Кај мене е малку покомплицирано ,ама ова што ти ми го кажа малку ми делува утешно за тоа дека повеќето примаат 2 пати јод.Јас веке на 17 ја примив втората доза на јод и сега сум дома ,добра сум ама оперирана сум пред 2 год. и се беше во ред до сега кога док.инсистираше да направиме контолен скен и излезе дека има рецидив .па одма втора доза јод. Тоа е само да е со помин си велам дека нема да треба и 3 пат да се прима јод.
Нека е со помин и се надевам дека нема да треба. повторно. уште кога ја добив дијагнозата докторката ми ја објасни постапката и тогаш ми рече дека после операција се прима радиојод и дека најчесто се даваат две дози на 6 месеци и мислам дека претежно така оди постапката иако имам слушнато и доста случаеви кои се оперирани а не примале радиојод. Имам сретнато по форумите и луѓе кои првпат примаат јод после 7,8и повеќе години од операција. Познато е дека тироидната се регенерира и иако е извадена уште постојат нејзини станици затоа кај нас е многу битно tsh да биде ниско за да не го стимулира растот на тироидната што во нашиот случај може да значи враќање на болеста. А ако може да ми кажеш дали ја вадеше само тироидната или и лимфни јазли и дали имаше метастази и ако имаше каде. Јас имав низ лимфните жлезди на вратот и тоа уште ме плаши.
ми ја извадија и тероидната и неколку лимфни јазли а во еден имаше метастаза.инаку мислам дека сите со карцином примаат јод ,а може да не примат оние кои ја вадат тероидната од друга патологија. немој да се плашиш и јас мислам дека најбитно е тсх да биди ниско за да не дојди до рецидив,и токму тука мислам дека згрешивме ние затоа што кога док.ми ја крена дозата на 150 еутирокс јас не се чувствував убаво и се слуснавме и се вратив на 125 и мислам дека тука направив грешка да бев стрплива срцебиењето и тахикардијата ке поминеше како и кај сите други.
Atikor e vo. Centar mnogu lesno e da se najde ke ti objasnat na telefon koga ke zakazes, inaku e skapicko 3000 prvo odenje
Ги побарав старите постови за да не те замарам да се повторуваш сме разменувале мислења и во јануари кога јас требаше да се оперирам. Мене ми беше зафатена левата страна и тироидна и лимфни јазли 5 ми беа извадени од нив 4 метастазирани. Мене најтешко мо падна во оваа ситиација што се се случи во момент кога планирав второ бебенце ама тоа е во животот не оди се по план. Сепак од докторите добивам позитивни мислења дека ова лесно се надминува а јас мислам дека најдобро е да не се оптеретуваме со дијагнозата па дека имам рак ми беше во главата додека да примам радиојод после тоа ги растеретив сите мисли во главата и сега дури заборавам дека имам рак а така и се однесувам.
ајде добро велиш да не се оптеретуваме што како и кога битно да помине и овај облак .зафркнато е пред секоја контрола да се тресиш што ке ти кажат како ќе помини скенот и изолациите се грди со оглед на тоа дека сме со деца ане можиш да ги видиш месец дена .ама само позитивно сето ова ке остани зад нас.СВЕ ЈЕ ДОБРО И БИЧЕ БОЈЛЕ .
A dali znaete da mi kazete koi se posledicite Od izvaden samo Lev lobus Od teroidnata Od cista?? Ima li golemi posledici ili???
мислам дека нема последици само што ке треба да пиеш еутирокс за да ги надокнадиш хормоните од делот кој ти е изваден ,а дозата ке ти ја одреди докторот за секој е различна и ке си контролираш.
Поминаа 2 недели од биопсијата на тироидна жлезда од институт за патологија. Ми кажаа дека за 5-7 дена ќе бидат готови резултатите. Дали има разумен рок за извештај за биопсија зашто тие даваат број за да се јавиш дали е готова. Тој број е постојано зафатен! Кој е начинот да се дознае за резултатот ? (пријатели, врски ,плаќање или некој друг начин Ве молам пратете ми инфо со порака на профил ако не е дозволено во коментар)
Реално до сега резултаатот би требало да ти е готов. Дека некој ке ти одговори на телефон тоа многу тешко. Мој совет е да одиш директно на патологија и да го побараш.
Zdravoo devojki..ima problemi so tiroidnata od 10 god no osven moeto semejstvo nikoj ne znae za toa..sega imam vrska od 1 god so momche sto mn go sakam super ni odi no neznam na koj nacin da mu kazam..sakav da prasam vie kako kazavte?kako prifati? Vi blagodaram
Проблемите со тироидата веќе минато со Фукус Фукусот е морска алга која многу се користи во медицината веќе со векови. Главната употреба на оваа морска алга е за стимулација на штитната (тироидната) жлезда. Јодот во морската алга им помага на оние луѓе кои се со недостаток на основни минерали за регулирање и подобрување на функцијата на тироидната жлезда, поради што е корисна за хипотироидизмот и гушавоста. Високата содржина на јод во билката ја стимулира тироидната функција која го подобрува метаболизмот. Фукусот, исто така, помага во проблемот со липидната рамнотежа поврзана со дебелината, и каде дебелината е поврзана со дисфункција на тироидната жлезда, оваа алга значително може да помогне во намалување на вишокот на тежина. Позната е по олеснување на ревматизмот и ревматичен артритис. Главната фитотерапевтска употреба на Фукусот е за време на исцрпеност и закрепнување, како и за реминерализирање на телото. Анти - бактериските својства на Фукусот помагаат во заштита од бактерии и вируси. Алгинска киселина, како составен дел, еден тип на диететски влакна, е корисна во олеснување на запекот, дијареа и горушица (гастро езофагеален рефлукс). Фукоидната состојка во Фукусот, друг вид на влакна, придонесува за намалување на холестеролот и нивоата на гликозата. Морската алга е богата со јод, калциум, магнезиум, калиум, натриум, сулфур, силициум и железо и во некои Б – комплекс витамини. Тоа содржи фосфор, селен, манган и цинк и основни количини на витамини А, Ц, Е и Г. Таа исто така, содржи анти – стерилен витамин Ц, како и витамин К. Богата е со алгин и манитол, каротин и зексантин со траги од бром. НАПРАВЕТЕ БРЗА ONLINE НАРАЧКА : http://www.alfalab.mk/…/nature-esse…/nature-essential-fukus/ ТЕЛЕФОН ЗА НАРАЧКА : 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 15 часот) ДОСТАВА ДО ВАШАТА ДОМАШНА АДРЕСА
@Olgitsa Ако го имаш користено ФУКУСОТ пиши дали ти помогна, колку време го пиеше за какво нарушување на тироидната, колку пати на ден се пие. Поздрав
Дали некој може да ми објасни како се прави биопсија ? Оние кои имале циста дали пијат некоја терапија на лекови или некаков чај? Дали имаат и чуствуваат некои проблеми со здравјето? Јас одам во Битола во државна болница СВ.Трифун Паноски кај мене е пронајдена циста од 4,6мм, но докторот не ми препишува терапија вели да се следи на 6 месеци и редовно правиме лабораториско испитување во прватна лабораторија на TSH кое засега е во нормала,првиот пат 1,2 вториот 2,4 нормални вредности (од 0,25 до 4,0) за кое се плаќа 600 ден,во државна немаат реагенси.
te gledaat na exo i vo isto vreme so tenka igla zimaat od tecnosta vnatre ..inaku kakva I da e cista podobro da se napravi biopsija. .tvojata malecka e ,I obicno taka preporacuvaat da se sledi. .nema terapija koga hormonite se vo red
Се извинувам за уште едно прашање: дали кога се прави биопсија боли кога се става иглата,за да се земе од течноста на цистата?