Форумџика на годината 2020

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124
    Ќе има периодни кога едноставно нема да ти биде добро. Промена на време, малку поголема нервоза, осаменост ... се тоа се манифестира затоа грижи се за себе.

    Инаку околу терапијата и тоа е сосема индивидуално. Значи има луѓе со некое минимално дозирање остануваат до крајот на живот, а има некои што после некое време се едноставно добри на неколку контроли, па ги тргаат од апчиња. Но тоа не е никаква гаранција, лесно може пак да се врати на истата терапија. Значи треба стпливост и постојана грижа.

    Дури и ако се случи цел живот да мора да ги пиеш/пијам, не е ништо трагично. Апчето е толку многу мало, да не пречи во голтање. Обврската не е голема, тоа е како утринско кафе, неизбежно ... терапија која му е потреба на организмот за да бидеме добри. Не гледај на тоа како психолошки проблем, дека до крај на живот ќе сме на терапија, така контра депремирачки ефект има. Од искуство ... мисли дека се витамини, нели тие се потребни цел живот:)
     
    На bonbonka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dannche

    dannche Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    jas pijam sekoj sen po100ml i jas trebe da gi pijam dozivotno i jas odum na kontola ne e tolko tesko :) :) :)
     
  3. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124
    Добро дојде во клубот :) .
     
    На love-love му/ѝ се допаѓа ова.
  4. italiana

    italiana Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    12
    Здраво, јас само еднаш сум била на контрола за тироидната и тогаш ми рекоа дека била на некоја си горна граница. Е сега, јас тогаш и не обрнав многу внимание која е таа граница и што значи пошто имав еден куп други маки(анксиозност, депресија, опсесија)и ми рекоа добро е и јас оставив. Пиев лекарства за анксот, па за депресија па за желудник итн., дојдов до една нормална состојба но еве ми се случува наеднаш при мал стрес или некоја случка мене да ми се вратат симптоми. Кафе пијам ама понекогаш ужасно ми смета, цигари пушам но и тие ми сметат како да се гушам па наутро ми се гади итн. Еден период косата многу ми паѓаше ама си реков од анксот е и се што ми се случува си поврзувам со анксот. Последниве два три дена не се чувствував нај нај па си помислив да отидам да проверам тироидната ама еве уште не сум била. Понекогаш на грлото како да ми стои топка па цело време се трудам да ја голтнам. Јас одам на прегледи во Ремедика дали таму можат успешно да ми проверат тироидната? Ви благодарам и ве поздравувам.Пишете ми.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    114.627
    И јас ја чувствував таа кнедла во грлото,се било од притисокот на жлездата која се зголемува кога не функционира добро,а да не зборувам за косата.
    Оди во Срце,многу се добри и Ендомед во новата зелена зграда на аголот кај ДОС,докторката е супер,работи со сини картони.Кај и да одлучиш добар чекор правиш за почеток,колку да видиш што е работата,а потоа можеш да се одлучиш каде ќе правиш постојано контроли.
     
  6. italiana

    italiana Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    12
    Ти благодарам Лилит. Ти прати ЛП. Чао
     
  7. majuska1979

    majuska1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    slucajno procitav za simtomite pri narusuvanje na funkcijata na tiroidnata zlezda pa sakam da ve prasam nesto.vaka problem imam so anksioznost i koga pred 4 god pred da mi bide dijagnosticirana anksioznosta pravev razlicni ispituvanja no ni maticniot ni internistot ne mi rekoa deka treba da ispitam tiroidna,moeto prasanje e koi drugi simtomi osven onie koi se identicni so anksioznosta se manifestiraat pri hiper funkcija na tiroidana zlezda,planiram da ja ispitam pa me interesira koi drugi vidlivi simtomi ima pri vakvo narusuvanje osven onie koi se slicni so anksioznosta.a za hipo narusuvanjeto znam samo deka e nasledno od majka na kerka zatoa sto mojata komsivka ima isto i nejzinite dve kerki kako i nivnata tetka i bratucetka.pozdrav
     
  8. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Дисфункција на тироидната жлезда е многу сериозна работа и доколку имате таков проблем, само лекар може да ја одреди дозата на апчињата, а никако на своја рака. Тој што веќе има проблем, многу е важно ПОСТОЈАНО да ја следи состојбата, зашто еден ден ќе треба да се има и деца, а во бременоста е многу важно бебето да има јод. Затоа, ништо на своја рака, со преглед на крвта се утврдува точната доза.
     
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    191.727
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ве замолам ако некоја од вас сака да сподели за која вредност на TSH им е препишана терапија со еутирокс, јас направив испитување и нивото беше 5,7 (а референтните дозволени вредности се од 0,400-4,0) Т3 и Т4 ми беа во нормалната граница.

    Ви благодарам.
     
  10. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124

    Божица, дали ти со овие вредности доби веќе терапија?
    Од сите мои искуства, читање милион статии и истржувања, мислам дека е добро да се почне со 25 Еутирокс. Се зависи од тоа како се ти чувствуваш, дали имаш изразени симптоми и последици од хипотероидеата. Значи имаш субклиничка хипотероидеа која се бавно развива, но не значи дека има силно изразени симптоми. Ова заболување најчесто кај младата популација треба да се третира со терапија зошто нарушувањата може да дојдат подоцна и секако да имаат пострашни последици.

    Значи 5,7 не е страшно, но не е вредност која треба да се игнорира. Се зависи од докторот кај кого си била.
    Еве ако те интересира нешто плус, слободно ќе ти одговорам ( ако знам).

    Поздрав. :)
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    114.627
    Не е точно дека хипо се пренесува само од мајка на ќерка,кај мене во семејството нема таков проблем,но ете јас имам намалена функција.Нема правила,секој може да има.Дали од намалено количество на јод или од стрес,се јавува.Македонија е такво поднебје каде што често се јавува кај женската популација проблеми на тироидата,баш заради недостаток на јод,особено во тетовските краишта.Во секој случај за хипер,анксиозноста не е еден од симптомите,тие се по хиперактивни,нервозни и нестрпливи (кои исто така може да бидат анксиозни расположенија),но сепак анксиозноста повеќе ја врзуваат за летаргични,меланхолични чувства кои се потешки,успорени и типично анксиозни,па такви и се јавуваат само со хипо.
    Инаку,други симптоми на хипо се опстипација,повремени тахикардии,кршливи нокти,крута коса и косопаст,сува кожа,особено забележително на лактите,колената и петите,тромост,сонливост,безволност,покачена телесна тежина...а како што кажавте и анксиозноста,често,но не задолжително.Сепак,чести се случаите да се има проблем со тироида,да не знае пациентот и да се лекува од анксиозност.

    Божица...сигурно ќе примаш барем 25мг дневно еутирокс,ама не ме зимај за збор,сепак тоа мора да го погледне доктор.Вакви таблети кои се синтетички хормон опасно е да се земаат на своја рака,мора да се следи од доктор.
     
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    191.727
    Пол:
    Женски
    Фала Лилит, во понеделник сум на лекар, само во меѓувреме сакав да се консултирам и со вас пошто гледам дека има доста девојки со сличен проблем.

    Поздрав.
     
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    191.727
    Пол:
    Женски
    Пресудата за мене е еутирокс 25, ви се придружувам во клубот на "пијачи" :)
     
    На DJURIC му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124

    Сега видов . :)

    Излезе ко што рековме јас и Лилит, но ете уште еднаш да ти кажам дека не е ништо страшно, тоа е само за твое добро и верувај дека ќе бидеш многу подобра сега.
    Добро ни дојде :D .
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124
    E девојки, да се пофалам, после долго време TSH ми е во нормална, радости на голема врата. :)
    Туку сакав да прашам, иако ќе појдам кај докторката со резултатите, дали кога се средува хормонот, терапијата се намалува или ќе ме тргнат од терапија?

    Поздрав.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    114.627
    Јас мислам дека не,затоа што таблетите се синтетички хормон без кој не би ти било тсх во нормала.Може ќе ја пиеш истата количина некој период,па ќе ти ја намалува понатака.
    Во секој случај,никогаш нема да ги оставиме таблетите.Барем 25мг сигурно ќе не дружат...
     
  17. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124
    Ти благодарам.

    Се чувствувам бајги добро сега :rofl: , не би сакала со намалување на терапијата или тргање од неа да се вратам во истата состојба ко што бев. Ама имаш право, без синтетички хормони лесно може да се вратам назад.
     
  18. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Zdravo devojki,sakam da ve prasam dali ima nekoja sto se operirala od tiroidna zlezda ili nekoj sto poznava takov pa kako pominale pri operacijata i posle toa,jas veke edna godina imam problem so zgolemena aktivnost na tiroidnata zlezda i pijam nekoi apcinja tirozol i sega treba vo oktomvri da se operiram,pa ako imal nekoj vakvo iskustvo da mi kaze kako pominal bidejki me faka golem strav.
    Pozdrav!!
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    114.627
    Ни е гајле бе!Денес во 24 часа здравје прочитав дека хипо луѓето живеат подолго!Ха!Сите ќе ги надживееме! :D
     
    На DJURIC му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124
    Тоа сигурно дека не стонираат со синтетички хормони, севезден сме среќни! :lol: :rofl: