А ако на твое дете му се деси нешто? Мислиш дека е во Германија,а уствари на друго место е ? Ќе те направи тоа добра мајка тебе речимо? Мислам не ја знаеш длабоко целата суштина. Друг ми беше зборот,ти почна да испревртуваш како ти одговара.
Модератор: Ве молам држете се до темата и не ја полнете со лични препукувања. Мислењата кои не беа за во темава ги избришав.
Не споредувајте полнолетство во Германија и во Македонија. Во Германија ги учат на самостојност децата уште од мали (се мисли на системот на образование) и им ја овозможуваат истата. Не е исто да тргнеш сам како Германец низ Германија и сам како Македонец низ Германија. Наредниот ден откако станеш полнолетен не значи дека си и зрела личност. Секој родител си го познава детето и ако одлучи дека е во ред да го скрие пасошот со тоа што ќе спречи детето да си го упропасти животот тогаш можеби е во ред, иако сметам дека криењето на пасошот кажува многу и за родителот и за детето.
Се знае како. Образование, работа, финансии. Ако не си финансиски обезбеден не можеш да бидеш независен. Не е секогаш и до мајндсетот на родителот. Дете ако реши да замине ќе замине. Денес пасошот, утре друго. Ќе криеш, ќе вршиш притисок, но ќе дојде момент кога ќе станеш немоќен како родител и детето ќе замине и никогаш нема да ти се врати. Затоа треба да се гради однос од мали нозе. Пр. како учење да вози велосипед. Вози на велосипед, но ти го држиш да не падне и трчаш по него. После тој вози трчаш - не го држиш, но тој мисли дека сеуште го држиш и вози сигурен и на крај сфаќа дека подолго време веќе вози сам и нема потреба од помош.
Во Германија? Во било која западна држава? Образование- додека да заврши средно. Ако сака факултет може, ако не- не мора. По полнолетство- широко ти поле. Се знае како се постигнува самостојност- со делегирање на одговорноста. Не, тате носи, мама меси и заедно одбираме што ќе студираш, кај ќе работиш и со кого и кога ќе се мажиш/ жениш. Финансии? Се вработува и е самостојна единка. Живее самостојно, носи одлуки самостојно. Дете се воспитува, на возрасна единка никој не и ги одредува правилата на живот отстрана. До мајндсетот е. А пошто во меѓувреме си се едитирала- да дополнам. Со вториот дел од постот се согласувам. Ама оваа тема е токму почната од таков случај, кајшто некој не знае да вози точак, оти никогаш не го пуштиле. Оти родителот се плашел. И сеуште се плаши. И така стигнавме до фазата на контролирање возрасна единка- не ја пуштаат да биде самостојна. Никогаш нема да ја пуштат. Не е тоа изолиран случај во мк, цела култура и традиција е така поставена. А не треба да е така. Имам мало дете. Вози точак. И скејборд. На секое прескокнување од тротоар ми белее косата, ќе падне, ќе си ги содере колената, ќе плаче 2 недели секогаш кога ќе си ги види колената и ќе ми белее косата уште две недели. Ама секогаш одново седнува на точак и одново ја пуштам во авантурата. Не треба да се плаши да падне, по секое паѓање е поспретна. Белким и нешто позитивно градам во неа како став, освен што ми белее косата.
И мајка ми беше загрижена што пушев на 14 години , па никогаш не ме остави без џепарлак за во училиште , не ми забрани излегување со друштвото .. Мислам дека ситуацијата со пасошот можела да се среди со разумен разговор . Инаку , да е мое дете во прашање , прво ќе прашам нормално дали има однапред обезбедено престој и работа . Ако нема , ќе му кажам ( не е важно дали е за син или за ќерка ) прво од тука да обезбеди работа и стан , за да не лута таму . Ќе му нагласам и дека додека не го среди тоа , нема моја согласност да замине . Ако и покрај тоа не ме послуша и сака да оди , ќе му ги објаснам последиците што може да го снајдат ( на пример , да не успее да најде престој веднаш , и да остане на улица ) . Ако и понатаму не слуша , ќе го пуштам . Секако дека нема мирно да спијам со денови , ама тоа е негов избор .. ќе се помирам со тоа дека моето дете ќе биде среќно да замине ... и покрај тоа што е нелогично да оди на слепо .
Пасош криење. Смешки. Јас ќе го пријавев за загубен и ќе подадев за нов. Кога ќе ми излезеше новиот ќе си ги спакував парталите кога нема да е дома. Нека си тажи после заедно со пасошот. Во оваа тажна држава стварно е претешко на 18 да си самостоен. И многу родители наместо да гледаат да му помогнат на детето да стане самостојно во систем кој тоа не го дозволува, тие ја злоупотребуваат ситуацијата за да ги отрујат децата со своите сфаќања, па закани, па наметнувај диктаторство дома над сопствените деца. Јас те родив, јас ќе те убијам. Навивам за сите кои сакаат да се изборат со своите дома кои им ги сечат крилјата. Па за нивно добро го правеле тоа, да не си го упропастат животот. Ај ставете прст на умот пред да кликнете Испрати одговор на форумов. За да упропастиш живот треба милиони работи прелоши да ти се случат, да не можеш глава да кренеш. А не една лоша ситуација. На сите ни се случуваат лоши ситуации, тоа е дел од животот. Ама дете задоено со недоверба и страв кон животот, нормално дека може да погреши. И после детето криво. Никогаш родителите. Дај му слобода, доверба, пофали го, да видиш како дете ќе порасне во човек што не се плаши од животот, што верува во себе затоа што некој друг верувал во него. Кога веќе не сте криви за негативните карактеристики на детето, ај одговорете ми како може да сте толку лицемерни па кога детето ќе успее во нешто, тоа да си го присвојувате? Како резултат на вашето воспитување? Претажно со какви родители растат некои деца. А системот што го спомнавте, заебан е, да. Еднаш прочитав, до 18 години очекуваме да прашаат за дозвола за во веце, после 18 очекуваме да се способни за правење животни одлуки. Тоа е се што мене ми е потребно за да знам каков ни е системот...
Има работи што неможам да им ги простам на моите родители особено на мајка ми, но има и добри работи. Но сум била тепана и тоа за глупост што не го оправдувам. Тепање не оправдувам.
Трактат имав напишано, ама ми се испразни телефон Битни поенти- децата од дисфункционални семејства скоро сите. имаат некој облик на ПТСД . Ако некој сам не е во состојба да се бори со демоните, стручен совет и помош не е на одмет. За мене пресвртен момент беше кога и самата добив дете, јасно ми беше дека било каков компромис со неразбрани луге нема поента. Не дека претходно немав свест за околностите , туку стално имаше некоја цел на видикот која трудејки се да ја остварам, верував дека подобро ќе ме позиционира на "бојно" поле, за жал... Хипстерски рецепти : после 18 замини си од дома, за жал не успеваат баш во мк, или барем не успеваа кога јас имав 18. Ил може не бев храбра/способна , еве не знам. У ствари, се зезам. Знам. Дека не беше во мене грешката. Ама на 25, 30 или 40 години сами си одлучуваме во какви меѓучовечки односи ќе влегуваме..Мислам дека наместо хрпа безвезни лекции во училиштата, треба да се посвети и дел на ментално здравје, фром да гет гоу...покрај нели што имаат физичко воспитување како базично и потребно. Имам веројатно уште да пишувам, ама ич не сакам да звучи претенциозно и ко од прирачник вадено, на ниеден човек што е во густо да му попувам.
Само пиши narcissistic mother pdf на google Покрај бесплатни пдфки има посочено и литература која можеш да си ја купиш или да ја прочиташ во трајал верзија. За жал не може да се споделува од овие сајтови, но верувам ќе се снајдеш. **Многу е битно да се научи како овие родители функционираат, какви последици имаме ние како нивни деца и како да си ги средиме животите после нивното родителство. Зашто е невозможно да нема последици. Најчесто или децата се супер амбициозни (за да докажат дека се вредни за љубов) или пак се саботираат самите себе а не можат да си објаснат зошто ( пак, проблемот е длабоко вкоренетото чувство дека не сме доволно сакани, вредни за љубов). Со среќа
Јас не знам веќе како да ја тргнам мајка ми. Му се јавила на мојот бивши дечко оти била загрижена за мене, не сум правела муабет, сум седела сама кај мене во соба, не сум јадела не сум пиела не сум излегувала надвор. Не можам значи, кога седам во соба и правам муабет се караме, се обидувам да ги слушам вашите совети да ја игнорирам и седам сама, и пак не чини ни тоа. Цело време ми се меша во се не можам да издржам веќе жими се не можам.
Значи за такви луѓе нема друго решение освен физички да се одделиш. Телефон да не креваш. Нема друго решение. Размисли, испланирај како може тоа да го изведеш и кога најбрзо. Дотогаш ќе се нервираш. Не е таа загрижена за тебе зошто не правиш муабет. Цело време се бори со тебе за да "победи", тоа и е целта, а не загриженост. Гледај да се тргнеш од неа, од искуство ти кажувам, не сум знаела што ми правела мајка ми дури не сум се тргнала скрос од нејзе
Ќе ја одложиш специјализацијата на некое време, ќе се потрудиш сама без нејзина помош. Не се сеќавам која членка ти даде предлог и тоа многу добар - после завршување, откако ќе најдеш работа да бараш стан со цимерки. Нема да биде исто како дома, не знам како си ти навикната но ќе мораш и малку да се оддалечиш и навикнеш за да успееш. А на специјализација би требало и да те пратат од таму каде што ќе те вработат, медицина студираше ако не сум грешка.
Камо јас да бев во таква ситуација ко тебе тогаш на времето. Прво можеш да работиш (и добро да заработуваш) како сестра. Потоа и како доктор.2 дипломи имаш на барани професии. Зависи што ти е битно. Ако ти е битно да се одделиш од нејзе и да не се нервираш, можеш. Имаш добра основа. @thequeen95
Сè зависи од тоа колку таа сака да се потруди и пожртвува за да биде онака како што сака. Не е лесно, ама не е ни невозможно. Само ретко кој се одлучува на таков чекор..
Проблемот од растењето со таков родител е колкаво ниво на самодоверба имаш. Се ми се чини самодовербата е најголем проблем на кој мора да се работи. Јас кога сум сигурна во себеси никој и ништо не може да ме измести од зацртаниот пат.
Со кое право го вознемирувала твојот бивши за ваши лични недоразбирања? Мора да и објасниш, смирено без да се скарате дека со тоа што го прави ти го уништува спокојот во денот и да и кажеш јасно и гласно ако продолжи така следно ќе предизвика што побрзо да заминеш од домот. А сите планови кои си ги имаш спроведувај ги полека, смирено, мирна вода брег рони