Братучетката моја а и комшивка има ваков проблем но секаде му велеа дека е во ред во нормала. Сакаше да забремени па отиде на повеќе места на испитувања бидејќи се плашеше, кај Таше и рекоа дека се работи за хипотироза. Ја упати кај специјалист за тироидна жлезда кој ги потврди резултатите кои ги доби во Плодност. И дадоа субституција од еутирокс половина апче секој ден. Контролните испитувања беа во ред во граници на нормалата и сега забремени
Сакам да прашам, дали примањето на еутироксот (50мг) може да предизвика појава на акни и митесери? Имам 22 години и пред 3 години ми е дијагностицирана хипофункција на тироида, а веќе околу 2 години мака мачам со нечиста кожа на лицето и сакам да знам дали ова би можело да биде причината или една од причините? Ги имам сите симптоми од намалената работа на жлездата, но ова со акните можеби е одраз на терапијата... Се соочил некој со ваков проблем или..? Фала однапред
Не сум добила одговор на претходното прашање, затоа имам друго Забележав во последниот месец подуеност во пределот на образите, јаболкниците... сфаќам дека и тоа е еден од симптомите, најверојатно многу од вас се соочиле со истиот, сакав да прашам како се справувате со тој.. “мини оток“ . Фацата ми е видно променета и очите клапнати, подзатворени. Дали можеби е тоа знак за зголемување на дозата?
Молам за дополнително инфо за сите кои скоро имаат вршено испитување на тироидната жлезда. Имено, треба да направам испитување и колку што прочитав испиувањето вклучува испитување на двата хормона и плус ехо преглед? Каде се вршат и колку чинат овие испитувања на државно, на приватно? Фала Ви однапред!
неколку дена имам цудни болки,да рецеме во грлото,знаци слицни на тие болки но рециси сум сигурна дека е несто друго бидејки е некако вертикално надолу по вратот,па се мислам да не е од тироидната,дали ви се има слуцено несто слицно?поздрав
Како несакан ефект при земање Еутирокс мојт да се појавит зголемена температура,зацрвенување на лицето..а за акни не сум баш сигурна..позз
Други симптоми имаш? на пример : замор или губиток на енергија, дебелеење, неподнесување на студ, сува кожа обилни менструални одливи кај жените, запек, психичка успореност или нервоза, психичка напнатост, тресење на телото, страв, раздразливост, забрзана работа на срцето (тахикардија), чувство нa топлина, препотување, слабеење, замор, чувство на исцрпеност, чести столици, кратки и оскудни менструални одливи??
Aдина јас веке имам дијагноза хипо,и да, некои од симптомите ги имам,како на пример запек,тахикардија од време на време,кратка нередовна менструација,пијам еутирокс 20,и од првата контрола навака реултатите ми беа одлицни,ехото уредно,и бидејки три цетири пати по ред резултатите беа во ред,ми рекоа да продолзам со истата терапија и на 6 месеци контрола,а двапати во годината на ехо,но ова болката во грлато некако ми е цудна,а имам овде на форумот процитано дека тироидната може и да ствара болка па се мислам несто да не е поврзано...дали треба да се обратам на доктор..
Ахам..извини не прочитав.. Мајка ми исто имат проблем со тироидната и на почеток имаше болки во грлото и малце отечено и беше.. не дека до толку се познаваше ама сепак.. Сега зима терапија и во ред е се се намали отокот и ги нема болките.. Би ти препорачала да направиш контрола,за секој случај..
здраво! имам едно прашање.каде може да ја испитам тироидната жлезда освен во државна болница,а нормално тоа да е со сини картони.
Во последниве 9-10 месеци чувствувам такихардија некогаш послаба некогаш појака, пулсот ми доаѓал до 125 и тоа најчесто после јадење, поготово ако претерам малку со јадењето, ми се појавија многу седи влакна, а за квалитетот на косата да не збориме многу ми е кршлива и сува, по природа сум зимогрозлива и затоа не бев нешто загрижена дека е тироидна бидејки овие симптоми можат да бидат и од стрес... се додека пред 5-6 месеци почна менструалниот циклус да ми се изместува.. а тој барем бил во ред секогаш и сега баш се загрижив. На едно општо испитување ми кажаа дека тироидната била малку покачена ама не било нешто сериозно. Сакам да направам испитување само ме интересира што мислите дали ова личи на проблем со тироидната?
да,да,проблемите ти се како за проблем со тироидната,но додека не испитас никој неможе да ти каже за сигурно,бидејки како сто кажа,може да е стрес или несто друго..најдобро испитај тироидна за да знаес сто да преземес,секое добро,позз.
Вчера бев на прва контрола од кога почнав да го пијам еутироксот, има подобрување сега тсх ми е 3 и нешто (нез тоцно колку беше треба да видам во резултатите ) и на почетокот ми беше 5,97..но сепак докторката ми ја зголеми дозата малку, бидејки ми кажа дека као демек идеално било 1-2 па сеа незнам
ако не ти е проблем далечината,имаш во млинбалкан(идадија), ендомед мислам да е негде кај билната аптека ама само ехо имаат а за хормоните не сум сигурна можеби ги носат негде па ке можеш да завршиш тоа е јас што ги знам ваљда има и на др места
зошто не ја спомнувате столицава како и спиењето тие и се најпрепознатливи симтоми за да се постави дијагноза за жлездава значи хипо спиење и запек а хипер обратно несоница и поцесто идење така да ти можеби сумњаш на хипер според тоа што пиша само не ми е јасно како мислиш покачена на хормоните сигурно мислиш значи ако ти се во нормала нема и зошто да пиеш еутирокс
Пред се(') во врска со нарушувањето на лачењето на хормони од страна на тироидната жлезда стојам зад тоа дека нема болест која не се лечи за какво нарушување и да станува збор дали за хипотироидизам или хипертироидизам. По природен пат може да се врати во нормала самото лачење, без никакви апчиња (затоа што апчињата-конкретно за случајот само ублажуваат и затоа се консумираат секојдневно, а не лекуваат). Јас би ви препорачала по природен пат да пробате да го нормализирате нарушувањето. Честопати се препорачува маточината за лекување на хипертиреозата како и ламинарија, вербена, зелка, прокељ, ротквица и карфиол.
За столицата што знам и онака јас имам брз метаболизам и почесто одам зависи кога како , а за несоница ме мачи некое време ама неможам да кажам дека нешто сериозно зошто па пијам по 2 кафиња може некогаш 1 зависи...а за тоа покачена дека ми била така ми кажаа на испитување на повеќе хормони правев ама само еднаш и тоа случаен ден, на резултатот пишува 0.30 до 4.00 а мене ми беше зборам тогаш пред 9-10 месеци 3,38 , а сега обавезно ќе ја испитам. И за тоа може ми рекле како демек малку ти е покачена ама ништо сериозно, немаш гајле . Секако дека на хипер се сомневам некако така ми иде работава. Преска после ручекот малку се прејадов и срцето пак ми чукаше ама не до толку многу и измерив пулс и ми беше 94 пулсот... Кога ќе испитам ќе ви пишам за состојбата, а планирам во најбрзо време...позз
ова е група на фејсбук што ја направивме за подршка на сите кои што имаат карцином на тироидната жлезда како и за останатите состојби на тироидната, кој сака нека се зачлени јас мислам дека проблемот во Македонија е тоа што има многу мала информираност и најверојатно мал број на луѓе кои поминуваат низ ова и проблемот е тоа што најчесто никој не разбирта низ што поминуваме и неможат да ни помогнат, вака сите ќе се собереме во една група и ќе си дискутираме, подржуваме, информираме https://www.facebook.com/groups/775485235818406/
јас имам циста,не примам никаква терапија,не ми препишаа,ама ми пречи,немам ич кондиција,малку да се изморам од вежбање осеќам болка на жлездата,срцето ми чука брзо,секогаш сум омалаксана инаку тироксинот ми е нормален и тсх исто