@thequeen95 Не сум те читала порано и не ти ја знам ситуацијата дома целосно. Ако имаш тортура од родителите, барај решение што поскоро. Никој не заслужува психичка тортура. Сто пати се премислив дали да пишам и како да го формулирам мислењето, дури не ја прочитав @Nausicaa. Израсната сум во мултиетничка средина и верувај дека членката е во право до збор. Никогаш немало вистинско прифаќање на мешани врски камо ли не бракови во Македонија. Тој притисок од околината нема да е воопшто наивен и треба да си спремна на тоа, зошто нема да наидеш на либералност ни на двете страни, а и верувај дека пријателите полека ќе се оддалечат од тебе. И да си се запознала со неговите, верувај дека и нив нема да им е сеедно, биле традиционални или не, зошто никој не е сосема рамнодушен кон средината, особено кон блиските. На крајот на краиштата и да беше македонец, да беше кај него или со него под стан кој тој го плаќа, ако се разделевте, пак ќе мораше да се вратиш кај твоите ако не си финансиски независна. Баш на улица што рече членката горе. Затоа мојот совет е - застани на свои нозе. Многу е полесен животот кога не зависиш од никој. Тоа нека ти е приоритет, фокусирај се максимално на финансиска независност. Да се осамостоиш што поскоро. И не со него под кирија која тој би ја плаќал, а никако кај него дома. Јас да сум на твое место би барала грантови за специјализација на страна, ако имаш и добар просек ќе имаш поголема шанса.
Јас те знам уште од почетокот. Млада си девојко. Паметна си. Имај свое јас. Не дозволувај да ти влијаат и да ти се мешаат во твојот живот. Уште помалце не дозволувај да ти се мешаат во изборот на партнер. Верувам дека знаеш ти што е најдоброто (најдобриот) за тебе. Доволно си голема да си го средиш животот. Со цело срце ти посакувам се најдобро
Се што треба да знаеш и да се стремиш кон тоа е да се осамостоиш финансиски и физички да се тргнеш од нив. Толку.
Зошто би се двоумела доколку со него е сè како што треба? Се надевам дека грешам, но и тој не е баш најдобрата опција за тебе. Не затоа што е муслиман, туку имам причина да мислам дека не е баш идеален, тоа може и во лп, иако веќе ќе ти текне на што мислам. Ако мислиш дека тој ти е надеж да избегаш од твоите дома, голема грешка правиш. Тргни се од нив, но сама, на попаметен начин. Некогаш начинот на изразување не можеш да го смениш, но за да се реши еден проблем потребна е реалната слика, без замачкување на очи.
@Celltica Неговите се многу фини, барем за сега. И ако бидеме заедно, не планираме овде да живееме така да ќе биде полесно. Ние не сме религиозни ни јас, ни тој и затоа не гледаме пречка. Би било проблем доколку се верници, па треба да иде до менување на вера.
Јас немам 45,ако мислеше на мене.Ама имам малку повеке искуство со живеење во мултиетничка средина,а и не живеам во фантазии ко тебе. Не сакам на девојчево да му остане дипломата во фиока,затоа што модерниот албанец после венчавка станал традиционален па не дозволува жената да работи. Веке видено многупати.
Не знам на што мислиш, слободно можеш да пишиш и овде. Јас не се двоумам, ама не планирам да се мажам за некој месец. Сакам човек со кој ми е убаво и се согласувам. Се двоумам затоа што пак имам грижа на совест за овие дома.
Види, одлуката, со тоа и последиците секако се твои. Тука на форумот ние може да кажеме приближни искуства. Јас кажав од тоа што сум видела. Крајно секако ти ќе си решиш што сметаш дека е најдобро.
Ама можеби не е таков "лош" како што сите го етикетирате. Можеби има добра душа. Јас како што прочитав меѓу редови видов дека човекот има добра душа. Еве и Дквин нека каже.
Девојката има проблем со семејството, со родители кои сакаат во целост да и го контролираат животот, дечкото Албанец е само моментален проблем. Сама има пишувано како тие и го избрале првиот дечко бидејќи бил богат, како и го конторлирале излегувањето каде, со кого, до колку и слични работи. Денес е проблемот дечкото Албанец и да раскине со него за да ги "усреќи", утре тие за друго ќе и се фатат, пример изборот за специјализација, не знам, што било. Кај дечко и не оди затоа што сака да биде независна, не сака тој да е спасителот, сака сама да се избори и да застане на нозе. Барем јас така ја разбирам. Неговите постапки со тоа што се обидел да зборува со нејзините, а и со тоа што и понудил да живеат заедно. Постапкиве зборуваат дека сепак таа нешто му значи и дека не е девојка за провод, без разлика што не се реализирани, и да се кажи ова на збор е тешко и не го кажува секој. @thequeen95 кога ќе можеш искористи прилика за да заминеш од тоа семејство, мир со нив никогаш нема да најдеш, постојано ќе те конторлираат и твоите одлуки ќе се исклучиво нивни. Претешко е да се почне од 0, но мора да си похрабра и порешителна. Тешко е да заминеш зашто те гледале и финансиски те поддржуваат и многу ќе ти е тешко да се привикнеш на финансиска незавианот. Секој почеток е тежок, но кога имаш мир и веруваш во себе, ќе успееш. Уште некој збор за нашите родители. Сакаат се да е во нивни раце. Пре би да не омажат со македонец кој ќе не малтретира, отколу со друга националност која ќе те почитува и цени, само за да не зборуваат комшиите. И не, не е секогаш семејството во право. Секогаш погаѓаат во онаа слаба точка ние ти мислиме најдобро, се сме правеле за тебе.
Си ме разбрала потполно, дечково е моментален проблем, како што кажав, пред него ми се свиѓаше дечко со тетоважа ама наркоман бил. Не сакам да зависам ни од дечко ми, ми вика ќе ти давам јас пари немој да се секираш за тоа, ми вика и никогаш да не му вртам грб на моите зошто сепак ми се родители. Разбран е, не ме притиска, се труди ама моите не сакаат да го видат. Кога и кажав на мајка ми дека сум во врска со Албанец, ми рече подобро да сум легнела со 40 Македонци, отколку со шиптар. Срамота. Цел живот ништо лошо не сум правела, нит сум шетала по дискотеки ( шо е нормално ), нит сум била лоша ученичка, нит сум пушела, пиела.
Може некој да ми каже зашто на албанките не им даваат со наши да идат туку одма сите браќа и од први до петнаести братучед ќе идат да го стрелаат?
За жал родителите, особено мајка ти е дефиниција за токсичен родител. Некое решение тука нема да најдеш. Јас не се сложуван со погоре понудените совети од типот оди кај дечко ти. Луѓе ако е во врска, не значи дека единствено решение е ао него да живее. Заеднички живот е голем чекор, треба да си на секој начин спремен да почнеш да живееш заедно. Тоа што е Албанец ич нема врска. Не има добри и лоши во секоја нација и вера и не можеме да генерализираме. И јас сум порасната меѓу Албанци и сум видела и добри и лоши ситуации. 24 години имаш, ти не треба да прашуваш дали твоите ќе те пуштат некаде, ти мораш да се тргнеш. Јас знам за албанка мажена за македонец. Еве го уште е жив
Не се само нашите родители вакви и Албанците се. Сестра ми има другарка Албанка, кога ги зедоа дипломите нејзините нѐ викнаа на кафе, со мајка ми паднаа на муабет што после школо? Баба ѝ ни рече: "девојчето ќе го омажеме за момче што ние сакаме, ниеден Македонец нема да ја чува како нашите." Толку многу ми падна за девојчето, што мора да прифати се што ќе и кажат, бидејќи е со посебни потреби. Иако и самата има кажано на сестра ми дека сака да се омажи за Македонец.
Тоа е само овде така, и тоа се поретко. Овие се мешана фамилија имаат секакви. Бев за Бајрам на гости многу беа фини, ми пратија дома баклава за моите да каснат, мајка ми ја фрли во канта. Има преслатки внуци ги шетавме во парк со сестрите негови, сосема се океј. Сите работат никој не им забранил. Во Косово навечер да излезете да видите како се облечени миничи до под газ.
Колку е тешко да се сфати дека идиоти постојат во секоја националност, свесни и поштени луѓе постојат во секоја националност Олку проста и едноставна работа ако не може некој да ја сфати, не знам како да се разговара понатаму
@thequeen95 И јас се сложувам со членовите погоре дека апсолутен приоритет сега треба да ти е да се осамостоиш. Ако имаш шанса за во странство, можеби треба да ја прифатиш. Само кога ќе бидеш самостојна ќе можеш слободно да донесеш свои одлуки, без некој да има контрола врз тебе. А мислам дека тоа највеќе го сакаш. Дечкото ако навистина те сака ќе сфати низ што се поминуваш и што се мора да направиш. Свадби, живеење заедно чисто колку да побегнеш од дома, не е тоа што ти треба. Ако те сака, ќе те поддржи во овие чекори за осамостојување. Ако шансата за самостојност вклучува раскинување, можеби треба да го направиш тоа. Да, пак ќе се чувствуваш дека одлучуваат за тебе. Затоа ќе имаш екстра мотивација да успееш во самостојноста. Погрижи се тоа да е последен пат. А за дечкото, нема да испариш од планетава. Ако толку те сака можете пак да воспоставите контакт, кога ќе бидеш независна.
Некогаш родителите ни зборуваат за наше добро, но не значи дека се во право, често знаат да претараат како родителите на членката. Кога го фатив првиот дечко, мајка ми постојано мрчеше за него. Сега се покајав што не ја послушав, исто и за последниов, многу, многу се каам. Имала право, ама јас водев инает. Не велам дека мајката на членката е во право ама нека размисли до кога би трпела. Брак и врска не е исто, во брак речиси се' се променува. #justsaying.