здраво на сите и јас имам проблем со тероидната жлезда денеска бев на преглед и ми зедоа крв да ми испитаат хормониво ,а во наодот што ми до деде докторот денес пишува ,тероидна жлезда -десниот лобус со уредена големина и структура , левиот со помала големина хомогена , каротидни арт,бо ,гради бо.Oд абдомен - сите абдоминални органиморфолошки се уредени .Dијагноза лесна митрална регург.апласио лоби син. гл. тхиреоидеа .обеститас.Oва го пишува во извештајот веќе еднаш правев ин витро точно и беше неусешно па дали можеби нешто сум имала проблем со тероидната та не ми успаело ,ќе ги чекам резултатите се надевам ќе нема некој голем проблем ама многу страв ме фаќа
Здраво девојки, ги изначитав вашите коментари па да се вклучам и јас во муабетот. Ми беше дијагностицирано Хашимото пред 4 месеци. Го открив сосема случајно, бев на редовен ехо преглед за градата и докторот ми посочи да одам да си ја прегледам тироидната. Искрено немам покачено ни килце одсекогаш сум била сучка, нити пак имам некакви проблеми од еутироксот (25мг). Нервозна сум била од секогаш тоа ни е фамилијарано, така да не можам да ја обвинам тироидната . Инаку имав проблеми само со опаѓање на косата и откако ја земам терапијата веќе го немам тој проблем. Искрено брзо ја прифатив болеста бидејќи и баба ми ја имаше истата и си живееше женичката нормално до 80 години . Сте размислиле дека можеби премногу се оптеретувате психички заради тоа па поради тоа ги имате тие проблеми (срцебиење, тремор, анксиозност ). Затоа само храбро и продолжете си го животот како ништо лошо да не се случило и едноставно нека ви биде терапијата навика како чаша вода, не се депримирајте
viksi-sk потполно си во право и јас сум за тоа да не се свакa толку тргиЧно ова,веднас се навикнав на идејата дека мора да се зема терапија нон стоп и тоа е,Животот продолЖува..инаку и јас немам проблем со килограмите,на периоди ми пага косата,единствено сто бев нервозна но сега сум потсмирена е ова со срцебиењето морам да го испитам за да видам дали е поврзано со еутироксот..поздрав..
И мене пред три дена ми беше констатиран проблем со тироидната, кај мене е хипер.Тешко голтам, ослабнав пет кг. за два месеца, се будам неколку пати во ноќта. Еве ги вредностите- ТSH-0,05 i T4-59,43 пулс 120, десен лобус 22,5мм, а лев лобус 20 мм.Испитував на приватно и докторот ми даде терапија пропилтиоурацил, а за срцето спиронолактон од 25 мг. за да ми се намали такохардијата. Од внатрешноста сум и планирам да дојдам и во Скопје да испитам на патофизиологија за да утврдам дали е автоимуна. Како оди со заказување ми рекоа дека матичниот треба да ти закаже, а и многу се чекало. И каков е тој скен и зошто се прави, што се утврдува со него? Бил ли некој од вас на скен?
zd.jas gi ispitav antitelata vo tiroidnata i normalni bile 60 a mene mi se 790 u panika sum cela samo na eurotiroks sum koj se rizicite
Koлку е многу неблагодарно кога некој што нема симптоми, а не пак изразени симптоми, ќе дојде и ќе ти каже дека премногу се оптоваруваш. Не девојче, не е оптоварување кога некогаш не можеш со денови да се натераш ( физички ) да станеш од кревет. Кога си ја гледаш кожата колку ти е сува, распукана, па и крв на рацете. Кога треба да ти менуваат терапија и доза и не знаеш што со себе со денови, зошто не поднесуваш промена. Кога само седиш и блееш. Кога внимаваш на храната, на се што е забрането, вежбаш секој ден ... а вагата не што не оди надолу, туку и си крева килажа. Не тоа не е резултат на аксиозност туку реален живот на некој. Да не создавам негативен набој, само не е начин на "охрабрување" - ете некогаш знае да иритира. Силвана, претпоставувам дека беше на контрола кај доктор со овие резултати и ти кажа нешто повеќе?
cekam na klinika doktorkata da mi zakaze ja molam da mi pise itno no ne saka a mene sekoj den se poloso mi e nz sto da pravam
за жал така е,додека не осетис на сопствена кожа неможес да знаес како му е некому,сепак,треба сами да си дадеме храброст,мене лиЧно,колку и да не ми е добро поубаво ми е кога сум надвор,со луге и кога не размислувам за тоа..некогас е подобро некогас полосо,тоа е..
Ајде и јас да се пријавам. Многу сте биле вредни, ме мрзи сите стотина страници да ги читам, ама гледам различни искуства предизвикани од нашава состојба (намерно не ја нарекувам болест). Веќе четврта година ја имам дијагнозата Hypothyroidisмus primaria (Thyroiditis chr.) и еве, си живеам со едно апченце еутирокс од 50 мг, и едно од 75 мг за време на викенд. Ја открив преку тахикардија, не се здебелив ниту пак ослабев, фала Богу. На секое 6 месеци одам кај Д-р Габи во Е-медикал (кај Корчагин) и мирна сум си. Уште кога ми ја открија решив дека нема потреба од правење драми, дека тоа е тоа и што е најважно, не е болка за умирање )). Е сега, си има симптоми кои се досадни ко стеница и кои мачат и кои не` прават безволни и мрзеливи и безживотни, ама па секој има нешто: некој висок притисок, некој срце, некој шеќер, некој реума... . Туку муабетот ми беше друг. Проблемот кај нефункционалноста на жлездава е што не знаеш дали кога нешто не ти е добро, не ти е добро заради неа или затоа што нешто друго се расипало. Во последно време како да не можам да дишам асално и како да чувствувам некаква надуеност во стомакот, нелагодност, после јадење не ми е добро...И порано си имав јас слични проблеми, анксиозност, мала хипохондрија и сл. си ги имам одамна, уште од студентските денови (одев по кардиолози, ама ништо не ми откриваа). Може ли овие симптоми да се од тироидава или да одам на доктор пак да проверувам срце или желудник, стомак...?
Се закажав за преглед во Филип втори, ќе одам прв пат е сега ме буни ме закажаа во 15 попладне , секогаш кога одев во државна одев наутро за преглед и за крв. Бил некој и дали е задоволен од услугата во Филип втори?
Rama, јас не сум била на друго место освен на Ендокринологија. Ама ако се грижиш зошто не е наутро, нема потреба зошто не мора да си гладна за проверка на хормоните. Ќе те чекаме тебе да споделиш искуство како си поминала таму.
Не знам каде ме закажаа бидејќи не се закажав јас лично туку кумата, во секој случај ќе ви пишам понеделник каде бев и како поминав
Ајде и јас како Владата да си дадам отчет Не знам дали се сеќавате ви пишував претходно дека примав терапија еутирокс и успеав со дисциплина, правилна исхрана и сведување на стерсот на минимално ниво да се откачам од истиот, јеееееее. Бев на контрола пред 2 недели (иако требаше во септември да ја направам, но докторот ми беше на службен пат) и морам да се пофалам дека резултатите ми се одлични т.е. хормоните се во нормала. Нешто што ми е чудно е тоа дека додека ја пиев терапијата, а и претходно имав по две цисти на двата лобуса на тироидата, но сега е само една циста со помали димензии а од другите три нема ни трага Имал ли некој вакво искуство на исчезнување на цистите? Јас колку што знам се прави пункција за да ги снема, но јас на таков зафат не бев подложена. Исто така ме гледаше на ехо и структурата на тироидата е нормална, па сега здравје пак ум на контрола за 3 месеци. Толку од отчетот, повеќе го пишав како охрабрување за феминките кои се наоѓаат во состојба сличнана мојата од пред 1 година. Поздрав девојќи и само дисциплина му е мајката
Барај второ мислење или врати се кај докторот да ти ја намали,а можеби и прекине терапијата.Типични знаци кога дозата ти е голема.
Како што кажав бев во Филип втори, и не сум нешто задоволна или грешам не знам што да мислам. Значи вака 2 год пијам еутирокс од 50 бидејќи имам хипотиреодизам дотичниот доктор не ми провери ни хормони ништо а ме одери на приватно 1200 само за ехо, и ми вика за хормони дојди др ден за пак да ми наплати 1200 ме фати инает не одам, не за парите за здравје и 10000 ке дадам ако треба туку само на ехо ме гледаше и ми вика ти немаш ни најмала трага дека некогаш си имала хипо , јас останав зачудена бидејќи докторот мој ме убедува секогаш дека терапијата ќе ја примам доживотно е сега не знам во што да верувам кога ќе ги проверев хормоните на тироидната стварно не ми беа во ред и затоа и пијав таблети
Имам проблеми кај моето дете со штитната жлезда Ми препорачаа да ја оперираме. ВЕ МОЛАМ доколку некој има искуство со операција надвор од МК (Словенија или Хрватска) да ми каже. Исто ми требаат и контакти од доктори кои ги извршиле операциите , цена , постапка и времетраење и други информации кои Вие мислите дека би ми помогнале. Последните можете да ги пратите како приватна порака или на маил prod@t-home.mk МНОГУ ВИ БЛАГОДАРАМ
Како можел да ти каже дека нема ни најмала трага од хипотиреоза, кога не ти го проверил хормонот?!?! Што се не ќе направат за пари!! И кај мене нема ништо на ехо, ехото ми е секогаш уредно, но кога преку крв ми го испитуваат хормонот се гледа дека тироидната не функционира како што треба. Повеќе од 5 години сум со Еутриокс - 125, што е прилично висока терапија, и тоа и за викенди истата ја пијам. Еднаш ми ја намалија на 75 и почнаа старите симптоми да се враќаат, па ми ја зголемија. Сега треба да одам повторно на контрола, се чувствувам подобро, косата престана да ми паѓа, кожата ми е горе доле вратена во нормала, почнав да слабеам. Ќе ви пишам резултати. Се надевам дека се ќе е во ред.
здраво феминки имам другарка беше на лекар и тој и кажал дека има тироидна жлезда и и препишал некои таблети(незнам кои ама мислам дека некои за смирување и препишал )потоа по некое време пак беше кај него и казал дека и пораснала и пак истата терапија,арно ама нејзе пак и бесе лошо и појде кај друг лекар(лекариве се на приватно) и тој и кажал каква жлезда ти имаш шилци,незнам што му е на лекариве ама дај кажете кај да појди девојчево да се снима или сто и да треба да направи ве молам