Да, ама на неколку дена, сама си реков. Многу ми беше некако. Еве денес пак си се напив редновна терапија. Штом ми е вака...многу ми е висока терапијата,а терапијата не ја троши телото за еден ден,не се секирај, си складира па си троши колку му треба, ако не беше така, сигурно немаше да го направам тоа. Неделава одам на доктор. Амбрела, јас на твое место Јасмин не би ги пиела во ниту еден случај... Имам другарки медицински лица,и со полицистични јајници не ги пијат, а здрави прави, тек пак со проблем на тироида... Размисли си го тоа прашање. А околу бременост се ослободив тоа тие мисли и сега сум со мотото - ќе биде точно во моментот кога јас ќе сакам и нема зошто да не биде така!!! Добро, дали сте пробале да џогирате и да вежбате? Капацитет на бели дробови и срце најубаво така се гледа. Не ми треба доктор мене да ми каже до кај сум со кинење конци. Се качувам на обритрек и вртам! Вртам по пола саат без проблем! Ај здраво докторе, да треба да умрам сигурно нема да вртам до толку, во првите 4 минути веќе ќе се преморам и ќе престанам, нема да се форсирам. Многу сте ми исплашени. Некогаш кога ве читам и мене ме фаќа страв, ама после си викам, дај човече, не ме зезај, се е состојба на ум, како ќе си го сфатиш и се е до докторот како он ги сфаќа работите и тебе ќе ти ги пренесе како страшни или лесни! Одбирам да се добри и позитивни! Мене анксиозност ме нема нападнато фала богу, освен пред да почнам со терапијата кога не знаев што е работата. И тоа никогаш премногу и никогаш страшно, можеби и затоа што не сум дозволила. Откако почнав со еутироксот, никогаш не се врати. Учете се да бидете ментално силни, никој нема да дојде да го направи тоа за вас, може само на тие околу вас да им здосадите и да добиете некое шамарче за освестување. А притисокот секогаш ми е низок, не знам каква врска има тоа со анксиозност... не е симптом на анксиозност, туку едноставно таков ти е притисокот. Лајт ап луѓе! Да не почнувам со делот емоции кои ја разболуваат многу повеќе тироидата него ли некоја билошка причина.
Да прво таму отидов за ехо на срце, но за среќа ништо не му беше на срцето (фала богу бар тоа ) имав само мал пролапс на некој мускул, но незнам зошто ме прати да проверам тсх сепак имало причина.. иначемена врска тоа со спиењето, нормално ќе си спиеш навечер исто и за јадењето се најнормално ќе си правиш не ти земаат крв па да не смееш да јаде, а и прегледот воопшто не е страшен прво ти прават екг па ти мерат притисок и на крај ехо ништо не боли Иначе Лилит имаш право треба позитвно да размилуваме затоа што во спротивно нервозите само допринесуваат уште поголеми провлеми за тироидната, но па и тоа е тешко понекогаш со самата помисла дека е потешко за забременување а тоа со маж ми долго го посакуваме, плус ми е жал за него тој не го заслужува сето ова би бил најдобар татко на цел свет, он ме подржува вика ќе биде се во ред пред мене се прави силен, но во себе понекогаш го гледам дека не му е сеедно Сеуште не сум отишла на клиника да ми земат крв таму да ги проверам резултатите (од кај знаеш може е некоја грешка- само си се надевам на тоа) но чим ми помине модрицава на единствената вена што ми се гледа од која можат да ми земат крв обавезно одам..па ќе видиме господ е голем
Лилит, уште еднаш, хм од 75 мислам земаше ти ? Или ми се чини дека таму некаде така прочитав. Јас земам од 50. Мислам дека се презаситив, и тоа за краток период. Немам сила да искачам 10 скалила, а не пак повеќе. Искрено, многу ми е тешко. Се задишувам, бетер од старица. Тоа ме ужаснува. За личност како мене, која многу пешачела и беше физички активна тоа е новост. Колку за пример, пред да ми се јави состојбава, пешачев дневно по НАЈМАЛКУ 4 километри, без проблем. Одреден период во истите денови посетував и фитнес + џогирав. И мака си немав полна бев со енергија. А тоа најмногу ме мачи недостаток на енергија, која не ја губам а незнам како да ја надоместам. Како измрцлавена сум постојано. Во врска со бременоста, тешко ми оди. Се трудиме а не бива. Но искрено мислата не ме тера ни најмалку да ја префрлам вината на тироидата, незнам зошто. Се тешам дека ако со терапијава циклусов е точен, под дифолт и овулацијата ќе е
Строгнер иста сум и јас, еве сега бев до продавница и уште неможам да се соземам неможам нормално да дишам, срцево ќе ми излета од гради мислам преходно работев по дома, шетав, ептен бев активна сега одма се задишувам и мислам дека ако не одморам ќе се загушам.
75 и половина. Многу е! Ме гушат, дури и ми создава и аритмија, под итно неделава го решавам тоа. И мене ме фаќа на периоди, буквално да не можам да се движам, ама си викам, една недела имаш фора,наредната ти е изговор само, и веќе од наредната пак со сила се кревам од кревет и правам работи и веднаш ми е подобро штом завршам со вежбање. Најтешко ми е во ПМС. Менувај животен стил. Со не можам и не знам, ништо не решаваш. Нешто таму те кочи околу бременоста, а и мислите. Да знаеш дека и анксиозноста го има истиот ефект на измрцвареност и безволност како тироидата, па мислиш дека физички ти е манифестирано од тироидата и си викаш, тоа е, така се осеќам, јбг, ќе седам и ќе чекам да помине, а до тогаш ќе си викам колку сум си мизерна и намачена. Креирај подобри мисли и ќе ти биде подобро, билив ми. Мислам дека тебе повеќе анксиозноста ти прави се, отколку тироидата. Како би било да можеш да правиш се што сакаш? Јас почнав од тоа сама да си ги приготвувам сите оброци и да си правам безглутенски лепчиња,по едно на ден предвидено. Боже мој, си давам отстапки, ама шишикаме напред. Порано подобро ми беше да гладувам, него ли да си правам за јадење, во последнава година и пол, па може и две,нон стоп сама правам работи за себе енд ит филс соу гуд!
леле лилит браво за постот и ти си ја имаш маката а вака позитивно размислуваш ,вака ја на оваа тема мислам да имам уште мн работи да пишам иако треба да им верувам на док барем за она еј не се замарај пиј си апче и мисли позитивно до некаде да ама ај во моево тело биди само секунда па тогаш кажи ми иначе сварно не би сакала да делувам негативно посебно на овие нови кои увидиле дека не им е добра жлездава па почињаат со тие стравови да во почетокот и ја бев изгубена како ке ми делува апче дали тсх ке биде ок дали др органи ке бидат ок кога веке сме почнале со терапија пошо општопознато е да 20/30 грамско жлездиче ршум направило на сите органи зборувам кога не сум била на терапија е сеа отпосле дали се си дошло во баланас не би можела 100%да кажам но да се изгубиле некои од сиптомите на пр ја имав сравотна главоболка дури ја снимав главата пошо мислев тогаш на најлошо кога се испостави да болката била од жлездава сеа фала богу немам такви болки може да се каже нормална главоболка и еве би го навела гл сиптом зошо сумњав да не кажам 90%бев убедена да е жлездава кога спиееев маратонски значи само 1 јадев немав ни снага да јадам а камоли да излезам ми беше срав да излезам пошо мислев да ке паднам на улица пошо главата ко да ми тежеше 100 тона така да добро е што е сето тоа минато ама мислам си го дозволувам од оваа гледна точка да плукам по жлездава пошо и тоа како едно 5 најмалце ако и не повеке год ми го уништи квалитетот на живеење а лута сум што лугево окулу мене ме гледаа како тонам а никој не ме посочи да испитувам жлезда сама си ја открив па уште абе ај ти жлезда таа што ми снимаше глава ми рече нема шанси да имаш значи сеа што треба да им направиш на такви(не) док тоа што го имав беше ко да ја глеам смрта пред очи значи до толку ми беше тешко најмногу главава ме мачеше значи неиздржливи болки спиев за да ми помине а плус заморот а срцево незнам мислам нели логично да ние хипо немаме тахикардија туку она обратното барикардија можеби го погрешив името не ни битно ама ја имав ужаснна такикардија мислев ми отиде срцето е тоа е минато ама затоа можеби делувам бесно лута ама менетогаш ме уништи жлездава е сеа редно време ја да и вратам ај ке пишам у др постови за моментално како се осекам за промени у дози како ми делува премин од хипо во хипер како лошо делува и сл да не биде премногу долг постот иначе да во право си лилит мора позитивно да си делуваме барем тоа ни преостанало и секако да си мислиме позтивно иако тоа кај мене тешко иде
Затоа нема да дозволам темава да се претвори во место на хранење на стравови, туку размислување на креативни алтернативи и решенија. Може секој да се пожали, а секој друг не смее да му го потхрани стравот,ниту пак да дозволи да го прими кај себе си! Може? За почеток, кога ќе одите на следната контрола побарајте да ви каже докторот нешто за витамин Д и дали препорачува да го зимате, чисто процедурално. Иако, јас лично ви го препорачувам. Почнав со најевтиниот АД на Алкалоид, пишува по едно на ден, ама според милиграмите по 400 е едно , а дневно е препорачано по 800, па јас почнав со по две. Сега земав едни други, заборавив име,ќе видам после ќе викажам, тие се баш 800 мг, околу 800 денари се, ама има за три месеци. Ненормално добар е за тироидата! Патем витаминот Д го штити срцето. Eве ви повеќе информации. http://www.hopkinsmedicine.org/heart_va ... heart.html Сериозно жени, џабе е да кукаме и да чекаме само апчиња, ако ништо не преземаме во однос на менталната хигиена, емоциите, исхраната, суплементите и спортот. Телово е целина од се, не е само од поедино што не боде и не ни прави добро.
Добро утро девојчиња, сакав сите да ве поздравам, да ви кажам дека сите проблеми ќе ви се решат кога тогаш, само треба време и стрпливост, проблемот со тироидата не се решава преку ноќ. Јас немам тироида, бев во хипо функција 50 дена со ТСХ 48, па не умрев напротив планирам и да се омажам еден ден, да родам и деца, и да функционирам нормално. Во петокот правев скен на цело тело, фала му на Господ, ракот бил само кај тироидата и во 3 јазли кај вратот, телото ми е здраво и чисто, ракот е отстранет и живеам со мислата дека никогаш нема да се јави повторно, од вторник се враќам и на работа и пресреќна сум што уште еднаш добив шанса да живеам Сакав да споделам со сите искуство за едни апчиња што ги пиев, на природна база, од фирмата Green World, имате на интернет прочитајте, пиев и учте пијам, селен, хитозан, рејши и ОПЦ (семки од грозје), имунитет не ми падна што после операција е вообичаено, не чувствувам замор, проблеми со срцето и слично, додека бев во хипо функција за нова година бев 10 дена во Турција и овие апчиња ме држеа во живот, не чувствував никакви тегоби, ако сакате ќе ви препорачам каде е фирмата да си појдете на презентација, да слушнете за производите, малку се поскапи, ама за здравје се работи и најбитно на природна база се! Поздрав до сите и уживајте во овој убав ден!
alal da ti e samo taka treba pozitivno .mislam deka ako imas volja za zivot ima resenie na sekoj problem .CARICA.
Дали некој има искуство со апчиња Tyrosa мислам се викаа? Јод и спирулина содржеле, убави биле за тироидната наводно. Ми кажаа дека биле безбедни и дека и бремени жени ги пиеле без проблем, ама сакам да знам дали некоја од вас зема таква работа...?
StarSky јас ги пиев некои 3-4 дена и не ми одговараа постојано ми се гадеше и спиеше од нив.. е сеа секој различно од организам до организам има разлика.. Инаку немој да ги земаш така на своја рака, поготово ако си бремена, најдобро оди на доктор ќе ти кажат што и како.
Само што ги земав резултатите од клиника..ТСХ ми е 5.94...а во адриалаб ми пишува 9.39 И сега коа е точно???????? Стварно незнам што да правам, сепак и да е 5.39 е покачено ама не е 9ка
Ми ги препорача матичен, а докторката за тироидната ми вика дека нема потреба ништо да пијам оти ништо друго не помагало (што не е точно, нормално.. ). Ме интересира дали тебе ти ги препорача доктор или ги земаше на своја рака, и дали пиеш нешто додатно што ти помага??
Па нормално дека не е точно, како може да ти рече дека не помагаат за тоа се лекови да помогнат.. а да побараш второ мислење кај друг доктор Јас си бев кај интернист ме виде на ехо и ми препиша Тироси и Еутирокс Тиросите ги прекинав после 3-4 дена а Еутироксот си го пијам и мислам дека добро е за сега.. Јас ти препорачувам да си одиш на Интернист, барем сигурна ќе си бидиш за се, и ќе знаеш дали треба нешто да пиеш или не.
Ме интересира само дали некаде приватно ги правиш прегледиве, или..?? Иначе, ќе барам второ мислење секако, само не знам каде и кај кого... А и интернистиве овде не се баш којзнае што.. Затоа те прашувам кај одиш ти и колку си задоволна..?
Јас си се прегледувам овде во мојот град, и презадоволна сум од докторот имам пишувано мислам а за Скопје да ти кажам појма немам кои Д-ри се за ова. Има девојки од Скопје, можеби тие ќе ти кажат некој добар лекар
StarSky, dobar internist ti e Trajce Galev, Intereho, kaj shampionce vo Kisela Voda, raboti so plavi kartoni, 150 denari e eho na tiroidea!
Бев денес во Тиреомедика (ординација само за проблеми со тироидната) ме гледаше и на ехо имам некое воспаление, немам јазли и сл. Ми даде Еутирокс 4 дена од 25, а 3 дена од 50. Од утре најверојатно почнувам па ќе видиме