1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Јас денес на матичен бев, баш пишав во темата Депресија, и ме пратија на испитување на тироидната жлезда во Јане Сандански одма тука во интерно одделение. Па ќе видам какви резултати ќе се покажат. Не сакаа одма да ми даваат било каква дијагноза, сакаа да видат прво како ми е функцијата на тироидната жлезда, но ми предложија да пијам Eglonyl но јас ќе почекам до понеделник па ќе видам и со матичната докторка, таа беше отсатна па беше тука само докторот, а мислам дека таа е поискусна, па ќе се стрпам уште два три дена.
     
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Работат, за сите кои ги интересира за периодов. Мене во понеделник баш ми закажаа испитување. :*
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    не знам точно кога беше, мислам пред 4 години, прво се јавија симптоми на намалена функција на жлездата кај брат ми, а откако открија дека се работи за тоа, онака без причина моите ми направија тест и мене, и и кај мене имаше проблеми со жлездата(не знам точно за кој вид беше, затоа што уште не ми беа појавени ни симтомите(беше баш почетна фаза)), ми рекоа ќе ти се среди брзо сега со пубертетот, а и ми се среди, прво пиев еуротирокс од 50, а потоа постепено ми ги намалуваа и сега не пијам воопшто. На контрола се разбира уште требаше да одам, прво нормално, на 3 месеци, а потоа и на 6месеци, резултатите ми беа во ред се до претпоследниот месец, кога ми беше ама баш блиску до границата, докторот ми рече дека можи повторно ќе треба да ги пијам апчињата, ама можи и не треба и се јави да ми направат уште еден тест на крвта, и после ми рече дека не треба, наредната контрола не знам како, ама ми беше во ред резултатот, барем така ми кажа тета по телефон(таа таму работи) па не ни појдов кај докторот, кога ми кажа дека е нормален, тоа беше пред 2 месеци, сега сум постојано заморена, губам концентрација брзо, а и овој месец ми каснеше дури 3 недели, дури сега ми дојде, мислев да не ми е од стресови на школо, ама што знам, никогаш не ми каснело толку, стално по некој ден, до недела максимум, а за тежината од секогаш сум била под нормала, ама во последно време можам да забележам дека ми се подебелки бутчињата, а и стомачето малку ... да одам повторно да се проверам? не знам стварно што да правам, ама мразам кога ми земаат крв, не знам зошто, за на друг немам гајле да гледам, и јас би му зела, ама на мене не сакам, ни јас не знам зошто :$ , првиот пат ме бркаа околу болница :$
     
  4. ditadita

    ditadita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site,
    sakam moeto iskustvo da go spodelam so vas.Imeno, vo septemvri napraviv ispituvanje na FT4 iTSH pri sto mi bese konstatiran visok tiroksin odnosno

    FT4-1.9 ( 0.9-1.7)
    TSH -0.37 terapija 3x100 mg propiltiouracil, kontrola za tri nedeli

    na kontrola slednite rezultati--uste povisok tiroksin

    FT4- 3.9 ( 0.9-1.7)
    TSH- 0.010 i povtorno terapija 3x100 mg propiltiouracil,!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    pozdrav


    [mod-kirilica:30wxhaho][/mod-kirilica:30wxhaho]
     
  5. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Во последно време косата почна да ми паѓа, се здабелив, ноктите ми се кршливи, па се плашам дека нешто не ми е во ред со тироидата. Ве молам кажете ми каде можам да направам испитувања и да не чекам долго за резултати и колку чинат?
    Благодарам.
     
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Свити твити, оди кај твојот матичен лекар и објасни му го ова. Најверојатно ќе побара да ти направат крвна слика и хормонален статус преку крв и проверка на урина (комплетен тест) за да се види дали има некаков проблем кој би се увидел преку резултатите. Да ти земат крв во лабараторија со плав картон се плаѓа стотина денари и се чека еден ден. Барем така е во Поликлиника Јане Сандански. Не знам од каде си и каде ти е матичниот лекар. Најверојатно може и да те препратат во интерно одделение кај специјалист кој би можел да те советува подобро што и како. Најверојатно ќе ти направат и едно екг а за понатаму се зависи од резултатите.

    :*

    Инаку, кај мене хормоналниот статус покажа покачување на TSH но не преголемо. Констатираа дека е од стрес но сепак ме пратија да направам и ехо за да се провери за секој случај. Сега за сега ми дадоа да пијам на витаминска база таблети од Swanson наменети за подобрување на состојбата на нервниот систем. После ехото интернистот ми кажа дека ќе видиме дали треба да се зема терапија за тироидната жлезда. Добив и препорака за посета на психотерапевт бидејќи констатацијата беше дека кај мене овие промени настанале како резултат на некаков стрес.
     
    На Sweety-Tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ahristova

    ahristova Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите,
    Нова сум на форумот, но редовно ги читам темите и фемина.мк. Па решив денес да се вклучам.
    Од летото до денес, започнав да слабеам а не држам никаква диета, осеќам тахикардија, се задишувам, косата ми паѓа, цела година а можеби и подолго. И решив да одам да направам испитување на крвта и тироидните хормони. И после долго очекување денес ги зедов резултатите
    Некои од нив како за дете од 4 год. што според мене не е нормално, сепак сум 27 :) и ниска анемија: хемоглобинот 128 :).
    Но веќе резултатите за тироидните хормони се сериозни FT3 - 31.67 (3.10-6.30 норм. граници) FT4 68.90 (11.00 -22.60 н.г.), а TSH <0.005 (0.35-5.00 н.г.) . Сеуште не сум отишла на доктор, на преглед сум во вторник. И искрено кажано малку сум загрижена од резултатите и од тоа што ќе ми кажат.
    Ги исчитав сите статии за болестите на тироидната и она што е најблиску до мене е хипер функција на тироидната жлезда, но да не си пресудувам сама, ќе чекам да каже докторката и ќе ја кажам пресудата :)

    Па сега ве молам ако има некоја од вас девојки, која била со слични симптоми и резултати , да ми даде малку повеќе информација. От тие еутирокс дали се дебели? Има ли вариант за лекување без тие синтетички хормони. Нешто полесно , билки , витамини , режим на исхрана?

    Ви благодарам на сите однапред и се надевам дека ќе ме информирате повеќе и прегледот да помине успешно.

    Поздрави,
     
  8. ahristova

    ahristova Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    girl1985 каков ти беше резултатот за ТЅН?
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.525
    Прво,ве исчитав и не ми текнува кој рече за Свансон продуктите.Немаат врска,не се лажете.Јас пиев за тироида од некоја зелена алга и едни за концентрација,џабе фрлени пари...верувајте,а и многу луѓе се имаат пожалено на нив дека немаат никакви ефекти.Мојата докторка откако дозна ми рече да престанам со нив истиот ден,не знам зошто,ама судејќи по киселиот израз на лицето... :D

    Второ,за девојката што рече дека според резултатите утврдила дека има хипер функција.Не се плаши,ако мора да бидеш болен,тогаш најубаво е да си избереш од тироида да бидеш болен,што значи воопшто не е опасно кога знаеш и се трудиш да го ставиш под контрола.И друго,има позитивна работа во хипер,успеваат да се излечат,што не важи истото и за хипо.А од еутироксот не се дебелее,напротив јас со хипо ослабев,но познавам девојка која се здебели,ама таа беше хипер.Хипер продукцијата те слабее,па колку и да јадеш не ти се покачуваат килограмите,а кога ќе почнеш да ја примаш терапијата ќе се нормализира па може и да качиш некое килограмче,ама не е страшно.Не се дуеш и не се такви хормони кои ги примаат оние со цисти на јајцници и слично или порано како што се случувало со контрацепцијата.А,природна алтернатива за хормоните НЕМА,значи никаде.Еутироксот се германски продукт,јас одев до тој степен да барам по амазон и слични чисти хормони од Америка,но...се е исто.Значи природна алтернатива нема,тие се апчињата.За хипо се препорачува примање на јод,ама за хипер не сум сигурна баш...

    Трето,абе што сте се успаничиле?!Не се умира од ова.Дај релаксирајте се,тироида најмногу реагира на стрес,затоа сведете си го на минимум.И друго,тие што им наметнала анксиозност,ако после терапијата (треба најмалку 2 недели за да почувствувате подобрување) сеуште чувствувате симтпоми,тогаш не било до тироидата,туку веќе е фино да се појде на психолог за почеток.Таа не ја создава анксиозноста,само и ги нагласува симптомите.

    И четврто,но не и најмалку важно.Барајте од вашиот доктор да ве упати да испитате дали можеби имате потенцијал за остеопороза или да не случајно веќе ја имате,ова оосбено е важно за жените над 35 година,затоа што оние кои се лечат од тиорида имаат големи шанси да фатат и остеопороза.Не сум сигурна дали синтетичките хормони ја предизвикувале или тироидата,значи да не ве лажам,ама сигурна сум за овој податок за поврзаноста на тироида со остеопороза.

    И ајде малце весело,не го сфаќајте трагично.Се живее дури и вишак со тироидава,ви пишав погоре некаде! :D

    Edit.За испитување на тироида не треба исптиување на урина,доволно е крв од вена.
     
  10. ahristova

    ahristova Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Lilit јас вторник ќе одам на преглед па ќе дадам рапорт, :) воопшто не сум насекирана, едноставно сакам да видам какво искуство имаaт девојките со ваков проблем и да разберам повеќе за функциите на жлездата, хормоните (ете јас незнаев дека вредностите на хормоните можат да се менуваат секој ден) за штетните храни, минерали , кој како реагира на апчињата, затоа што многу хормонски апчиња дебелат. Мајка ми исто имаше проблеми со тироидеата, еднаш беше хипер, а потоа хипо. И за среќа нема ништо сериозно веќе , си прави контроли, пие лекарства итн. Друго што разбрав е дека ако дијагнозата е навистина хипертироидизам , најверојатно нема да ми дадат Еутирокс, затоа што кај мене ќе треба да се намали лачењето на хормоните ФТ3 и ФТ4, а да се забрза функцијата на ТСХ.
    За јодот, ќе биде обратно, затоа што јодот во организмот помага за лачењето на хормоните ФТ3 и ФТ4.
    Поздрави :) :hai:
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.525
    Колку што сум запознаена и хипер пијат еутирокс,затоа што ги нормализира вредностите,ама хипер пијат по шема.Еден ден една доза,два дена друга и така.
     
  12. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Здраво!Имам проблем со тироидната имено нивото на тироксин ми е нормален, но затоа имам 2чворчиња кои секоја контрола се зголемуваат сега е 9мм, пијам еутирокс секој ден по 25,веке 2год.Ме интересира дали некој мозе да ми каже како мозам да го спречам растот на пример што треба да се конзумира а што не!!Не сум баш упатена па би ми дошло добро секој совет!!!
     
  13. lepew

    lepew Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Проблемот со тироидната кај мене се појави пред 3 години (на мојата 25-та годишна возраст,како резултат на стрес). Отидов кај мојот гинеколог и му се пожалив за моите кратки и оскудни менструални одливи. Напрвивме испитувања на сите хормони и се утврди дека имам проблем со тироидната-зголемена функција на жлездата (хипертироидизам). Ме пратија во државна и таму се лечев 5 месеци, ги примав таблетите тироксин (босанско производство). Од зголемена функција на жлездата(хипертироидизам) ме довдоа до намалена функција на жлездата (хипотироидизам), отидов од една до друг граница. Почнав да се дебелеам и целото тело да ми отекува...Мајка ми се исплаши и почна да се распрашува по пријатли за добар приватен доктор....така го најдовме проф.д-р.Борислав Каранфилски, кој има приватна клиника ATIK COR, вo Скопје. Ми ги препиша таблетите Тирозол од фирмата MERCK, на почетокот пиев од 20mg ( 1 месец подоцна ми спадна отокот,со тежината се вратив во нормала) па постепено ми ја намалуваше дозата и после една година и четири месеци бев здрава :tmi: , повеќе не примав терапија 8)
    За жал пред три месеци имав уште еден стрес...Пред две недели направив испитувања зошто ми се појавија истите симптоми: забрзана работа на срцето (тахикардија), депресивност, сува кожа...и повтроно сум на ПОЧЕТОК...
    Во брак сум шест месеци и само што сакавме да имаме детенце... д-р. Каранфилски ми рече дека со волку висока зголемена функција на жлездата нема да можам да останам бремена, ќе треба да почекаме да се намали, но сепак најдобро ќе биде да ја излечиме во целост, зошто така ќе биде најдобро за мене и за плодот...останува да чекаме година и пол или две, зошто тоа е во просек времето потребно да се излекува.
    Поздрав
     
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.211
    Пол:
    Женски
    Дали срцебиењето има врска со проблемите со тироиднава жлезда?
     
  15. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Мислам дека тахикардијата е еден од симптомите на проблем со тироидната жлезда.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.525
    За да се афектира на срце треба подолг период да се има проблемов и тоа не ставен под контрола,а секако,ако немаш ниеден од наведените други симптоми сигурно не се работи за тироида.Тахикардиите не се јавуваат како самостоен симптом или индикатор дека нешто не е во ред со тироидата.
     
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.211
    Пол:
    Женски
    Јас лошо го напишав постот, имам проблем со тироидата и пијам еутирокс 25, 2месеци. За некој ден треба да одам на контрола ама приметувам силно биење на срцето дури и во моменти кога седам и не правам ништо...може нема поврзаност со тироидата :worried:
     
  18. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125

    Не грижи се. Истиот проблем го имав и јас.
    Односно, немав тахикардија толку изразена се додека не почнав да ја пијам терапијата т.е еутироксот. Сигурно кај некои е поврзано се додека дојде до нормализирање на самата териодна. Исто толку ми требаше и мене да ми помине таа тахикардија 2 месеци и на наредното покачување на терапијата исто така имав тахикардија, но тогаш ми траеше само 2-3 недели. Значи не е ништо страшно, барем кај мене не се покажа како страшно, се нормализира.
    Ако не се смири по извесен период, паметно е да разговараш со својот ендокринолог или интернист за да ти се направи ЕКГ, сепак не плаши се не си единствена. ;)

    И друго, внимавај после пиење на апчето кое секако треба да е на гладно и наутро ... внимавај да непиеш кафе барем пола саат или саат после тоа.

    Поздрав и без паника.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.211
    Пол:
    Женски
    /\ Благодарам НОВА!

    Да, ми потенцираше докторката за нејадењето по апчето и баш го потенцираше кафето. Не сум некоја голема пијачка на кафе, повеќе го пијам за друштво така да не ми е проблем.
    За некоја недела ќе известам како поминав на контрола :)
     
  20. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Нема проблем, затоа сме овде, ако можеме да помогнеме. :)

    Извести не, ќе те чекаме.