Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.830
    Пол:
    Женски
    Ова е 4ти пат што пишувам и бришам
    Поминувам низ пекол последниве неколку месеци ќе се обидам да не биде многу долго
    Имам премногу заштитнички настроена мајка (поштедете ме од коментари како таа е мајка и треба да разберам и дека е нормално)
    Имам 23 години не знам да пливам зошто на мајка ми и беше страв да ме пушти да влезам во вода и ми наби фобија буквално од вода до ден денес
    Не знам да возам велосипед зошто тоа било страшно ќе сум паднела
    Немам возачка бидејќи било опасно
    Не студирам каде што сакам зошто нели она плаќа школување и таму каде што сакам смета дека било премногу далеку
    Немам другарки зошто сите ми мислеле лошо сите ми завидувале
    Немам доверба во машки затоа што мајка ми од мала ми правеше филм како да не верувам на машките да барам некој паметен финансиски стабилен што ќе ме сака и да го најдов и еве 7 години сме во врска ама не го сакам не можам да раскинам од многу причини (пишував и за тоа во друга тема )
    Значи јас ја сакам фала богу мајка ми е ама многу ми пренесува негативна енергија буквално е токсична жената ме гуши.
    секогаш ми префрла, ми звони ако сум надвор после 12 чадот по полноќ ,се ми анализира што објавувам по социјалните мрежи ме нервира многу
    Сум пробала да правам муабет како човек џабе не сфаќа ништо
    Татко ми е лабав тип нема некој збор во куќата
    Сакам да си заминам се чувствувам како мало дете не можам да правам тоа што го сакам
    Од каде да почнам што да правам

    И да напоменам никогаш ништо не ми фалело се ми купува што сакам не е лоша у таа смисла само што премногу се грижи и ми набива стравови
     
    Последна измена од модератор: 27 ноември 2019
    На bibiiii, Feminka22, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    7.726
    Допаѓања:
    75.379
    На candy.cane, thequeen95 и tina2018 им се допаѓа ова.
  3. Svetoslava

    Svetoslava Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2016
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    123
    Да не е во депресија мајкати ? Или анксиозност??
     
  4. tina2018

    tina2018 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.734
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто не можеш да раскинеш со дечкото, ама можеш да најдеш работа и да се одвоиш сама. Страшно е денес времето и она сака да те заштити. Ни јас не го гледав тоа на 23. Не се нервирај, заврши факултет и барај работа. Таков карактер е. Се најдобро
     
    На Feminka22 и thequeen95 им се допаѓа ова.
  5. Ale10

    Ale10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    79
    Не можеш или не сакаш да ставиш крај на таквиот однос со мајкати?
    Ако сакаш, можеш.
    Само треба да си спремна да истрпиш многу рестрикции, пред се финансиски.
    Можеби мајкати мисли дека преку финансирањето може и да управува со твојот живот.
    Лесна е твојата ситуација, али ако си одлучна.
    Не дозволувај друг да ти го контролира животот и да носи одлуки наместо тебе.
     
    На Regina.Phalange, sj *O*, Luminary и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kolin

    Kolin Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Читам и се нервирам уште повеќе. На моменти ми зазвуче како мене да ме опиша девојко. Мајка сум на 11 годишно девојче, и имам чувство дека односот не ни е како што сакам. Совршени мајки не постојат, јасно ми е, а не постојат ни совршени деца, има само совршени моменти кои треба да ги негуваме и да се појавуваат што почесто во одредени точки од животот. Знам дека ќерката ми е во пубертет и сваќам дека сака приватност и слобода, но јас сепак сум презаштитнички настроена кон неа. И сметам дека е нормално, во ова време кога никому не може да веруваш. Ти велиш да те поштедиме од таков коментар, бидејќи имаш 23 години, разбирам но мајка ти, ти е мајка и кога ќе имаш 63.
    Дали јас грешам и одам накај твојов случај не знам. Сакаше да купиме ролерки , 2 години ми требаше да одлучам дека може, со голем страв попуштив, се научи на 8 год.и сега е супер. Но има ситуации од кои забележувам дека девојчето има реакција која не ми се допаѓа. Како да не разбира ниту еден збор, иако нон стоп повторувам. Можеби е период кој ќе помине па ќе стане свесна за себе. Се трудам со татко и ништо да не и фали, како што велиш ти. И материјално и со разговор. Но чувствувам дека ја гушам, бар така таа кажува, дека за се јас сум имала спротивно мислење на нејзиното.
    Би те прашала , што мислиш ти, каде згреши мајка ти?
     
    Последна измена: 28 ноември 2019
  7. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    1. raskini so deckoto so ne go sakas (zaso bi ostanala so nego, znam kako ti e sigurno se macis)
    2.obidi se da najdes nekoja rabota, trgaj si pari nastrana , (mozda kje imas srekja za nekolku godini i da odis negde pod kirija pa da sfati deka e premnogu toksicna)
    3. ova bez navreda ama mi lici na mnogu kompleksi, kako toa od mala te trgala od se? od drugarki , od toa da fatis finansiski stab. decko a da nema ljubov? kako toa ne znaes da plivas? ...zhenata i kolku da se plasi mora da te pusti na sloboda poso od pisanoto nema beganje , ednostavno toa e realnosta a i kako shto kaza 23 godini imas...preterano e ova od nejzina strana
     
    На Feminka22, Bella*, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    go pisuvam ova poso i ja imam slicna situacija ...ili imav eve da kazam
    majka mi ne mi kupuvase rolerki koa site si iskacaa nadvor ja trebase da piskam da vriskam nervni slomovi za da ona otide da mi kupi, (poso isto se plasela, a drugive roditeli ko da nemaat deca pa shto gi pustaat na se) , ne me pustase na odmor koa imav 15godini morav isto da pravam drami poso i bilo strav da ne se desi nekoja nesrekja i slicno...mene toa mentalno me polude i nemam vekje blizok odnos so majka mi iako iam 18god, ednostavno ne sakam nekoj da mi pravi neshto "odvaj" sakam so kjejf da me pusti negde da odam, so kjejf da mi kupi ...a toa kade ona zgresila pa zgresila shto misli deka e samo ona edinstvena zagrizhena majka a na drugite 10drugarki ne im bile...ama ako saka neshto da se desi kje se desi bezrazlika dali ona se grizi ili e bezgrizna
     
    На TeonaZ и candy.cane им се допаѓа ова.
  9. Kolin

    Kolin Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Хм... во право си, гледам и сама. Но дали ќе ги разберете мајките кога и вие ќе станете мајки? Веројатно да, можеби ќе бидете и уште позаштитнички настроени кон вашите деца.
    Се случило да ми рече и мене, после расправија дека веќе не сака да го прави тоа за кое побарала дозвола а јас сум имала причина да речам не. И трескање врати, плачење и слични манифестации. И верувај дека и јас се прашувам истото: Дали само јас вака сум загрижена и предупредувам на можните сценарија, дали другите мајки го прават тоа, надворешно изгледа како да никому не му е гајле каде им се децата и што прават... До 18 години не планирам да попуштам со воспитувањето, предупредувањата и зборувањето како и што треба да се прави, понатаму секако дека ќе биде се како што ќе биде, не можеме ние против светот и општеството...

    И не можам да сватам каде грешам со моето дете кога јас со мојата мајка имам совршен однос, таа секогаш имала многу зборови и ден денес не престанува да ме советува и секогаш сум ја разбирала точно што сака да ми каже...
     
    Последна измена од модератор: 28 ноември 2019
    На Martka и andrejko82 им се допаѓа ова.
  10. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    pa i majka mi celo vreme toa go vika " ne sfakjam kako moze drugive majki da se tolku bezgrizni zar samo ja summ vakva" ama sigurno i drugite se ama ne go pokazuvaat toa nadvor, nema sigurno ja da se cekam so drugarki za na kafe ona togas da mi spomne ...site doma toa go pravat
     
    На Kolin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.967
    Допаѓања:
    37.490
    Пол:
    Женски
    Разбирам све, само не можам да разберам зошто свесно останувате во улогата на жртва. Постојано читам само кукања и црнења на животот, ама не гледам иницијатива за подобрување односно решавање на проблемот. Основа на секое малтретирање е зависноста од малтретирачот. Дали ќе е родител, дечко/девојка, газда на работното место, основата е една иста. Си видела не бива со убаво, нема разбирачка, кој ти е планот сега, трпи додека не се омажиш, каде што исто голема е веројатноста дека нема да си среќна пошто самата рече не го сакаш ( ! ), па после одново ќе има кукање и виење над судбината, само од поинаков агол ?
    Не сте ми јасни, навистина. Каде ви е себе почитувањето, младоста, жарот, желбата за подобро утре ?
    Зошто дозволувате друг да ви го крои денот, месецот, годината, и додека да трепнеш животот ти станал измоделиран по туѓ терк ?
    Засукај ракави и почни да работиш, пошто не си дете веќе туку возрасна единка, способна за себе издржавање и донесување на сопствени одлуки. Доволни се пари твои сопствени во твој џеб за да почне околината поинаку да те доживува, појдовна точка. Лека полека, ако сеуште сметаш дека се гушиш во таа средина, ќе си најдеш стан, со цимерки, ќе делите трошоци и пак ќе живееш пристојно, али во мир.
    Не е лесно, не ни пробувам да ти го претставам како лесно, ама е изводливо, и тоа е факт. Само треба да сакаш. Ова ти го кажува девојка која работи од 16 години, и уште тогаш стана се поинаку, слободата доби облик.

    Одговорно тврдам дека како им дозволиш и како се поставиш, така и луѓето ќе се однесуваат према тебе.
    Пак ќе потенцирам, важи за родител, друштво, љубовен партнер или пак газдата од работното место.
    Само од тебе зависи.
     
    На Milobebence, cinderella7, Nightwish11 и 23 други им се допаѓа ова.
  12. Cherry333

    Cherry333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    6.141
    Пол:
    Женски
    Кога ќе го слушнам тоа и ти ќе бидеш мајка ќе видиш од некоја таква мајка, косата ми се крева. И јас имам мајка што се грижела за мене и не ми поставувала граници никакви, туку напротив ме мотивирала секогаш да напредувам и да прифаќам предизвици. И најтрагично е што според ваквите ултра грижливи супер мамички, сите што се поразлични од нив и изградиле здрава врска со детето се немајки. Треба да се чукнат малку по главата и да престанат да бидат себични и посесивни (според мене овие особини лежат во сржта на проблемот), бидејќи утре детето ќе биде полно фобии и стравови. Претпоставувам дека многу ти било тешко да растеш вака и знам дека е тешко да се тргнеш од тие стеги затоа што ти е мајка и нормално дека ти влијае дури и несвесно, но мораш да пресечеш. Кажи и дека си возрасна и осамостои се како што ти кажале, пред се финансиски. Верувам дека мајка ти ќе проба да те изманипулира во мисли дека ти си уште дете и испран ти е мозокот, дека она се правела за тебе, но не попуштај кога веќе си убаво свесна што и како се случува. Побарај и поддршка од некој близок ако потклекнеш. Те разбирам како ти е, моментално живеам со една таква мајка (не е мојата) и го гледам тој психолошки профил многу убаво. Со среќа!
     
    На *rainBow*, cinderella7, Lella и 13 други им се допаѓа ова.
  13. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    9.548
    Значи да бидеме јасни ако нема совршени мајки, тогаш не барајте и совршени деца. Зошто ги раѓате тие деца? Зашто воопшто ја поминувате таа болка, само за потоа детето да оди по патот по кој вие не сте успеале. Вие на свет носите нов живот, а не ваше преродување. Тој нов живот има поинакви гледишта и цели од вашите. Вие како мајки или татковци треба само да му посочите на детето кој е правилен пат, но треба да го оставите само да си ги решава предизвиците што ќе му излегуваат на пат. Детето не ви побарало воопшто да го родите, а камоли да го контролирате. Бидете подршка и оставете го да греши, а не корејскион Ким.

    Друго сега за девојката погоре. Кога веќе си полнолетна што не си нашла некоја работа уз студирањето. Зашто да бидеш зависник. Мене и двата родители ми беа токсични, ме контролираа, ме тепаа, не ми даваа ни пари, а за факултет да не зборам, нормално нит се запишав, тоа за мене беше научна фантастика. Созреав уште на почетокот на моите 17 год , семејниот товар падна на мене како поголема, работев и одев на училиште, а платата целосно одеше кај мајка ми, која не ми даваше ни 50 денари за кафе. Сега на мои 25 год сама успеав да си заработам за возачка, не често ама доволно на брат ми му праќам пари, здравје боже имам цел да си купам стан, па можеби понатака ако ми фати умот да завршам и факултет.
    ТИ треба само да излезеш од комфорната зона, а не да се жалиш. Има многу луѓе што студираат и работат, до сега да бев на твое место одамна ќе работев и ќе си имав пари на страна за да си ја постигнам целта и да се осамостојам. Ти како да немаш воопшто цели во животот. Ако не ризикуваш, нема ни да постигнеш ништо. Не знам што подобро да ти кажам освен ова.
     
    На Regina.Phalange, Nightwish11, AngIv и 6 други им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    8.957
    Пол:
    Женски
    Грешиш многу @Kolin. Децата сакаат да искусуваат нови нешта. Викаш до 18 ќе продолжиш вака. А, после тоа? Ќе биде ко пуштена од ланец ќерка ти. За се. Ќе сака се да проба, а големи се шансите дека некои работи што на неа ќе и носат радост, на другите ќе им бидат веќе поминати.

    Ролерки, пливање, точак, излегување со другарки, одмори со друштво... се тоа треба да се проживее. Ако не и даваш да вози ролерки, како ја пушташ да се движи по улица? И вака и така може да падне и да се повреди. Децата ( не на 11 ама веќе на 14 15 години) треба да знаат и сами да се снаоѓаат. Не можеш да ја лишиш од секоја опасност, освен ако не ја заклучиш дома.

    Не знам на првичното мислење што да кажам, @lovestoneddd убаво има пишано.
    @thequeen95 , не си дете. Што мислиш дека ќе се случи ако и отидеш контра некогаш? Зборувај, искажи си се. Мајка е, и те сака. Ама се што кажа дека правела е едноставно...себично.
     
    На Lella, tirkenbal, Ambitious и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Calla

    Calla Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    931
    Последна измена: 28 ноември 2019
    На thequeen95, Annora и candy.cane им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.967
    Допаѓања:
    37.490
    Пол:
    Женски
    Самата си свесна како твоето однесување се одразува врз ќерка ти и се преиспитуваш дали постапуваш правилно , и тоа е добра појдовна точка. Дали си размислила за посета на психолог за да научиш како ти самата да се справуваш со ваквите ирационални стравови, без да биде засегнато детето ?
    Имав многу вакви примери, мајки на другарки, додека растевме и можам да ти гарантирам дека на долг рок, имаа направено огромна штета по личноста на децата. Едни израснаа во претерано зависни личности кои за да појдат до продавница првин гледаат во родителот чекајќи знак за одобрение( банален пример ), не знаат сами да донесуваат одлуки, имаат ниска самодоверба, неснаодливи се во х животни ситуации и сл, а другиот пак екстрем е синдромот на "куче пуштено од ланец" . Немаат обзир према авторитет, самоволни се, инаетливи, проблематични, без некоја цел во животот, се тоа од инает према родителот, у фазон види ме конечно сум слободен, можам да правам што сакам. Нема тука некоја здрава средина.
    Мораш да ја тргнеш од стакленото звоно под кое ја чуваш, мора да има и лоши искуства и падови, бидејќи колку клише и да звучи, на крајот и од сите тие потенцијално лоши ситуации човек излекува добро, карактерно и искуствено. Како ќе научи ако не погреши ?
    За грижи, сите имаме према личностите кои ги сакаме. Ама кога тие грижи биднуваат синџири е алармантно и спречуваат нормално функционирање и развивање. најдобронамерно, размисли околу ова.
     
    На Milicko*, Milobebence, Nightwish11 и 22 други им се допаѓа ова.
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    75.689
    Пол:
    Машки
    Јас со мојата Мајка пред се бев другар,па после тоа Дете и Родител,буквално све можев да и кажам на Мајка ми,и колку да е лошо,и колку да е добро,тоа го правев без никаков страв и никаква несигурност за тоа како ке ме свати,секогаш добивав подршка,и убави совети,добронамерни.Секогаш ми даваше таков потик за борба во животот,што неможам со зборови да го опишам,она беше мојот мотиватор во животот,мојата мотивација за колку и да тешко,колку и животот да носи препреки дека мора да се најде решение за да се поминат.Кога беше болна од проклетата болест,цело време викаше,дека ке биде првата жена што ја победила болеста(а свесна беше дека лек нема),затоа што имаше рак на панкреас во 3 стадиум најден,и лек непостоеше,но беше упорна.Додека Татко ми,целиот живот ме критикувал,вреѓал,тепал,и тоа како дете на 11 години ми има со бокс силен пукнато нос,од тогаш немам рскавица на носот,никогаш не сум семеел да му кажам беља што сум ја направил,или нешто лошо,затоа што знаев што ме чека,никогаш со него сме немале однос Син спрема Татко и обратно,или да ме советува како машко со машко нема шанси,затоа што освен лошо друго незнае како во животот.Затоа цел живот ке имаме лоша комуникација,слабо контакт,подобро и за мене и за него.Пред неполни 5 месеци,во една расправија,проба пак истото да ми го направи,да ме удри како кога имав 11 години,но си доби и тоа добро,збунет беше 5 дена,затоа што веќе не сум дете.
     
    На Regina.Phalange, cinderella7, Nightwish11 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.595
    Допаѓања:
    5.417
    Пол:
    Женски
    Јас вака бев до 15 година натам ја си знам за мене. Посебно кога направив 18 си воведов свој став во куќата. Ако не ти чине тргај си пари на страна или бегај у странство кај другарка или роднина снајди се.
     
    На sj *O*, candy.cane и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  19. andrejko82

    andrejko82 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    12.521
    Пол:
    Женски
    Тешка е темава..од двете страни тешка. И Јас сум мајка...ама мора некој баланс да се најде...Премногу грижливи и посесивни не смееме да бидеме, многу последици има по личноста во подоцнежните години..
    Е сега убаво пишувате дека нели сам треба да се тргнеш , не изигравајте жртва и други слични совети..се сложувам со се напишано, треба човек да појде и да направи промена...ама не секогаш дошло вистинското време за се..
    @thequeen95 ќе се снајдеш...одбери го она што сакаш за да бидеш среќна, на крајот на денот мајка ти ќе те разбере (иако може да ти се лути, ама па тоа е нејзино право, ти само сакаш сама да одлучуваш за твоојот живот) Ако си ти среќна и задоволна и твоите родители ќе бидат...

    Јас како родител ова го научив од немили примери околу мене: Патот до пеколот е поплочен со најдобрите намери на родителот... значи ние како родители нашата Сопстена идеја за туѓ живот не смееме да правиме и применуваме...
     
    На Nightwish11, Kolin, Snowflake97 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.830
    Пол:
    Женски
    @Svetoslava мислам дека е и предложив да иде на психијатар прифати па ќе видиме
    @lovestoneddd знам дека е тоа најдобро ама студирам медицина 5та година сум немам време да работам морам да идам на вежби предавања и да учам преку ден минимум 3 саати затоа и одбрав тежок факултет за утре задутре да земам убави пати и со првата плата да се иселам
     
    На Lolipop23, Mantub, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.