Мислам дека треба да се обратиш кон соодветни институции кои нудат психолошка помош за психичко насилство, бидејќи ова твоето е тоа. Каде е и што прави татко ти во ситуацијава?
И татко ми го команда како сака. Си работи нит алкохоличар е нит ништо. Последен пат шамар ми има удрено пред 3години и тоа не ни памтам за што беше. Со него сум другарка. Ми има кажано глупача и ќе те истепам. И се останало на зборови само. Некад знае и он у дружба со неа да ми вика ваква си таква си Али сам да почне да ми се дере никад. Или да земе да ми удри ќотек да неможам да си дојдам до здив Никогаш. Фала ви на сите за советите
@edna_malecka обрати се до некоја институција. Има сигурно сос броеви на нет. Ова што го прават е умоболно и стварно се за лечење
Жал ми е за што се фаќаш како позитивна страна кај татко ти. Подеднаков насилник е и тој, без разлика што не те претепал. Се надевам за 1 година ќе успееш да избегаш од тој затвор и пекол. Немој ниеднаш повеќе да си помислила на самоубиство и било какво наштетување на самата себеси. Само ти можеш да си помогнеш да си го зачуваш духот.
Здраво луѓе само да ви кажам дека сум заклучена дома од страна на мајка ми, зашто ако излезам мисли дека ќе заминам бегалка со мојот дечко од друга религија ( што не ми паднало на памет) Сакам и јас да умрам во моментов.
??? Како си заклучена? Немаш твој клуч? Кога ќе се врати, биди лабава, не и се замарај и излези си макар да свртиш круг надвор. И најсериозно, оди си од тој дом.
Имам клуч ама она е на работа, па ја викнала баба ми кутрата да ме чува и заклучи. Утре ќе одам на психолог и се ќе кажам што ми прави.
Пред две децении така се воспитувале деца кај некои уште останало. Само да кажам од каде идејата да ја заклучат.
Не знам што е со луѓето кои вака прават. Значи ти ако сакаш да избегаш ќе избегаш, не врата да затвори чувари да стави тој што решил да избега ќе избега и нема да погледне назат. Ама ти врати си го малку назат филмот, дали си направила нешто за она да помисли дека ти сакаш да бегаш, верувам дека она мисли дека тоа е за твое добро и се би направила за ти да не згрешиш пример да избегаш со дечкото. Можеби ако и докажеш дека не е така како што мисли она мада мислам дека веќе чим почнала да те заклучува нема шанси да и објасниш единствено да си одиш од дома само не знам како би било тоа ако немаш пари. Ако имаш лесно е.
Никој не смее да го заклучува на никого во соба и точка. Мајка и мислела за нејзино добро затоа ја заклучила, каква огромна глупост. На таков човек ништо не можеш да му докажеш.
Нема што бе некој да се докажува. Ако родителот по 20 години не те знае како дишеш, касно е после. Ја би неа да ја заклучам па нека вика нека урла. Преку таквото више од створења што се нарекуваат родители.
Да мислела за нејзино добро,само ќе ѝ рекла да разговараат.Ќе ја посоветувала да не брза со одлуки,да биде внимателна.Тоа би го направила добра мајка,а не ваква ко нејзината.
Јас сум повеќе од една година со дечкото и ако сакав ќе избегав. Мене ми е смешно искрено. Ни тој ми рекол да бегаме, ни мене некогаш ми текнало.
Ова се кажува во полиција, не на психологот. Противуставно е да ти биде одземено правото на слободно движење.
Јас немам години немам ни дукумент нит лична карта да иам све ќе пријавам по дома што ми прават. Ама за жал нашава полиција..