Татко ми вика “јас сум многу добар и не ти викам ништо, да беше некој друг ќе те утепаше на лице место” Сум била срам за фамилијата. И реков на мајка ми дека не можам да ја гледам повеќе, ќе се иселам и никогаш нема да ме види. Кажав многу тешки зборови и јас, ама заслужи.
А зошто не седиш кај него или од него да побараш помош. Нека ти помогне некако, зарем не му е жал цело време ова да го трпиш. Сам седи тој или со фамилијата. Знаат неговите за тебе или???
Знаат. Ама овие дома ми викаат оди замини ние ќе умреме и не те сакаме ни на погреб. Мајка ми кога крева рака на мене на мои 24 години ми се гади со кој живеам.
Ахам, ако некој е срам за фамилијата тоа се они пошто те малтретираат. Не си должна на никој да се објаснуваш. Ако ти дале образование, леб и покрив над главата не значи дека треба да те третираат ко задње ѓубре. Бегај те молам, бегај.
И мене ме интересира тоа. Ако и нуди помош ок, ако не да не си прави поголеми проблеми, иако тоа не го оправдува однесувањето на родителите. Ќе беше добро да имаше подршка од него, ако нема тука веќе е лошо.
Со него не сме се виделе скоро 2 месеци заради моите што не ми даваат, па и на секое излегување во град ме проверуваат. Тој ми рече да ме земе ама јас не сум спремна. И се јави на мајка ми да зборува со неа и џабе.
@thequeen95 а кога златна ќе бидеш спремна? Кога ќе те претепа од ќотек мајка ти? Прво заклучување во соба и земање мобилен, после мавање шамари и кршење телефон? Не сакам да помислам што е следно. Паметна си, размисли мудро.
@thequeen95 а дали ти си сигурна дека сакаш да бидеш со него? Не ме сфаќај погрешно, само како да се двоумиш, оти тој сакал да те земе ама ти не се одлучуваш ни на тој чекор. Размисли што понатака, вака не знам до кога ќе издржиш.
Сигурна си дека вреди се ова шо го трпиш за него? Кога те читам чудно ми е што се трпиш за него, а него никаде го нема. И зарем е подобро дома со вакви насилни родители да седиш отколку да одиш со човекот што го сакаш? Не мора да сте во брак, така може да живеете. Сепак не си мала, 24 години си, можеш самостојно да живееш, а решението очигледно е да си подалеку од тој дом... Е, сега дали со дечко ти или цимерки да си бараш... И работеше нели, почна од скоро..?
Бегај колку што те држат нозе.. Незнам иди кај другарка. Иди кај дечко ти. Иди у хотел. Изнајми стан. Иди. Незнамм каде ама иди си од таа куќа.
А зашто да не отидеш кај дечко ти? На крај краева и да ти дојдат кај дечко ти со полиција. Имаш 18 наполнето. Ќе кажеш со моја сопствена воља дојдов кај дечко ми. А сеа што не ги пријавиш денес?
Како да отидам туку-така кај дечко ми? Ми рекол многу пати тој, пробува да воспостави контакт со моите ама џабе тие не сакаат. Тука станува збор и за брат ми, како ќе имам лице да ги побарам кога ќе ми треба помош? Нив најголем страв им е јас да не заминам со Албанец, уште таков срам им фалело.