Каква самодоверба ќе имаш, ако од раѓање некој ти ја поткопува? Нема поодговорна работа од родител... Постојат мал милион начини, на кои можеш да го оштетиш детето... за секогаш. Се прашувам како се' ја имаме оштетено ќерка ми. Сигурна сум дека сме грешеле нешто... Страв ми е од самата помисла Нема што да и' каже. И тоа ќе почни против нејзе да го користи. Нека не спомнува заминување, додека не е со спаковани куфери, пред врата. До тогаш... не знам @thequeen95 Ова што му се јавила на дечко ти е ... не знам ни како да го наречам. Објасни му ти него со кого си имаш работа... ако веќе не знае. Научи ги твоите пријатели и дечко ти, да ти веруваат тебе, а нејзе да ја 'толерираат'. А за тоа, мораш да им кажеш дека е мини-диктатор.
Јас пак мислам дека со разумен разговор и кажување што пречи, а што не и ако не се смени нешто кои се последиците може да промени @thequeen95 нешто во нивниот однос. Ако не се смени ништо убаво ја посоветував со мирно, пополека, без расправии да си тера по нејзино како намислила. Односот со родителите е многу комплицирана работа, но пред се треба да се темели на меѓусебна доверба и почит. Однесувањето на мајка и е облик на премногу заштитничко и премногу контролирачко однесување кое спомнав во претходните мислења дека често е контрапродуктивно однесување отколку продуктивно во случајот со криење на пасошот.
Тијана, тука членката има работа со токсичен родител и емотивен манипулатор. Такви луѓе со разговор не се разбираат, затоа што ке почнат со нивни манипулации од типот: "јас сум те израснала а ти мене вака ми правиш?" "Како тоанда идеш негде без мене? Сакаш да умрам?" И остали реченици кои емотивно делуваат на жртвата. Овие манипулации не се од сега туку од многу поодамна па рачунај каков ефект до сега имале на жртвата. Овие родители никогаш нема да прифатат вина и одговорност и имаат целосен страв од губење контрола врз жртвата. Еднаш кажав и пак ке кажам, работа со ваков тип луѓе е далеку посложена и не е толку едноставно како што се мисли.
Ако е до толку нарушен нивниот однос мајка-ќерка и мајка и е типичен емотивен манипулатор тогаш како што ја советував со мирно и пополека да си прави по нејзино, мирна вода брег рони.
Тоа е муабетот што членката одамна го долови тука на темава. Се работи за токсичен родител со кој немаш разбирање. Тотално се согласувам со тоа да си ќути и да си работи на својот сон па кога ке дојде време да си замине без претходно да се објаснува многу.
Разговорот е секогаш најдобра опција за кој било проблем, но во вакви ситуации и не баш. Разговорот ќе резултира со караница, во која родителот ќе си се прикажува како "жртва", во случајов загрижена мајка, која сака да и помогне на ќерка си, а не како некоја што постојано ја гуши.
Повеќе мислев на предупредувачки разговор преку кои ќе и објасни на мајката дека ако не се промени нешто во нивното меѓусебно однесување следи заминување од дома, но со мајка која е голем емотивен манипулатор најдобро да си прави како си мисли членката и да не и се замара многу. Ама и мајкава да не замара наоколу бивши дечковци заради нивни заеднички недоразбирања
Хаос ми го направи животот. Она си лечи комплекси со нејзината мајка, се жали како се било за тетка ми а за неа ништо. На тетка ми се и купувала и до ден денес а на мајка ми ништо, зашто ние сме биле богати а тетка ми сиромашна и требала помош. Баба ми од мала и викала на мајка ми ти си метната на татко ти, а сестра ти на мене. На нејзините деца им дава пари а имаат по 28 и 30 години а мене и на брат ми само за роденден. Мајка ми наместо да научи од нејзино искуство, таа ми се меша во се, ме оддели од сите другарки, направи да се сомневам во секој човек што ќе ми се приближи, направив грешки во животот и неа и наметнувам вина. Секогаш кога ќе пробав да зборувам со неа она ме правеше виновна и ме нарекуваше со многу грди имиња. Се осеќав и уште се осеќам како во кафез. Чекам да помине уште малку време и ќе си одам, морам. Многу сакав да имам убав, нормален и другарски однос со мајка. Немам ни другарки, ако не е форумов не знам кај би се искажала
Немам таков проблем, дури ми е жал зошто некои совети од родителите ги сметав за гњавење и не ги послушав со време. Никој не ми мисли подобро од домашните, другите сите надвор со резерва ги земам
Мило ми е за тебе. Ни јас не мислам дека мојата мајка ми мисли лошо, знам колку се грижи и бдее над мене кога сум болна, само што ете, таков карактер е терсене и ми прави повеќе лошо, несвесно.
@thequeen95 искрено сочувствувам со тебе. Не сакам ни да замислам во колку тешка ситуација се наоѓаш и што преживуваш. Пред многу години, јас имав сличен однос со татко ми. Многу беше строг, заштитнички поставен и недопирлив. Имавме мал милион недоразбирања кои најчесто завршуваа со казни, трескање врати, нервози и солзи. Многу плачев. И еве, да ме прашаш како, не знам, се смени. Наеднаш се смени човекот. Не знам дали сфати дека веќе не сум дете, дали конечно ја заслужив довербата и својата слобода со своето примерно однесување или расчистил можеби сам со себе? Дури заминав и да живеам во странство, САМА, нешто на што претходно имаше иста реакција како мајка ти моментално. Кога виде колку сум таму среќна, колку се снаоѓам и колку напредувам, искрено се радуваше со мене. Кога одлучив да се вратам со можност да заминам пак, ми рече да го правам тоа што мислам дека ќе ми донесе повеќе шанси за просперитет во иднина (секако странство). Прочитав дека студираш медицина, искористи ги сите прилики кои ти се нудат. Стани свој човек, гледај за себе и своето добро. Друго буквално се’ ќе се нареди, на овој или оној начин. Те поздравувам, остани силна и штеди нерви за своите деца во иднина, ќе ти требаат!
Не сте единствени и јас имам родител не зборувам за двајцата родители едниот е таков кошто ако тој немал визии и соништа што и да кажам за некои патувања за некој успех одма ее дека тоа е како негира значи мисле дека ако самиот нема самодоверба ке ми ја пренесе и на мене ја незнам на детето да му ги одзимаш целите и соништата со такви грди зборови е дека тоа е како, јас го имам овој проблем и незнам како да реагирам, јас по природа сум личност што не ја сака комфорната зона и што се бори, како ништо да не му е возможно за повисоко од просечното намногу за успех. Страшно ме иритира тоа
Фала ви многу Многу е тешко, некогаш го барам проблемот во себе и уште полошо ми станува. Милион работи ми тежат на срце и си ги собирам во себе, страв ми е да разговарам со мајка ми. Страв ми е дека ќе ме осудува, ќе ми рече кој те воспитуваше така, ништо нема да биде од тебе, ќе ми рече нема да идеш во странство да специјализираш (секогаш така ми се заканува кога ќе направам нешто што не и се бендисува) Многу ми треба, ми треба нејзина помош и поддршка. Со татко ми не можам да зборувам за се. Брат ми уште помалку. Мислам дека последниве 2 месеци нема вечер да не плачам пред спиење. Падната сум психички, физички, секако. Не сум совршена ќерка ни јас. Ептен глупаво се осеќам.
Не заслужуваш да патиш. Тргни од тоа, па превземи што и да е потребно. Искрено верувам дека нема родител кој не го посакува најдоброто за своето дете, меѓутоа некогаш нашите гледишта и нивните се разидуваат и тоа е нормално. Не е нормално да стоиш на патот на среќата на своето дете. Да го кочиш успехот на истото. Мораш да ставиш крај на ова измачување, расчисти сама со себе како. Едниот начин е секако разговор со низок тон и убаво објаснување, па после дај и уште една шанса. Вториот е секако почнување на нов живот, со мало влијание од нејзина страна во истиот. Периодот на адаптација ќе е ист за двете. Мораш да се одлучиш и сама да си помогнеш. Со тоа што се затвораш во себе и што се доуништуваш, не постигнуваш ништо. Ти си си на себе најважна! Бркај ја својата среќа!
Нема зошто да ти е мило. Мене кај моите ми смета шо биле поштени, не умееле да крадат од то шо им било на располагање па да живејме боговски ко некои други. А иначе од нивниот однос према мене сум задоволна, ама им завидувам на тие со родители како шо опишав пред малку. Така да, секој осеќа некое незадоволство, своја тежина.
Ми делуваш дека уживаш малку во улогава жртва??? Превземи КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ЗА ДА ЈА СМЕНИШ СИТУАЦИЈАТА. И исто така, што мислиш ти каква мајка ќе бидеш? Тоа несвесно ќе постанеш и ти , ако не работиш на проблемот, ако не се "излечиш". Убаво ти посочив погоре и литература, и некои промери како функционираат овие семејни системи. скоро секогаш е и бабата - мајката на точксичната мајка вклучена. и тоа се влече од генерација, на генерација .. освен ако свесно не вложиш напор да се средиш ти. Со обвинување, и седење во позиција жртва апсолутно ништо нема да промениш. ** Ова ми е реакција што е одговор на она погоре "мајка ми животот хаос ми го направи".. Не, ТИ дозволувш тоа.. ТИ не ја гледаш сопствената одговорност за себе, и сопствената моќ. Само ти самата можеш да се средиш. А се тоа започнува кога ќе се тргнеш од улогата жртва, и ќе видиш за што си способна. Тажно е, и тешко е, ама колку побрзо си се помириш со тоа каква мајка-немајка имаш, толку подобро. Не може да се очекува од физички хендикепиран да игра валцер, исто така и од емотивно хендикепиран не може да се очекува да биде грижлив родител. едноставно не може, има лимит жената и тоа е тоа. И уште ова. Мајката СТАЛНО БДЕЕ над детето и се грижи како е (емоционално,здраствено итн.), а не само кога е болно. Извини ако те боли ова, ама самото тоа што како пример посочуваш нејзина грижа само кога си болна, кажува многу за тоа колку е токсичен односот. Апсолутно точно. Неа воопшто не и е гајле за неа, туку само за себе. Со ваквите личности е секогаш само и само за себе.. И вистина е што збори @Mantub , треба време да пројде, да се тргнеш од токсичноста за да уствари и сфатиш колку ти се светогледите искривени, и колку и себе се доживуваш погрешно, каква тортура си трпела, итн. итн. А од оваа страна, е многу многу поубав животот, и поедноставен. Кога веќе токсичниот родител не е дел од него. И силата и самодовербата што ќе а чувтвуваш во себе, зашто ќе знаеш со што си се изборила, и колку си се излечила и засакала себе.
@Sexychica Не уживам во улогата жртва ни малку, можно ли е тоа? Вчера зборевме ме праша зошто сум била толку тивка, да не сум била во депресија. Реков дека летово ќе почнам да работам во друг град и ќе седам со цимерки. Реков дека сакам да бидам самостојна, а не на 23 години да и барам пари за одмор, за шетање и други такви работи ( ми дава секогаш колку и да и побарам) Ми вика зошто да работиш, јас секој месец ќе ти пуштам 200 евра на сметка и ете ти пари. Прво нешто утрово ми пуштила пари. Значи, се ќе направи само да ме задржи дома. Работи ми вика ако сакаш, ама зошто да се селиш од дома. А, јас најмногу што сакам е да не живееме под ист покрив.