Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.514
    Допаѓања:
    55.190
    Пол:
    Женски
    @Kolin потполно те разбирам..и јас сум мајка на 12 годишен син..тука сме со размислувањето, баланс сакам и јас , се трудам да бидам родител кој ќе биде праведен пред се, неможе секогаш да биде подмачкано..
    Треба да станеш родител па да осетиш на сопствена кожа што значи грижа за дете...

    @lovestoneddd многу во крајност ти отиде муабетот...не е се така црно-бело...

    За се се наоѓа решение, родителите се најсреќни кога нивните деца се среќни...
     
    На Kolin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ако и го дала животот, не значи дека и е господар на животот.
    Значи ти негираш дека постојат лоши родители, туку сето тие приказни се производ на бујната машта на несозреани дечишта, кои се земаат при срце, и не можат да разберат како мамицка им мисли најдобро прему низа од ултиматуми и ограничувања.
     
    На Milobebence, BloodElf, Peperutce1115 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Kolin

    Kolin Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Потполно те поддрржувам , ќе биде се во ред, кога разбирањето и здравиот разум ќе преовладуваат во семејниот дом.
     
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    За кој момент мислиш дека е крајност?
     
  5. Kolin

    Kolin Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Многу бес има во твојот став, ми пренесуваш негативна енергија. Ама и себе лошо си правиш.
    Не ги бранам јас мајките и татковците само затоа што сум мајка, ниту негирам дека има лоши родители, дали тоа значи дека ти сметаш дека за се е во право детето?
    Ептен амерички став. Не сум толку модерна.
     
  6. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.514
    Допаѓања:
    55.190
    Пол:
    Женски
    Па воопшто на целиот муабет..Никој не оправдува лош родител што апла се гледа од авион дека не знае што со себе па ајде сега лечи фрустрации на детето...ама па не е лесно да се справи човек со децата, јас еве за мене зборувам... нема совршенство на тоа мислев.Јас еве лично за мене си зборавм дека работам многу на себеси и внимавам како - што со моите деца, а далеку од тоа дека сум совршена мајка. Ама неможе и на детето се на тацна да му се дозволи и даде..
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно, во право си .
    Јас само коментирав тргнувајќи од постот на членката која ја отворила темава и останатите членки со постови душа да те заболи, а Колин упорно тврдеше со разговор се решавало се и се тоа било за нивно добро. На игнор ми е, пошто извртува зборови.
     
    На Alisa22, Sexybaby86, ivi1987 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Колин и јас како тебе сакам да верувам дека родителите секогаш го сакаат само најдоброто за децата. Но не е така.
    За делов што те цитирам, верувај дека мајката може да ги прави и двете споменати работи. Мама од 15 години ме пушта надвор без ограничување за враќање, а јас до 17 години се немав вратено после 1. Е тука се покажува колку родителот разговарал со детето.
    Јас во мајка ми гледам другарка. Се караме чат пат, ама нормално е - различни карактери.
    Само што, вечно сум и благодарна што никогаш во животот не ми кратела од слободата.

    Од друга страна, моја другарка цел живот копнееше да се зближи со мајка и. Ама мајка и постојано имаше нешти мудро да каже за нејзините одлуки, а некогаш е поубаво да почувствуваш поддршка.
    Не и даваше пари за излегување или ново парче облека, а важно таа секоја недела ново нешто си купуваше. Ја тераше на 20 години да се враќа во 11 затоа што и се спиело, не можела да ја чека.

    И сега?..
     
    На Amellie13, Purplelilac, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Тука кај јас најчесто родителите мислат дека раѓаат мини верзија од самите нив
    Тоа е ептен психолошки зае*бано
    посебно тука читам млади мајки на деца од по 11-12 години вие бидете помодерни современи
    Не викам да ги пуштате децата од ланец да немаат никаква контрола бидете прво другари па воспитувач
    Мене ми е многу криво што со мојата мајка немам таков однос и ќе гледам со моите деца да бидам обратно од неа барем тоа е едно позитивно во цела ситуација
    Јас сум криела родителска од мајка ми во прва година средно зашто имав 1 по физика на полугодие Оти знаев што ме чека никогаш не ме тепала ама затоа психички ме малтретира ти си неспособна срамота девојче има единица ништо нема да биде од тебе никој нема да те сака итн па еве што ми фали доктор ќе бидам за неполна година. Ајде тоа најмал проблем сите би реагирале така ама не е смак света
    И вие што имате ќерки и ќе дојде време да правите муабет за дечковци немојте како мојата мајка што ми викаше ќе си најдеш еден побогат паметен од убава фамилија да те сака а ти не мора да го сакаш многу и ќе си идеш со него најубаво е да имаш еден.
    и еве најдов таков на 16 години и до ден денес сум со него љубов нема последните 2 години одам од навика од тоа што се плашам да бидам сама
    Ми викаше дека сите други сакаат да ме излажат само ќе ме легнат и ќе си заминат и мене ми е многу тешко да им верувам на луѓето посебно на машки
    На факултет се зближив со едем Албанец (тоа не е тема имам пишувано во љубовни проблеми) и кажав она почна да биде хистерична ти си глупа каков живот ќе имаш со шиптар ако го направиш тоа да не се враќаш дома итн а не напоменав дека јас сум атеист а мајка ми е верник и ми вика кој ли те воспита така да не веруваш во господ па читам бре сум пораснала читам си имам свои ставови не го делам луѓето ако мене ми е убаво со некој не ми е гајле што е по националност.
    И едноствано сум затворена во еден круг со 4ца луѓе и се гушнам секојдневно
    Од септември им кажав ќе идам во странство мајка ми ми вика и јас ќе идам со тебе да седам
    Е што муабет е тоа
     
    Последна измена: 29 ноември 2019
    На Sexychica, Peperutce1115, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  10. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.514
    Допаѓања:
    55.190
    Пол:
    Женски
    @thequeen95 точно, ти со твоите деца ќе се стремиш сите овие работи да ги направиш спротивно...и ќе бидеш супер мајка...
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    76.495
    Пол:
    Женски
    Луѓе што не биле во токсична врска со родител не можат да разберат, иако веќе и самите се оствариле како родители. Не сте свесни колку штета правите на психата на детето, колку тој токсичен однос влијае на нивното размислување и однесување во иднина. Колку лошо влијае врз нив тоа стегање и премногу заштитнички однос.
    Да, ние како родители се грижиме за нашите деца, се плашиме од се и сешто. Ама мора да ги оставиме сами да размислуваат, да можат дома слободно да зборуваат без да се плашат дека некој ќе ги обвини за нивното размислување и однесување.
    Ако немаат дома слобода на говор, каде? Ако ние дома не сме им поддршка, рамо за плачење и утеха ако нешто згрешат, кој би им бил?
    А, и нели некогаш од грешките се учи?
    Сака велосипед да вози? Нека проба, дозволете му. Сака ролерки? Нормално е да се плашиме од повреди, ама ако му речеме не, што сме добиле? Демек така сме го заштитиле. Не, и на прав пат може да падне и да се повреди ако веќе гледаме така. Сака гимнастика, јазици, сака да пее? Оставете го само да се пронајде, а не вие да му наметнувате што е добро за него.
    Не зборувам на памет, имав токсична врска со родителите цели 32 години, среќа што конечно престанав да се плашам и ставив крај. Отворени карти, дистанца и комуникација сведена на минимум.
    И, знаете што? Конечно дишам слободно.
    Ако сакате децата да не се плашат од вас и да се караат со вас за се и сешто, оставете ги слободно да дишат. Бидете другари со нив а не наредници.

    Јас од нивните грешки многу научив, само тоа знам. Знам како НЕ треба да се однесувам со моите деца за да бидат среќни и да бидеме другари.
     
    На Peperutce1115, Someonespecial, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Секое дете сака слобода, само да донесува одлуки за својот живот (нормално се со граница на годините), дозволете им го тоа на децата, макар и да направат погрешен избор, нека се "изгорат" еднаш од сопствената одлука што ја донеле, нека паѓаат низ животот, како родители нормално бидете им раката што постојано ќе ги поткрева, ама нема да ги прекорува "ете бев во право, така ти е кога не ме слушаш мене".

    Ако сте го донеле детето на свет, не значи дека вие како родители треба да им го кроите животот и се по ваша замисла мора да се одвива, грижата е нормална работа, но во нормална мера, без притискање и напнување.
     
    На Peperutce1115, Cherry333, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Kolin

    Kolin Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Многу ми е криво што така ме свативте и ме нападнавте повеќето, само затоа што пишувам од аспект на родител. А најискрено, се најдов засегната во темава на патот кон доброто родителство и сакав да добијам совет за да го изградам односот на едно подобро ниво. Да видам каде грешам што наидувам на конфликти за смешни работи. Не сакам да бидам една од оние приказни каде грутка ти стои во грлото додека ги читаш. Тажни деца уште потажни родители.
    Помодерна и посовремена мајка, или родител не правам разлика, се станува со искуството кое го добиваме решавајќи ги заеднички проблемите уште од најрана возраст на детето. Детето треба и да падне и да стане, некогаш се учи на своите грешки најдобро.
    И сите ќе бидете супер мајки, и сите деца ќе си го најдат местото за себе, без разлика на се.
     
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @Kolin нашите реакции се поради ова:
    Јас во ниеден момент не сакав да те нападнам, затоа што ти сама даваш дознаење дека си свесна дека нешто грешиш.
     
    На Alisa22 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  15. Kolin

    Kolin Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Леле страшно, ова ептен плитко. Да не знае човек што да ти каже, толку различни ставови.
     
  16. Kolin

    Kolin Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Сепак ме нападнавте. Мојата ќерка има 11 години, а не 23. Правете разлика, ве молам.
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Колин те боли бидејќи веројатно си имала добра мајка и си добра мајка на ќерка ти.
    Постојат мајки, нејќам да ги наречам мајки. На дневни бази дерење, навреди, буквално омраза, колнење, пцуење, правење чувство на вина, плачење секој ден, страв да ти е да дојдеш дома, да си го мразиш домот, децата на 13 години имаат панични напади, на 13 години пијат дијазепам и хелекс и после некоја таква стока ќе ми каже мене се' ми е детето, ако ти е се' детето ондак не го уништувај тоа ли е мајка. И немој да мислиш дека ова се семејства за кои слушаме по телевизија, со алкохоличари или наркомани, не бе. Ова е секојдневие на многу навидум нормални семејства, децата што учат со ќерка ти у школо, деца што се убаво облечени, искапени, деца кај што двајцата родители им работат. Никогаш не би се посомневала, затоа не веруваш, ама верувај, децата не лажат и не секоја мајка си го сака детето апсолутно бескрајно. Тоа не е у ред да го кажуваме бидејќи има реални проблеми, а ние со тоа ги подценуваме.Некој кога ти кажува дека има проблем, бара помош веројатно или совет. Верувај му дека сигурно ја поминал таа фаза кај што илјада пати се препрашал да не греши, да не претерува.
     
    На Kalince1996, moonlight-girl.55, BloodElf и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Зошто различни ставови? Зошто кажа дека албанец запознала?
     
  19. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Општо различни ставови имаме за се не само за тоа религијата
    Плус и минус баш
     
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    За излегувањата, мене ми беше ограничено времето до 1:30-2.
    Зошто? Поради страв од можни тепачки во кои јас како присутна таму би можела да бидам повредена.
    Иако се излегуваше во 11:30-12h, јас морав да се враќам за саат ипол - два.
    Додека сите мои другарки се забавуваа, јас гледав на саат да не задоцнам дома па потоа со недели да не правиме муабет со неа.
    И не се случи таа тепачка тогаш.
    Но се случи сега кога сум полнолетна.
    Веднаш до нашиот пулт каде бевме застанати со другарките изби тепачка.
    И не се случи во 4 наутро, туку во 2 наутро.
    Точно знаев како да изреагирам. Во истиот миг кога дојде до туркање почнавме да собираме ташни и за неколку секунди исчезнавме со другарките.
    Исто ќе изреагирав и на 17 години, затоа што секогаш бев свесно дете но на некој тоа не му се веруваше.

    За прва врска исто така премногу ограничувања.
    Веројатно токму затоа, од толку многу внимателност всушност налетав на најлошиот можен пример на дечко.
    Си добив искуство за цел живот.
    И никогаш не ѝ раскажав за врската, иако со месеци ме гледаше расплакана и разочарана.

    Всушност она што сакам да го кажам е дека опасноста од светот ќе дојде вака или онака.
    Тоа не можете да го спречите како родители.
    Но ако во воспитувањето создадете здрава врска со детето, верувајте дека истото ќе знае да се справи со опасноста и на 15 и на 25 години.
    А ако не знае, барем ќе знае каде може да се обрати а притоа да не наиде на осуда.
    Тоа е врската која би сакале да ја изградите.
     
    На cinderella7, Peperutce1115, tirkenbal и 16 други им се допаѓа ова.