Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Те разбирам. И јас не преќутувам.
    Ама ако веќе не преќутуваш, навикни се да не се нервираш ко ќе почне да вреска или да припаѓа.
     
    На candy.cane, Biljarkata, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека девојчето побара сожалување од нас, едноставно некогаш треба да си ја олесниш душичката и да се испразниш на некој, без разлика дали го знаеш или не.

    Многу е лесно вакво нешто да се каже. Не секој е пораснат на ист начин и не секој го оди истиот пат. Само она знае колку сака да си замине од таа куќа, а еве до негде можда знам и јас. Не е така лесно и едноставно и ја разбирам во целост. Ваквите токсични родители и токсично детство многу влијаат на психичката состојба на децата понатака во животот. Со вакво однесување, се чувствуваат беспомошно и како да не можат да бидат независни од родителот и буквално се чувстуваат како да тапкаат во место. Можеби Квин не се чувствува баш вака но зборам за голем процент од случаите. Разбирам дека ова е форум и дека сечие мислење варира но мислам дека можеме да се потрудиме да покажеме емпатија кон некого бидејќи стварно не знаеме низ што поминува, како тоа му влијае и колку е нарушено неговото ментално здравје поради тоа.

    А на @thequeen95 би и кажала дека се има крај па и ова иако звучи толку невозможно. Но секако крајот не доаѓа сам. Верувам дека си имаш поставено цели во животот и дека е тешко да ги следиш и оствариш со таков човек покрај себе. Бори се за она што е твое и за животот кој го заслужуваш. Потруди се секој ден да направиш нешто, колку и да е мало и изгледа јузлес, кое in the long run ќе ти помогне да се отселиш. Не знам колку можеш со распоредот на факултет да си најдеш некоја работа на страна, барем за викенди можеби? Би ти препорачала да аплицираш баш сегде, сигурна сум дека ќе можеш да се договориш со некого. That is, доколку се чувствуваш психички спремна за работа и факс истовремено. Имаш и доста страни на интернет за работа од дома. Не од странине за кликање со реклами, него некоја лесничка freelance работа. Доколку те бива за јазици и пишување на пример можеш да најдеш доста ситни проекти кои вреди да се пробаат. Посети ја и coursera страницата, имаш куп бесплатни курсеви кои им помогнале на многу луѓе кои ги знам да се здобијат со некој скил за брзо време. Убаво изгледа на CV a и ќе ти помогне за некоја изи пизи фриленс работичка. Барем денес, при луксуз интернет и гугл баш можеш да се снајдеш за некој денар плус. Малку по малку ќе заштедиш и ќе дојде денот да ти ги пакуваме куферите. Не губи надеж никогаш. Не те тешам или булшитам, навистина знам дека ќе се спасиш само навистина некој период баш треба да ја испотиш столицата и да се трудиш 100%. Доколку се чувствуваш како менталното здравје да те спречува (што е сосема нормално, вакво однесување си има свои последици за кои можеби не си свесна сеуште), никогаш не се срами или плаши да побараш помош од психолог. Верувам дека терапија би ти помогнала многу, да го пребродиш ова но и да научиш како да се соочуваш со ваквото однесување додека се уште си таму. Бест оф лак, верувам во тебе:hug:
     
    На ohlalalala, thequeen95, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Не знам дали знаете ама затоа што на сите се кажува во момент на нервоза еве и тука.... јас сум ЗМИЈА. Да и ова не е прв пат да се слушне змија сум оти одлучувам сама-се консултирам но на крај на ден сепак сама, змија оти не давам на себе и не дозволувам да ме вреѓаат и понижуваат и своите комплекси фамилијата да ги лечи на мене и сестра ми која има 17год., змија оти требало да ја спуштам малку главата и да се правам ,,поглупа" за да сум успеала во животот оти вака нигде немало да стасам и ќе сум умрела сама. А исто така сум била и ограничена, себична, сум ги повредувала луѓето итн. Ова се само малку од работите кои што сум ги слушнала од мојата фамилија во текот на животот.
    Тука е плус и треба малку да ослабеш, а пази 169 висока 60кг имам, ослабев ее сега уште ова и супер ќе бидеш. 20 и кусур години начука планираш ли дечко да си фаќаш да се мажиш деца да имаш шо праиш со животов? Се понашаш како ненормална дури како ретардирана стоиш на моменти. Кој ќе те сака ваква? Ти да имаш нешто да кажеш (у смисла дали сум лезбејка па затоа немам дечко). Не сум ...аха епа добро ај не биди бог да чува секоја будала има....
    После имаме константо споредување со моие другарки и децата на колешки, пријателки итн како се они супер а јас едноставно никогаш нема да бидам доволно добра што и да направам.
    Ако ви се верува дека ништо лошо им немам направено, немам ни помислено а не пак да направам постојано само да не се караме да биде се во ред се трудам.Се растргнав на сите страни, душава си ја оставив и јас пак на крај сум лошата. Душата ќе ја дадам за нив се што треба ама нема да бива ни тогаш.
    Не можам да ви објаснам колку ми е тешкп, колку ноќи лежам они спијат а јас плачам и доаѓа наредната ден и се е супер.
    Не можам да бидам повеќе силна, не можам да трпам повеќе толку голем притисок и болка.
    Ќе ми пукне срцево, навистина ми е тешко едноставно сакам само да викам додека ме држи глас, сакам и мене некој да ме гушне и да ми каже се ќе биде добро, да ме утеши и да ми пружи искрено внимание и љубов.
    Јас 23год немам почувствувано вистинска љубов, поддршка и искрњна радост од било кој.
    До кога вака??
    Длабоко во мене само знам едно, а тоа е дека јас не припаѓам тука, на овој свет меѓу овие луѓе. А и гласот во мене интуиција како сакате наречете го со години го вели истото.
    Едноставно не се вклопувам...
     
    На Traveler91, beautys20, Glowy и 5 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    42 години имам и уште не се вклопувам во овој свет.
    Ама тоа не е лошо само по себе.

    Поразговарај со психолог. Ќе ти олесни.
    И за сите ова важи.
    Полесно се пребродуват проблемите со стручна и непристрасна помош.
    Некогаш е доволно и само да има некој да те исслуша.

    Се' е решливо. :hug:
     
    На BlackNight, christinnn, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Јас веќе исконтактирав со еден психолог и решив да почнам, па ќе видиме.
     
    На Ygritte и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Sexychica

    Sexychica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    77
    Само што го кажав ова водруга тема сега. Значи психолог е за секого!
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Леле кога читам колку други девојки имаат ист или сличен проблем како мојот :u:
    Треба една групна терапија, сеанса за таквите мајки или за нас.

    Мене мајка ми ме нарече ништожник затоа што не сум била верник:?:
    Реков дека сакам да бидам малку сама, без дечко за да се посветам на себе, ми вика сега не било време за тоа туку за сериозна врска. Моите врснички чекале деца:fubar:
     
    На Traveler91, candy.cane, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  8. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Боже Господе колку напорна е мајка ти, ко заљубувањето на копче да е, уклучи-исклучи. Не и кажувај што планираш и што правиш моментално или тотално исклучувај се кога критикува и напиња со вакви муабети.
     
    На ohlalalala, Traveler91, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не си ставај на срце се' што ќе ти речи.
    Мајка ти е, ама не значи дека и исти ставови треба да делите, ако делите генетика.
     
    На candy.cane, CocoChannel, minne992 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    9.454
    Пол:
    Женски
    Абе ај,ако ти е мајка не е во твоја кожа не си дете да те манипулира.И мене ми рипна цела фамилија омажи се деца сине ова она абе сите ги отерав ,никој не е јас за мене да решава .За тој што го сакам ми кажа ќе те прави проститутка со тој живот што го живее неморален .И не ја слушам мајка ми,и кога треба.Бар свесно си го креирам животот ,секој сам треба да одлучува за себе
     
    На thequeen95, edna_malecka и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Marcus1

    Marcus1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
    Еве и јас имам проблем со родителите, ако нешто научив од оваа ситуација тоа е дека не можете да му го смените карактерот и перцепцијата на родителот тој секогаш мисли дека е во право затоа што некои родители уште живеат во времето на Тито.Затоа најдобро е да продолжете да живеете без нив застанете на нога финансиски и креирајте ја вашата судбината без нив.
     
    На Traveler91, Glowy, Luminary и 4 други им се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Еден од подобрите совети што ми ги имате дадено и ми дава поддршка за напред.
     
  13. Rada15

    Rada15 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Случајно налетав на темава и се пронајдов...
    Ќе се обидам да бидам пократка...Возрасна сум, некаде пред 30тата и до скоро за жал не бев свесна што се случува но ете некако станувам свесна или можеби веќе го губам разумот...
    Дома, отсекогаш татко ми бил генералот - како каже така мора да биде (во спротивно војна во буквална смисла) Мајка ми, од различни нејзини причини останала со него (за жал) и му ги толерира/ше сите навреди и арогантно и надмено однесување но најстрашно е што тоа се префрли и нас како деца а и веќе како возразни - чувство на страв, несигурност и сл...
    Неговиот однос спрема мене е навидум коректен но само навидум. Не сум блиска со него, но тој се обидува да има контрола над сите нас и едноставно за секоја наша одлука, коментар или направен муабет во негово присуство тој наоѓа да каже било што негативно, да не навреди низ муабет дека ете ние не знаеме, треба него да го слушаме, он има многу поминато, знае како треба (ова се негови зборови) и постојано збпрува негативно како светот е суров, ние наивни и сл што мислам дека почна да се рефлектира и на мојата личност...
    За ништо на светот не можам да направам нормален муабет со него... Одбранив дипломска, одбранив магистерска во кавги меѓу нив двајца (за се нешто) На најсреќните денови ти направил да се чувствуваш мизерно...Знам, во карактерот му е (нема намера да напрсви лошо) но луѓе не можам повеќе...
    Сега, соочувајќи се со други животни одлуки неповрзани со нив дома, размислувам каде би можела да се вратам... Тука, нема мир, никогаш немало смеа и среќа.. едноставно ако му кажам дека сакам да се вратам да живеам со нив (да се разделам со сопругот) тоа за него би била причина за секојдневни навреди и што уште не... Работам во последно време но финансиски не сум моќна во моментот да одам сама ( и плус муабети од луѓето) Луѓенца, се тешам дека ете имам стварно солидно образование и дека ќе ми се насмее среќата па ќе можам сама на себе да се потпрам.. Но ме фаќа нервоза, времето ди минува а тоа не се случува..
    Накратко, ви го раскажав животот,ве молам за совети...
    Мислам дека немирот го носам од ситуацијата со моите дома и не можам да носам одлуки и за мојот живот, се осеќам заробено...
    Сакам да слушнам ваши мислења, совети, можеби сл. искуства..
    Извинете за сепак долгиот пост!
     
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    Зошто да не можеш да живееш сама ако е тоа возможно од финансиски аспект? Какви муабети што ти е гајле. Не знам дали имаш деца и од каде си ама за почеток некоја скромна собичка/станче, сметки нешто за јадење ќе промизеруваш ама барем ќе бидеш на мира, додека да најдеш некоја подобра работа. Не се враќај кај твоите ќе ти биде уште потешко. И немој да бидеш како мајка ти, што оставила и таа и децата да трпат такво однесување, сигурно не сакаш и твоите деца да бидат на твое место еден ден. Млада си, не си го уништувај животот.
     
    На candy.cane, *Amethyst* и hermosa им се допаѓа ова.
  15. Rada15

    Rada15 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Во моментот не сум финансиски во можност за сама... Мојот сопруг не е како мојот татко, далеку подобар и поразумен човек но не се осеќам среќна (имаме некои други проблеми)
    Доколку се решам за разделба со него, тоа би значело пекол за мајка ми дома а со мене би било сигурно слично (би ми се јавувал татко ми по милион пати во денот, знам не би била на мир од него, за него од бракот нема назад а и за се има исклучиво црно сценарио) Не би ми помогнал ништо само би ми ја направил ситуацијата уште полоша... Не знам како вистински да се одалечам од него. Важи за разумен човек но само за луѓето надвор, дома е сосема поинаку...Што мислите да чекам за подобрување со работата па да превземам чекори понатму... Се ми е измешано веќе, долг период се осеќам заробено...
    Деца немаме..
     
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Пушти го татко ти не му се замарај гледај направи си тебе да ти биде добро. Собери прво пари после тоа најди си станче и разведи се. Најдобро ќе си направиш самата на себе ако си направиш најубаво да ти биде.
     
    На *Amethyst* и Rada15 им се допаѓа ова.
  17. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    9.302
    Пол:
    Женски
    Не се враќај кај татко ти и мајка ти, скоро цел живот си го трпела татко ти сигурно не сакаш уште да ги слушаш неговите глупости.
    Мој совет ти е да пробаш да ги поправиш односите со маж ти ако е возможно тоа. А ако не е потруди се за што е можно пократок период да се осамостоиш финансиски, па тогаш разведувај се.
     
    На Alisa22, candy.cane, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.394
    Не знам во кој град живееш, можеш да пробаш да најдеш стан со цимерки...
     
    На hermosa и violetblue им се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    Ако не сакаш да останеш во брак немој, макар сопругот бил најдобар на свет, ако не си среќна ништо не е важно. Барај опции за работа, изнајмување соба, цимерки. А на татко ти нема да му се јавуваш на телефон ако не сакаш. Возрасна личност си и ти бираш кога и колку ќе бидеш во контакт со родителот. Ако не си од Скопје пробај за работа таму или обратно, да го промениш местото и опкружувањето.
     
    На Rada15 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  20. Rada15

    Rada15 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски

    Фала ви за одвоеното време. Моја најголема грешка е што се трудам да им угодам дома и накрај... никому неугодено
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.