Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Lilit јас кога избегнував железо, а и на диета кога ќе бев хемоглобинот ми паѓаше и до 80

    Проблем со тироидната имам уште пред 11 год така да имам заборавено како ми било претходно |(
    Но за разлика од почетокот сега симптомите се каде каде поизразени УЖАС

    + Цел живот маки мачам со килажата, само диети, режими и др глупости
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.318
    А Лејди, не сакам да навлегувам во интима, ама не знам, за мене лично најголемата траума и страв за во иднина ми се - децата.
    Гледам дека си бремена во моментов, те молам кажи ми како ја поминуваш бременоста и дали лесно ти беше да останеш бремена?
    Најискрено, тоа ми е огромен, ОГРОМЕН страв.

    И кажи ми дали некогаш си решила од корен да го смениш стилот на живеење, да речеш, нема глутен, нема храна што ми пречи, ги зимам сите суплементи што се неопходни, ќе се движам многу и ставам точка на се ова со многу трпение и воља?

    Се согласувам дека е мачно. Никој можеби нема да верува, ама само оние со проблем на тироида знаат како е да станеш наутро и да ја чувствуваш главата како во некој меур, кога си во пмс 10 пати посилни симптоми него ли здрави девојки и да отекуваш ненормално многу... А не сум ни кенкало, ниту цепидлака, се жалам само кога навистина ми е тешко, но има и такви кои тоа не можат да го сфатат, а кенкаат секој ден за една обична главоболка, па ти оди да им залепиш една.

    Сега почнав со акупунктура за друг проблем, следно ми е тироидата. Ма да, јас бев и кај холистички терапевт, па ми кажа збор два и за тоа, ама не би да го пишувам тука, од причина што во тој поглед секој има различни причини зошто се појавува болеста кај него. Прекомплицирано е за објаснување и за некого можеби и е лудо.
     
  3. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Пред 3 год малку после мојата свадбаимав стресен период. Точно што како беше не можам да издвојам имаше премногу причини.
    Тогаш не сакав првата година да имам бебенце, демек да достудирам , да најдам работа, и бла бла од моја страна.
    И од сиот стрес тироидава моја полуде кога рече одам хипер, после хипо и никако да се стабилизира( иначе сум хипо и пијам еутирокс) и нели додека таа не се стабилизира не смеев ни да помислам на бебенце.
    Кога ми се потврдија резултатаите дека е во нормалн граница некоја ( и тоа чекав 2 пати да е стабилна)
    направив микробиолошки тестови се беше ок, папот не го ни чекав, пробав 1 или 2 пати да лажам и одма останав бремене
    Јас не ни верував дека ќе биде одма, оти мои другарки се обидувале со месеци, или год , а немаат проблем со тироидната па тоа им било потешко. Само кога ќе сака Господ ќе биде.

    одма откако останав бремена стартно се здебелив неколку кг 5, а не јадев (само не можеш никому да објасниш дека не јадеш мн а се дебелееш) и ТЅН ми беше премногу висока, а Т4 си беше ок
    и така се поправив многу појке од останатите трудници на пр до сега 11 кг со внимавање

    Работата ми беше тешка, по цел ден на нозе и кај онака тешко издржував , после ми беше уште потешко
    Заморот ме убиваше, а имав и јаки главоболки додека ја стедив ТЅН
    Сега е под контрола, ама и седам дома не одам на работа од декември
    Да имав полесна работа ке издржев уште, но судбини

    А за начинот на исхрана сум сакала многу пати да сменам, но немам доволно мотивација, време, си треба и пари, здравје откако ќе се роди бебушко ќе видиме што ќе биде

    Премногу напишав ама може и да испуштив нешто :?:
     
    На Umbrella22 и Lilit им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.318
    Фала ти многу на охрабрувачкиот одговор. Ти посакувам понатака бременоста да ти биде полесна и да уживаш во неа. Сериозно ме охрабри, зошто секогаш слушам убави приказни со ваква состојба, ама она глупостине на докторите како онлајн, така и во ординација знаат ептен да распаметат.
    Можеби и во текот на бременоста ако промениш некои работи во исхраната, никако диети, ќе ти биде полесно. Јас сум опседната со ова глутенов, само тој да се исфрли, работата ни е половина завршена. :( Барем сега имаш уште поголем мотив да го средиш и тој дел.
     
  5. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    ZA STITNATA ZLEZDA BI MOZELO DA SE PISE DO VECNOST I PAK DA NE MOZES DA DOBIES VISTINSKI ODGOVOR,DA TOCNO E TOA STO NE SE PISUVA MNOGU ZA TEMAVA ,OD EDNA STRANA E OK POSO ZA DZABE JA MUCIS GLAVAVA POSO I ONAKA TE BOLI MNOGU E SEA I SAMITE DOKTORI NA KONTROLA VIKAAT PIJ EUTIROX I NE MU JA MISLI EEE NE E TAKA ,TREBA DA TI BIDAT VO KOZA PA TOGAS DA ZBORAT POSO NEMAAT POJMA KAKO TI E USVARI IMA NEKOI STO POKUSAVAAT DA TE SFATAT AMA JA PREFRLAAT TOPKATA NA DRUGO LICE IDI SI NA PSIHIJATAR TAKA IM E NAJLESNO E JAS BI SAKALA DA GI PRASAM ZOSTO NE MI GO SREDITE HORMONOT VO NORMALA PA SO SREDEN MNOGU EPOLESNO DA IDAM NA PSIHIJATAR,ZNACI KAJ MENE EVE SKORO 4 GOD SE NEMA SREDENO TSH POTOCNO SAMO 1 AMA KAKO SE VIKA 1 KO NIEDNAS,ZNACI SUM HIPO HASIMOTO I SKORO 1 GODINA SUM HIPER DALI E TOA NORMALNO TOLKU DOLGO DA SUM HIPER E SEA CEKAM REZ OD KONTROLATA OVOJ PAT SO DOSTA NAMALENA DOZA DA VIDAM KAKOV KE BIDE INACE ZAMOROV MENE NAJVISE ME MACI CELO VREME ,NEKOJ LEK IMA LI ZEMAV MLEC POVREMENO NO NEKOE GOLEMO PODOBRUVANJE NE OSETIV ODSTO E TOJ GOLEM ZAMOR DALI MOZE HELIOBAKTERIJA NE SUM ISPITALA ILI ONOJ SINDROM NA HRONICEN ZAMOR DA NE E I DA GLUTENOT STO VIKA LILIT DA SE ISFLI SROZ OD ISHRANA AMA TOA E FINANSISKI NEVOZMOZNO INACE TOJ E KATOSTROFALEN IMA LUGE SO SE ALERGICNI PA IMAAT SPECIJALNA ISHRANA NE SUM UPUTENA VO TOA NO EVE KE CITAM NESTO NA INTERNET IAKO GLUTENOT NE SAMO NA ZLEZDAVA NA SITE ORGANI LOSO DELUVA A INACE BREMENOSTA LADY NE RAZBRAV KAKO TOA SE DIGNAL TSH NEZNAM MOZE TAKA TREBA DA BIDE POSO ZNAM KOGA ISPITUVAV ZA POLICSTICNI JAJNICI GINEKOLOGOT MI RECE ZA DA ZATRUDNES TSH TREBA DA E DOBAR
     
  6. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    пред да забременам ТЅН си беше ОК во нормала, затоа и останав бремена( сепак планирана бременост имав, не беше несакана)
    Кога дознав сека сум премена бев 8 недела, се јавив на патофиза и ми закажаа преглед за во 12 недела и кога проверив ТЅН ми беше 23. нешто исто како да не сум пиела лекарства
    Пошто не сум од скопје докторката ми се јави ми се испоразвика како можеш со месеци апче да не се напиеш(јас секој ден си пиев апче како што треба од сабајле и 30 мин ништо во уста не ставам) и објаснив ги повторив резултатите тука да не е некој грешка, но пак беше висока
    Ми ја зголеми дозата на еутирокс постепено, така и ТЅН паѓеше и дојде во нормала
    Проверувам ТЅН на 3 недели и ја контактирам

    Малце ми е страв да не му се десило нешто на бебушко додека ми беше ТЅН висока, сите доктори ми рекоа дека немало врска бла бла, порано бабите наши деца раѓале а не знајле што е ни тироидна ни др глупости со кои се замараме па пак се раѓале здрави деца

    Убаво е ако има некој да сподели мислење, не само за во бременост, општо кој како се справува и како го олеснува животот
    Не секој разбира дека не е лесно да се живее да речам со оваа состојба
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.318
    Ауууу Самира, па во твојот случај со Хашимото, ОСОБЕНО треба да се исфрли глутенот!
    Биди многу, многу внимателна! Ама многу!
    Глутенот е една од поглавните причини за појава на автоимуна болест те Хашимото кај тироидата.
     
  8. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    здраво на сите,зна;и незнам како да се изразам а некој да не ме свати погресно,јас сум хипо,хасимото,пиам еутирох 25,усте на првата контрола резултатите беа одли;ни,S-TSH бесе 1,еве пред некој ден бев на втора контрола S-TSH е 0,996,немам променето нисто во исхраната,настојувам да избегнувам леб,и да се хранам здраво,скоро секој ден песацам по 1 саат,но тоа го правев и пред да дознаам дека сум "болна".јас не осекам рециси нисто од симптомите,но откако поцнав со еутирох осекав срцебиење некои такви работи и спомнав на докторката вели нетие од лекот тоа е мала доза,направив преглед кај кардиолог се е во ред,знаци сепак е од еутироксот,според мене,но како да и доказам на докторката..сакам да казам дека некогас нее ниту до исхраната ниту до нисто,туку до самиот организам како реагира на тие работи,како ги поднесува..
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Импресионирана сум од посветеноста на докторот во врска со мојот случај, но без навреда се спремам да побарам второ мислење. Интуицијата ми говори дека нешто не е во ред со дијагнозата.
    Не само што ми смета на здравјето, но нели и од естстетски причини си набив комплекси во врска со тежината. Еден период паднав во депресија заради тоа како изгледам и престанав да јадам речиси сосема. Но и тоа не е во ред па почнав да се хранам поздраво и земав додатоци во исхраната, земав фероглобин. Сепак, и покрај сите напори вагата само покажува поголеми бројки. А не се чуствувам најдобро. Често имам силни главоболки и низок шеќер.
    Тотален хормонален статус се прави во 3 ден од менструација, и потоа во 21 ден. Се канев да го направам, но 3 ден ми беше за време на Божиќ, па мораше да се одложи за другиот месец. Ни матичниот гинеколог, ни лабараториите не работеа.
    Се сомневам дека имам покачен тестостерон.
    Има ли некоја препорака, доктор во Битола каде можам повторно да направам испитување и ехо преглед ? :?:
    п.с Лилит Еутирокс е безбедно да го земаат и бремени жени.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.318
    Не само што е безбеден, туку е и A MUST, тој е само синтетички хормон, во спротивно може да се случи спонтан абортус или да не се развива како што треба плодот. За жал, тука го немаме природниот, на кој многу подобро реагирале пациентите,но што е тука е.

    Обавезно испитај, освен тестестерон, задолжително пролактин.

    Ве молам пишувајте и препораки (или критики) за докторите, затоа што забележувам дека многу малку може да се чуе за добар доктор.

    Бела барај второ мислење и не се ослонувај само на дијагнози. И самата читај повеќе за Хашимото, штом е мала дозата, значи се уште можеш да влијаеш на состојбата.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. matmar

    matmar Нов член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Еве да се пријавам и јас како долгогодишен паталец со тироидната жлезда. 18 години ме мачи, и ќе продолжи изгледа. На 16 години хипер, па некое време без лекови па автоимуно премина во хипо. Еве веќе 13-14 години пијам еутирокс, постепено ми се зголеми дозата на 3/4 од 75. И тоа и не е некој гооолем проблем колку што имам проблем со докторите. Неколку пати до сега (2-3 пати) покачувањето на ТСХ ми го објаснија вака.. Така и текнало на жлездата. Како да има мозок и размислува засебно од мене. Глупости. Инаку вредностите на ТХС никогаш не биле енормно високи, секогаш тука малку над нормалата. Т4 и т3 обично ми се нормални.На патофизиологија одев кај др. Лопарска. Кога ја повлекоа на настава во поделбата се паднав кај др. Мери Анѓелеска. Милата докторка за 3 години ниту еднаш не ми измери пулс, не ми ја пипна жлездата. Ниту пак некој некогаш ми кажал што и како да одбегнувам од храна. Со килажата си имам проблем и тоа голем, некако за овие 4-5 месеци успеав да симнам 14кг ама со тешки маки. Со депресии и анксиозности исто си имам мака како и со болки во колена зглобови итн иако вредностите ми се во нормала. И секогаш кога ке го потенцирам ова (како на пример ужасно многу крварење за време на циклус) ми велат нема врска, ок ти се вредностите не ти е од тоа. За забременувањето и немав проблем од жлездата туку од други пореметувања но сепак, барем во тек на бременост не ми направи проблем. Мене ми е прашањето кај да најдам доктор кој ке ме советува што да јадам, што да не јадам, како да си помогнам себеси бидејќи не очекувам дека со годините натаму полесно ќе ми станува. На патофизиологија сум на мисла да не се појавувам веќе поради игнорантскиот однос на докторите и ужасната гужва. Прашував во Систина ама ми се прескапи (1800 ден преглед+2000 ехо+хормони 800 секој). Дали одел некој во е-медикал? И ќе ве замолам кој е поупатен околу исхраната да ми објасни што и како. На мисла сум и глутен да исфрлам скроз па совет и околу тоа ми треба.
    Толку :)
     
  12. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    сакав да ве прасам,посто не сум во MK,кога велите ..со мојата докторка..мислите на доктор специјалист за тироида,или на васиот матицен лекар,посто,јас двапати имам идено кај специјалист,инаку со резултатите од контрола,тие работи,кај мојот матицен..а се гледа дека докторката не не ми е многу зпознаена со тие работи,вели дека нее потребен ниту режим на исхрана,ниту др работи,дека е доволно тоа сто насабајле го пиес ап;ето..а за на специјалист како демек немало потреба,доволно било 1,2 во година..
     
  13. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Hај соодветен е специјалист за тероида.
     
  14. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Препорака за приватна лабараторија за проверка на тироидни хормони ...искуства каде сте проверувале и колку се точни резултатите ?
     
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Јас правев завчера проверка во Интермед-арт кои ги праќаат во Адриа-лаб. Ме чинеше 2100 денари за проверка на 3 хормони (TSH, FT4 i T3)
     
  16. StarSky

    StarSky Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Имам намалено лачење на тироидната жлезда, т.е хипотироидизам. Веќе две години примам терапија и до сега, освен симптомите на почеток, сум немала други проблеми. Пред некој ден бев итно на контрола зошто ми се појавија истите проблеми што ги имав на почетокот.. Оток во пределот на тироидната, доцнење на циклусот (цели 3 месеци и уште си чекам), зголемување килажа, замор при мал напор, поспаност, неприсутност, деконцентрираност, раздразливост... Резултатите излегоа исти, може и полоши од првиот пат. Имав и зголемување на димензиите на жлездата. Ми ја покачија терапијата (пиев 6 дена 50мг и еден ден 25мг еутирокс, на 50мг 4 дена и 75мг 3 дена) и сега чекам да се стабилизирам..
    Ја прашував докторката како можам да си помогнам, што да јадам, што да не јадам, да примам некакви витамини, дополнително да внесувам јод, да барам некакви треви, ама таја ме измаршира, ми рече ништо не помагало, се зависело од терапијата.. Прашав и дали може пореметувањето што се случило да е зависно од нешто, ама таа ми вика дека немало врска, само од себе си идело. Според ова јас не знам како поинаку да ја контролирам жлездата освен со чести контроли, ама мислам дека има и друг начин како дополнително да си помогнам. Ќе ве замолам за совет околу исхраната, витамините или што и да е друго што може да помогне. Ме интересира и дали вас ви се случувале вакви промени, да се вратите на почетниот стадиум кога сте почнале да примате терапија? Почнувам да размислувам и да ја сменам докторката ако не иде вака.. Имам 18 години и не планирам да си направам проблем од нешто што може да се контролира.
    Знам дека терапијата ќе ја примам цел живот, не ми е тоа проблем, само барам некој дополнителен начин како да си олеснам.. А и многу сум загрижена дали може таа да влијае на плодност и на такви работи.. Дали може да направи проблем? Како да го избегнам тоа ако постои опасност?
    Ве замолувам за совет.. Фала!
     
    На Milka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Јас кога ја прашав докторката, после толку години стабилна како може да варира, да се менува итн
    Таа ми рече тоа ти е темпирана бомба, не е предвидлива

    За храната никој ништо од докториве не спомнува
    Имам читано за аронијата дека помага, а Лилит спомна за кокосовото масло
    Барав на нет и стварно пишува сека помага, но да биде ладно цедено
    Е сега навистина е скапичко, ама за здравје се работи
    Ќе го земам деновиве и ќе пишам дали има разлика

    Лилит од која фирма земаш кокосово масло и дали виде подобрување од него
     
  18. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    досега совет околу исхраната ,од доктор,немам добиено,со објаснување дека,со апцето наутро,го внесувас потполно истиот хормон кој ти фали за нормална работа,до некаде има логика..сепак се трудам да најдам несто корисно на интернет околу исхрана,витамини итн..еве една статија која зборува за тоа.......http://www.porodicnilekar.net/index.php ... &Itemid=53
     
  19. mallecko

    mallecko Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    dali nekoj mozi da mi objasni sto e struma gusa na tiroidna zlezda i dali e opasno ve molam odgovor
     
  20. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    При хипотироидизам, односно намалена функција на тироидната жлезда, се јавуваат брадикардија, намален метаболизам на нервното ткиво, кожата е сува. Доколку хипотироидизмот потрае подолго време може да настане психичка тромост, намалена интелигенција, дури и рана артериосклероза. Посебен облик на хипотиреодизам е појавата на гушавост, при што точно се знае дека причината за тоа е недостатокот од јод во водата и земјата, а со тоа и во храната. Со додавањето на натриум јодид во готварската сол ваквите појави се регулираат. Истотака гушавост може да се јави и кај луѓе кои живеат на висока надморска височина, како резултат на мала количина на кислород, кој е исто така неопходен при метаболизмот на тироидни жлезди.
    Таа може да биде опасна доколку се занемари, но во спротивно лесно се третира.