здраво на сите нова сум на форумов еве го и мојот проблем .ме оперираа во понеделникот од карцином на тероидната жлезда а сум добро инаку имав јазол 10 години редовно го контролирав со нормална функција цело време за да во декември ми беше предложено да правам пункција на истиот .во јануари ме пунктираа и за две недели излезе резултатот во рок од 5 дена се оперирав сега сум на контрола во четврток.имам 35 години и две деца 7.5 и 1 година . ако има некој слицен проблем како мене и папиларна нека сподели.
Дали е некој со точност информиран колку е корисна Спирулина Пацифика за Хашимото некаде прочитав дека не се препорачува кај Автоимуни заболувања а ми е потребна за малку енергија исто и за Кокосовото масло Би ве замолила да ми кажете кои производи ги користите како додатоци за енергија .....кај Хашимото
Здраво МилаКаја, драго ми е што пиша, јас се оперирав на 12ти декември, испив и радиоактивен јод во вторникот, а во четвртокот започнав да пијам и еутирокс од 150 мг, незнам што точно те интересира за да си размени искуство, пиши ми што сакаш или во лична порака ќе си размениме и броеви, знам колку е важно да имаш некој што го поминал ова со кој ќе споделиш,
Девојки мене ме интересира после колку време ги почувствувавте позитивните промени од еутироксот од кога почнавте за прв пат да го користите?
Мајка ми има дијагностицирано јазолче на тироидната жлезда и струма меѓутоа мала е струмата. Вратот и е потечен така, се гуши на моменти кога ќе се изнервира или ќе и почне тахикардијата. Ја имаат пунктирано на патофиза и рекле не е голем проблем, само малце повеќе јодирана сол да внесува терапија не прима никаква
Кај може да се испита тироидната жлезда и како оди тоа...мора на ехо или може преку крв да се открие ?
Може да одиш на ехо кај интерниста, а исто така преку крвта да ти се испитаат хормоните на патофиза, и на двете места се оди со упат од матичен лекар, поздрав
Здраво, малку сам загрижена па сакам да те прашам нешто. Значи пред недела дена имав некои стресови и неможев да си го контролирам дишењето појдов на доктор забрзано ми чукаше срцето ми дадоа терапија, пред 2 3 дена бев да си испитам крв матичната ми рече дека за се ми ставила да ми се испита и се беше ок. Ама како читам тахикардијата може да биде како последица од тироидна жлезда па незнам дали ми е тоа испитано како да дознааам како го пишува тоа ?
Овие хормони кои ги лачи тироидната жлезда не се испитуваат преку земање на крвна анали кај матична, мораш да одиш на патофиза, но таму треба да те упати матичната, ако не те упатила, сметала дека нема потреба, затоа не се секирај, тахикардијата ти е само последица од стресот можеби.
me interesira posle kolku dena od operacijata go ispi jodot,dali imase mekoi nus pojavi kako na pr.gadenje losenje i tn.kade se operirase koj doktor dali izleze rezultatot po operacijata?
me interesira posle kolku dena od operacijata go ispi jodot,dali imase mekoi nus pojavi kako na pr.gadenje losenje i tn.kade se operirase koj doktor dali izleze rezultatot po operacijata?[/quote се оперирав на 12ти декември, во државна кај доктор Борче Антевски, на тораковаскуларна хирургија, јодот го испив во вторникот на 4ти фебруари, лежев 2 дена на онкологија во изолација, имав гадења ама не е толку страшно, резултатите ги земав на 25ти декември кога ги вадев конците, со кои ми се потврдија со претходните од биопсијата која ја правев во хистопаб кај Ивковски, ти каде се оперираше, кој те води на патофиза, дали ти ја извадија цела тироидна и дали имаше зафатено лифни јазли на вратот?
јас се оперирав во систина кај ДР Митко Караѓозов инаку сум од Прилеп и одев на контрола во БИтола кај Златко ,ми ја извадиј цела тероидна жлезда немаше зафатено лимфни јазли .докторот вели дека се е чисто извадено задоволен е од операцијата а се надевам и јас дека е така само да е со помин .мислам дека најтеското го поминавме и Караѓозов тоа го вели од ова не се умира ќе си умриш од што ти е пишано.а резултатот од пункцијата беше 4 група суспектна малигна лезија а твојот? сега на контрола во четврток ке видиме дали ќе се потврди тоа .
Papilarna, прочитав дека ти имаш посериозни проблеми со тироидната, па не знам дали истото ќе важи и за тебе.. Мене првите подобрувања ми се појавија по 2 недели од кога почнав да примам терапија. По месец веќе имаше големи резултати, а по 2-3 месеци се си беше во ред Е сега, слабеењето е малку проблематично.. Во првиот месец ќе се исфрли водата која се собирала во организмот, односно ќе ја снема онаа подуеноста која ја чувствуваме, ама за поголеми резултати треба повеќе време, а и диети.. Сепак не е страшно, гледам дека се со различен интензитет проблемите со слабеењето кај секого, така да не мора да значи дека и ти ќе имаш некоја голема мака со тоа. Побрзо да закрепнеш од операцијата и да ни кажеш како напредуваш.. Поздрав!
Мојата дијагноза е папиларен карцином на тироидна жлезда и зафатеност на 3 лимни јазли од 16 извадени, класификационата група е V, што и да значи тоа, и мене ми дадоа добри прогнози, дека се лечи па сега со Господ напред, како се чувствувас после операцијата, каков ти е гласот, дали имаш некои отпци по лицето?
Ти благодарам за одговорот и за убавите зборови, верувај многу значат ..... Инаку јас немам проблеми со дебелеење, напротив од кога дознав за дијагнозата и од кога започнаа сите испитувања, операцијата и сл. ослабев, сега едиствено ме мачи тоа што очниот капак на левото око ми е отечен, уште чувствувам како да имам кнедла во грлото, носот ми се затнива навечер, устата ми се суши, мислам дека тоа се нормални симптоми кои треба да ги снема со почување на еутироксот. Инаку пред операцијата вредностите на моите хормони беа во граници на нормала, освен покачен тиреоглобулин што е тумормаркер, и крвта ми беше одлична, немав никакви знаци дека сум болна, сето ова ми беше како гром од ведро небо, тешко се носам, ама се надевам дека се ќе излезе добро на крај, секако дека ќе ве известувам како сум и ќе стојам на располагање на било каков начин да помогнам на секој кој ќе се најде во ваква ситуација!
Здраво убав ден .по операцијата се чувствувам одлично гласот на моменти ми е нормален на моменти малку зарипнат а отоци немам никакви од првиот ден .колку сантими ти е резот се капиш нормално така?мене ми рекоа се нај нормално да си правам без да се штедам.најтеско ми со немозам да си ги гуснам децата бидејки двете беа со грип сега се добри а малото цуце го немам видено од понеделникот а во исто време јас ја одвикнувам од доенје и така се собраа на куп лоши работи но ке помини секако како олуја и се ке биди како што треба.а тебе ти посакувам од добро подобро од подобро најдобро здравје .незнам дали си мажена и дали имаш деца но знам дека си млада за да го оствариш понатаму во животот се она сто те прави и ке те прави срекна .
Јас од денес ја почнав терапијата Еутирокс (25) и тироси а помеѓу нив и витамин Б1 Мене докророт не ми спомна ништо ама сакам да прашам дали се пијат пред јадење, по јадење како? е сега чудно ми е зошто да пијам и Б1 кога гледам на тиросите пишува дека се додаток во исхраната.. Исто имам приметено дека кога многу сум изнервирана за рок од 5-10 минути отекувам.
Не ми се веруваше дека и јас еден ден ќе пишам во темава. Мајками има проблеми со тироидната па само понекогаш читав. Но сега..изгледа сега и јас имам. Утре сум на испитувања,имам срцев проблем,имам такихардија проследено со огромни болки во градите и кај срцето. Докторката за срце ми рече дека 99.9% ова ми го правела тироидната жлезда,дека сигурно имам проблем со неа.. сега се плашам утре што ќе ми кажат,ќе одам во Идадиа да ме прегледаат,резултатите после 1 час ги давале,се плашам што ми е.. Дали може и да ми кажете кој знае во Идадиа точно каде треба да одам за испитувањето,за да не се шетам како будала бидејќи никогаш не сум влегла внатре. Ајде нека е со Господ напред..
наутро кога ќе станеш се пијат пред јадење и 20 до 30 мин не јади ништо и гледај секој ден во исто време да ги земаш