Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    kокосово масло е добро ама само за хипо за хашимото не пошо би можело да направи инфламација на антителата ја барем така мислам,а аронијата мислам да е добра па еве ке почнам да ја земам барем да ми го намали овој замор што никако не си иде,па да прашам од каде ја земате која е подобра имам прочитано за сибирска ама каде да ја најдам,а што се однесува до хормонот до тсх после 4 год еве ова е вторпат како се среди иначе ме лудеше посо си пиев редовно а нејкесе да дојде во нормала од хипо во хипер е сеа е добар ама колку ке му биде векот само бог знае ,а да и ја сум разочарана од докторите едно ти зборат на контрола кога те прашуваат по тоа картончето е кога ќе ти доје резултатот друго ,ја си викам уште малку и ја си научив како да ја местам дозата
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.318
    Еве ви убава статија те диета за тироида.

    http://thyroidbook.com/blog/autoimmune-gut-repair-diet/

    Кокосовото на биона го користам инаку, за цена не се сеќавам искрена да бидам, ама не е под 350 денари за 150 мл или 200мл.

    Докториве можат да одат да се сликаат!
    Прав доктор не запишува само апчиња и терапии. Прав доктор најпрво се залага за едукација. Јас се уште не сум сретнала ендокринолог кој покренал иницијатива за превентива и освестување, па оттаму си го задржувам правото да не ги сметам за доктори!
    Прав доктор веќе кога има настанат проблем ќе ти каже освен лекарствата што друго треба да правиш со себе.

    За Хипо можам само да ви кажам, МНОГУ ДВИЖЕЊЕ, не пешачење туку да се топите од вежбање, витамин д, кокосово и без глутен. Два дена се опуштив со глутенот, уморот и подуеноста се вратија.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    а лилит кажи ми ти само хипо си или хашимото пошо кокосовото не е добро за тие антитела да не ги инфламира па со самото тоа итсх да се качи ај ке имама у план да ја прасам докторката баш малку за исхранава иако претходната ми кажуваше само апче и ништо друго ама ја не би рекла да е само еутирокс освен ако не ти ја качи дозата до небо па после да ја спушта абе што им е гајле што нашево тело има такви нагли шокови од хипо во хипер е тоа ќе го напоменам на сл.контрола сепакам ја живеам о ова мое тело
     
  4. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Јас имам Хашимото веке 6 год и баш се мислев да го купам утре Кокосовото масло сега читав во летокот од Зегин дека е добар за средување на тироидеата ама незнам малку ме замислува сега САМИРА незнам да не направам поголем проблем ....
    Искуство дали имате со Кокосовото масло ???
    Инаку што се однесува до аронијата константно ја јадам неколку год без прекин по 7-8 зрна сабајле но не чуствувам некоја промена освен што ми го подобри железото и хемоглобинот инаку заморот е тука присутен постојано
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.318
    Само хипо сум јас.
    Барем до сега...
     
  6. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    и јас си мислев да земамам кокосово ама заради јодот на хашимотото ке му делува лошо,па никако е сеа селенот и витаминот д би требало да делуваат на хашимототото позитивно ,ама посо сеа хормонот е ок не зимам ништо ке ја чекам сл.контрола па тогаш иако можеби е боље спречи него лечи,па ок баш ќе го имам на ум ова да го прашам на контрола а инаку да не знае некој дали на патофиза мозе да се испитаат др.хормони посо кога ме боцкаат за тироксинот па,у едно да ги испитам др.хормони,гледам пролактинот мн го спомнувате да е поврзан со тироидната а башка сите сакам да ги испитам.
     
  7. StarSky

    StarSky Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Ако е тироиднава жлезда темпирана бомба (така и текнува дека сега ќе ја мрзи и нема да лачи хормони), тогаш како се справувате вие со тоа? Одите на почести контроли, навикнати сте да ги сеќавате првите знаци дека нешто со жлездата не е во ред (зошто јас дури се сетив, таа си имаше направено еден куп проблеми :worried: ), или нешто трето??? :^) Еве гледам има луѓе што терапијата му е иста цела година, па и повеќе.. Тогаш е безмислено да одиш на секои два месеца на контрола.. Сега, ако е тоа единственото решение, во ред, ама дали има и друг начин? Или па можеби ви помагаат овие додатниве работи што ги примате? Јас во две години не сум зела ништо додатно... Се мислам да пробам со тоа кокосовото масло.. Нешто што најмногу ми пречи е уморот и поспаноста. Ако најдам лек за тоа, нема ко мене ;)
    Иначе, како се случува тоа преминувањето од хипо во хипер??? :^) Со преголема доза, или како? Не дај боже, уште тоа ми фали :worried:
     
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Никако да ослабам ;(
     
  9. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    И секој ден да одиш џабе е
    Стресот и нервозата многу влијаат на нејзината работа, ама дали и има жив човек што не се нервира незнам, а и ако ти ја утне дозата или брзо ти ја наголеми, можеш да појдеш во хипер
    А со тек на време ќе се научиш, ќе сеќаваш сама по тоа како се осеќаш

    А за уморот и јас барам лека, ако го најдеш кажи
    Поспаноста мн не ме мачи, на сабајле кафе и навечер маки мачам да заспијам,
     
    На jonbonjovi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. StarSky

    StarSky Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Блазе тебе, си немаш проблеми со кафето.. Јас ако се напијам едно (особено од оние пустине макијата и нескафиња) после цел ден ме грицка нешто во желудникот и сум хиперактивна.. ама без веза хиперактивна. Се што не треба ќе направам |(
    И јас слушнав дека стресот влијаел многу, ама ај, што да правиш :?:
    Инаку, освен храната што помага, има нешто што и штети на жлездата? Не мора да е храна, некаква неактивност или што знам што.. Да не треба нешто да се избегнува??? :^)
     
  11. jonbonjovi

    jonbonjovi Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Ја немам проблеми со тироидна, ама имам 3 другарки со хашимото.. инаку за дозата можеш и сама да регулираш делумно ке земеш 75 или 100 пример.. зависи како се осекјаш... и прилично сум сигурна дека не можеш да преминеш од хипо во хипер.. секако е атрофирана жлездата и со намалена функција и никогаш нема да се врати со нормала, само може да претераш со лекот.. моја подршка :clap:
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.318
    Ајде на пишувајте вакви постови, зошто се глупости.
    Сам не можеш да си ја одредуваш дозата како се осеќаш, тоа е една работа, а друга работа е дека ти не поминуваш во хипер од самата жлезда, туку од погрешното дозирање на синтетичкиот хормон, па така што предизвикува симптоми на хипер.
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Papilarna

    Papilarna Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    здраво на сите,

    имам 30 години, пред 2 месеци ми се појави јазолче во пределот на вратот, за кратко време отидов на ехо, ме испратија на биопсија и магнетна резонанца, кадешто се воспостави дека имам папиларен карцином на тироидна жлезда, проширен во 3 лимфни јазли во левиот дел од вратот, потоа направив испитувања на патофиза, каде што вредностите на тироидните хормони ми беа во ред, освен тумур маркерот кој ми беше мн покачен, направив и компјутерска томографија на врат и бели дробови и за среќа немав метастази во белите дробови. по две недели закажав операција, се оперирав при што ми беше отранета цела тироидна жлезда, заедно со уште 16 лимфни јазли, истиот примерок повротно го испративме на патохистологија, каде се потврди истата дијагноза и дека од 16 отсранети лимфни јазли само во 3 има метастази. Vо вторник ќе одам да пијам радиоактивен јод, а веднаш во среда ќе почнам со еутирокс од 150 мг, секој што има слично искуство го молам да сподели, и јас сум отворена за било каква дискусија, сакам да знам дали некој имал слична ситуација како мојата, како се справил, им пишав и лични пораки на две девојки од форумов, па чекам одговор и од нив,
    инаку додека ми се случува сево ова, барам да разговарам со некој сто поминал низ истото, но за жал тешко се наоѓа, мислам дека треба да се здружи ме повеќе девојки од форумов да оформиме некое друштво за советување на жени или девојки заболени од тироидна жлезда, зошто проблемов станува масовен,
    поздрав до сите и кој има искуство било какво нека сподели
     
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Откако почнав да пијам Еутирокс (50), забележав промена во месечниот циклус. Крварењата не се толку обилни а циклусот е поточен од швајцарски саат. Верувам ни со контрацепција да го контролирав немаше да е толку веродостојно точен. Секој месец, точно на 4 ти во периодот од 00:00 до 01:00 добивам. Веќе официјално трет месец ова се случува. Сте го забележале ли вие ова кај вас ? :?:

    А, не дека порано не беше точен, но разлика во 5-6 дена порано - покасно за мене беше нормално.
     
  15. nevenask

    nevenask Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Zdravo,

    I mene mi e dijagnosticiran Hashimoto pred brzo vreme, no bidejki hormonite mi se vo granici na normala, ne mi dadoa da pijam lekovi, treba da odam na povtorna kontrola za 2 meseci. Jas nemam nikakvi simptomi osven knedla vo grloto, no me zagrizuva toa sto custvuvam nekoe zateganje na prednata desna strana na vratot (desno od grloto). Inaku, malku mi e zgolemena tiroidnata zlezda. Me interesira dali i nekoj od vas custvuva zateganje, dali e toa normalno vo vakvi slucai, bidejki do sega nemam procitano

    pozdrav
     
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Еве ја мојата терапија јас сум хипер

    tabl.Euthirox (25)
    tabl. Thirosi 1x1 и обавезно Витамин Б1
    Строга диета, без кофеин, газирано, без мрсни јадења и без сол, и после три месеца од почетокот на терапијата на контрола...

    Исто ме интересира која храна треба да ја избегнувам а која да ја јадам повеќе?
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.318
    Охооо...баш истото.
    До час.
    Прво ми доаѓаат онака...кхм солзи. И си викам, ок, добивам, така прокапуваат две-три солзи, со некое интензивно чувство одетеупиздематеринесите и оп...добивам во 3 попладне. :D

    Инаку да не се лутите, не ви одговарам на лп со резултати, од причина што не сакам да сносам одговорност за никого. Најубаво со истите да си чекате докторот да ви ги прочита или поставувајте ги тука, па да добиете повеќе одговори, но ништо не земајте здраво за готово. Барем што се однесува до читање на резултатите, други совети секако, применувајте си.

    Патем, јас одамна сум со идејата да основам невладина организација, ама никако да и дојде ред...Ја имам и на хартија напишано идејата,со сите елементи, ама...
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да прашам нешто дали зголемениот апетит има некоја врска со тироидната жлезда :?:
     
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Немора да значи ама сепак промените во апетитот се јавуваат кај заболувањата на тироидата. Поконкретно за мене јас накачив многу тежна а речиси целосно изгубив аптетит. Имав постојни нагони за повраќање, еден период никако не ја задржував храната во себе. А на сметка на тоа само накачив килограми. Исто, а не толку типично како за оваа болест имам запознаено луѓе кои имаат голем апетит а ослабеле нагло.
    Промените во тежина би можеле да бидат директен показател, ако се нетипични за личноста или нагли. Барем мене ми помогна на еден начин да се ориентирам каде да го барам проблемот, во комбинација со останатите симптоми секако.

    Значи можеби, но немора да значи. Има мал милион состојби психофизички кои би предизвикале промени во апетитот ;) .
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. milakaja

    milakaja Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2