@Mantub Ете прво за тебе пишав кога го напишав постот. Со тебе никако не можам многу различни ставови имаме. Те молам од сега скроз игнорирај ме како и јас тебе.Доколку девојчето не е таков случај нема што да се пронаоѓа. @Nausicaa Постов пак ќе напишам нема врска со конкретниов случај, проблемот е што малава наша не сфаќа никако. Слепо му верува и никако неможеме да и помогнеме. Она ќе се заклучи во соба и ќе плаче цел ден ако некој нешто и каже... Маж ми се понуди да искочи со момакот да видат што како, мада не верувам дека ќе прифати. Дури ни нејзините сестри не го виделе, учел за Оџа и бил многу религиозен. Камо среќа да е хорор... Леле и оваа што ја игнорирам ич не ја можам! Он неа може да ја лаже цело време од кај знае па она дома каква им е ситуацијата? Кога ќе почне да живее со него е тогаш ќе ја види реалната ситуација. Аман!!! И јас незнам што па се замарам толку...
Мене ме интересира зошто имате такви ставови? Дечкото е сосема океј, ме сака, ме разбира, ме почитува, никогаш не ме притиска да правам нешто, не ми рекол за облекување ништо, го знам од 2017 сигурно ќе се покажеше каков е. Трпелив е ми вика да ме му вртам грб на моите, се интересира за мојата иднина, едвај чека да дипломирам....и сега, јас сето ова да го фрлам заради мислењето на моите, кои патем не му даваат шанса да го запознаат? Каква врска има религијата тука?
Сите познаваме по "еден". Знам и еден Македонец што нападна Македонец што бил со сестра му. Знам Бошњак што нападнал бошњак зошто бил со сестра му. Знам куп бракови што пропаднаа иста вера, нација и различна вера нација. Знам бракови кои се пример за тоа како треба да функционира едњн брак, а се различна вера и нација, а има и од иста вера и нација. Знам Македонец што ја има скршено од ќотек девојка му, па после и татко и. Знам Албанец женет со Босанка која живее прекрасно и имаат 3 прекрасни деца. Секој човек, индивидуа, семејство се различни. Сите си бираме партнер кој ни одговара. Но сепак, поентата на девојкава не е дали е ок да биде со дечко Албанец, не и лежи маката во тоа, туку во родотелите. А да не спомнеше дека дечкото е Албанец, ќе одеше само во правец на родителиве дискусијава.
Забега темата, од мојот коментар дека ме удри мајка ми испадна сама си го барав што се сплеткав со шиптар лол ок
Такви ставови имаат заради истите причини кои што мајка ти и татко ти имаат такви ставови. Ти да го запознаеш дечкото со секоја од овде членка, пак ќе најдат нешто само да си ја оправдаат својата предрасуда Јас ќе ти кажам да не прекинуваш со партнер ако ти е убаво само заради други. Ако прекинеш со него да прекинеш зошто тебе не ти е погодено, а не да исполнуваш нечии желби Спомна странство сакате Ви посакувам да одите Гледаш со што ќе се соочуваш овде
За разлика од тебе, која го има прочитано истиот проблем на кој и напоменав и има дадено совет и таму, памтењето и логиката ме служат многу повеќе. И заради истите сум сигурна дека не е баш розево. Не дискутирам повеќе, queen доби совети, на крај останува убаво да размисли, со ладна глава и да одлучи што е најдобро за неа.
На крај, небитно дали е Албанец или Македонец. Фактот што се фини не значи ништо. Пролистај ги темите во Брак, ќе видиш на колкумина им било мед и млеко, па после да тврдат дека се сменило се за 180 степени. Се што ти кажуваме е да не избрзуваш и да ти е приоритет да се осамостоиш.
Абе срцка секој коментар ти го цитирам, ама сакам да те разубедам дека ништо погрешно не правиш Зошто е македонија овде кај што е Еве ти примери колку сакаш Никој не се потресува за шамарот, ама за албанец што бил во несвест испопаѓаа иако сто пати им кажа дека е скрос океј тип Одете странство Македонија ќе остане само со луѓе што живеат за комшиите Не одговори на тоа што ти го пишав. Како ќе и помогне на девојкава ако ти извадиш статистики за муслиманско население како живеело кога таа сто пати нацрта дека тој конкретен дечко и фамилијата се сосема океј луѓе?
Тебе те памтам од кога ја отвори темава, се ми е јасно и со среќа во странство. Најискрено, прво сама со себе да си на чисто и стабилно, после решавајте други дилеми. Абе девојкава, ко и секоја друга, сите се супер фини, океј, дури не почнеш да живееш со нив. Ко да не се знаеме од други свекрвни и слични теми, па не мислев вака, па они не беа вакви, он не беше таков. Тотално небитно, Албанец, кинез, дури не живееш со некого појма немаш колку ви оди или не ви оди работата
@mssuniquee, тек ќе види она што е плачење ако отиде да живее во таа куќа. Не и зборете директно против него, туку коментирајте ги условите во кои сака да ја одведе. Кажувајте и дека е тешко со свекор и свекрва да се живее, не па со плус браќа и сестри. Потенцирајте дека нема место таму за уште еден човек. Ти кажувај и (шминкај ако треба) дека е многу непријатно да си бремена а да треба да чекаш ред за тоалет со уште десет души, да не може да се истушира на мира, утрински мачнини итн. На страна што (претпоставувам исто како и во македонските заедници) од неа како снаа ќе се бара на сите да им удоволува (готви, чисти, пере) и девојкава ќе треба буквално да цркне од умор `рмбајќи за куп народ. Ако е воопшто изводливо, некако натерајте ја да ја одложи веридбата додека да се изгради куќата што и ја ветил. Може и ќе и помине првичната заљубеност (затресканост?) па пореално ќе го согледа дечкото.
Ти вели да не им вртиш грб на твоите. И тој нема да им сврти на неговите кога ке му кажат каква жена треба да донесе.Живеел во центар,модерен бил,фини биле неговите си ги видела за Бајрам.Многу си незрела бе злато. Проблемот е во тебе.Не си мала.
Не знам дали карактерот или дневниот распоред, муабетот ми е, едно е дечко за гледање по надвор, друго е живеење заедно. И стално советувам, и ти го знаеш тоа, пред брак поживејте заедно некој период. Многу очи отвора тоа, многу корисна работа, треба да се воведе како задолжителна со закон
@mssuniquee сега обрнав внимание на коментарите. Она штом сама сега не сфаќа во што се впушта, не верувам дека ќе ја разубедите. Секоја девојка што има цврст карактер до сега би го откачила. Кај неа ќе биде "сам пао, сам се убио". Ќе сфати дури од кога ќе си го за*бе животот.
Мила, се ова и е зборено со денови и од нејзините и од нас, и мм дури и вика само со мајка ми живеевме па си направив свое купатило. Она не гледа како теле и ќути. Знам џабе трубиме 4 години е со него и тоа е .. Јас сум таква личност не можам да дозволам и да ја лажам у лице дека се ќе биде ок дека само за неа ќе и изгради палата и слугинка ќе има. Аха да, ама реалноста е друга. Ептен ги сакам тие девојки дека се многу наивни неискварени и затоа на сите им веруваат @Emotional123 Баш така. Нема што да правиме,наше е да и помогнеме и да ја посоветуваме ете, доколку пак реши да се мажи Бујрум..
@mssuniquee леле жал ми е Јас мислев дека ова е нешто тазе па девојката е ептен затрескана, хормони, розеви наочари и слично па од силна љубов и страст не може да види што ја чека таму. Навистина се надевам ќе успеете некако да допрете до неа.
Ако си толку сигурна во себе за него , ако тој е толку сигурен за тебе , и постои љубов и поглед кон иднината , земај си све што ти треба и замини си кај него ! Ама ако си сигурна дека тоа е тоа што го сакаш ! Не се секирај свако чудо за 3 дана , еден ден ќе се помират твоите .
Не е за одење кај него, кажа дека приоритет и е да се осамостои, па со дечкото здравје како ќе биде. Затоа и нејќе он да ја финансира, сака сама да се финансира, за ако нешто не е океј да може да си е самостојна пак. Млада е 24 години и кажа не планора да се мажи уште сега. Ај од тука од овие линии продолжете со совети. И баталете дечкото националност. Проблемот е посесивноста на родителите и како да се реши тоа.
Не може да ги промени родителите , тие се такви и такви ќе останат . Ако е така според постов твој нека биде сама некое време па коцките самите ќе се средат. И скришно да се гледаат еден ден ќе им се смачи , па тек тогаш нека си донесе конечна одлука .
Не можеме ни скришно. Мајка ми вади месечен извештај од телеком и гледа со кој сум правела муабет, ништо чудно и да ме следи кога излегувам. Затоа да заминам и да се спасам Едит: а според мајка ми јас сум веќе стара и треба да раѓам. Точно. Ме нервира тоа што моите ми кажуваат и префрлаат со кој се гледам како да немам право на приватен живот.