Здраво на сите членки на темава Лани овој период имав крварење помеѓу две менструации(за кои ми објасни дека е нормално некогаш да се јави) два месеци по ред,па после следниот месец ми каснеше околу 20 дена(за што после разговорот констатиравме дека може да се случило бидејќи имав стресен период). Гинекологот ме испрати да испитам хормони, (во јануари годинава) сите беа во граници на нормала освен кај овие има некоја промена: Mојот резултат Ранг Free T4- 1,06 Normal: 0,80-1,90 Hipotiroidz 0,30-1,00 Hipertiroid 1,20-6,00 TSH 4,44 Normal: 0,400-4,00 Hypotiroid: 7,10-7,50 Hypertiroid (не пишува ништо) Се решив да одам кај ендокринолог минатата недела во поликлиниката на Бит пазар. Ме гледаше на ехо ми рече одлична е тиродината не гледа никаква промена, ме праша за симптоми не се пронајдов во ниту еден и остана уште за да бидеме сигурни да ја повторам крвната слика да видиме дали е нешто променето од јануари навака, бидејќи според тоа што го видела (TSH 4,44 ) била намалена работата на жлездата и дека можда нема да има потреба од терапија бидејќи е мала промена,но мора да се следи.Во упатот гледам ми напишала пролактин,калциум,фосфор и TSH i уште две не можам да ги разберам. Па сакав да ве прашам, бидејќи имате искуство од која вредност на покачена/намалена функција се пие терапија?
Бев ја на крвна слика и докторкава ми даде упат за ехо на тироидна и пишува дека имам E03, и сеа ја решив дека нема да идам на снимањето пошо нејќам да се мкнам по болници и снимања и нејќам апчиња, и прашањето ми е што може да ми случи, ако имам проблеми со неа а не примам никаква терапија?
^ Mораш да преземеш одговорност за себе. Се зависи дали си хипер или хипо. Ќе ги почувствуваш последиците и сама ќе посакаш апчиња, со тоа што кога ќе дојде до тоа ќе се создадат многу, многу проблеми кои ќе треба да ги санираш. Тироидата контролира многу метаболички процеси и засега многу витални органи, со текот на времето нема да можеш основните функции да ги обавуваш. Долготрајно нетретирана болест на тироидата може да заврши фатално.
Ако сега не превземеш ништо и не сакаш да се макнеш по болници после тоа ќе се макнеш до бесвест ама џабе ќе биде. Не си играј, затоа што влијае на сите органи вклучувајќи ги и највиталните пред се срцето.
Абе никој не сака да се мкне по болници ама коа ќе дојде јајцето на гз тогаш е оф мори мајко што напраив.Ништо страшно нема овде си пиеш апчиња редовно и стабилизиран си.Јас ги пијам од 4то одд сега сум 3та средно ми рекоа после 18год има шанси да ми ги прекинат на некој период.Оди си на време додека можеш да си помогнеш,ако оставиш на ова можеш да добиваш напади на гушење и да неможеш да се контролираш.
Имам проблем со Тироидната пијам Еутирокс 0,25 дали мозе од тоа да не мозам да ослабам и циклусот ми е катастрофа ми доцни по 15-20 дена ова ми е прв месец како ги користам апчињата. Да,и има некоја диета бидејки многу накачив во кг,
За 2-3 месеци се ќе се среди. Кај хипо нормално е да се дебелиш. Штом ти е прв месец од терапијата биди трпелива кај секого различно делува Еутироксот ама претежно кај сите е тоа што тебе ти се случува.
Водам борба со хипотироидизам веќе две години.. Цела година пиев Еутирокс 25, и немав никакво подобрување, се здебелив 20 кг.. Сега сум на Еутирокс 62.5, имам значително подобрување,ама сеуште не сум нај нај.. Проблемот ми се 20 кг, ослабнав 10 кг за 3 месеци, и за 2 недели ги вратив пак... ооооофффф..
Си мислам кога би земала поголема доза на своја рака, дали веднаш се преминува во хипер? (тогаш ќе го решам проблемот со килограмите )
И јас така мислев, ама никогаш нема да станеш хипер, цел живот ќе си пиеш апченца. Само како ги делиш апченцата за да добиеш 62,5.
пијам едно 50 и едно 1/2 од 25 - Лекарот ми рече дека може да се премине во хипер, наредна контрола ќе го прашам повеќе да ми објасни, можеби лошо сум го разбрала..
Ова некој лекар се мајтапи со тебе. Обично се пие округло или пример 3 дена 25 и 4 дена 50. Оваа твојава терапија е збунка. Нема врска мене по секоја контрола ми ја зголемуваат дозата. До кај ќе стасам не знам и со доза и со гоење. Искрено и си јадам.
Кога одев на ендокринологија, пиев 25+1/2 од 25, сега одам на приватно и почнаа да ми ја зголемуваат. А како се чуствуваш, подобро си ? Ја искрено сум много подобра..
И јас имам проблем си тироидната. Пијам 2 пати по 50 и 5 пати во недела по 25 еутирокс. Ама незнам како да се решам со овие покачени кг. нонстоп внимавам што и како јадам ама џабе ниту грамче намам намалено , ќе полудадам
Супер боли ме уво за се.Не сум нервозна, депресивна, едноставно баш онака океј, за разлика од пред да ми ја откријат и тоа случајно на систематски. Воопшто никој не ги поврза симптомите со тироидната. Одам еднаш годишно на контрола, може треба почесто затоа што се дебелам да не треба поголема доза.
И јас идам еднаш годишно на сите така им закажуваат во главном дека само една болница е во цела мк каде може да се провери тироидната. Но, сепак ако ти е мн лоша состојбата закажуваат и за 3-6 месезнам по мајка ми само што таа си има хипер па така да си нема проблеми со килажата.
Со маки ќе симнам 5-6 килограми,ќе почнам да се нервирам, паднам во депресија и оп нема ни недела ќе ги вратам со кило-две плус А и плус проблемот со концентрација па неможам да учам, купиииии мииии мајкоооо топ