Јас уште од лани покажувам знаци на онакво преголемо работење на тироидната. Имав напади на паника многу чести ама добро тогаш ми беа психички одев на психолог и по некое време се смирија. Ама сега често имам чувство на паника, биење силно на срцето, како место да не ме фаќа ми се тресат рацете, и неможам никако да се здебелам со оглед на то дека имам 45 кила и ми викаат сите да се здебелам и имам исто така тешкотија со голтање на храна (мислев дека ми е од повреда на вратот.). Имам неколку прашања пред да одам овие дена на доктор. Прво колку е страшно да се има нарушување на тироидната жлезда? Второ колку би бил тестот на приватно зашто на државно нема шанса да одам кузнај што ќе ми најдат... И трето дали имаат негативно влијание апчињата за контрацепција пошто нели тоа се хормони... (Секако ќе се консултирам со доктор ама до тогаш ме интересира.)
девојки,барам совет ако некој имал слицно искуство,денес дознав дека сум бремена 1 месец,а пијам еутирох 25,преглед имам дури во петок а знам дека дозата во бrеменост мора да се зголеми,дали тоа сто поминал 1 месец пиејки 25мг.мозе да му настети на плодот?
Девојки значи не знам што да кажам веќе за да си помогнам и на себе и на вас... колку што гледам луѓето во мојата блиска околина а и тука по форуми , секојдневно бараат помош за оваа пуста тироидна, чиниш се поголем замав секојдневно зема и зема Јас со овај проблем се соочувам 3 години односно со хипотиреодизам , пијав сите овие год еутирокс од 50 мг , 3 дена во неделата цела таблета а 4 дена по половина односно 25 мг , одев на контрола на 1,5 месец редовно , на ехо се беше во ред а преку крвта не..... е сега последно што ме исплаши е тоа што докторката не ми го покажа резултатот од последното испитување, само ми имаше оставено ливче кај сестрите на кое пишуваше да одам кај матичната и да пијам еутирокс од 100 мг и тоа 1 год и тогаш да одам на контрола, госпоѓата фино лепо одби разговор со мене и да ми даде објаснување , не ми е јасно истиот ден ме гледаше и на ехо се беше ок и оддеднаш ми дуплира доза и тоа за времетраење од 1 год..... добро имавте сите пишано дека не се замараат мн мн докторите кај нас и не се трудат да објаснат нешто за функцијата и пореметувањата на оваа жлезда
Не те плашам, ама пред се се оштетува срцето, а потоа и сите витални органи, пии си ја терапијата редовно и труди се да не забораваш да пиеч секој ден.
Zdr sakam edno prasanje .ne.sum sigurna deka imam teroidna.megutoa mnogu se.vozbuduvam znaci od.mala.sitnica pocnat gradite da me.stegat.grbot isto na.racete zmarci.kako da imam.pocnuvam.da.se.potam i dr.i.dali moreto smeta na.teroidnata zlezda posto ziveam na more
Без гајле. Само посети го твојот патофисиолог за да ти ја зголеми дозата на еутирокс. Пошто во бременост треба да се пие поголема доза бидејќи плодот користи тироксин за растење и развивање. Со среќа
Здраво женски Имам проблеми со тироидна жлезда од мои 19-20 години. Веќе сум 29 и сум на еутирокс скоро 6 години. Меѓувремено пијам 100 мцг 6 дена и еден ден 75. Последнава година се здебелив приближно 10 кг иако сум на терапија. Сега сум на безглутенска храна, избегавам гоитрогена храна (зелка, карфиол, брокула), избегавам праски, бадеми, кикирики, јагоди, ореви. Сепак нема никаков резултат и немам пуштено грам. Ве молам, доколку занете некој нутриционист што се занимава со проблеми околку тироидна жлезда, да ми препорачате
Сигурно имаш хипотироидеа (хашимото) Не знам кога си била на контрола, ама не е лошо пак да појдеш да не треба поголема доза. Мислам дека и премногу јадеш работи кои што гојат извини вака, ама најдобро појди кај Жан Митрев. Јас и покрај терапијата за само 6 месеци се поправив 9 кгр, ама си лапкав искрено. Сга ја намалив исхраната и почнав да намалувам и во кгр.
istite simptomi i jas gi imam pa sakam da znam kade mozam vo skopje da odam da se ispitam bidejci tuka vo mojot grad samo me motaat a ne mi kazuvaat tocno
Ја сменив докторката. Сега токму одам кај Жан Митрев. Последен пат бев пред месец дена. Напротив. Дозата дури е и доста височка, а резултатите се оптимални. Дури имав проблем со крварење помеѓу менстуации од висока доза на еутирокс. Премногу сум динамична, пешачам минимум 6 км на ден. Повремено и џогирам. Благо, тесто, рафинирана храна се многу одамна исфрлени од моето мени. Сепак фала на забелешка и совет
здраво девојки.навистина очајно ми треба вашата помош.пред некое време ми се појави грутка на вратот околу 2см.матичниот лекар испаничи и прво ме прати на интернист.одтаму добив еднонеделна антибиотска терапија од која немаше резултати. бидејки јас не сум од Скопје ми дадоа упат за хематологија во Ск но дури за една недела. сега сум преплашена.ме интересира доколку а според зборовите на докторот веројатно ке дојде до биопсија колку време се чека за резултати од сите испитувања или ми е најдобро да си појдам на приватна ординација.
Мојот интернист ми кажа дека многу пациенти му дошле со поплаки од Жанета и ме прашуваше во што е проблемот? Вика јасно ми е дека пациентите претеруваат, ама кога ќе дојдат многу луѓе со исто мислење, значи е до неа. Па сега вие видете дали непотребно ја ругаме женава на темава. Истовремено се запрепасти како докторите дозволиле така млад човек да упропастат веднаш со еутирокс наместо да започнат со суплементска терапија која во 99 посто од случаите го одложува пиењето на терапија за 10 години, некогаш дури и не треба никогаш, едноставно се враќаш во нормала. Со еден збор - не е секој за доктор!!!
Здраво ! Јас веќе 2 -3 години имам проблеми со тироидната жлезда, не ми лачи доволно и одам во битола во клиничката болница на оделот нуклеарна медицина и секогаш кога ке појдам ми ги дава истите лекови.. Еутирокс 50 да ги пијам 1/2 од понеделник до петок а во викендот по цело апче.. секоја контрола истото па истото и пак ми е исто истите симптоми ги имам незнам што да правам...какво решение да барам..