Јес да сум нова во ова проблематика, ама да не е нешто грешка пишаново тсх 0.04 ми се гледа како прениско за еутирокс. Како што разбрав до сега секаде па и докторот ми рече рака идеален тсх е помеѓу 1-2 , а во клиниките најчесто границите се 0.4-4, 0,04 е доста далеку.
Да идеално е да имаш 1-2 тсх, а референтната вредност на тсх хормонот е од 0,4 до 4,0 така да 1-2 е сепак во границите, затоа и се пие еутирокс за хормонот тсх се одржава во границите. А еутирокс се пие ДОЖИВОТНО (и не постои друг лек кој би го заменил секаде во светот само се сретнува со друго име), безразлика дали си хипертироида (под 0,4) или хипотироида (над 4,0), само дозата се менува во зависнотст од моменталната вредност на тсх и на другите хормони кои пропратно се испитуваат (како на пример мене сега ми ја намалија дозата затоа што таа досега што ја пиев била преголема, но не ми го прекинаа пиењето на апчињата). Особено ако имаш Хашимото синдром како јас а и скоро сите што се хипотиреоиди, нема спас од еутирокс бидејќи кога веќе жлездата не ти го лачи потребниот хормон мораш по вештачки пат да го замениш (пиејќи еутирокс) Сите сме биле нови, јас на почетокот изгубен германец бев ама си се распрашував си гуглав и сега се ми е појасно.
Додека да добијам дијагноза јас накачив многу килограми и сега ме интересираат вашите искуства дали кога почнавте да пиете еутирокс продолживте со гоење, исто и за косата ме интересира затоа што докторот ми кажа дека ќе ми паѓа т.е дека ќе ми се обнови.
Кај мене беше исто со многу други пропратни контраиндикации. Има пишувано погоре во темава од многу феминки за почетоците со еутироксот. Наврати се наназат неколку страни и прочитај.
И кај мене исто, се здебелив 15 кила во рок од 3 месеца косата еден период ненормално ми паѓаше. После почнав со еутирокс, еве веќе скоро година го пијам и тсх си дојде во одредени граници. И да со еутироксот се слабее ама не многу јас последниве три месеци 5 кила сум ослабела и тоа само леб што избегавам. Сепак малку е 5 кила за три месеци ама ете почнав од негде, како и да е не очекувај само со пиење на апчињата да ослабеш ќе си внимаваш на храната. Апчињата мислам само течостите кои ги задржуваш во телото, како резултат на хормоналните промени на тсх, полека ги исфрлаш и се си доаѓа во нормала, и косата полека ти паѓа помалку. Иако има периоди кога пак ќе почнат да ти се јавуваат симптоми без разлика што си под терпија на еутирокс.
Јас ако малце се опуштам со храната и не внимавам ,многу лесно качувам килограми без разлика што примам еутирокс терапија ... за жал тоа е тоа и мораме доживотно да се пазиме
Здраво, јас сум нова на форумот.....сакам да ве прашам за совет......гимимав сите овие симптоми нервоза, психичка напнатост, тресење на телото, забрзана работа на срцето (тахикардија) чувство нa топлина, препотување слабеење замор, чувство на исцрпеност чести столици кратки и оскудни менструални одливи .....отидов на лекар и ми кажаа дека имам хипер......пијам дијазепам,пропранол и тхурозол.....за колку време би требало да се среди посебно такихардијата? и дали ова значи дека цел живот ќе пијам апчина. Обично сум хипер и постојано во трчање со работа, домашни обврски и проблемот го приметив откако удри на срцето. Инаку кога ќе вратам ретроспектива подолго време се измачував и задишував. Три дена веќе пијам терапија и за три недели сум на контрола.....АТП ми е 66, тсх 0,004 и ФТ462,6. ДАЛИ Е СЕРИОЗНО, ДАЛИ СЕ ДЕБЕЛИ ОД ТЕРАПИЈАТА,ДАЛИ ТРЕБА МИРУВАЊЕ И НА ШТО ДА ПАЗАМ?исто шеќерот ми е на горна граница и не знам зошто цело тело ме чеша...ако има некој вакви симптоми ве молам пишете.......
^ Тебе ти треба комплетно менување на животен стил со толку здравствени состојби. Прво не знам колку години имаш, ама без разлика мораш да смениш животен стил трајно и веднаш. Прво терапијата не дебелее, второ напротив, бара да си МНОГУ физички активна, со тоа што ти имаш состојба на срце, барај консултација со лекар и трето, бара да смениш начин на исхрана, башка што шеќерот ти е на горна граница. И секако нивото на стрес да си го намалиш. Во твојот случај можам само да ти препорачам во целост да го исфрлиш лебот. Лебот дебелее, качува шеќер, качува холестерол (да, да се чудите) и предизвикува многу автоимуни болести.
Posledniot pat koga gi proveruvav hormonite fsh mi e 4,81 dali i za ovaa vrednost se dava terapija ? Treba denovive da odam Od novo da go proveram .. no samo toa me interesirase dali za taa vrednost se pie terapija
Не се пие. ТСХ е од 0.4 до 25 Ако сакате доктори на место само на патофиза на клиника. Од таму избегав демек од гужви и заради докторката која не ми објасни всушност што значи болеста и дека е доживотна, по приватно отидов и се разочарав и пак се вратив назад. Сите доктори си ја знаат предобро работата. Замислете во Систина имав и препорака за вадење на тироида, сега се запрепасија каква била таа препорака затоа што НЕМАМ НИКАКВА ПРИЧИНА!!! Мери, Маја и Синиша на патофиза ми се најфалени, ма да и за другите имам слушано само убави зборови. Таа старата кокошка што не и го памтам што првиот пат ме испати на пункција на 2мм јазол за нешто да се дешава, отишла во пензија, така што останати се само најдобрите.
Девојки,да прашам-ги земав резултатите од крв- ТСХ =0.339 ( 0.400-4.00) , ФТ4 = 1.16 (0.90- 1.80) .Јас 2 месеци веќе пијам Еутирокс 50мг.(3 дена) и Еитирокс 25мг. (4 дена), затоа што претходно ТСХ ми беше 6.22 , а ФТ4 беше 1.1. А се обидувам да останам трудна,па сакав да прашам дали и нискиот ТСХ влијае на тоа да не можам да останам трудна? Јасутре или задутре ќе одам кај ендокринолог ( инаку одам кај др. Танер Хасан од 8ми Септември) .ама до тогаш би сакала ваши искуства ако некој имал слични резултати.позз
мојата докторка ми рече дека не влијае на тоа да останам бремена, само ми рече додека не ја средам тсх да не останам бремена, а се друго е работа на гинекологот и ваша
Здраво, Нова сума на темава,поради подолг период на паѓање на косата матичниот не испрати на кожен лекар,по направена лабораторија ни рекоа дека Т4-вкупен тироксин е 46,22 (60-120 ммол/Л),сега во паника треба да се оди на ендокринолог, Ве молам за совет за добар доктор и висинава на вредности ке да е хипо според тоа што читам
@trendafilce Де не плачи. Се се средува со соодветна терапија.Ќе ти напрват дополнителни поединечни тестови. Што е тука е не се загрижувај толку. Овде не има повеќе што ќе си пиеме терапија до крајот на животот. Подобро што откриле на време од што ти паѓа коста, а сигурно имаш и други сипмптоми што ги занемаруваш
Е ке да биде дека имам и други сиптоми,подуеност,ѕамор,поспаност итн...,туку добар ендокринолог на клиника ве молам совет, кај кој да одам
Јас одам на Патофиза во Државна кај Маја, презадоволна сум. Само кај неа тешко термин, ако имаш некој да те бутне кај некого таму со врски добро е. Има таму повеќе стручни лица баш специјализирани за таа област. Според другите симптоми што ги имаш најверојатно е Хипо.
Daleron,како и е презимето на докторката,денес ке одам на матичен да знам каде да барам закажување.И фала за советите,ми значи