Знаете што, дечкото Албанец е само Јагода на шлагот, мајка ми секогаш ми го диктираше животот ми кажуваше кога треба да мажам, кога да излезам кога да се вратам. Значи не ми даваше слобода, едино кога бев со бившиот затоа што беше заљубена во него и во неговите пари. Јас и во оваа врска влегов оти ми беше единствено нешто што ме возбудува и нешто што прв пат правам без да прашам некој друг дали е правилно, си го слушав срцето и не, не се каам.
Знаев дека одма примери ќе ми напишеш примери од македонци можам милион да ти напишам единствено важно е дека ти не го познаваш ни дечкото, ни фамилијата така да е безвеза да збориш какви биле они пошо ти си познавала албанци збориш за 24 годишна девојка, возрасна, полнолетна, образована, доволно паметна за никој да не смее да и се меша во изборот на партнер и на било што друго албанецот и неговата фамилија ако ја прифати нејзе македонка испаѓа многу посвесен човек од вас овде полни со предрасуди Па што зборам јас. Албанецот е само една манифестација. Родител што си го сака детето, ќе си го сака во секоја ситуација. Родител што не знае да е добар родител, во секоја ситуација нема да е добар. Овде го направија албанецот проблем, ко демек таа најљубовна мајка била пред да си ти со него, па баш сега се сменала
Ако нека сме ние со предрасуди, мене искрено жал би ми било за девојчето да згреши, млада заљубена. Да не ми е жал немаше ни да коментирам тука. Она најдобро си знае Иншала момчето да е златно, да им потрае. Ајде нека го стаи на тест, нека му пише земи ме дома или ајде под кирија и сите потребни одговори ќе ги има
Postojat i makedonski deckovci/sopruzi takvi, znaci ne e do verata, do religijata, do svakanjeto e na lugeto. Ako ima takov karakter dzabe deka e Makedonec, Srbin, Slovenec i drn drn.. Umot kakov mu e
Тој и рекол да дојде таа кај него, ама таа не сака пошо финансиски не е независна, го промаши изгледа тој дел. Ко што реков, девојкава е препаметна, утрешна докторка, доволно возрасна, така што немој да мислиш дека е толку смотана па ќе згреши
Искрено мислам дека девојката многу тешко ќе се оддели од нејзините, пошто како што самата рече тие ја поддржуваат финансиски и можат да ѝ обезбедат прилично добра иднина (да иде на специјализација по свој избор, да си приушти што сака итн) ама за возврат ќе си земат за право психички да ја малтретираат... Јас се надевам ќе успее сама да се тргне од таа средина. Претпоставувам дека ќе ѝ биде тешко да се прилагоди на живот каде не ќе може да си дозволи многу нешта, ама мора да биде силна. Барем ќе има мир, а мирот не се купува.
Не знам зошто и се објаснуваш на членка која обожава да ги испевртува работите како и одговараат. Ти си имала искуство и го споделуваш тука и тоа е во ред. Има различни случки во секој од нас и на некој тоа му е тешко да го прифати. Некој дава мислење сведено од рекла-кажала,а некој од вистински случки. Така да, @thequeen95 мораш да превземеш чекор за да го живееш својот живот.
@thequeen95 јас прекинав пред да дојде до тоа моите да се откажат од мене, семејството ми е пред се и уопште не се каам
Моите не се луѓе што ќе земат да ме “искршат” од ќотек. Ама многу ќе се разочараат а посебно татко ми. Во животов се прават за мене, ме сакаат премногу и не сакав тоа да си го дозволам. Не вреди ништо повеќе од нив.
Супер, на семејството на прво место им се комшиите, што ќе речат тие, а не сопственото дете, ама на детето семејството му е на прво место, не знам дали е тажно или смешно
Е не знам ако ти се плаче плачи си, јас си пишав само што јас направив башка и премногу сум млада животот е пред мене
Разочарувањето не може да биде ради тоа што имаш од друга вера момче. Ако те сакаат ќе го почитуваат твојот избор и твојата среќа.
Родителите сигурно не се бунтуваат за џабе Со тек на време ке видиш дека биле во право дека тој дечко ти не е за тебе затоа и не го прифакаат не заради тоа што е албанец Возрасни се и го имаат убаво проценето Тоа што те тепаат и малтертираат не се у право затоа тргни се настрана оди на работа најди цимерки делите соба и почни нов живот скроз сама тоа е правилното во моментот ни родители ни дечко
@thequeen95, ти сега ќе мораш да бидеш силна, многу силна. Ова е тоа, одлуката која ќе ти го одреди животот. Ти губиш во секој случај, работата е што помалку да изгубиш. Ако си `95 година родена, јас сум бајаги постара од тебе и затоа послушај ме мене, како форумска „тетка“. Батали братство-единство ( никогаш и не постоело), батали „љубовта победува“ (не, не победува), батали „можам ја сама“ (не можеш). Никогаш не избирај љубов ако тоа значи да останеш сама и отфрлена од сите. Никој нема да ти ја цени жртвата, а најмалку тој за кого се жртвуваш. Се ставаш во екстремно ранлива позиција каде тој и целото негово семејство можат да се изживуваат врз тебе а ти ќе мора да трпиш зошто повеќе ќе немаш каде да си одиш. Муабетот „Не сум најдена на улица, не може да ме третираат така блаблабла?“ Епа ако заминеш, буквално ќе бидеш најдена на улица за него. Следно. Остај го форумов каде свесно затвараме очи пред реалноста на „соживотот“. Нема „соживот“! Тоа ако досега не ти е јасно, набргу ќе ти стане. Има омраза, нетрпеливост и гнев. Ако се разбере дека само си одела со момаков, ти секогаш ќе бидеш како обележана како „онаа што одела со шиптар“. Уште и бегалка да отидеш? Со среќа наоѓање нов асален дечко. Ќе те бараат само за секс, ама никој нема да сака да те шета зошто ќе имаш репутација. Гледав што се случува со девојките од моја генерација што отфлија се за да бидат со дечковците-албанци. А знаеш тие врски како завршија? Момците ги шутнаа за да си се оженат со девојки-албанки, со кои биле верени од деца. Договорени бракови во 21 век. Па сега ти види и твојов да не го чека некоја невина мома во некое село додека он живот живее (читај, се ебе наоколу) а ти свесно си го уништуваш животот. Јас брак на македонка со албанец не знам. Сигурно има, ама од луѓево околу мене таков пример немам. А дека одеа, одеа и сега си го носат жигот. Македонци не одат со македонки кои одат со албанци. И кој што сака нека каже, слободно нека се треска од (форумски) под, тоа е тоа. Може твојов дечко и да е најсупер на свет, еве може и нема вереница, ама не вреди да изгубиш се поради него. И македонец православен да беше, истото ќе ти го кажев. Избери паметно.
Потпишувам тоа што го кажува @mssuniquee Може да фантазирате само. Албанците многу држат до традиции,тоа е реалност,а не некаков романтизам,ако не го знаете тоа, не му давајте совети за подршка на девојчево. Девојчево треба да извага добро,а и препорачливо е да поживее со него и неговата фамилија малку бидејки таа нема да биде утре мажена само со него туку со цела негова фамилија. Родителите се во право.
@thequeen95 по целиот муабет некако ми е се поневерено дека ти ќе се преселиш и ќе започнеш спокоен живот сама макар и во една соба. И покрај сите досегашни мислења и сите настани кои ти се случиле, многу е лошо тоа што упорно мислиш на нив а не на себе. Најпаметно според мене ти е по дипломирањето да најдеш работа и да се иселиш од таму без да им бараш никакви пари, па тек после тоа да планираш специјализација и одење во странство. Специјализацијата и одењето во странство коштаат многу, убаво размисли пред да направиш некој чекор. Искрено ти посакувам да бидеш во мир и да бидеш многу среќна во најскоро време..
Повеќето се фативте за тоа што тој е Албанец, а ако сте го прочитале воведот на темава, која ја отворив темава пред некои 8-9 месеци ќе сфатевте колку е токсична мајка ми. И не се држи овој по традиции, и да раскинам со него со моите ќе им биде тешко. Ми се свиѓаше едно момче Македонче, ама тој имал тетоважа и моите сметаа дека е наркоман. Ги послушав и реков дека нема да ми влијаат веќе.