Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    63.068
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум напишала во овдешни теми колку ме нервираат моите родители.
    Имам 24 години,а тие сè уште ме командаат како да сум мало дете.Од една страна ги разбирам,од друга страна не ми допаѓа тоа.
    Поради тоа одамна ми се наруши здравјето.И еве,како што пишав вчера во СДК,решив да игнорирам дел од нивните зборови.И сега ми е подобро,дури се чувствувам посреќна.
    Сметам дека родителите не треба многу да ги ограничуваат децата,а ич не треба кога се полнолетни.
    Лесно е да се каже ако не ти чини тргни се,но не секој има можности за тоа.
     
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    5.679
    Пол:
    Женски
    Луѓето се примитивни на овие простори за жал и децата си ги малтретираат да живеат некој живот во шише само за да не зборат комшиите јас знам родители шо синот секој ден го малтретираа му збореа за женење човеко не е добар со здравјето сега добил шекерна болест од нервоза.
     
    На melissa, buba4e89, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    25.046
    Допаѓања:
    195.114
    Имаш 23 години.
    Престани да и' кажуваш што правиш, избриши ја и блокирај ја на социјалните мрежи, и најди си работа.
     
    На piksooki, Feminka22 и Mantub им се допаѓа ова.
  4. Luminary

    Luminary Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    29.377
    Пол:
    Женски
    И јас имав токсична врска со мајка ми.
    Сум пишувала и претходно па нема да должам. Ме малтретираше и манипулираше за да бидам јас виновна за секоја "грешка", да се јадам од внатре и да си викам "ја повредив женава, животот и го уништив, не ја слушам за ништо, не и ги исполнувам нејзините желби и цели, навистина сум себична, ќе умре поради мене". Го мислев ова се до збор (а и повеќе),поради тоа што ми го има кажано, а и таа го мисли. Тонев, не постоев, само преживував и се тресев во очекување на следната расправија, се плашев да кажам што мислам, дека можеби ќе ме удри, заклучи во соба, или можеби "ќе добие некој напад".
    Вака беше се додека решив сама да застанам на нозе. Се вработив, работев цела година и штедев, гледав да игнорирам расправии, да бидам повеќе надвор, се криев и се воздржував. Дечко ми ми беше голема поддршка (секако и него не го сака, не бил за мене), тој најде работа во странство, исто така заштеди, отидов и јас. Нормално кога го соопштив тоа беше страшно, ама некако издржав, толку многу храброст ми требаше, знаев дека ќе е лошо, ама мораше.
    Веќе сум тука некој месец со него, тој работи, јас средувам документи, неговите ни помагаат, финансиски сме стабилни, наскоро и јас ќе почнам да работам. Со моите имам некоја "основна" комуникација, да не е без ич, ама воопшто не ме поддржуваат и не се среќни за мене.
    А јас? Почнав да живеам луѓе. Почнав да дишам. Се пронајдов себе си, јас, со свое лично мислење за се. Посреќна и смирена во живот не сум била.
    Можеби е лошо, не знам, ама со години се борев да бидам своја во средина каде што не ми беше дозволено. Не смеев да дозволам да продолжи тоа. На работ бев.
    Треба многу храброст да се пресече, поготово кога се работи за родител или некој близок. Но вреди за сопствениот мир и здравје. Тешко е, ама некогаш мора така.
     
    На tambelina, Sexychica, melissa и 46 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    8.515
    Допаѓања:
    81.445
    Мислам има мал проблем тука- живеат заедно.
    И не можеш да избришиш мајка од животот.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    25.046
    Допаѓања:
    195.114
    Не да ја избриши.
    Само да не споделува се' со нејзе.
    Мене време ми требаше да научам (откако сум полнолетна де), дека најголемиот проблем со мајка ми е, што се' и кажував, и се' знаеше.
    Нема потреба.. мојот живот е мој живот.
     
    На melissa, Doozy, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sj *O*

    sj *O* Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.469
    Пол:
    Женски
    Za site roditeli I idni roditeli...ne gi kontrolirajte decata vo prekumerni razmeri. Bidejki toa kje vi se vrati kako bumerang, a decata ili kje vi se povlecat I kje se ottugjat od zivite, ili kje bidat kako sho rece edna clenka, "kucinja pushteni od lanec" I ne kje znaat sho poprvo da napravat za inat na vas. Kje im nabiete fobii, kompleks na poniska vrednost I se sho sleduva vo paket so niv.
    Imam drugar so razvedeni roditeli, no zivee so tatko mu. Tatko mu go kontrolira nonstop, ne smee deteto da izleguva samo od doma, od se go shtiti I mora da pravi se shto kje mu naredi, a ako mu se desi neshto teshko nego kje bidi. Deteto (drugar mi) pati od depresija iako toa ne go spodeluva, se gleda na nego deka ne e neshto vo red. Edvaj ceka da zamine nekade za da ne bide so tatko mu. Pred nekoe vreme gi vospali muskulite od preterana aktivnost I go odnesov na bolnica, pri shto ne mu se javi na tatko mu oti znae deka kje si go dobie...Bog da cuva.
    Ako pristapuvate tolku nedoverlivo kon decata zaklucete si gi doma, sho da vi recam...no da znajte deka I od doma mozat gluposti da pravat. Ako se resheni, kje najdat nacin.
     
    На Волшебникот, Purplelilac, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    3.171
    Јас имам токсична врска со двајцата..
    Мојата приказна е долга и широка, само ќе кажам дека психички сум уништена веќе и со сите сили се борам да го истуркам секој нареден ден..

    Меѓутоа, самата си реков дека веќе е доста и последниве месеци не сум ни излезена од соба, прво одев во кујна за да јадам, сега не ни одам веќе сама си купувам јадење и јадам во соба.. Комуникацијата ни е сведена само на 1-2 реченици дневно максимум. Се трудам колку што можам да ги игнорирам и да се опоравам психички, иако дури и вака успеваат се повеќе и повеќе да ме уништуваат.
    Се надевам дека ќе издржам да го завршам факултетов, после тоа ни минута не седам овде. Не ми преостанува ништо друго, само да игнорирам, одам напред и да се надевам на подобро утре.
     
    На melissa, Annora, Tan4ence и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    50.587
    Пол:
    Женски
    Колин, те сфаќам дека не постојат совршени родители и сите грешиме. Но девојката има очигледен проблем, ова што таа го опишува не е нормално. Постојат презаштитнички родители, постојат родители што не се замараат и децата се распуштени. Златна средина. Сите се обидуваме да ја најдеме. Не се лути, но мене ми изгледа како да се обидуваш да го оправдаш своето однесување со тоа што го намалуваш проблемот на девојката. Она ќе и биде мајка и кога ќе има 63, да, но тоа не и дава право да го мачи сопственото дете со своите стравови. Секако дека и е мајка, но она веќе не е дете кое е зависно од мајката, туку возрасна личност. Ако толку имаш недоверба во детето, детето ќе порасне и нема да има доверба во никого. Нема да има ни самодоверба. Ако ти не му покажеш дека веруваш во него, многу тешко ќе му биде да се убеди дека го бива. Родителите често знаат преку призмата на "опасно е" да наметнат нерационален страв. Може е опасно да се возат ролерки, но детето нема да те сфати така. Ќе те сфати дека му велиш ти не си способна да возиш ролерки. Особено кога ги гледа другите како возат и немаат проблем. Звучи неубаво, ама реалноста е таа.
    До девојката. Финансиска независност. Толку ќе ти кажам.
     
    На Kolin, emiliana, Lolipop23 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    50.587
    Пол:
    Женски
    И што? Има психијатри, психолози, не може да се лечиш на сопственото дете. Непотребен коментар кој набива чувство на вина.
     
    На melissa, BloodElf, Kolin и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.397
    Пол:
    Женски
    Јас имам ваков однос.
    На почетокот мислев дека јас грешам само, јас сум таа што не знае ништо да направи, секогаш она збореше во мое име - немам самодоверба. Потоа сфатив дека нејзе и е тешко и си реков "Мајка ми е, ќе ја ислушам ако треба, ќе оставам да збори, нека се испразни, ако можам јас". Со години беше така и на крај кога еден период се оддалечив од дома за да работам, сфатив каква грешка си правам себе си. Бев нервозна, на еден начин и јас станував токсична, не уживав, се чувствував ко на трн. После тоа гледав на друг начин и се решив да покажувам емоции, бидејќи до тогаш се криев(мислев ќе допре нешто до нејзе). И кога покажав дека не ми е океј, дека не ми е сеедно што вака прави, ја терав да гледа попозитивно, дури и наоѓав решенија за да биде подобро, она што направи? Кај што ме одби, дури и почна поагресивно да збори. Се сврте против мене и со секој поргден збор ми укажуваше дека не смеам да зуцнам. Од тогаш па навака веќе ништо не очекувам, минимален контакт. Не заќутев, уште зборам за некои работи, но не сум како порано. Не седам многу дома, гледам што повеќе обврски да си имам, додека не се осамостојам и да се тргнам.
     
    На Amellie13, Luminary, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.414
    Допаѓања:
    34.744
    Пол:
    Женски
    @thequeen95

    Те разбирам во секој аспект, за жал од слично лично искуство кое сè уште трае.
    Точно знам како делува на психа и колку ти го убива сопственото јас во секој поглед.
    На темава ми е премногу болно да зборувам, но ќе споделам кое е моето искуство и како јас се справувам засега а и што планирам во иднина.

    Имам мајка која откако знам за себе е мој најголем критичар и креатор на мојот живот.
    Нема нешто кое го имам направено, а од неа да не добијам негативен коментар или забелешка.
    Ниту едно нешто.
    Почнувајќи од образование (во кое секогаш бев одлична ученичка, сега студентка), потоа пријателства, роднински врски, романтични врски, излегувања, стил на облекување...
    Постојано сакаше да воспостави близина со мене, а всушност сè повеќе ме оттурнуваше со ваквото однесување.
    Ме прашуваше за проблеми или дилеми кои ги имам, за секогаш да бидам дочекувана на нож за истите.
    Не паметам миг во кој ми рекла дека добро сум постапила во одредена ситуација.
    Во нејзините очи јас секогаш грешам.

    Долго време се бунтував, се објаснував, инаетев, плачев и милион други нешта и ниту едно од нив немаше ефект.
    Последно што се обидов беше искрено мислење од моја страна за нејзиниот начин на родителствување.
    Искрено до срж со зборови кои едвај ги изговарав додека си голтав солзи истовремено.
    Тука беше еден момент во кој верувам дека почувствува колку ме има повредено во сиве овие години.
    Но бев свесна дека нашиот однос нема да се промени, затоа што обидувајќи се да ме заштити од светот и да ме насочи во вистинска насока да се изградам како личност, таа изгради ѕид помеѓу нас две.

    Денес, јас ништо не споделувам со неа.
    Дури и кога правам општ муабет јас сум свесна дека моето мислење во нејзиниот суд никогаш нема да биде правилно и релевантно.
    Комуникацијата ја имам сведено на минимум, задавајќи си и понекогаш дури и измислувајќи обврски само за да не морам да објаснувам дека всушност имам време но немам желба да зборувам.
    Еден однос помеѓу девојка и нејзината мајка кој на никој не му го посакувам.

    И јас сè уште студирам и те разбирам во тој поглед дека не можеш засега да се осамостоиш, бидејќи и јас имам избрано факултет кој не се поминува со 2 часа дневно учење и работа. Бара многу, многу вложување.
    Знам дека теоретски е лесно да се пише тука дека може истовремено да се студира и работи, но многу е поразлично во пракса.
    Ниту сите факултети се исти, ниту пак целите во студирањето се исти кај секој студент.
    Така што осамостојување при студирање не е секогаш возможно.

    Поради тоа, она што јас го планирам и тебе ќе ти го кажам.
    Издржи уште година-две додека не завршиш со студии, а потоа веднаш барај шанса за самостојно да се издржуваш.
    Затоа што еднаш штом ќе бидеш финансиски независна, понатака ќе ја имаш и слободата која веќе никој нема да може да ти ја одземе.
    Знам дека е тешко и знам дека се чувствуваш како да си на раб и веќе не можеш понатака, но постои излез и продолжи да веруваш во тоа и ќе успееш.

    Исто така она што не го разбираат личностите кои немаат ваков проблем со ниту еден родител, е дека никој/а од нас кои го искусуваме ова не престануваме да си ги сакаме родителите.
    Не се отпишува родител туку-така.
    Поради тоа, некои нешта се потешки да се направат отколку што вам ви изгледаат.

    До @Kolin .

    Најискрено и најдобронамерно ти го пишувам ова.
    Додека се обидуваш да ја заштитиш ќерката од светот, ја лишуваш од она кое треба да го почувствува и искуси за нејзини години.
    Воедно наместо нејзина најголема поддршка, како што ти се гледаш себеси, во нејзините очи си креатор на нејзините стравови и осуди за себеси.
    Додека е сè уште малечка, имаш шанса да се промениш во родител кој ќе му дозволи на сопственото дете да дише слободно и без стеги.
    Ако сакаш ќеркичката да ја почувствува на вистински начин мајчината љубов, немој да бидеш нејзин најголем непријател.

    Однапред се извинувам ако нешто погрешно имам напишано.
    Навистина немам намера да те навредам.
    Но бидејќи сум токму од другата страна, затоа и споделувам мислење.
     
    Последна измена: 28 ноември 2019
    На Sexychica, melissa, irrelevant и 25 други им се допаѓа ова.
  13. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.782
    Пол:
    Машки
    Треба да се полага за да се добие дозвола да се биде родител...
    Има милион примери за тоа како родителите ги оставаат децата со психолошки лузни. Ама на крајот на денот секој мора да преземе одговорност за својот живот.
    Конкретно, во примерот со @thequeen95, гледам дека не можеш да се тргнеш на страна. Заврши го факсот и осамостој се.
    За мене, џабе би било да се трудиш да ја смениш мајка ти. Можда едноставно со време ќе сфати дека си возрасна и не ти е потребно таа да се однесува со тебе како да имаш 10 години, ама во меѓувреме, ако гледаш дека со муабет не оди напред работата, не се мачи. За една година ќе имаш завршено факс и ќе можеш да си го живееш својот живот. Освен ако не сакаш да се исселиш од дома уште сега. Пример, одиш да работиш како стјуардеса во Катар, за година две ќе имаш доволно пари да се вратиш во МКД и да се посветиш на факсот, да го дозавршиш.
    Во врска со дечкото, ако не го сакаш и не гледаш иднина со него остави го и најди си дечко со кого гледаш иднина. Тоа е излезот. Твојот дечко, а утре маж и вашите деца ќе бидат твоето семејство. Твоите не мора да имаат место во семејната фотографија ако ти така одлучиш.
     
    На Regina.Phalange, Amellie13, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    5.656
    Пол:
    Женски
    Моментално и јас сум во слична ситуација, и додека ги читав сите животни приказни плачев.

    До пред две години се беше во ред, и до тогаш никогаш мајка ми не била презаштитнички настроена кон мене, била но во некоја нормална граница, иако често знаеше и да ја премине но имав разбирање. И не ми претставуваше тоа некој голем проблем бидејќи татко ми беше многу лабав во воспитувањето и со него имав некој баланс: секогаш се ми дозволуваше, ме охрабруваше, немаше сомнеж во мене, буквално ми беше подршка во се, и кога од многу работи сум сакала да се откажам поради мајка ми, татко ми беше тука да ме бутка напред и да ме охрабрува да продолжам и да бидам упорна, кога мајка ми ми набиваше комплекси за изгледот на мој 14 години бидејќи бев по крупна, и поради нејзе бев во депресија 2 години, тие 2 години ми беа пеколни, и пак татко ми беше мојата најголема подршка, секој ден преморен од работа одеше со мене на пешачење и трчање.

    Е сега за жал минатата година мојата најголема подршка во мојот живот, мојот татко јас го изгубив, почина. Од кога почина татко ми секој ден се потешко и потешко ми е, едно поради тоа што го изгубив, но со загубата некако успеав да се помирам и да гледам на тоа како нормален дел од животот. Но најголемиот проблем е мајка ми, што буквално за се ми диши во врат, не ме остава ни 5 минути на само, кога сакам да излезам на кафе со другарките (што веќе и да не се дешава) следи "нели ти е жал сега да ме оставиш сама, ете ти само излегуваш, мора да направи сцена пред да треба да излезам дека не и е добро", се со цел да ме врзе да сум покрај нејзе. Колку во се гледам да и угодам, да не се расправам, да не ја нервирам, да бидам добра со нејзе, она тоа се повеќе го злоупотребува и не ми дава слобода никаква, веќе почна да ме гуши и не можам да издржам, станав многу нервозна и агресивна, сега кога нешто ќе почне да ми држи лекции за животот како треба да го живеам се правам дека не ја слушам, пред неколку дена толку ме изнервира што веќе не можев да издржам и почнав да и викам: " доста ми е веќе од тебе, не можам да те поднесам, згаден ми е животот штп го живеам од тебе и ти си ми згадена" и после тоа нормално со зборување и со манипулација успеа да ме убеди да се осеќам јас криво зошто сум и го кажала тоа, да имам грижа на совест и да се јадам сама себе од внатре.

    Но ќе почнам да применувам дел од советите тука, јас имам мој примања и можам во секој момент да заминам, но на момент ми е премногу жал да ја оставам сама, и се жртвувам сама себе со тоа, но очигледно дека ќе морам малце да се тргнам на страна, за мое добро.

    Извинете на долгиот пост, но морав да го кажам ова некаде, бидејќи ми претставува преголем терет и ме гуши веќе.
     
    На tambelina, melissa, buba4e89 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    50.587
    Пол:
    Женски
    Ептен тешко ама немој да потпаѓаш на нејзините манипулсторски финти на вина. Родителот треба да му биде родител на детето, а не обратно. Наместо да се радува што излегуваш со другарките да си поминеш убаво да се разведриш. Како не и е срам. Се надевам сите ќе се осамостоите и ич око да не ви трепнува, ни на телефон да не ги барате. Раните од родител цел живот ги носиме. Човек што е сакан се осеќа сакано. Човек што го мрази својот дом и не сака да стапне таму не е сакан. И нема друго. Нема мајка ти е секоја мајка го сака детето и такви срања. Некои родители се најсебични на свет. Земете го животот во свои раце не дозволувајте оној што треба најмногу да ве сака, тој да ве толчи.
     
    На Sexychica, BloodElf, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Kolin

    Kolin Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Не сакав да претставам таква слика дека 11 годишна ќерка ја чувам под стаклено звоно, дека ништо не дозволувам или дека после полнолетството ќе ја пуштам од синџирите, @candy.cane не. Таа сепак има само 11 години, мојата грижа, љубов, внимание и совети нема да и донесат ништо лошо. Има разлика помеѓу децата со кои мајката разговара за се и мајката која ја пушта улицата да ги научи.
    Баланс секако дека е тешко да се воспостави @andrejko82 и во најголем дел од случаевите мајката секогаш има разбирање и ќе го поддржи детето на крајот од денот. Бар така сакам да верувам дека е, иако има исклучоци. Во право си за се. Но дали само ние како родители треба да имаме доверба во нашите деца или треба и тие да имаат во нас? Од повеќето коментари гледам дека преовладува себичноста и она „јас знам“, тоа се потврдува, жалосно. Се одбира полесниот пат. Истепај го детето и готово. Излези од дома и готово.

    Отворен разговор е секогаш најдоброто решение. Некогаш се изненадувам колку зрела личност е мојата ќерка, се радувам што често пати кога размислувам психолошки како да го почнам разговорот поврзан со некој настан таа сама ми пристапува и ги кажува работите што јас треба да и ги посочам. Како девојче во ран пубертет си има и она бубачки во главата, но секогаш се трудам да покажам разбирање и да ја воспитувам најдобро што знам. На тоа и мислев кога реков дека ќе го правам тоа до 18 години а секако дека и после... Додека ги шири крилјата родителите се тие што помагаат да не падне во обидите...

    @Cherry333 И јас не ги сакам проповедувањата, посесивни личности кои личните неуспеси ги надополнуваат преку кревкиот карактер на своето дете, сум видела и јас многу примери. Мајки и татковци заглавени во минатото од недостигнати цели кои го уништуваат светото семејство. Но, убедена сум дека различно ќе размислуваш и советуваш кога ќе имаш деца, тешко е да ја вагаш љубовта и слободата.Точката на совршена рамнотежа никој не ја постигнал.
    Друг е случајот на @thequeen95 , 23 годишна девојка која има проблем, кој сигурно има и друга позадина. А и неа ја нападнавте како она да ужива да биде жртва па не превзема ништо. Си го знае она решението, свесна е, возрасна е, на добар пат е. Јас те подржувам @thequeen95 и ти благодарам што ја отвараш темава, убаво е да се видат двете страни.
     
    Последна измена: 29 ноември 2019
  17. Kolin

    Kolin Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Тргни од тоа дека ти си најважната личност во животот на мајка ти, секогаш отворено и директно кажи и што ти смета и сигурна сум дека нареден пат нема да го направи тоа што не сакаш , ќе најде начин да те советува и да ти даде се што ти треба на овој или на оној начин. Покажи дека ја разбираш и ти. И таа е најважната личност во твојот живот.
     
  18. Kolin

    Kolin Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Не погреши ништо, не се извинувај. Јас сум нејзина најголема поддршка и секогаш ќе бидам. Она е мала млада девојка со големи планови во животот, а нема никаков притисок од мене, верувај. Само ете понекогаш признавам и јас, дека претпочитам да го кажам моето мислење и став за секоја тема, а тоа наидува на конфликт понекогаш. Иако постепено расте и се развива во паметна личност на која знам дека ќе бидам горда.

    Многу ми е жал за твојата ситуација. Ти праќам прегратка, се ќе биде во ред. Многу разумна и силно карактерна личност си ти, ти посакувам многу успех на патот кон твојата среќа.Поздрав
     
    Последна измена: 29 ноември 2019
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.998
    Допаѓања:
    37.752
    Пол:
    Женски
    Ајде ти се молам.
    Таа некоја си мајка не ја предомислиле солзите на сопственото дете, ќе ја предомислат зборови. Мораш да разбереш дека тоа што е најдобро за родителот, не е по дифолт и најдобро за детето. Постојат пре токсични родители кои трајно оштетуваат деца на психолошки план, те имаш и примери погоре, сигурно имаш и од околината, само што тие последици не ги поврзуваш со родителството. А се влече од дома, од родителите. Буквално све.
     
    На Regina.Phalange, Milobebence, melissa и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Kolin

    Kolin Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Не ми се моли.
    „Таа некоја си мајка„ е нејзиното се. Секоја приказна е сама за себе. Јас сум воспитана така да ги решавам работите само со отворен разговор и покажување разбирање, а не со секирата во рака.
    Многу лесно ставате етикета на токсичен родител, секоја чест.
    И секое добро, поздрав.
    @Mantub не се оправдувам за ништо, не сваќам лично ништо, но ме боли кога гледам дека во мајката гледате непријател. Тоа не можам да го сватам.
    Моите намери се најчисти на свет.
     
    Последна измена: 29 ноември 2019
    На mira.mira и Stressed Out им се допаѓа ова.