А мора да е солна киселина? Можам само со средство било какво да се убијам? Неам моментално дома солна киселина а да чекам да купат не ми се чека . Саат време плачам више цела се тресам.
Сакам да умрам Пошто нема друго решение за мене со вакви родители тешко мене Љубов немам никаква осетено ни од родител ни од дечко ни од друштво ни од ништо ради нив Ништо немам доживеано ради нив Не сум ни блиску до тоа се што има проживеано убаво еден просечен тинејџер Животов ми е уништен лвл 200 Крај краева ќе зеам со нож у срце ќе се прободам
@edna_malecka животот е пред тебе, немој со такви мисли. Ете уште една година имаш до полнолетство, тогаш можеш да се одделиш, да работиш и живееш со цимерки, ако сакаш можеш и да студираш вонредно, дури не се осамостоиш. Нема да биде лесно, но не е невозможно, ќе си имаш свој мир. Сега избегнувај ја мајка ти колку што можеш и не и зборувај кога има такви моменти. Од едно уво влегува, од друго излегува. Ќе почувствуваш многу работи, ќе собереш искуства, уште си на почеток на животот, и не дозволувај никој да ти го одземе со нивното влијание. Сигурна сум дека пред тебе претстои подобар пат, во кој ја нема твојата мајка и други токсични луѓе, кои со нивното влијание те тераат да помислуваш на вакви работи. Од ова ќе излезеш само посилна личност. Верувај во себе, може многу да постигнеш. Уште само некое време дури не наполниш 18 години. Дури би ти рекла и уште сега да побараш помош од институции за семејно насилство. Информирај го центарот за социјални грижи, црвен крст или која била друга институција што би можела да ти помогне. Исто така може да побараш и стручна помош. Ти посакувам среќа и немој никогаш да се откажеш, ниту од животот, ниту заради нешто друго што ќе ти попречи или случи во текот на животот.
Баба сеа дојде кај мене у соба ме изгушка си се изнаплакав уште толку. Барем пред нејзе можам да бидам тоа што сум. Ми кажа биди јака не се предавај. А како да бидам јака? Што е тоа се мачка на леб? И викам ќе умрам Ми вика нема јас тебе не те давам ако те грабне дедо ти од таму ќе ти каже и умирање и сѐ. И викам јас немам мајка ти си ми мајка Душа ме боли луѓе душа Баба дур е тука дур е жива ќе ме има и мене ја нема баба ме нема ни мене пред нејзе можам да сум само тоа што сум . А на моиве све им помагам било машка работа била женска работа све носи влечкај помагај и на крај све и свашта да ми зборат? Не е малце не праведно од нивна страна? Не се каам за тоа што помагам далеку од тоа. @Fantasy33 те прочитав цела не посакувам вака да му биде на ниедно дете како јас дај боже јас да сум последното дете вака што му е не е така лесно да се осамостоиш со денешниве плати сигурно ќе треба уште година дена да седам дома да соберам пари па тек тогаш да барам стан а до тогаш?.. Фала ти премногу за советите Мене ми е чист образот дека ништо лошо немам направено ама ова не е во ред животов што ми прави вака..
Не се секирај, ќе биде подобро. Не си сама. Немој да дозволиш нивната нечовечност да те повлече и тебе. Учи, труди се, работи, ќе станеш голем човек еден ден, многу поголем човек од тие што те повредуваат.
@edna_malecka Многу си млада, а животот е тркало. Нема секогаш да се чувствуваш вака. Не си го отфрлај животот за личности кои не се грижат за тебе. Имаш баба која те сака, со нејзина помош избори се за себе. Искористи го однесувањето на твоите како мотивација, да те гледаат како успеваш во животот, додека тие тапкаат во место без тебе. Знам дека е многу тешко да се осамостоиш, но не е невозможно. Не велам веднаш, заврши студии, најди стабилна работа. Направи некој план. Имаш опција и да живееш со цимери. Имаш и опција странство, макар е на почетна позиција. Многу ми е жал што ова ти се случува. Дотогаш ќе се научиш да ги игнорираш и да не допираат многу до тебе. Само крајно незадоволни и фрустрирани личности може вака да се однесуваат. Не вредат да се уништиш заради нив.
@edna_malecka И јас бев сличен случај со моите, не ме поддржуваа, секакви навреди имало, испади, не би да раскажувам за тоа и да си отварам рани. Си се вработив, си завршив факултет, сега моментално сум во странство со човекот што највеќе го сакам, си работиме заедно, следен чекор е купување куќа.. и да ти кажам посилна сум од било кога. Верувај ми, ова ќе помине! Гледај да си што подалеку од нивните глупави зборови и лоша енергија, уште малку си полнолетна, обиди се да најдеш работа, тоа е еден убав голем чекор кон осамостојување. И поминувај си повеќе време со баба ти. Очигледно те разбира жената и сака да ти помогне. И мојата баба ми беше поддршка исто така, до небо сум и благодарна. Верувај кога се ќе помине, ти ќе бидеш посилна од се!
@edna_malecka Никако да посегнеш кон самоубиство. Знам дека ти е многу тешко, ама самоубиството не е решение за ниеден проблем. Тука сме сите за разговор, поддршка и совет. Моето сандаче за пораки е секогаш отворено за било кој на кој му е тешко и сака разговор. Верувај дека еден ден ќе поминат овие проблеми кои ги имаш.
Не поради дечкото туку треба да се одели поради мајка и. Мајка и е болна и треба да оди на психијатар.
@edna_malecka Немој. Исфрли ги тие мисли и исфрли ги нивните зборови од меморија. Не си сама.Ја имаш баба ти. Еве,и ние сме овде за тебе. Сакаш пиши во ФМЌ или некоја друга тема,сакаш во лп(слободно можеш да ми пишеш кога сакаш),само сподели. Истури ги маките овде,не врз тебе. Олеснува кога се споделува. Излези на воздух,слушај музика,фокусирај се на образованието и напредувај. Труди се да размислуваш позитивно,дека ова ќе помине,дека ќе се тргнеш од нив,дека те чекаат поубави моменти.
Немој! Имаш 17 години. Не им го давај животот. Бори се и издржи. Прво дали знаеш некој јазик? Можеш како за почеток сега да даваш онлине часови на мали деца ако знаеш англиски или нешто. Или види во групата со онлине работи да најдеш нешто барем преко летото да си собираш некоја пара. Да си имаш за себе. Само што ќе завршиш средно ќе се одалечиш. Работа ќе најдеш и ќе можеш да си го продолжиш студирањето. Ќе живееш во дом или со цимери. Каков ученик си? Само не се откажувај. Се ќе биде во ред.
Зошто лии.. Никогаш не јадела ќотек од нејзините па затоа еве си лечи комплекси на мене. Она нигде не шетала па затоа и мене ме затвара дома а по роднини кажува дека никогаш ништо не ми било забрането. Среќа па уште се држам. Плачам плачам и ми олеснува до негде. Среќа уште не сум пореметена. Нема ни да си дозволам до тој степен да стигнам како што ме опишуваат.
@edna_malecka Не се давај така лесно. Ќе рече човек 17 години има само, што видела од животот. И навистина е така - според муабетите ништо не си видела во животот, ништо освен нервози и проблеми. Баш тоа нека те турка напред, да доживееш и ти еден ден да видиш убавини - дечко, другарки, макар и една да е, успеси, и се она што чека ти само да посегнеш кон него. Гледај на добрите страни - имаш милион и една другарка тука, верувам секоја спремна да те сослуша и посоветува. Имаш баба и дедо кои очигледно те сакаат. Верувам дека ја сфаќаат ситуацијата ама се додека си малолетна, не можат да направат нешто многу без да предизвикаат проблеми. Па издржи, издржи уште една година додека не станеш полнолетна и барај го чарето после. Дали со баба ти и дедо ти, дали кај други роднини, дали под кирија во гарсоњера со 3 девојчиња - ќе се најде нешто, нема секогаш да биде вака црно се. Знам дека живееме во држава која ограничува и не дава можности какви што посакуваме, ама многу пред тебе направиле да функционира и со она малку што има да го понуди, па зошто да не и ти? Млада си, ќе си најдеш работа. Никој не рекол дека се ќе тече ко ние што сме замислиле - училиште, факс, работа според струка, и ретки се тие на кои таков им е текот. Ама и да паузираш некоја година додека да подсобереш пари за факултет понатаму, од каде знаеш каква ти е судбината. Не викам дека ќе биде лесно. Тежок пат те чека, ама вреди. Не помислувај да си ставиш крај на животот - очигледно еден од ретките подароци што ти ги подариле твоите. Не си ја оцрнувај душата а ни судбината. Учи од нивните грешки за утре ти да не ги повториш истите и како личност и како родител кога ќе ти се укаже шанса.
Сега прочитав.Мислам дека на почетокот сите сакаат да бидат добри родители и ја имаа таа желба но со текот на годините некои луѓе се менуваат им се менува карактерот и за ова има многу причини.