Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. milakaja

    milakaja Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2
    Покрај испитуванје преку крвта за хормоните се прави и ехо на тероидната злезда за да се види самата жлезда да се види дали евентуално постои ,јазол,цисти итн.во секој слуцај не е нисто страсно да се провери.
     
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа да паузирам некоја ден од Тироси за да видиме дали од нив беа тие гадења, поспаност, главоболки.. па ќе видиме до Понеделник-Вторник како ќе биде :)
     
  3. Papilarna

    Papilarna Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Мислам дека е добро да ги отстраниш и жлездите околу вратот, превентивно, тој ти предлага уште една операција ли? Како излезе конечниот резулатат? ко имаш нешто за јодот слободно прашај јас го поинав тоа чудо :) Инаку и јас денес бев на скен на цело тело, немам ништо никаде, фала му на Господ :D
     
  4. milakaja

    milakaja Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2

    Немам жлезди но мозно било да се појават некогаш,сакаше да кажи ДР да не се пласам ако некогас на ехо излзезат.Резултатот е истиот од пунцијата значи папиларен карцином успесно отстранет.Е сега ме интересира како заказа на клиника за јодот за колку време и колку чини таму?ампула е или како инекција?а скенерот каде го правеше?позз и фала за информациите.
     
  5. Papilarna

    Papilarna Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Треба да одиш на патофиза, со приоритетен упат од матичен лекар, незнам дали таа докторка е од патофиза, тие треба да ти го закажат јодот, тоа е ампула, која не се плаќа, ослободени се од плаќање пациентите со дијагнози карцином, јас и за операцијата и за јодот не платив нишѕо. Нормално ако одиш на приватно ќе си платиш, ампулата е околу 1000 евра. Потоа од патофиза закажуваат да лежиш на онкологија, неколку дека во изолација, додека не проценат дека си го исфрлила јодот, па да те пуштат дома, кога ќе ти закажат пиши ми ќе ти објаснам за таму што како да земеш. После јодот, околу 10 дена исто на патофиза ти прават скен на цело тело, да видат јодот каде евентуално ти се задржал во телото, зошто јодот се абсорбира само на места каде има тироидно ткиво. Вториот ден од јодот ќе почнеш да пиеш еутирокс, само мислам дека уште ти е рано за јодот, јас го испив после 50 дена од операцијата.
     
  6. milakaja

    milakaja Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2
  7. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    9.112
    Пол:
    Женски
    АдриаЛаб правев испитување по препорака на интернист ТСХ ми е 9.39 (референтна вредност 0.27-4.2) што ми е покачено, ФТ4 ми е 15.97 (реф. вредност 12-22) се надевам дека и ке си остане нормално понатака :( е сега и АСО ми е 503 а нели треба да е помалку од 200 за тоа пиев амоксиклав ама џабе место од 400 да ми се смалува тоа се покачи на 503 :@ (а незнаејќи дека сум била 2 месец бремена го пиев амокциклавот 10 дена што е премногу па морав да ја прекинам посакуваната бременост за жал бидејки имаше голем ризик за плодот) но тука е што е живот иде даље :!:
    Е сега ме загрижува ова што ми е покачено ТСХ иако интернистот ми даде упат за клиника и таму уште еднаш да ги проверам овие хормони за секој случај, па потоа најверојатно ми рече дека ке ми препише Еуторикс (мислам така се викаа) од 50мг

    Она што уште повеќе ме загрижува е тоа што ми рече дека многу е потешко да се забремени кога имаш ваков проблем со тироидната а и некогаш меже (недај Боже) да доведе до стерилитет ;( . Ми касно веќе еден циклус што најверојатно е ппоследца од зголеменото ТСХ. Јас и маж ми нормално како и секој млад брачен пар сакаме бебе па тоа уште повеќе ме загрижува и се нервирам а тоа нели само придонесува уште повеќе да ми се покачува тсх-то :@ тоа што имам вишок килограми имам не ме засега мн мн важно ми е само да си родам бебе, сепак после стресот со првата бременост што заврши така како што заврши многу влијае на мене на психолошки план па уште ова ми требаше со тироиднава :@ и тоа све се случи за многу кратко време што немав можност да се опоравам на психолошко поле..знам дека треба да се опуштам и да не мослам на тоа и дека со терапијата се ќе се среди па ќе можеме пак да си почнеме да планираме бебе :) , но кога слушнав што ми кажа интернистот какви последици може да предизвика покаченото ТСХ на плодноста цел свет ми се сруши ;(
    Во понеделник ке одам на клиника уште еднаш да ми земат крв па ќе видиме какви ќе бидат резултатите, па најверојатно ќе пијам Еуторикс
    Ве молам за некој совет или мислење, единствено ме загрижува дали ќе можам повторно да зачнам со ваква дијагноза (а тоа е нешто што најмногу го посакувам во животот) ;( А за АСО-то стварно поима немам штоо да правам, мајка ми вика да одиме на реуматолог па ќе видиме
     
  8. Papilarna

    Papilarna Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Многу ми е жал за се што ти се случило, но да ти кажам да не се грижиш. Мене ТСХ ми беше 48, иако јас имав многу поразличен проблем од твојот. Тоа е хормон на хипофизата кој се лачи повеќе одколку што е потребно ако имаш проблеми со работата на тироидната жлезда, кога ќе го регулираш тој проблем, а тоа со сигурност ќе се случи заради еутироксот, ќе го регулираш и нивото на ТСХ. Незнам кај кој интернист си одела, јас би ти го препорачала Трајче Галев, Итерехо, кај Шампионче, работи со плави картони, и обавезно на патофиза, таму докторите се постручни од интернисти за овој проблем. Ќе забремениш еден ден ќе видиш, да не израдуваш тогаш сите, пишувај ни како си!

    Секое добро!
     
  9. milakaja

    milakaja Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2


    Ти се случиле многу работи одеднаш ,а да знаес и кај сите иди така де за едно де за друго ,мегутоа главата горе за СЕКОЈ ПРОБЛЕМ ПОСТОИ РЕШЕНИЕ .познавам многу кои имаат висок тсх па имаа по две децина ,тоа се средува со терапија јас верувам дека се ке си дојде на свое место :)
     
  10. milakaja

    milakaja Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2

    јас се решив и јодот да го примам ви систина малку се двоумев јас ама мажот ми вика таму и ич не размислувај за друго место и јас сакав повеке таму бидејки и операцијата беше таму а и со докторката добро стоиме и многу и верувам многу е скапо мегутоа пари никогас доста да сме зиви и здрави ке ги спечалиме .ке одам на 13 Март иако е усте рано сакав да те прашам дали можи да носиш мобилен,лап топ нешто друго?,и пошто се и сешто се изначитав на интернет а тебе ти верувам бидејќи го помина сето тоа ќитав за алиштата со се носеле таму некој ги фрлале други ги переле посебно како е точно правилно?друго несто ако има кажими.
    поздрав сега за сега :)
     
  11. Papilarna

    Papilarna Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Може да носиш и лаптоп и мобилен, и се што сакаш :D јас облеката што ја носев не ја фрлив, ми кажаа дека нема потреба само ја исправ веднаш кога дојдов дома. Немој да носиш многу храна, зошто потоа неможеш да си ја вратиш дома, храната највеќе апсорбирала, важно е да си понесеш вода флаширана или од чешма, треба да пиеш минимум 2,5 литри на ден, за побрзо да го исфрлиш јодот и побрзо да си одиш. да мокриш редовно и да се тушираш 2-3 пати на ден. Веднаш штом ќе ти ја дадат капсулата после 2 часа ќе дојде медицински физичар да ти ја измери радиоактивноста, колку побрзо ти се намалува, истата толку побрзо ќе си одиш. Јас ја испив во вторник сабајле капсулата, а мепуштија во четврток сабајле. Ако имаш нешто друго што те интересира прашај, инаку може да ти се лоши малку, да имаш нагони на повраќање ама тоа не е страшно.
    Даали правеше анализа на хормоните после операцијата, колку ти беше тиреоглобулинот пред и по операцијата?
    Поздрав
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.314
    Не ми е мило што се читаме за неубаво, ама мило ми е што темава е поактивна веќе кога го имаме проблемот.

    Најголемата мака која престанав да се обидувам да ја објаснувам на сите е какво е чувството да го имаш овој проблем, додека сите ти викаат - абе ништо не ти е, ништо не ти се познава, како може да имаш некаква состојба, не те разбирам? И барем беше нештото кое си викав, па ти си цар кога никој не ти верува дека ништо не ти е, а ти е многу!

    Поздрав девојки, се надевам ќе се видиме за да направиме нешто големо по ова прашање.
     
  13. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    9.112
    Пол:
    Женски
    Фала ви на подршката..бев кај Андријана незнам како точно се презиваше има две презимиња во Интермед плус позади градежен факултет..има ли искуство некој со неа, мене ми делува како фина жена и се разбира, а башка секогаш има многу гужва, јас последниов пат иако имав заказано дури 2 саати покасно влегов...прво бев кај неа за друго ама ме прати да си ја проверам тироидната..и еве што излезе на крај ;(
     
  14. Papilarna

    Papilarna Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Лилит има некој кој се чувствува исто како тебе :D ти благодарам од срце што си ја отворила темава, јас искрено сакам да направиме нешто повеќе, зошто многу девојки, жени се соочуваат со проблеми поврзани со тироидеата!
     
  15. milakaja

    milakaja Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2
    мислиш на TSH i FT4 ?само пред операција имам анализи.
     
  16. Papilarna

    Papilarna Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Даали правеше анализа на хормоните после операцијата, колку ти беше тиреоглобулинот пред и по операцијата?
    Поздрав[/quote]

    мислиш на TSH i FT4 ?само пред операција имам анализи.[/quote]

    mislam na hTG (TIREOGLOBULIN) imas li od nego rezultati kolku ti beshe pred operacija, deka toj e tumor marker? a ovie kolku ti bea?
     
  17. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    да и мене ми изгледа како фина жена ја по телефон зборував и баш пријатна а иначе ја за ехо на стомак бев па некои работи а и стравот ме попречија да стигнам на закажаниот термин па сеа ваљда сл месец а иначе док од патофиза ми рече да си направам ехо на срце пошо јел да 4 год сум веќе на терапија ама си зела данокжлездава можеби направила некој неред на срцево да се надевам само не на најлошото иначе исто ти за ехо на срце беше ме интересира како иде цела таа работа треба да бидам наспиена има разлика ако сум јадена или
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.314
    Самира а зошто веднаш со црни мисли? Зошто да не случајно се случило нешто лошо со срцето?
    Ако си под терапија ништо не му е на срцето! Ако живееш со сознанието дека нешто може да му биде или му е, ќе му биде! Впрочем, што е тоа најлошо? Те прочитав на тема анксиозност. Тоа мислење ти е за таму, а за тука јас ти кажувам дека НИШТО НЕ МУ Е НА СРЦЕТО!

    Убаво што муабетиме тука, ама многу па и зацрнивме... Ајде малку поведар светоглед!
    Само да знаете дека тироидата е жлезда на емоции. Па... со кои емоции ја храните, така и ќе биде. Си создавате стресови самите со тоа леле срцето, леле хормоните, леле ова, леле она...а кога пишуваме за без глутенска храна, тишина... Чудни сме ние луѓето. Полесно ни е параноично да испитуваме се, да се плашиме, отколку да преземеме одговорност за себе си малку од друг агол и менување на еден устојан начин на живот кој едноставно не функцонира.
    Колку од вас внимателно бираат исхрана и се интензивно физички активни?

    Темава ја отворив за да се информираме и поттикнуваме, да зборуваме на сите можни нијанси за да си ПОМОГНЕМЕ, но не и да ПОТХРАНУВАМЕ СТАВОВИ И НЕГАТИВНИ ЕМОЦИИ! Крај! Тоа сакав да биде разбудено да зборуваме, а не да се плашиме и заплашуваме и да викаме - леле, леле ќути, муки и стравови, страшна работа.
    Не сакам темава да се претвори во тема на жалачки како други теми на форумов. Имаме девојки кои преброделе карцином на тироидата и освен позитивно со доза на рационален страв,ништо друго не напишаа. Зарем не е тоа за браво?

    Јас три дена не пијам апчиња. Не знам зошто, спонтано ми дојде, самото од себе, од внатре како да ми рече, не пиј. И подобро се чувствувам без нив. Изгледа треба да ми ја намалат терапијата...многу ми е.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Јас само што се слушнав во мојот доктор, ми рече да си го пијам само Еутироксот и после 3 месеци на контрола... гадењата, тешкотиите ми биле од Тиросите..:)
    И што знам кога ми потврдија дека имам проблем со тироидната, кога ми беа препишани лекови бев многу потресена, постојано црни мисли, леле вака, леле така, ама како поминува времево се повеќе ја прифаќам ситуацијата, мислам се повеќе се привикнувам..

    Иначе разговарав со Д-рот и за можност за забременување, ми рече дека патот е долг ама со Еутироксот се ќе се среди, со тек на време циклусот природно ќе доаѓа, мислам без хормони моментално пијам Јасмин. И се ќе биде во ред :)

    Незнам Д-ров ми е супер, толку позитивен човек, толку надеж ти влева, неговата позитивна енергија ја пренесува на пациентите а и си ја знае работата :)
     
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Лилит на своја рака ли престана да ја земаш терапијата ? :?: Мене тоа ми е ризично.
    После масивните напади на гушење и грчење во мускулите ( навистина значитечно ми беше намелен капацитетот на белите дробови и дишните канали речиси ми беа затворени ) паника ме фаќа ако не се напијам.
    Терминот за контрола ми се наближува, анксиозноста е релативно присутна. Повторно ја чувствувам грутката во грлото, имам низок крвен притисок. Сето тоа откако ќе ја земам таблетата. Пред да се напијам супер сум.
    Слично, доживеал некој ??