1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Е тоа би било проблем..
     
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Побарај сегде по дома.
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    За 24 часа ќе и го дадат.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Ова денес никогаш нема да го заборавам. И кажувам на мајка ми да се распраша кај матичната да ми закаже термин да се тестирам. Госпоѓата односно "мајка ми" ми вика "Сега одма дупла работа ми отвараш само никаде не одам". И викам "немора денес ете утре". Ми вика "како да не нервози само ми ствараш" и милион други работи.
    Да беше за "брат ми" немаше сабајле ни на работа да отиде. Или ќе отидеше и на 2 мин ќе му ѕвонеше. Малце да е смрштен одма го приметуваат. А јас? Која сум? Колку да ме има на список меѓу живите у фамилијава и тоа е тоа.
    За што и да е во куќава моја.
    За што и да е. Се дерат како ненормални. Викаат. Урлаат. Се кршат предмети. Не знаат нормален муабет да направат. Ми имаат набиено страв до петни жили.
    Нека се молат само да не оздравам и да сум позитивна. Има тогаш јас да почнам да правам "ршум" како и они што прават. Никогаш нема да си одам од куќава. Има да ги умрам јас исто како они што ме умираат секој ден. Јас ја немав таа лоша душа. Ама од сега ќе ја најдам и никогаш нема да ја извадам.
    Или па ќе си се осамостојам а пред тоа од институција во институција ќе одам. Да им се смеат тогаш стварно цело мало.
     
    На tina2018, Rakometar и Sahlene им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.978
    @thequeen95

    Сакам да ти кажам искуство на едни мои пријатели.
    Поточно, момчето, неважно националност, потекнува од муслиманско семејство. Велам потекнува, оти ни неговите дома се занимаваат со религија, тој уште помалку.
    Порасна со нас, Македонци, со нас учеше итн. и логично сите девојки во живот му беа Македонки.

    Некаде во средно запозна една девојка, која потекнува од православно семејство и самата е православна.

    Низ годините имаа МНОГУ проблеми. И од неговите и од нејзините.

    Се разделуваа, смируваа... да не си им во кожа, само тоа имам да го кажам.

    Сега на 30, имаат свој дом и живеат заедно, родителите не се среќни, ама се помирија.

    Тие двајца се среќни и сакаат да се еден со друг, какви глупости и проблеми издржаа, за помали работи луѓе се разделуваат.

    Муабетот ми е, не си мала. Прво ти за себе осамостали се. Да не се трауматизираш од твоите. Не е спорно дека тие добро ти мислат, спорно е што нивната замисла за добро можно е да нема врска со она што е објективно добро за тебе.

    Дај му време на времето. Ако сте еден за друг, ако стварно се сакате и знаете дека е тоа-тоа, ќе се наредат коцките. Ама прво независни финансиски и станбено од сите да бидете.

    @mssuniquee многу ми е жал за девојчето.
    Најубаво мт да ја "кара" малку, постар братучед и' е, нека и' каже - види јас што правам за семејство, за жена, не прифаќај ништо помалку.
    Млада е, кај трча по веридби и свадби, цел живот е пред неа.
    Навистина греота.
     
    На *Amethyst*, Luminary, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    @edna_malecka Колку години имаш?
    Посакувај и бори се. Се ќе ти се исполни. Наскоро ќе го најдеш својот мир. Ќе создадеш семејство во кое ќе знаеш како не треба.
     
    На tambelina, *Amethyst* и edna_malecka им се допаѓа ова.
  7. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    Знаев дека еден ден ке излезе на виделина она кое одамна не сакав да го видам...

    Имено, баба ми и дедо ми (што ме израснаа) не го прифаќаат дм, дека живеел во друга држава па ке сум си заминала од нив а највеќе зашто бил обичен работник, немал факултет...

    Многу ме погоди ова, запнаа да го оставам не ми требал таков, друг ке сум си нашла, нив треба да ги чувам и слични муабети кои знаев дека ке ги чујам.

    Не знам како да постапам пред дм, дали да му кажам за ставот нивни, зошто со него планираме и регистрација веќе. Срам ми е од нив, зошто еден ден кога ке дојдат неговите тука кај мене дома овие двајца ке им удрат еден “ладен туш“ на луѓево, ми е срам веќе од луѓево кои ме исчувале.

    Не можам да се опоравам веќе неколку дена.

    Сепак, благодарение на мое досегашно искуство со психотерапија, застанав цврсто на ставот дека човекот го одбирам јас и дека јас сум самата одговорна за мој живот, и да погрешам и да не погрешам моја е одговорноста на крај на денот. Јас него не го оставам. И драго ми е што јасно им го укажав тоа но, ми е срам од нив и како тоа да му го речам, зошто реално навредливо е тоа они што го мислат.
     
    На spacegirl92, tina2018, Lolipop23 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Кажи му како размислуваат и тоа кажи го на начин дека ти не го оправдуваш воопшто и разочарана си ама ништо не се менува меѓу вас. Нема потреба неговите да доаѓаат кај твоите ако не се добредојдени. Направете регистрација и тоа е тоа.
     
    На Ambrosia, tambelina, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  9. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    1.139
    Пол:
    Женски
    Не, твојот одговор е за пофалба, а не за срам. Навредливо е нивното однесување и потценување.
     
    На candy.cane, *Amethyst* и Mikha4 им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Стари луѓе. Нормално е. Се плашат да не останат сами. Објасни им дека ти ќе ги сакаш секогаш. Каде и да отидеш секогаш ќе се враќаш кај нив да ги посетуваш.Никогаш нема да ги заборавиш. Кажи им и за дечко ти дека е добро дете дека има убав карактер дека те чува дека те сака стварно ти докажал многу пати.
    Разговарај со дечко ти. Кажи му дека ти нема да се откажеш од него никогаш ради банална причина.
    Закажи регистрација.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst* и Mikha4 им се допаѓа ова.
  11. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    До сега цело време им го докажував тоа, јас им пазарам и чистам низ дома, не ги оставам сами да се но, за жал не сакаат повеќе да чујат на таа тема, не ме прашаа ни како се вика, одма тргнаа со одбивање, не ми дадоа простор да се искажам. А од друга страна пак не се сами скроз и нема да бидат, тука се и другите братучетки ама ете се привржале за мене дека со нив сум израснала :(
     
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Да, но тие еден ден ќе умрат, а мора да продолжиш да живееш. А за да си тогаш среќна и да не си сама треба од сега или од некој даден момемт да почнеш да си го средуваш животот.
    Не дозволувајте никој да ви го контролира животот и неговиот тек. Бидете сами газди на себе. Не паѓајте на емоции и манипулации. Држете се до ставот и она што вие сакате. Сами си ја креираме иднината. Бидете силни.
     
    На tinka-mace, Ambrosia, Istata od vcera и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со членките погоре. Ќе му објасниш искрено како стои ситуацијата. Тој и неговите не мора да доаѓаат да се запознаваат.

    Знам дека ти значат многу, ама не може да те манипулираат така. Ти сеедно продолжи си со плановите. Ако не сакаат да слушаат, не им кажувај ништо.

    Ако некогаш нешто речат за него, ќе им објасниш дека нема да отстапиш од намерата. Повеќе ќе ве оддалечи нивното однесување, отколку самата далечина.
     
    На flawless., cresa-jagoda, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  14. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    Од одамна им ја знам токсичноста, вакви биле и со мајка ми со вториот брак и со вујко ми, сега на ред сум јас.
    Свесна сум комплет за манипулациите, и решено ми е да не зборам за плановите ниту пак да им одговарам на прашањата доколку некогаш во иднина ги имаат за него.

    Искрено, повеќе ми е страв од реакцијата на дм, да не се повлече и да не се разочара иако знае дека он е тој за мене.
    Ке оставам малку време првин јас да се стабилизирам и ке поразговарам со него ке се потрудам да најдам зборови за да го ублажам сето ова.

    Девојки, фала ви многу на сите до една :l::l::l::f::f:
     
    На tambelina, cresa-jagoda и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  15. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Ако те сака ќе остане со тебе ќе те сака ќе направи сѐ да бидете заедно покрај сите бури.
    Од прво кажи му дека го сакаш најмногу дека планираш иднина деца заедно со него и никој друг, дека не сакаш да те остави никогаш.
    Држам среќа (fingers)
    Што и да треба тука сме ние :hug:
    Сѐ ќе биде во најдобар ред
    Верувај ни:nod:
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се грижиш за тоа. :)
    Со тебе ќе живее, не со нив.

    Освен тоа, мислам дека фактот што одлучуваш да си со него и покрај целиве маки ќе му значи, затоа што ќе му покаже колку го сакаш.

    Ќе се среди се, само вие двајца да имате разбирање и комуникација. :hug:
     
    На tambelina, cresa-jagoda, BloodElf и 2 други им се допаѓа ова.
  17. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Може ќе звучи грубо, ама да им одговориш дека кога веќе си ги чувале сопствените внуци само за подоцна да добијат нешто од нив во замена, дека ќе им испратиш пари за чувањето, како компензација.
    Многу себично од нивна страна, наместо да бидат среќни за внуката, тие единствено на себе мислат и и расипуваат среќен момент во животот.
    Не знам колку ќе ме послушаш, ама ти препорачувам да намалиш контакт со нив, па и во случај да останиш тука.
     
    На tinka-mace, flawless., tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Машки
    @thequeen95 што направи, се пресели странство?
     
  19. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со расправиите со вашите родители, поготово мајка, кога не ги почитуваат вашиот избор и желба?:)
    Моментално сум при крај со студиите, останати ми се неколку испити, но искрено не се брзам бидејќи целиов факултет ми беше стресен и обемен, едноставно така го доживеав јас. Пред некој период аплицирав за пракса со пола работно време во една организација и вчера ми јавија дека сум влегла во потесниот круг, доколку сум заинтересирана за понатаму, да одам на разговор денес. Но, во меѓувреме наш познаник ми понуди исто пракса/работа во неговата канцеларија. Јас откако го дознав тоа разговарав со моите, отворено кажав дека периодов поинаку сум го замислила, со поинаква работа. Веќе сум заангажирана за една работа која токму следниве месец - два ќе ми зема голем дел од денот. Имам и неколку понуди за online работа од дома за преведување, пишување итн. Активна сум на неколку полиња, воопшто не седам со скрстени раце. Поради други ангажмани им кажав дека ќе размислам и ќе одлучам дали имам толкаво време да се посветам на работа со полно време, со оглед нели и на испитите што ми се преостанати. Но, нивните реакции се толку дрски, како сум се осмелувала да одам на разговор, како сум мислела да не прифатам кај познаникот, луѓе плачеле и молеле за таква работа и што уште не.
    Не знам како ќе ви звучи целава ситуација, но мене ми е премногу тешко. Секој ден се расправаме, за се ми превртуваат очи и ме навредуваат. Ми прават да се чувствувам под притисок, едноставно како ништо што правам да не е доволно. Никогаш не сум била премногу блиска со нив, да споделувам проблеми што ги имам, напротив се што ми се случувало и за време на тинејџерски години и подоцна, сум го пребродувала самата. Не разбирам зошто таков однос? Знам дека како родители секако го посакуваат најдоброто за своето дете, но како да објаснам дека секој си го трасира својот пат, дека се во свое време ќе си дојде на место и секој оди во свое темпо. :) Немам сила веќе, секој ден сум критикувана за се можно што правам. Ве молам дајте ми некаков совет како да постапам :)
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    42.613
    Пол:
    Женски
    @Pixi5 многу добро те разбирам. И јас поминував низ истите маки. Ни факултетот што сум го избарала не им се допаѓаше, ни хонорарната работа, ни работата што потоа сама си ја најдов. За се имаа „подобра“ опција што сакаа да ми ја наметнат.
    За жал не верувам дека можеш да го смениш начинот на кој размислуваат. Евентуално да ги седнеш да поразговарате, да им објасниш дека тоа е тоа што го сакаш, и дека ти ќе го работиш тоа, а не тие.
    Во мојата ситуација си остана така секогаш. Не се промениле сеуште.
    Јас се научив да живеам со тоа, и секако си работев јас што сакам и учев јас што сакам, а нивните идеи секогаш ги сослушував, но искрено и отворено им кажував зошто тоа не го сакам и не е за мене.
    Обиди се да им објасниш, ако гледаш дека нема никакво подобрување тогаш не се мачи. Следи си ги твоите соништа и не си ставај на срце се што ќе кажат.
    На крајот од денот, најбитно е ти да си задоволна и среќна со тоа што ќе го работиш. А и верувам дека и тие ќе сфатат со тек на време. Со среќа! :f:
     
    На Ance-to, Glowy, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.