Леле кога ќе прочитам твоите се во право за дечкото... Моиве не го прифаќаат дм оти бил низок. Ај кажете - во право се?
Ццц моиве хистерија прават, посебно мајка ми. Вчера ме извади од такт кога почна да ме влече низ соба за да и го дадам телефонот. на рака сум цела со гребнатинки од неа, буквално фудтанчето ми го соблече пред татко ми од што ме тргаше и ми залепи еден шамар. Ми се лоши кога е дома, е, до толку е работата. Не можам да дишам кога е во моја близина. Дали таков однос треба да се има меѓу мајка и ќерка? Па тоа е безусловна љубов, мајката треба да биде сигурно место на ќерката а не да и се гади од неа. Вчера се ова и реков, таа се вади дека сум имала се што сакам, ми давала пари итн. Ме условуваат двајцата со татко ми или да раскинам, или немало да ме пуштат да заминам странство. Луѓе, ништо лошо не правам баш напротив, секогаш бев повлечена и ги слушав моите за се. Како може детето да е срам за родителот ако има дечко со различна религија? Како може, зборовите од комшиите да ги боли повеќе од мојата несреќа? Какви родители се тие? Имам 3-4 колешки што имаат дечковци Албанци/Турци, сите си живеат како што треба.
Немој да раскинуваш со него ради нив. Немој! Иди у странство и не се враќај. Кога ќе се вратиш од странство иди у хотел негде било каде додека не си најдеш свој дом. Кај нив дома не се враќај. Ако треба излажи ги дека си раскинала Али немој стварно во реален живот да си раскинала.
Нема да и помогне, ама еве јас имам причина да не верувам дека тие се сосема океј луѓе, дечкото поточно не од искуство и не затоа што се муѓслимани па ќе осудуваме. Нејзините не се во право воопшто, ама решение не е таа да избега кај него, нема да и биде подобро.
@thequeen95 Многу ми е жал што поминуваш низ ова. Добро те разбирам. Но не си ти виновна што твоите се такви и што одлучиле на тој начин да дојдат до тоа што нив им одговара. Само тоа сакав да ти кажам, тоа се себични луѓе. Можеби ти мислат добро, ок, не можеме вака да процениме, но тоа што го прават оди во крајности и на никаков начин не може да се оправда. Никој не заслужува таков однос, поготово не од родител. Таа средина е токсична за тебе, и би те советувала што побрзо да се тргнеш на страна. Една соба, една. Верувај повеќе мир ќе имаш отколку сега. И те молам не се оптеретувај со ова. Всадено ни е во главата на сите дека родителот секогаш ти мисли најдобро, па дури и да не е така, осеќаме грижа на совест кога имаме различно мислење со нив и кога се стремиме кон нешто различно од нивните очекувања. Размисли за ова со твоите, и обиди се да прифатиш дека тие се такви, секогаш биле и најверојатно ќе бидат. Ти на тоа не можеш да влијаеш, само ќе се повредуваш обидувајќи се да ги убедиш да те разберат или поддржат. Колку побрзо го прифатиш тоа, толку подобро за тебе. Храбра девојка си, и верувам дека ќе го најдеш мирот наскоро. А до тогаш, размислувај како да се тргнеш од таму. Ја имаш мојата поддршка.
Фала ти Јас немам ниеден роднина на кој можам да сметам. Тетка ми е иста како мајка ми, баба ми само во бајачи и магии верува, братучедите и тие се која во манастир, која е во депресија седи дома, значи сите ми се токсични. Едино, со брат ми да пробам да зборувам зошто и он едвај чека да си замине од дома. Јас се чудам како сум толку различна, мајка ми често ми вика ќе ти правам дна тест, сигурно те помешале на болница, наша ваква неверник не си - дај боже и реков.
Ama sto sega razlamagas, resenieto ti e pred nos za 10 dena. Objasni mu na deckoti deka duri da zamines ke bide vaka, posle ke si zemes drug broj koj nemoze da go proveruva majka ti(a i dosega neznam zasto nemas na tolku mozni opcii)... toa e se. Zaninuvas i kraj na programata.
Ок .речи му на дечкоти дека да те почека ,ако љубовта е вистинска тој ќе те чека и ќе си заминеш , не ја разбирам твојата нетроеливост За да заминеш не сакаш , не разбирам што сакаш
Неколку дена се мислам дали да пишам на темава. Јас потполно те разбирам, донекаде и јас сум во слична ситуација во врска со родителите. Ама реално за тоа вината ја наоѓам и во себеси бидејќи сум премногу отворена и многу работи што не требало, требало да си ги задржам за себе, им ги имам кажано. Значи за секој проблем има решение. Во оваа ситуација освен да не им кажуваш, па дури и да излажеш за да се заштитиш (иако сум скоро секогаш против лажење и неискреност), не гледам друга опција. Ете сега ќе дипломираш, стажот од шестта завршен ти е? Лиценцата? Сепак гледам дека ќе мораш да седиш дома додека не завршиш со сето ова. Бидејќи сум на истиот факултет можам само да те посоветувам да им одиш по ќефот на родителите додека не земеш лиценца, бидејќи ќе ти треба мир за сето тоа учење. А медицина и финанска независност не одат рака под рака барем во првите десетина години. Дечкото можеби е најдобар ама некогаш не вредат жртвите кои сме спремни да ги направиме за машко. Се додека не си уверена дека тој е тој, дека ја гледаш иднината со него и со никој друг, не вреди. Чим издржал 2 месеци, ќе издржи уште неколку месеци. Заврши си ги обврските со факултетот, осамостои се, застани на свои нозе па потоа ќе можеш да си го живееш животот по сопствени правила. Жал ми е, ама се додека си под нивни кров ќе ти диктираат што и како. Твое е само да го прифатиш и издржиш како и изминатите шест години. Уште малку имаш!
Вака, очигледно е дека твоите (особено мајка ти) се манипулатори. Таквите родители не сакаат детето да се осамостои, по секоја цена ќе се трудат да останеш покрај нив. Не велам дека тоа е со умисла, најчесто е затоа што "ти мислат само најдобро" ама тука и најмногу грешат. Те гушат и сакаш да избегаш по секоја цена. Како прво седни и размисли. Колку всушност го познаваш дечко ти, колку е голема таа љубов? Реално е дека имаме големи разлики во културата и начинот на живот со албанците. Тие имаат голема стравопочит спрема родителите, и да е најзаљубен на свет, при најмала твоја "грешка" во однесување спреми се за осуда. Не велам дека е невозможно, но потребни се огромни компромиси за да се одржи таква врска. Од друга страна, родителите мислат дека под дифолт треба да ги почитуваш и да им се покоруваш. Сосема е во ред и да не разговараш со нив, но тоа мора да го направиш со ладна глава, а не " од инает". Посвети се на образованието, се ќе си дојде на место остави времето да покаже. Немој да избрзуваш, сакајќи да се спасиш од мајка ти да налеташ и на полошо и да се заглавиш самата себеси. Одржувај минимален контакт со твоите, се додека не се осамостоиш, а после се е полесно.
Јас да бидам искрена, фамилијата ми е на прво место. Не викам дека не е битна и љубовта и партнерот, НО, нема со негови пари да завршам факултет, да платам за полагање лиценца, за специјализација... За жал и членката ми е колешка и факт е дека мора да имаш финаниска поддршка зошто изгор скапи се и специјализациите и се... Би размислила на твое место дали вреди цела иднина, кариера, финансиска сигурност, фамилија и се да ја фрлам во пропаст за еден дечко. Нема од него да зависам финансиски или да останам со неостварени соништа... Врски по 10г се распаѓаат, не па некој што година дена е со тебе. И толку разводи има, не па за дечко и врска... Не верувам во тоа "сродна душа", "еднаш се сака", кога да беше така немаше во една држава најмалку 3ца да не привлекле и да сме имале нешто со нив. Ама ајде и да беше барем некој што постојано е до тебе, вака ем сама трпиш проблеми, ем го нема, ем се плашиш да почнеш иднина со него и па коцкаш се... Мислам дека повеќе ти е интересна врската за водење инает по дома и дека за првпат си се спротивставила на нив. Јас би размислила сериозно детално колку вреди се да изгубам за некој човек што кратко е во мојот живот. И нема врска што е Албанец, општо зборам за дечко... И моите така позаштитнички настроени беа кон мене, мајка ми коа дозна на 17 дека дечко имам од друг град и тоа ете Македонец православен одма почна да паничи да не ќе ме изневерувал, од толку дечки во наш град зошто сум нашла некој од далеку и на моменти и мене ми беше токсична. Не ме условуваше ама црни сценарија ми правеше за да ме исплаши и да раскинам, па и прв дечко за кого дозна беше и паничеше одма демек наивна сум била и мала. Ама до некаде ја сфаќав и јас ги имав истите стравови и само што почнав да се гледам со него, си реков млада сум, ќе оставам на времето, да видам дали вреди врската и ако вреди полека и они ќе навикнат. Во ниеден случај не мислев да правам проблеми и кавги со фамилијата за дечко што буквално неколку месеци го знам. Поминаа 2г, заедно сме, прифатија и врска на далечина, видоа дека се е океј и фала богу и во ист град ќе живееме наскоро, па и мајка ми го засака ама ми требаше и време и труд да докажам дека вреди врската и зошто баш него сум го избрала. Но, искрено, да требаше да бирам меѓу него и фамилијата ќе ја изберев фамилијата. И он знаеше и му имав искрено кажано, сум финансиски зависна од нив и само они може да ми помогнат да си ги реализирам соништата, мала сум, ако си спремен на се што може да се случи да останеме во врска, ако не да прекинеме на време, сепак фамилијата ми е на прво место и од љубов само не се живее. Среќа добро заврши. Првпат и последен пат имав таква ситуација дома да ми се испонаша мајка ми и кај мене беше случајот баш ради дечко ми и ради нејзините стравови и заштитничко однесување. Можеби ти си во предност што ете не си малолетна ко ја што бев тогаш и имаш повеќе можности сама да почнеш да зависиш од себе. Но, со оглед на тоа што свесна сум колку финансии ти требаат за специјализација, сепак си ограничена. Треба сериозно да размислиш. Имаш опција да раскинеш со дечко ти и да пробаш да се смириш со твоите, да го одбереш дечко ти и да си отидеш од дома и да почнете живот со дечко ти или да раскинеш и да си отидеш од дома, да почнеш живот сама, без него и без твоите, од ново. Се ќе си има pros & cons, но треба да размислиш што сакаш највеќе, која ти е главната цел и приоритет, љубовта, фамилијата или кариерата и да размислиш на долгорочен план што највеќе ќе ти се исплати. Среќно како и да постапиш и што и да се случува. Ти посакувам што поскоро да се среди се и да бидеш среќна.
Не е дали треба да бира меѓу родители и дечко туку меѓу родители и мирен живот. Не знам како не сконтавте дека и да раскине со дечкото, пеколот ќе продолжи. Искрена ќе бидам. Нејзините не ја сакаат. Оти детето ако го сакаш, го сакаш и кога е среќно и кога греши. Ова не е љубов од нив. Ете ќе раскине од дечкото. Да им го прости тепањето? А нешто против насилство бевте бе.... Оти да речеше дечко ми ме претепа советот ќе беше остави го. Мајка ѝ ја тепа - смири се. Мислам...океј сте со советиве? Ако фамилијата треба да ја сакаш пред сѐ друго, и ти треба да им бидеш пред сѐ друго. Ама кога комшиите се побитни за нив, сори, тогаш фамилијата иде во втор, па и последен план. Не прави нешто за некој што не би го направил истото за тебе. Овде спаѓа и фамилија.
@thequeen95 кажи им дека си раскинала и ај со здравје. Кога ќе отидеш у странство од кај ќе знаат со кој си и што правиш. Не мора детален извештај на родителите да им се дава. Кажи готово е, крај е, вие сте ми побитни. Не ти треба нивниот благослов, ти требаат финансии. Така да свиј го опавчето тие 2-3 недели и ај со здравје.
Фамилијата да,треба да ни е на прво место, односно на голем дел од нас ни е. Но, @thequeen95 треба да сфати дека не може да очекува хармоничен и убав живот со нејзините. Таа е веќе дел од дисфункционално семејство. Мора да игра по нивни правила додека не замине од таа куќа. Кога ќе си изгради нејзино семејство нека гледа да ги поправи грешките од нејзините и како таа не сака да ги гледа нејзините деца. Ова може да и послужи како поука! Во врска со специјализацијата, не ни мора да специјализира во Македонија. Битно е да положи за лиценца. А доколку сака да остане тука, доколку има просек може да аплицира за државна специјализација па така нема да зависи од нејзините. Иако од нејзините мислења согледувам дека е повеќе за странство и сака да почне живот од нула. Извини што те цитирав само сакав да кажам дека не мора уште долги години да зависи од нејзините. Да, ќе зависи уште 6 месеци, еве и година нека е ама после тоа може да си гради свој живот понастрана од нејзините, а заедно со дечкото со кој ја гледа иднината. Без разлика дали е тоа сегашниот или ќе запознае попатно некој нов.
Ако можат они да манипулираат со тебе, можеш и ти. Кажи дека си раскинала, запиши го со друго име во телефон, кога ќе излагаш не оди на фреквентни места. Очигледно уште зависиш од нив, ќе ти купи време додека не се осамостоиш. Кога ќе се решиш на таков чекор, тогаш слободно кажи им. Мора ли се да знаат за тебе. Јас многу грешев кога кажував за моите планови на моите, воопшто не ми беа подршка. Ама јас сум инает тежок, што ќе наумам, ќе го направам, па и да грешам, ќе биде моја грешка и ќе научам од неа. Не е проблемот што ти бранат, туку начинот на кој тоа го прават. За мене тоа е премногу психопатско. Дека ќе го смениш нивното мислење, нема, можеш само ти да си го поедноставниш животот. Кога они немаат елементарна комуникација со тебе и решаваат се со насилство, твое е да се дистанцираш и едноставно да не придаваш значење, да си го живееш животот по твои правила. Голема работа ако е Албанец. Битно е да те прави среќна, да имате разбирање и почит. А и да не испадне така, твој живот, учиш од грешки, те прави посилна и помудра. Стани, исправи се и застани зад себе, ти го живееш животот твој, не твоите родители. Мој совет, не давај отчет кај нив за ништо, бидејќи и онака не заслужиле подобро.
Ги игнорирам моиве веќе 2 дена, денес седам на тераса и идат двајцата да ме убедат да влезам во дневна и да зборуваме како луѓе лол. Не отидов. Мајка ми ми рече за 5 години во психијатриска болница ќе сум завршела А целата сум модринки на раката од пред 2 дена од неа.
90% од лицата кои имаат депресии, анксиозности и панични напади се ,,благодарение" на родителите. Детето кога ќе се роди е празна содржина, празен рам, а родителите се тие кои првично ја пишуваат содржината, што не значи дека е правилна. Со нивните стравови, ставови, морали, етики, неуспеси, успеси, комплекси, размислувања, понекогаш лошо влијаат врз самото дете и сакаат истото да го наметнат. Биди си своја, како срцето ти кажува, така постапувај, здравјето твое е најбитно. Нека те фати инает и покажи им дека вредиш повеќе од двајцата заедно.