Ова слично на мојот случај.Кажи и на мајкати ако има нешто да ти каже на тебе нека ти се јави а не на бившиот.
Kaj mene pa e drug problem, mi se mesa vo sekoja odluka, sakam da odam za Germanija i vregja, kako ne kje otides, ne si najde tuka decko, so site se skara, i me forsira vo skolo da rabotam a ne se pronaogjam tamu, jas si pravam kako jas mislam samo ako ne e po nejzino vregja a zborovite vlijaat za zal, a za finansiski da ne kazam sama si plakjam se, pomos nikakva finansiska.
Веќе со години го имам овој проблем и не можев повеќе да издржам морав тука да побарам совет и да се олеснам. Ќе се обидам од околу да ви ја објаснам приказнава. Мојата мајка со години психички не малтретира сите дома, подобро би било да не навлегувам во детали. Постојано карање и викање по дома, нервози, заспивање со плачење, посакување да сум некаде на другата страна од планетава, секојдневие ми е. Студентка сум, учењето е скоро и невозможно(како да не е доволно тоа што едвај балансирам истовремено факс и работа), не можам ни друштво да викнам дома, нема ден јас да се наспијам бидејќи почнува уште рано сабајле со нејзините сцени и плус дома она намерно расфрла за јас да средувам- и не, не преувеличувам. Сите домашни обврски се оставени на мене, она ништо не ми помага. Многупати имам размислувано да заминам некаде под кирија, би живеела едвај склопувајќи крај со крај, барем мирот ќе си го купам, ама имам помал брат кој нема шанси да го оставам сам. Не сакам да расте во толку токсична средина. Татко ми сака развод и да си замине од дома меѓутоа она одбива. Не можеме да ја натераме да си оди. Пробувано е не еднаш, милион и еднаш полека мирно со разговор, ама не разбира. На ситуацијата мора некако да и се стави крај, психички изморени сме сите и едноставно враќање од оваа позиција нема. Секој ден прави сцени и што е најлошо од се она нас не обвинува за се, за тоа дека животот и е никаков ради нас, никогаш не требала да се мажи, да раѓа деца, тоа и било најголема грешка, дека не не сака(не сакате да знаете какво е чувството сопствената мајка тоа да ви го збори)..А не сака да замине.. Искрено на почетокот, многу ме погодуваше сево ова, ама како што поминува времето, така ова почна од едно уво да ми влегува од друго да ми излегува и веќе не ме допира. Загрижена сум за брат ми. Ми треба совет како може на друг начин ова да се реши, макар и да се известат некои надлежни органи, дали социјално, навистина не знам каде треба да се обратам. Ви благодарам однапред на вашите мислења.
@anii-99 Би рекла да разговараш со татко ти. Викаш сакал да се разведе. Ако ти работиш и тој работи, полесно е привремено да најдете место да живеете. Нема што она да сака или не сака. Ќе ја седнете сите заедно на разговор и ќе и кажете дека ви е преку глава и дека нема да трпите таков однос повеќе. Не знам како иде делба при развод. Ама со помош на адвокати, татко ти треба да се фокусира на тоа, а ти во меѓувреме треба да се фокусираш на факултетот.
Зошто мајките секогаш при разговор ги отвораат картите на мајчинство? Денес зборевме и ме клевети зошто сум го нашла баш тој Албанец да ми биде дечко? Сум била срам за фамилијата? С тоа дека е сосема ок човек не ја занима. Ама, што ќе кажеле роднините само оваа зеде шиптар од сите нас. Што секоја кавга ми спомнува како она ми давала се што сакам, ми купувала се што сакам, сум имала 50 пара штикли, скапи шминки итн. Да, имам секогаш ми купувале се што сакам ама затоа јас требаше да живеам во улога на совршена ќерка, со факултет, со ЕДЕН дечко, да не бидам излезена после 22 часот, да немам многу другарки и такви работи
Затоа што се манипулаторки голем дел од мајките и општо од родителите. Детето мое не го прилагодувам на моите глупи стандарди за квалитет, туку гледам како расте во своја специфична индивидуа и јас сум тука да го поддржам во се. Да имав маж албанец и мајка ми да ми речеше кај го најде...ќе и се изнасмеев и ќе продолжев со животот Ти срцка ти кажав еднаш имаш две дипломи на две најбарани професии. Јас да имав на времето, мајка ми ќе ја оставев да си збори сама со себе. На отровите нејзини ќе и кажев, не фала. Финансиите ме кочеа. Ако ти сакаш да се одделиш вистински од неа можеш пошо финансиите не те кочат. Да, може сега се ти е удоволено и ќе си скратиш од некои работи. Ама тие работи не ти се поважни од мирот
Ми вика не сум го сакала семејството не сум мислела на нив, инаку не би била со него. Сакала да бидам среќна, ама тој не ми бил среќата, а не сака да го запознае. И реков дека мене ми е убаво не сум будала да седам со некој ако ми е грдо. Не можело да бидам среќна ако дома биле тажни. Подобро било 40 да сменам дечковци ама Македонци, отколку овој еден шиптар. Почна да плаче и рече ќе умрела ако продолжам со него. Работам веќе 2 месеци. Нека се смири ситуацијава и ќе почнам да стажирам.
А дечко ти што вика? Пази не се карај со цела фамилија заради еден дечко зошто не знајш какви мисли има тој и посебно кога е во прашање Албанец
Па ако смениш 40 Македонци, значи не се океј. Мајка ти радо би ти да си во лоши врски отколку една добра. Стварно не можам да разберам. Однеси и го дома излажи ја дека е Македонец, нека го засака па кажи и после Албанец дека е
Неговите се многу фини сум ги запознала сите. А дечкото го знам 4 години сме правеле муабет 100 пати.
Господе златен. Некои муабети баба ми знае помодерни да ги направи Гледај не се карај со цела токсична фамилија, само затоа што таа токсична фамилија не може да ги надмине своите глупости и предрасуди Мислам срамно е малце од млада личност вакви муабети да излегуваат
Каква националност и да е, за никој не можеме да знаеме какви мисли има од старт. Важно е да си најдеме среќа и да ја негуваме. А родител што не ја гледа среќата на своето дете ради некои свои сфаќања.. немам коментар.
Од сабајле што убаво сум се разбудила "Не нормална си подобро само брат ти да го родев ти си болна ти немаш другарки пошто и они не те сакаат те мразам се каам што те родив свое дете да не можам да си го препознаам ќе ме умреш" дури не се ни сеќавам што све ми збореше. Неам другарки а заборава дека до лани не ми даваше да мрднам од дома. Ме советувавте горе земи работи собери пари пресели се?! Кај ќе се преселам кога таа не ми дава ни на мочање на раат да отидам. Жими све ви кажувам смачено ми е. Ќе земам ќе се убијам. Да сечам вени не сечам џабе 2 капки ќе протечат и толку. Да се треснам од 40-катниците у аеродром ништо нема да напраам инвалид ќе останам цел живот. Да легнам под воз џабе на железничка п*ки се споро возат. Најубаво ќе ми биде кило отров да испијам дали солна киселина дали било што. За мене живот да има нема! Денес Петровден или Св. Петар и Павле секој различно кажува. Фала ти многу Господе што на празник ми кажа докажа и покажа колку сум ти битна! Една желба имам да пратам до тебе да ме земеш таму кај тебе па слободно однеси ме во пеколот да горам подобро кај тебе да горам него ли тука сама. Слободно ако сметам слободно блокирајте ме! Нема да се налутам! Научена сум јас секаде да сум вишокот без гајле и грижи.
Ова е ужасно, како може една мајка на сопственото дете вака да му вика. Имаш ли воопшто некаков нормален муабет со нејзе? И колку години имаш инаку?
Млада си, не можеш туку така да си отидеш.Кога ќе можеш да почнеш да работиш и да заработуваш друго ќе биде. Сега единствено ти останува сите нејзини зборови да не ги слушаш, да не дозволиш да допрат до тебе затоа што очигледно таа си има сопствен проблем.Нормален човек вака не му зборува на детето.
Тоа е некој ќе плаче за деца а некој што не заслужува да е родител ќе им го зацрнуваат животот како мене што ми прават. Фала на утеха и совет