Форумџика на годината 2020

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    228
    Јас имам некои од симптомите,денес бев да ми ја испитаат крвта ,да не сум анемична,но резултатите ми се супер.Матичниот ме прати утре да одам да ја проверам и тироидната.Сакам да прашам колку се плаќа со сини картони,да не е скапо?
     
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    191.727
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Јане Сандански поликлиниката и беше 100 денари, ама незнам дали работат пошто им прокисна кровот. Не би требало да има голема разлика и да одиш на друго место.
     
  3. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    254
    Јас одам во државна болница, прво одиш кај докторот, па потоа тој ти кажува кои испитувања да ги направиш, крв (има таму повеќе работи кои можат да се испитаат), ехо, зависи што ќе ти каже докторот дека треба да испиташ, како и да е повеќе од 200ден мислам дека не беше.
     
  4. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124
    Секаде на државно цените на испитувањата се утврдени според еден правилник, така да како што ти кажаа девојките ... без разлика дали е Клинички центар или Јане Сандански, таа цена е.
    Освен на приватно каде што е многу поскапо ( мислам дека 800 денари некаде е само TSH да се испита).
     
  5. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124
    Еве да се цитирам, за да оставам информација која може ќе му послужи некому ако се најде во иста ситуација.

    Денес бев на контрола, TSH ми е 1, но сепак терапијата ми останува со еутирокс од 50 мг ... како објаснување дека конечно е намалена вредноста и веќе сум во нормала, но состојбата за да остане треба да продолжам со истата терапија ( најдобро поднесувам 50 мг ваљда).

    Како инфо само да споделам. :)
     
    На TarantulaA и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    191.727
    Пол:
    Женски


    Баш ми е мило што имаш добри резултати ама малку ме изненади со "височината" на еутироксот повторно 50 а TSH 1 :o
     
    На Nova му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124

    И мене ми е премногу мило, вложив бајги напор и долго време чекав за ваков резултат, конечно го добив и бев ко циган на чреша. :$ :rofl:
    Искрено и јас сум многу изненадена, јас веќе бев спремна на 25 мг. Но, верувам дека сум во рацете на врвен профисионалец во својата област, па некако оставам дека така треба да биде. А и ништо страшно де ако отидам во хипер сосотојба, барем ќе слабеам многу . :rofl: :rofl:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    114.627
    Мислам дека не можеш да станеш хипер,од хипер во хипо се случува,обратно не,затоа хипер имаат надеж престануваат со терапијата кога ќе се вратат во нормала,а хипо засекогаш пијат барем минимална терапија.Како и да е не сакаш и хипер да ти се случи.Константно нервозна ќе бидеш,а и притисокот ќе ти се качува.Се што не е нормално,не е убаво.

    Инаку,јас испитувам крвна слика во институт за здравствена заштита.120 денари со сини картони,1200 приватно,а одам во приватна ординација,исто со сини картончиња околу 100 денари преглед.
    Моментално сум со 75мг и една четвртинка,но не ми е конечно...варирам,очекувам наредно кога ќе одам на контрола да ми ја качи на 75 и половинка.
     
  9. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124

    Знам дека е така, само се нашалив. Полошо е хипер од многу аспекти, само што тие слабеат, а ние се мачиме да го добиеме тоа.
    Токму и затоа што не се оди во хипер туку така, ме остави на 50 мг.
     
  10. VesnickaM

    VesnickaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Е па девојки еве уште еден член... :) И јас сум една од оние повеќегодишни конзументи на Еутирокс 25, 50, 100... Имам хипо кој е ставен во нормала, одев на контрола на секои 4 месеци, меѓутоа следната контрола ми е 6 месеци. Се надевам дека се ќе биде во ред!!! Ги имав симптомите како повеќето до Вас со хипо, но ме интересира дали ви се има јавено проблем со концентрацијата и памтењето? :(
     
  11. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    228
    Фала многу што ми одговоривте.Инаку јас не сум од Скопје,матичниот ме прати во болница,зошто ми кажа дека на приватно било многу поскапо,па не знаев ни одприлика колку е. А ми кажа дека ке ми испитуваат крв,за ехо ништо не ми спомна,ама ке видам утре што како ке биде. :|
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    114.627
    Абе јас дојдов до откритие кое мене ми помогна...сега имам пак 50 кг како и претходно,а бајаги забегав,иако знам дека ми е краткорочно,пак ќе качам,секогаш варираме,ама еве од средина на јуни,одам само надоле и некој период веќе си ја држам оваа килажа која ми одговара.
    Ај што се ставив на диета,траеше само една недела,после тоа почнав да избегнувам некои продукти кои не им се препорачуваат на луѓето со хипо.Престанав да јадам соја (освен соја сос),брокула,кикирики,сенф (а го обожувам,па си дозволувам чат-пат),избегнувам работи богати со железо,особено наутро,затоа што таблетата нема ефект и се трудам да јадам овошја богати со шеќер.За чудо,колку што можев да прочитам,кај хипо,ако претходно пред да го добиете не сте имале проблеми со тежината,јаглените хидрати го помагаат слабеењето и функцијата на тироидата.
    Сега со во потрага по минаква (не инаква) минералната вода која е природен извор на јод.Ако ја најдете извесете ме,јас ја барав по маркетиве,ама...Освен што е добра за тироидата,ги подобрува концентрацијата,расположението и дава енергија.(еве ја страната на минаква http://www.bbminaqua.com/en/)Ме радува што е препорачлива за бремени,особено зошто ми е страв како ќе се одвива тој дел...тироидата е важна за развој на бебето и дури не сакам да мислам од што ми е мака.

    Блазе си им на тие што го немаат овој проблем,ама ако веќе мора,блазе си им што не се дебелеат...познавам и такви,ни грам немаат качено,а го имаат проблемот.

    A инаку,да,концентрација,памтење...ууууф...на почетокот ми беше голем проблем,ама сега со таблетите далеку подобро ми е,ама се случува да затрокирам,дали од умор или од тироидата баш,не знам. :)
     
  13. VesnickaM

    VesnickaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Јас од кога ми се утврди ова со тироидната жлезда и тежината ми се стави во нормала т.е пред тоа имав некои добри 62-63кг сега сум 57кг. Имало периоди кога за кратко време тежината ми одела со 1-2 кила горе ( обично во мај ) и за кратко пак сум си на старо. :)

    Водата што ја спомна никаде ја немам видено кај нас по маркетиве во Струмица. :(

    А со концентрацијата, не знам, мене никако да ми се среди тоа, што ми претставува проблем. Се надевам дека е од умор бидејќи и претходната работа ми беше понапорна ( ноќни смени ). Сега полека го регулирам нормалното живеење и спиење.
     
  14. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    228
    Девојки ги земав резултатите и се ми е во граница на нормала.Многу ми олесни :whew: Е сеа проблемот кај мене излезе дека е психички и ми препишаа хелекс од најслабите,па ке видам како ке ми биде.Ви посакувам на сите од сега натаму само добри резултати. :*
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.074
    Допаѓања:
    76.037
    Jas ne sum proverila, ama imam visoka kilaza koja naednas ja staviva, i iako ne jadam nisto mrsno i meso, nitu przeno, ne oslabev ni 100 grama, moze duri i da kaciv. Otekuvam mnogu a imam i mnogu stresen zivot. Vo posledno vreme mi paga kosata. Najverojatno ke moram da proveram tirodina zelzda.
    Sakav da prasam dali PMS ima vrska so tiroidnata zlezda, a i kasnenjeto na menstruacijata, sto za mene e novina oti otsekogas bilo ok. Pms vo posledno vreme e mnogu tesko.
    Inaku sum plasliva poslednive 6-7 godini, a prethodno ne bev.
     
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    191.727
    Пол:
    Женски

    Провери си зошто да имаш дилеми, дел од работиве што ги наброја сугерираат дека си имаш работа со тироидата :!:
     
  17. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    228
    Најсигурно ќе биде да си провериш,не е ништо страшно.А за симптомите јас ги имам речиси сите и бев сигурна дека имам проблем со тироидната,ама испадна дека не е така,сега ми е многу полесно,не ја мислам веќе :D
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    114.627
    По симптомиве задолжително испитај си.
    Инаку,да,касни од тироида и тоа по цел месец.Јас откако почнав со апчињата,од месец на месец ми доаѓа секогаш речиси на иста дата,може да закасни 1 ден,освен ако не сум била настината нешто претходно,па да закасни нешто повеќе,ама во секој случај не утнува.
     
  19. kleopatra28

    kleopatra28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    zdravo i od mene me privlece temava pa se registrirav,I jas imam problem so tiroidata potocno mi bese dijagnozata struma koja rastese i morase da se operira.na 16 septemvri se operirav i se zavrsi vo najdobar red no rezultatite pokazaa drugo Papilaren karcinom pa sega cekam uste edna operacija kade ke ja izvadat cela stitna zlezda :(.
     
  20. Vesna80

    Vesna80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    zdravo jas sum nova na forumov pa me interesira vo koja privatna klinika moze najbrzo da se ispita za tiroidna zlezda?simptomite sto gi citam gi imam i jas istite (redovno kacuvanje na kilazata osobeno vo posledno vreme ne znam od sto za toa sto ednas vo denot jadam i toa mnogu lesna hrana bez leb,krslivi nokti,opaganje na kosata,redovno vlazni dlanki i stapala.tahikardijata e najizrazena ,vcera pulsot mi bese 135-vo minuta zastrasuvacki,i imam mnogu problemi so stolicata moze da se kaze edvaj 2 pati vo nedelata dali i drugite gi imaat istive simptomi ke ve molam pisete najbrzo sto mozete oti sum dosta uplasena i dali se zakazuva za ispituvanje vo privatnite kliniki zatoa sto jas sum od Veles.