарам Лилит :)
    ке ги набавам препорачаниве витамини, се надевам дека ке ми се врати енергијата(особен недостаток имам наутро )!!!
    Уште некој добар лекар да најдеме!!!
    Ајде пишете каде дите и пишете ги искуствата!! Се најубвао!!!
    Се слушаме.
    Уште еднаш Лилит БЛАГОДАРМ!!!!!
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.329
    Добро да се исправам, калциум и магнезиум, се сепак минерали. :D Витамини се Б, Д, Е и Ц. Да не не чита некој од страна и да рече глупости тресат, да се допојаснам, ги пишувам сите заедно под суплементи. :D
    Инаку калциум и магнезиум да се пијат со МНОГУ,ама МНОГУ вода, ако можеш цела чаша од еднаш.
    Еве и на фемина имало нешто околу витамини и минерали.
    http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... %BB%D0%B8/
     
  12. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Лилит миличка,браво за ова што го постираш.Незнам кај колку ендокринолози сум отишла и сум прашала ,дали треба да внесуваме некое витаминче дополнително, зошто факт е дека со Хипотиреоза се намалува и железо ,калциум а расте холестерол. Одговорот е не имаш лек и нема потреба а зошто се чуствувам како трактор да ме има прегазено а тироидата е во нормала значи пак нешто не штима . Магнезиум,Калциум па и Б12 јас го пиев како Фероглобин едно време и мислам дека подобро се чуствував ,а за кокосовото масло го има во Зегин го гледав на флаер ама како се употребува и колку незнам а сакам да си купам ?????
    Мислам дека и Центрумот е добар има многу вит и минер
     
    На Lilit и dunja им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.329
    Епа кокосовото, кога е такво нестопено,една до три мали лажичиња си лапнувам. Може гадно ќе ти биде, мене не ми е... ама го имам и мешано со цимет и мед, не беше лошо, можеш и така. Смисли некој креативен начин.

    Инаку претпазливо со железото, ја намалува апсорбцијата на еутироксот. Јади храна со железо меѓу последните оброци и пиј го железото некаде доцна попладне.
    Центрумот не знам дали ги има доволно сите препорачани дози или има од се по нешто, провери по колку милиграми е секој витамин и минерал и провери препорачани дози колку се. Јас ти препорачувма одделно да си ги пиеш, најубаво.
     
  14. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Мене матичната ми рече да ги земам Фемибион 1. Се земале пред и за време на бременост, и содржеле јод и многу витамини ( б6, б12,...) Мене 2.50 ми е ТСХ но ми ги даде за секој случај. 610 ден се и се пијат по 1 на ден. Дај кажете друго нешто што пиете од витамини, минерали и антоксиданси. И мене докторот ми рече дека ми е во "нормала" тироидната но јас превентивно си земам за секој случај
     
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ај да ве исконсултирам нешто, бидејќи за тироида не сум најсигурна. Ќе си се расприкажам, да знаете. :)

    Последниве неколку месеци лом ми е организамов, ама јас си мислев промена на место на живеење, стрес, исхрана, а у и се си одложував проверки и слично. Направив обична крвна слика и се ми беше топ. Ама мајка ми се напна и пред некое време на Групер имаше купон за анализа на хормони преку крв. Денес ми ги пратија резултатите, и според ова што го гледам се ми е нормално, освен аф коурс тироидата. Ако јас добро сфаќам, границите се 0,30-4,00, а мене ми е 8 вредноста.

    Не сум хиперхондрик, јасно ми е дека од тироида ретко кој умрел и е често заболување, ама додека да отидам на лекар ме интересираа искуства (се изначитав што сте се распишале патем, се испобунив со лековиве, ко никој). Според чичко Гугл 8 вредност хипотироидизам и иако има мал милион симптоми кај мене некако ми е контрадикторно. Од една страна, јас цел живот сум имала вишок килограми (не 1-2 кила него навистина повеќе) што сфатив дека е еден од симптомите на ова хипово, ама од друга страна да кажеме, цело време на пример дланките и стапалата мене ми се испотени (под цело време, мислам цело време, ми се случува кога ќе фатам лист хартија буквално да го намокрам до кинење). Исто така, ме буни тоа со наследноста. Татко ми има хипертироидизам а ова кај мене хипо некако ептен ми е контрадикторно? :^)

    Може ли некој доброволец на кратко да ми резимира што значи мојава вредност, колку да имам објаснување и од некој колку/толку попознат не само од други делови на светот преку гугл.

    Ако се нафати некој, мучисимас грасија од напред :)
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.329
    Без разлика што татко ти е хипер, наследниот фактор секогаш постои во било која форма да имаш и ти некоја состојба со тироидата. Особено е наследна, а поретко од силен стрес или друга причина.
    Со овие резултати кои патем не ти вредат, ќе те тераат да направиш нови испитувања, треба да отидеш кај доктор секако и да провериш точно што се случува. Не смееш да оставиш така. Не се само тие маргинални симптоми, при состојба на тироидата се случуваат милион други промени во телото кои ти не можеш веднаш да ги забележиш.
    И немаш потреба од хипохондрија. Живи сме сите тука, само мораш да се доиспиташ и ако го имаш проблемот да пиеш соодветна терапија која само лекар може да ти ја препише во соодветна доза, не можеш на своја рака.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    За сите кои имаат проблеми со тироидна жлезда, рецепт проверен и многу ефективен кој им помогна на две мои блиски особи е точно 41 младо оревче уште зелени со нараквици се сечат на четвртинки и се ставаат во мед и 1л ракоја да отстојат 3 недели и се пијат по 2л. Среќно на сите
     
  18. M.Ilic

    M.Ilic Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    е сега навистина сум збунета. неколку страни претходно на форумов прочитав дека овој лек со млади оревчиња и мед не е пожелен за лечење на тироидна особено на Хашимото. Јас го конзумирав повеќе од 3 недели и кога прочитав дека јодот делува инфламаторно го прекинав. И сега? Ќе ве замолам доколку имапоупатени во врска со овој природен лек да ми писите несто повеќе. Навистина не знам што да правам.Некои пишуваат дека е штетен некои дека е корисен. Поздрав до сите
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.329
    Ама еве нема потреба да го правите тој народен лек, има јод во таблети, само што проблемот е што тоа не може да се контролира колку можете да го конзумирате,а колку не. И не може адекватно да покаже на крвната слика од што ви е,дали од народниот лек или од еутироксот. Плус не е медицински докажано дека целосно излекува или само привремено. Ако е само привремено тогаш не е исплатливо воопшто да го правите,а и не е безбедно. Може во содејство со еутирокост да ви предизвика хипертироида што исто така не е добро.
    Па дури и за овие народни лекови морате да си ги прашувате и да си ги информирате докторите. Јас со јодот на своја рака пробав,ама ви пишав го прекинав. Логиката не ми дозволи да продолжам, иако здрави бремени жени го примаат, си велам,ајде кај нив друго е,ама кај мене е сосема трето.
    Плус, состојба на тироидата не е нужно дека секогаш настанува од недостаток на јод за да ја стимулирате со јод.

    Мене ме мачи тоа што не испитуваат хипофиза. Многу ме мачи. Многу проблеми од неа доаѓаат,а ние лечиме само локален проблем. Доктор како доктор арогантно ќе ти рече јас најдобро знам (сум се обидела да сугерирам де), а еве имам слушано за случаи кои не живеат тука, што им пронаоѓале проблем со хипофизата, го решавале тој проблем и после со тироидата си немаат мака...

    Девојки би ве замолила едно нешто, сите вие што не читате тука,а не сте членки или сите што читате,сте членки,а не пишувате и го имате проблемов, ВЕ МОЛАМ да се активирате малку повеќе. Гледам многу девојки низ градов со огромни гуши и очигледни проблеми кои не се ни свесни дека го имаат проблемот,а мене ми е непријатно да им пристапам и да им воочам дека можеби имаат проблем,а можеби и ќе се навредат или ќе ги извадам од памет. Дајте ако не повеќе тука да ја кренеме свеста,па можеби ќе најдеме повеќе заеднички решенија. Особено ако земеме за средна возраст на форумов 30 години, па млади сме мајко му, не сме бабиштана од по 70 години со ваков проблем. Цел живот имаме пред нас!
    Би рекла дека инсистирам, ама не можам тоа да го барам од вас, не е моја работа. Порано пишуваа повеќе феминки, одамна не сум ги прочитала на темава да си пишат како се, до каде се, што применуваат, што знаат нешто ново.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Ме подзамисливте пак да се навратам на проблемов.
    Јас имам мала струма ама не ми предизвикувала проблеми таа до сега. Два пати имам одено за тиродина да испитувам хормони и секогаш резултатите не отстапувале од нормалата, само првиот пат кога бев на патофиза ми рече докторката дека сум на граница со хипер ама не ми требала терапија. Вториот пат беше во Ендомед каде докторката обрнува повеќе внимание и тогаш резултатите ми беа во нормала и пак без терапија.
    Дали сум хипохондрик не знам ама пак сакам да одам на проверка, да испитам и полови и тироидни хормони поради влакнетоста, кое испитување го прекинав на почеток на годинава.
    Но ќе инсистирам на проверка на аденохипофизата бидејќи од неа потенуваат сите проблеми. И јас не знам зошто не упатуваат прво на таква проверка.
    И не знам што е подобро, дали компјутерска томографија или магнетна резонанца?