Ве замолувам за препорака... Треба да одам на ендокринологија (или патофиза) во Скопје заради маката со тироидната (хипо сум), кој доктор би ми го препорачале? Иначе одам во Битола кај Кети ама од неа не добивам никакви совети ниту објаснувања, само терапијата и толку. Би ве замолила да ми препорачате добар доктор што се разбира во проблематикава и што ќе знае подетално да ме советува... Било какво искуство е добредојдено. Ви благодарам.
Jas odam vo Skopje i isto nikakvi soveti ne dobivam samo terapija. jas mislam deka soveti za ishrana davaat vo privatni ordinacii bidejki neli ima toa i toa da ne se jade sto imam citano po net ama ako se jade vo mali kolicini nisto ne smeta Inaku i jas sum hipo i mnogu sum popravena neznam sto da prezemam vekje bideki kolku i da vodam red malku slabeam , a vednas stom jadam normalno mi se pokacuva kilazata
Да, ама мислам дека е индивидуално. Јас ја најдов поврзаноста на акните со исхраната. Ја земам терапијата ама ако дури и најмала количина на млеко или др.млечен производ има во нешто што сум јадела во текот на денот - готова сум. Мозолките се болни и изгледаат како да нема да згаснат. Еве една ми се појави после едно залче плескавица, не знаев дека имаат ставено кашкавал... Само едно мало залче. Исто така и од шеќер, било каков. И другите симптоми можат да се излечат со исхрана. Сум пишувала многу за ова. Не кажувам дека ги излечив моите, се уште се борам со една од најтешките причини за развивање на симптомите - стресот. Мораме да се контролираме... Ама мозолките, дефинитивно кај мене се поврзани со храната...
Јас неодамна бев кај Д-р Даниела Поп Ѓорчева, и сум задоволна. Љубезна е, одговара на сите прашања, убаво објаснува, само што се чека доста долго за преглед.
Не знам.....верувам дека многу делува исхраната ама многу ми се нафрли (на вратот) а секако и плус стресот,се си придонесува.Инаку хормоните ми се во ред,па затоа прашав за тироидната.Фала
Имам закажано на 19-ти 10-ти месец,во Чаир за тироидна. Некој бил тамо? Ме интересира нечие искуство!
Заокружувам со Хашимото, ама дојдов до интересни сознанија после тешко патешествие. Мислам дека ќе ви користи. Хормоните ми се ок, но имав чести аритмии и завршив на верапамил. Оттаму ме испратија да направам ехо на срце. Ми констатираа задебелен перикард што укажувал на тешка прележана инфекција (што секако имав и не е ништо ново, но она кое што мене ми го кажаа порано беше сосема друга причина наведена за истото), арно ама за среќа докторката кај која бев беше ФАНТАСТИЧНА и ме упати на право место. Прво, констатираше дека болеста на тироидата ми е како резултат на тешка генерална инфекција на целото тело, која била предизвикана од алергија, но кулминирала во бактериска инфекција и удрило на тироида. Фино поштено ми рече - девојко не си ти за тука, ти имаш алергии, освен здебелен перикард кој го има речиси секој човек и вродениот шум на срце (кој исто така не е опасен и го има речиси секој), тебе срцето ти е комплетно здраво, нека не те маткаат. Се спакував и заминав да испитувам алергии... Па ако ви објаснам дека резултатите на што не беа како описен пример за типичен болесник од алергии за учебник за на медицина, со огромни реакции. И тука некаде дојдовме до заклучок на мојата состојба што е и од каде е, што е многу важно за подобрување на квалитетот на живот. Мојата тироида е болна од алергии... и резултат на игнорантноста на докторите во македонскиот здравствен систем. Пред да добијам хипо, прележав многу тешка инфекција на белите дробови и имав ужасна инфекција на средното уво, во време на пролетни алергии и беше предизвикано од алергии. Го памтам затоа што како последица ми останаа грутки зад ушињата те лимфни јазли кои не се повлекоа во целост. Во тоа време, памтам јас со 40 температура, мајка ми како ја моли мојата матична докторка да ми издаде упат за болничко лекување или да ме испрати на пулмо. Не сакаше, ништо не било, џабе ќе сме се малтретирале, повеќе ќе сум се разболела. Па од тоа што тогаш бев болна, јас мислам дека повеќе и да не може освен да умрам. На своја рака ме однесоа во приватна болница, таму немаа инфективно, но сепак ме примија како пациент, сите рекоа - ПОТЕШКА НАСТИНКА, ќе помине, не е ова алергија (па повеќе не ни беше алергија, веќе беше пнеумонија), пијте амоксиклав. И сега... првиот чекор е целосен дитокс на телото. Не она кое што до сега го правев што немало ни Д од дитокс (било нешто, ама во принцип не вршело толкава работа). Туку буквално целосно чистење и гризење по мебел од глад... јас не знам кој имун систем го имам, ама ќе му предадам медаља за издржливост и верност. Ќе започнам со ОКП програмот, па сега ќе видиме кај ќе ме однесе. И секако, во тек на него исклучиво сирова исхрана која толку многу ја мразам... но ете... Мојата порака до сите е - слушајте си го телото и не бидете тутурутки. Како што самата на себе што сум си помогнала, никој не ми помогнал. Ниту моите не знаеле да се изборат за мене и моето здравје. Поддршка да, сум имала секогаш, ама не можат да чувствуваат она што го чувствувам јас самата за себе. И карајте се со доктори и читајте, едуцирајте се. Поголемиот дел на докторите во Македонија не работат на превенција, туку само лечат и не се воопшто едуцирани. А од друга страна, ако не се изборите за испитувања кои вие ги сакате, тие никогаш нема да ви ги направат затоа што прават триажа, даваат простор за приоритетни случаи. Во ред е тоа, но мора да си развијат систем како сите еднакво да бидат опслужени.
Како многу неискусна во оваа тема би ве замолила да ми кажете. Поради опаѓање на косата испитував тироидна преку крв резултатите ми се TSH 2.35 FT4 17.74 FT3 4.58 а на ехото од тироидата пишува лесно хипоехогена структура за овие вакви резултати не добив никакво мислење него ми рекоа истиот хормонален статус да го испитам на 3 ден од циклус. Дали се овие резултати и опаѓањето драстично на коса предиспозиции за тироидна.?
Каков е тој ОКП програм?Јас она со нозете во вода го правев (црнила, црнила...) Инаку јас сум на сирова исхрана одреден период, помислата ме ужаснуваше, но подобро не сум се осекала никогаш во животот ! како препородена, лицето стакло, кичмата не ме боли, мигрени немам, лош здив немам и ред други ситни здравствени проблемчиња кои заедно собрани прават лош квалитет на живот. Тироидната ми е ок, адекватна доза примам и се е ок. Штом си со алергии, исхраната е правиот лек за тебе. Пофали се после 2-3 недели да кажеш како се осекаш
Наутро пијам шејк-смуди од овошје и зеленчук,тоа ме држи 3-4саати,после јадам по потреба јаткасти плодови(+ брусница,суво гројзе,суви смокви,сливи,кајсии) се ова си имам на работа и во ташна. Ручекот се состои од комбинации на компири,просо,брокули,риба,месо,зеленчук многу и сл.само никако пржено.вечера пак шејк или насецкано овошје,понекогаш чиа пудинг со бадемово млеко,понекогаш дехидрирани крекери од семиња. Јас во глобала глутен и млечни производи избегнувам,месо можам ама да не претерувам..и така..ако ми текне уште некое јадење ке пишам.изборот е мал ама здрав.
@wings малку збунувачки ти е муабетов. Споменуваш сурова исхрана во претходниот пост, а во последниов: месо и компири. Повеќе е од јасно е дека не ги јадеш сурови. Не ме сфаќај погрешно, не сум на темава за закачки, туку од истите причини како и останатите. Лично, под "сурова исхрана" секогаш подразбирам веган исхрана. Ниту млеко, ниту јајца, а најмалку пак месо. Пред некоја година бев 3 месеци на сурова храна и беше убаво искуство, затоа што беше лето и соодветно, беше релативно лесно да се придржувам до режим. 'Ртев семчиња и пченични зрна, киснев бадеми во вода, правев домашно бадемово млеко но, главно бев на зеленчук и овошје. Но, кога залади времето и душава почна да ми бара топли, кремасти, зелечукови супи (а едно од правилата во суровата исхрана е да не се загреваат продуктите над 42°) решив да го баталам режимов. Добар ми е периодично за детокс но, on the long run не се пронаоѓам во овој начин на исхрана. За сите заинтересирани, можете да си побарате инспирација и информација (рецепти) на блогот на rawmazing. Жената е пионер меѓу блогерите за сурова исхрана. Дел од рецептите се комплицирани и со продукти кои не се лесно достапни но, сепак се наоѓаат и лесни рецепти. А и со броколите (поради гоитрогените супстанци) треба внимателно, зборувам за хипо. @Milicka♡♡ ќе се воздржам од коментирање на резултати но, мора да знаеш основни работи: сите се раѓаат со тироидна жлезда, а темава е за нарушувања на функцијата на тироидната жлезда.
Јас не верувам во адектватноста за секого на сировата исхрана. Имам стомачни тегоби од некои зеленчуци и овошја ако ги јадам сирови до степен на повраќање. Но исто така имам и преосетлив желудник. Пишете на гугл ќе ја најдете програмата. 3000 денари е ударниот пакет. Ма да јас купив и чаеви. Ќе го терам со таблетите 40 дена, а после со чаевите. Што се мора не е тешко... Ама интересно е што ми дојде и до друг тип на освестување сето ова. Ама тоа е за друга тема. Од душа си го осеќаш кога ќе си се видиш себе си од позиција три и си маваш чврга сам на себе со се глупачо една со се све. Ако одам по холистички пристап, хомеопатката исто така ми даде и емоционална причина зошто баш на тироида ме удрило, а не на нешто друго или едноставно без ништо. Кај мене цело време варираше те добро, те лошо заради алергиите. Од алергии од воздухот до алергии на храна и некои други работи за кои не сум била свесна, а нон стоп сум била во допир. Затоа еден период супер, друг период имунитетот доле, а со него и тироидата. Факт е дека знаев дека сум алергична, но не мислев дека сум до толку алергична и на толку многу работи.
@do-re-mi всушност си во право,не е комлетно сирова мојава исхрана,нетолеранцијата на глутен и млечни пр. ме натера дел од продуктите да бидат сирови но сепак и јадам нешто полу готвено.муабетот повеќе ми одеше во насока дека одреден режим на исхрана може кај некој да е правото решение на одреден здравствен проблем.
@do-re-mi Не сум се изразила како што треба прашањето ми беше дали симптомот со обилно опаѓање на коса и ваквите резултати доведуваат до нарушување на функцијата на тироидата со оглед дека на ехото пишува лесно хипоехогена структура па додека чекам повторно испитување побарав од вас мислење дали ова води кон нарушување на тироидната жлезда.
Ај некој ако може да ми одговори зошто ми препишаа еутирокс. Значи пишав погоре дека ТСХ ми беше 5,24. Затоа и бев испратена на ендокринологија во Скопје. Таму повторно беа направени анализи и испадна дека ТСХ е 3,71. ФТ4 беше 13,84. На ехо нема ништо, се е нормално. Антителата се негативни, од сите симптоми што се типични за проблем со тироидната немам ама баш никаков. Но сепак ми препишаа еутирокс да пијам наредните 4 месеци. Зошто би го пиела коа се е нормално. ДА не е ради тоа што ТСХ е блиско до граница???
TSH-то првиот пат ти било над граница од 0,4 до 4,2 е, сега ти е 3,71, значи имаш индикатор штом варира. Почетна фаза ти е, затоа на ехото немаш ништо. Симптоми може да има, но и не мора, или ќе дојдат закаснето или ќе ти биде се најнормално, се зависи од човекот. Имаш наследен фактор?