Значи мене првиот пат ми препишаа еуторокс од 25мг. после 5 дена од 25мг а 2 дена од 50мг. да пиjaм за моментално да пиjaм само од 50мг. Не ми сметаат лековите, ми сметаат отоците по лицето порано во еден месец отекував три-четири пати, а сега скоро секоj ден, и тоа големи отоци очните капаци знаат и да ми бидат затворени од оток и во пределот на вратот, образите сум како топче Моjoт Д-р не кажува ништо, као се е во ред и толку а ако е се во ред зошто тие отоци? Од каде?
Оди кај специјалисти за тироидна а не кај интернисти. Има нуклеарна медицина во Битола др. Кети е супер.
Значи вака ми кажа дека ми е намалена и почнав со 50 и на следна контрола за два месеци ми рече супер си супер си во граница на нормала продолжи да ѓи пиеш. Добро и за скоро останав бремена и пак одам за да не треба покачување на дозата и со направена анализа од крвта докторот рече продолжи по 50 нема потреба повеќе и така секој месец одев на контрола и ми остана 50 дозата и после се породив родив здраво дете а на мене ми почна врелини во пределот на гушата не секогаш туку кога ќе ми станеше мн жешко или кога ќе цицаше бебчето и после два месеци од породувањето отидов на контрола и му кажав на докторот шо како и пак правев анализи и ми рече ја намалуваме дозата на 25. Со пиење од 25 некаде околу недела дена и ги изгубив врелините после можеби 1месец пак почна врелина ама ептен послаба од претходните и тоа само при доење и на своја рака пробав не ѓи пиев апчињата 5 дена и добро се осеќав ама пак ѓи почнав е сега некогаш осеќам малку некогаш не осеќам врелини. И затоа ве прашувам ако е стабилизирана нели треба да престанам да ѓи пијам. ? И ви се молам напишете ми што и што да испитам во врска со тироидната за да му кажам на следната контрола на докторот бидејќи тој ме праќа само за две работи
Сега па излезе дека најголем проблем прави хипофизата ме пратија во Ск на ендокринологија. Некој да ми препорача специјалист таму?
Мила, би ти предложила да побараш второ мислење од друг ендокринолог. Сепак треба убаво да ги разгледа сите твои претходни испитувања (хормонални статуси, ехо на тироидна и сл). Пациентите кои имаат дијагноза хипотироидизам најчесто ја пијат терапијата доживотно. Секако постојат и ретки исклучоци. Симптомите може се повлекле затоа што со терапија се стабилизирале хормоните, но ако прекинеш на своја рака може да си ја влошиш состојбата. Побарај си второ мислење пред да превземеш било што.
Самото хипо прави да си подуена и ја бев потечена во образите,знчи кога ке ти се спушти тсх и т4 ќе ти бидат во нормала ќе ти се смалат отоците,е тоа е од хипото е сеа да не прават и др жлезди тоа незнам имаш испитано хормонски статус?
Јас вчера бев на контрола па од Среда натаму ќе одам да испитам хормони, ми рече дека отоците ми биле од хипофизата. Инаку да образи, очни капаци, вратот се ми отекува. Ми рече постоела некоја течност за отоците ама тоа откако ќе ги види резултатите.
Може ли некој да ми пише ако знае јас имам проблем со хормони односно со добивање мензис подолг период не добивам ? значи одев по гиниколози велат се е во ред дека не е гиниколошко ,хормони андростендион намален и сега тестесторен ? но баш во понеделник бев и ми кажа др да почекам да се средам од тоа што сум земала Јасмин ? Ајдее хеелп ако можее некој од Вас ,совет ? фалаа однапред иии убаав вечер
Здраво девојки, има ли некој слушнато за таблетите ЕНДОНОРМ и какво искуство имате со нив? слушнав дека помагаат и во хипо и во хипер и дека може да се излечи тироидната жлезда и да не се пијат лекови доживотно. и дали некој знае каде може да се набават? фала однапредд
Девојки ве молам за предлог доктор за тироидна,незнам кај кого да се обратам? Требаше пред некој ден да одам на преглед кај Виолета во поликлиника Бит пазар, одам спремна со се резултати од лабораторија и на шалтер ми викаат болна била подолго време ја нема и ќе ја нема??? Прво мислам требаше да се јават да ме известат за да си најдам друг доктор а не да чекам 3 месеци за прегледот кој нема да се случи....второ пијам покачена доза од претходната , и те како ми е битен прегледот и консултација со доктор... нема везе, од една страна мило ми е што се откачив од неа затоа што прегледот се на се беше 2 минути (плус пред секој преглед ми правеа ехо на срце, кое што и беше тешко да го погледне). Кога прашав кај мојава матична што треба за да одам на преглед во државна болница, ми рече интернистот требало да ме препрати. Дали може совет во која поликлиника да отидам? Дали во Јане Сандански има ендокринолог? Читав добри мислења за Танер од 8ми Септември ама нема слободен термин во наредните 3 месеци. Исто во Идадија има двајца доктори од кои за едната најдов позитивни мислења- Благица Корнети. Дали некој бил во таа Ендомак спроти Кјуби да сподели мислење за докторката , колку се плаќа и колку време се чека за преглед?
Со оглед на тоа дека веќе си болна, т.е. примаш терапија, инсистирај да ти дадат приоритетен упат за во Државна Болница на Ендокринологија, по мене тие се врвот, сепак повеќето се професори или асистенти на Медицински Факултет. Ако треба и измисли дека имаш тегоби за да добиеш приоритетен упат. Точно е дека треба интернист да те препрати, ама оди кај било кој колку за да ти даде упат, види кој има најбрзо слободен термин. Со поликлиниките немам искуство затоа што и јас си инсистирав директно за во Државна.
Prasanje do inie koi koristat selen, na koj proizveduvac e,koja firma,imali uloga toa,neznam od koi da zemam koi se podobri?
Најдобро е да земаш селен преку бразилски ореви, 3 ореви дневно, најприродно е. Од апчиња имам на Natural Wealth, се пијат по две дневно ама мене ми се резерва кога немам бразилски ореви.
Јас користам Селен + ACE и многу сум задоволна, на Dr. Walz https://www.wolz.de/en/products/vitamins-minerals/selen-ace.html скапички се, ама многу се добри.
Koja im e cenata i kolku se vnatre,jas barav i barav i zedov edni na equilibra i tie se so a,e c vitamini,ama kolku se dobri ke vidime..