Здраво ,ќе може некој да ми ги прочита резултатвиве , во Идадија ги правев , а по интернет некои други вредности нормални наоѓам и не ми е јасно , дали се ОК кај мене се едноцифрени броеви со запирки ,а по нет ги наоѓам како двоцифрени или троцифрени , сега сум збунка TSH 1.45 Free T3 3.62 Free T4 1.02 Prolactin 7.19 Инаку на ехо тироидната беше нормална
@sexymama можеби разликата меѓу твоите резултати и она на нет што си читала произлегува од различните мерни единици. Во моите резултати TSH e едноцифрен број со децимали, а мерната единица е микроUI/ml. Пролактинот е изразен во ng/ml. При такви споредби внимавајте и на мерните единици, не споредувајте само броеви. Најчесто, читањето на нет создава само забуни и непотребни нервози. Зошто не одиш кај твојот специјалист да ти ги погледне резултатите?
ќе одам ама тек од понеделник до тогаш да, има различни мерни единици знам , затоа сакав некој кој што повеќе ги разбира да види на што сум Номинални вредност според листата се следниве , со црвено обележаните, вака изгледа дека се во ред , сакам некој да ми потврди дека е сигурно TSH 1.45 0,400-4,00 Free T3 3.62 1,80-4,20 Free T4 1.02 0,89-1,76 Prolactin 7.19 4,60-37,0
Добри се на ехо веднаш се гледа нехомогеност на тироидеата, така мене ми открија без испитување на крв. Ок ти се резултатите.
женски кажете каде одите приватно за Т4 и ТСХ и колку би ме коштало, јас бев на преглед и ми вика немаш осигурање , а јас на породилно матичната ми вика не можам да ти дадам упат со приоритет а во мојов град можам да испитам приватно , но нема кој да ми каже за терапија
Девојки, јас денес бев на преглед во Тирeoдијагностика http://tireodijagnostika.com.mk кај д-р Татјана Јосифовска, и сум презадоволна. Прв пат правам анализи, жената е ептен темелна, многу ми се допадна пристапот, ми оддели доволно време да се искажам, ниту еднаш не ми упадна во збор, убаво ме прегледа и сега чекам резултати. Имам хипотироидизам, прв пат ќе примам лекарства и малку се исплашив за симптомите на ревматизам... Ама ајде отом-потом... Здравје за сите...
Како знаеш дека си хипо, а немаш резултати? Што има врска реумата со тироидната? Баш ме интерсира за реумата затоа што јас сум хипо, на терапија неколку години и прв пат слушам за ова.
Претходно си направив самоиницијативно тест на TSH и покажа покачување. И според симптомите самата докторка увиде. Физиолошки се виде намалување на тироидата. И сите симтоми ги имам. Ги добив и резултатите на FT 4 и антителата, имам Хашимото Тироидитис. Прочитав на еден форум за ревматизмот... И не би сакала да читам веќе. Триста луѓе, триста мислења. Посебно на форуми се можеме да напишеме... Секоја чест на девојките кои изнесуваат факти...
Јас имам Хашимото веќе 5-та година како ми открија. Пијам Еутирокс и еднаш годишно одам на контрола. На секоја контрола докторката ми ја зголемува дозата. Само што за овие години не сум имала проблем со реума.На почеток кога почнав да пијам терапија имав 1000 нус појави што е и нормално бидејќи терапијата е хормонска. Сега веќе немам никаков проблем само што се гојам по малку, ама не внимавам на исхраната. Не читај секакви глупости по нетов и мирна ти глава.
Не очекував нус појави... Посебно дека прашав и некако слепо си верував досега дека нема да имам... Добро нема да ми биде подобро?! Јас внимавам на исхрана и многу вежбам, се надевам дека тоа ќе ме спаси... Затоа не сум се здебелила досега валда... Ама сега ова што го читам од тебе Daleron ме исплаши малку... Ај ќе пишам баш како ќе се чувствувам некое време после терапијата...
Јас на почетокот со терапијата ослабев, е маката беше после 5 години се здебелив и никако не можев да ослабам, но не беше само тироидната виновник имав стресен период
Ви се појавуваат ли отоци по лицето јас обавезно 2 пати во неделата сум отечена, како топче сум и многу се нервирам кога ќе се погледам таква во огледало, морам да се напија фуросемид па да растечам. иначе фуросемидот и други лекови ги пијам подолго време од други здраствени причини.. За килограмите што да кажам слаба сум ко чачкалица од 39 кг. потешка не сум била а си јадам 5-6 пати дневно плус овошје, јадам и тестенини многу, во неделата може 4-5 пати сигурно, јадам и месо ама џабе е
Јас немам некои проблеми поголеми со тежината. Варирам плус минус 3 кг секогаш, посебно во зима. Отсекогаш сум внимавала со храната. Јадам се ама умерено. Вежбам многу, тоа ме држи во живот... Се плашам во иднина како ќе биде, само заради Хашимото тироидитетот... Лицето не ми отекува нешто многу. Немам бар почувствувано. И да ми отече, подобро ќе биде, секако сум ковчеста
Секој организам е приказна за себе. Уште не си почнала со Еутироксот затоа немаш никакви нус појави. Не мора да значи дека и кај тебе ќе настане отеченост како кај некого. Јас имав подуеност, отеченост, пореметување на мензис, ама само 2 месеци од почеток на терапијата после тоа се е нормално. Се дебелам од НГ навака, ама си јадам и плус менопауза ме фаќа (опаѓа естрогенот) така да треба да ја намалам исхраната. Ај сеа за малку јас манекенка ќе се правам.