Sept e za 10dena Epa stom zaminuvas, nema sto da se raspravas za 10 dena. A decko ti sig ke dojde so tebe nema greska. Uzivaj si vo pruzenata sansa i ne se zamaraj! Sekogas ,malecko si ne znaes!
Како може јас од цела фамилија да имам толку различни сфаќања за животот? Само јас не одам по бајачи, не сум религиозна, не ги делам луѓето по никоја основа. Па, лошо ли е тоа? Поправете ме ако грешам. Нив им е битно што ќе кажат другите. Сега проблем е дали да дозволат да одам. Реков не ми треба дозвола падошот и патот под нозе
Да, па и обратно. Мајка ми вика тоа што може дете да ти направи, никој друг не може. Затоа, се препознава токсична средина и се бара излез ама тешко е.
Види што убав совет имаш. Почни да практикуваш и не се жали. Јас сум при крај, кога сум можела - можеш и ти.
Ти една работа не капираш, а тоа е дека вакви родители за се' прават проблеми во животот. Ако не е албанрц, ќе е нешто друго,. Пошо тоа не е до дечкото, туку до тоа какви луѓе се тие во душата. Така да нема таа што да раскинува со единствениот човек со кој и убаво во животот. Господе сачувај, дај бе мрднете малку понапред, да не ни се смее светот, ај малку барем
Значи слушај. Диплома за доктор имаш. Никој не ти треба. Ама ако сама не си помогнеш, сосила никој не може. Значи првиот чекор мораш ти да го направиш. Не мора да раскинуваш со дечкото ако ти е убаво со него. Ама да се тргнеш од тие луѓе што мене ми се гади кога те читам, мораш да се тргнеш. И телефон да не им креваш. Пошо толку заслужуваат. Ќе умреле бе. Циркузанти невидени
Зошто? Ајде, до утре можам да пишувам на темава ама џабе ќе се докажуваме И тоа пази, у фамилија и моја и на маж ми има Албанци, и цел живот живеам со нив.
Ја те сфаќам шо ми збориш, многу убаво. И да е лезбејка, ќе е зошо е лезбејка.То ми е јасно,тие се ограничени ко едносмерна улица без тротоар. Ама не значи дека е единствениот со кој ќе и е убаво, верувај.
И шо ако има во твоја фамилија? Тоа ништо не докажува. Го познаваш ти албанецот од женскава лично? Не. Значи сите коментари ви се предрасуди. Тој може е супер човек и и е погоден по карактер нејзе. Ама македонче никако да мрдне од своите сфаќања
Нивниот став дека се против Албанецот е очигледен, особено на мајката.. Ама сепак, со извинување, се гледа дека нејзиното однесување не е нормално, и мислам дека коренот не е само тоа што девојчето оди со Албанец, туку жената очигледно има и некои други фрустрации и комплекси па ги истура врз ќерка си, користејќи ја нејзината врска како причина. Како што напиша членката, и психологот, кој е стручно лице, не ги оправдувал постапките на мајката. Јас мислам дека најдобро решение е колку што може побрзо , членката да се тргне од таа средина, не е воопшто во ред да трпи такво психичко и вербално насилство.
@thequeen95 убаво ти кажа @mssuniquee предложи му на дечко ти дали може да се преселиш кај него додека си заминеш во странство, чисто да си бидеш сигурна.
Многу ме сакале, ме растеле толку голема, никогаш не ме тепале ( 15 мин пред тоа мајка ми ме удри и ме соблече од што ме влечеше низ соба за да и го дадам телефонот ), сум ги пореметила, заради мене пиеле апчиња, сум ги срамела, никој во фамилија не бил мешан , ќе ме откажеле од ќерка итн. За 3 недели си одам, и ако не ми дадат пари им кажав ќе одам негде да работам и ќе си соберам пари сама за специлизацијата. И пази, малку ми било ова, нормални родители ќе ја утепале од мавање ќерката ако им кажела дека оди со муслиман. Свашта.
Старомодни се твоите и затоа имате различни сфаќања. Постапките ги осудувам строго, ти не си мала за да те малтретираат. Ти дале живот за кој ти одлучуваш како да го живееш,а не тие. За жал повеќето родители очекуваат детето да ги следи нивните цели и желби. Проблемот е многу подлабок ова со тебе им е само причина плус.
Јас прво би го прашала партнерот дали можам да се преселам кај него, ако почнува да врти муабети ќе сфатам дека не вреди секоја нервоза да ја минувам поради него. Ако се сака, ќе се најде начин, се друго е изговор. Друго, тоа не значи да попушти и да се смири со родителите туку сама да застане на нозе. Секој прв чекор е тежок, после полесно е. Тешко е, но не и невозможно. Па да се пљукнам во специјализации, факултети и дечковци, никој нема да ми го купи мирот.
@Mantub Тоа го потенцирав само за да кажам дека не зборам на памет туку го знам размислувањето на лугето на оваа тема. Скоро бевме на гости Албанци и мм зема му го смени памперсот на малиот,кога почнаа тие со коментари. Како тоа он да го смени најаде или искапе своето дете? Како тоа мм да праи ручек? Тоа за нив е женска работа и се смешно им е. Јас носам и кратко и тесно, па и за тоа имало коментари. Ама нели кого тоа го засега?? Кај Албанците ќерките носат и кратко и тесно ама Снаата?? Ахам да За дечкото не коментирам,си се сакаат се супер. Мислиш неговите со мерак ќе примат снаа Македонка? Навистина би ми било мило, но за таков случај не сум слушнала. Имале девојки македонки но ниеден не ја оженил. Другарка Босанка се омажи за Алб и освен долги сукњи и широки маици др не носи. Или фармерки со долга маица која и се покрива газот. И тоа е ок? Пред да ја ожени се друго кога ја земал под команда на Nëna е Така.. мака ми е и да пишувам повеќе на темава а ич па намера немам да ја разубедувам девојката,она најдобро си знае, повторувам бев во ваква ситуација и Фала Богу очите на време ги отворив!!
А бе нека се благодарни што живеат во македонија кај што никој не одговара за семејно насилство, инаку многу јако ќе го јадеа. Јас да бев пребогата, јас ќе ти дадев пари без враќање само за да се тргнеш од нив. Луѓе во светот се молат за деца, некои си ги осакатуваат децата, неблагодарни ниедни. Пијат апчиња пошо се несвесни, а не заради тебе. Молимте отвори очи и не потпаѓај на глупостиве. Една недела да се тргнеш од нив и ќе си кажеш како издржував. Една недела настрана ќе ти е доволна да сфатиш со какви луѓе си живеела. Луѓе во многу полоши ситуации, без квалификација, без пари, успеваат да се тргнат. Ти имаш предобра работа која може скрос во иднина да ти донесе финансиска независност. Немој да дозволиш здравјето да ти го упропастуваат. Побитно им е комшиите што ќе речат одколку сопственото дете