Немој никогаш да се трудиш работите да ги добиваш со умилкување. Не е добро за тебе, нема да научиш никогаш да се избориш за себе. Напротив, заземи став, не им прави муабет ако треба.
Сум пробувала на секаков начин никогаш не паѓав на ниво со умилкување да ги добијам работите што ги сакам секогаш се трудев за се што сум добила но веќе немам сила за расправии и докажување дека сум доволно зрела да разликувам добро од лошо
@Winniepu и јас би ти кажала да разговараш сериозно. Поврорувај си дека си во право. Не бараш ништо страшно, бараш нешто сосема нормално за твоја возраст. На крај, сите луѓе се различни и ти најдобро си ги знаеш. И јас со моите имав слични ситуации и не успеав да ги решам со разговор, само кај мене ни умилкување не помагаше, едноставно не попуштаа. Си терав по мое колку можам. Само бев помала кога се случуваше тоа, на 17 и пол веќе немав проблеми.
Ви благодарам многу ќе се обидам да разговарам се надевам дека ќе ме разберат. Доброто е што јас им се спротиставувам и знам што да речам а брат ми молчи и затоа така го контролираат до толку на 20г.
Разговарај убаво со нив, објасни дека цел живот не можат да вилјаат на тебе. Утре ќе станеш полнолетна, кажи им мои другарки ќе одат може во друг град на студии, некои и од држават си одат да студираат или работат, замоли ги да имат разбирање. Со убаво објасни им. Секој се грижи за свое тоа е нормално, ама не можеш да бегаш од животот и тоа тие треба да го разберат...
Девојки само да се огласам дека синоќа ми дозволија да излезам се беше океј се вратив во 10:15 немаше никаков проблем. За оваа вечер не излегувам бидејќи имам страв и да прашам за излегување. Утре имам обврски од сабајле со училиштето и ќе имам шанси да излезам. Потоа петок викенд и имам веќе дозвола за викенд да излегувам. Ви благодарам многу за советите ми помогнаа навистина
Mislam deka nemas toksicni roditeli samo zagrizeni roditeli na dve deca, za koi ne mozat da se pomirat vednas deka porasnale i im treba "space".. Ne se sekiraj, toa se minlivi raboti i najbiten e krajniot ishod sto spored mene kaj tebe e pozitiven, te vospitale i izgledale najdobro sto znaele. Sekoj roditel potfrluva na nekoe pole, vo odreden moment,nema sovrseni, no toa ne znaci deka sekade i sekogas decata se zrtvi, vo tvojata situacija nema nisto strasno. Bez gajle, ke se sredi, samo razmisluvaj sto i kako im prezentiras za da uvidat deka si veke zrela ☺.
Многу е заебано ова со онлајн наставава. Претходниве 2 месеци си учев кај мене у соба и буквално не постоеше нешто што ќе ми одзима внимание и концентрација. Но од вчера јас незнам што се деси со женава што почна "да се грижи за мене". Ми отвара врата. Добро ете може навистина се "грижи" за мене. Но јас секогаш седам под ќебе и топло ми е. Сега испаѓам не благодарна но тропаат, шушкаат, отвараат затвараат фиоки, телевизорот пуштен трешти. Јас станувам затварам врата таа отвара се дере како ненормална. Среќа додека ми се дере микрофонот заклучен. Пробав да и објаснам "учам ми губиш концентрација праиш неред". Ми одговори со едно ладно "ај ако учиш таму учи". Немам приватност и слобода во своја куќа. Тоа е многу лошото. За досадна, знам дека сум досадна. Блокирајте ме, што да ви кажам.
Па јас не знам зошто толку им обраќате внимание. Од едното уво влегло, од другото излегло. Јас немав проблем со саат за искачање ама имав проблем со често искачање. Нон стоп ми префрлаа, јас се правев дека ги слушам климав со главата. Јас бев бунтовно дете во пубертетот, се' што ќе ми кажеа дека не може јас го правев. После тоа си легнаа на брашното. Сега во друг град, не можат ништо да ми кажат. Кога се слушаме скоро секогаш сум излезена (зборам за пред пандемијата) бидејќи одам на фитнес, правиме доста проекти со колеги и сл. Сега збор ми немаат кажано пошо не ни можат.
Морам некаде да се искажам. Не можам. Значи стварно не можам веќе. Каква ли мајка имам јас не знам што ме казни толку Господ. Сум пишувала во многу теми и во темата за ќотек како воспитна мерка. Се почна од таму. Да се јаде ќотек од рано детство за безврска. И не,не ме болело тоа ни ден денес не ми остава последици тоа. Ќе го сватам како "ете жената може користела метод на воспитување" ама никогаш не сме имале однос мајка и ќерка. Не е тоа дека не ја сакам поради ќотегот како мала туку не ја сакам како личност. Многу одвратна жена многу расипан карактер. Трпението кое го имам веќе е на тенка линија. Никогаш не верував дека за мајка ми ќе речам дека душманот ми е помил од неа. Од една страна викам греота жената ме родила се мачела од друга страна се нејзино ги урива моите позитивни мисли и чувства кон неа. Сакам да ја сакам мајка ми ама никогаш не ми дала ни една причина за да имам љубов кон неа. Се што сакав ми растури се што постигнав ми го руши врз глава. Никогаш не се потруди да ме праша како сум да ме ислуша дали имам проблем мака.... На сите работи кои ми се случија таа имаше своја приказна за која мене ме обвинуваше. Никогаш не ме поддржа нити ми помогна во нешто. Толку било а и уште е лошо што дури на сите жени им завидувам што имаат топол дом со семејни односи. И покрај тоа што сум возрасна и мајка имам потреба од мајчина грижа. Ама никогаш нема да ја добијам. На секое наше видување ние се караме. Ама од сето тоа има една позитивна страна - знам како јас да не се однесувам со децата. Секогаш да бидам тука за нив. Дури и ги сваќам многу убаво тие кои решиле да живеат без потомство. Боља одлука одколку да имаат живот како мене. Простете ама мораше да си ја олеснам душата.
@marchi-cool пробај да игнорираш. Не е лесно знам. Гледај на твоите деца да им пружиш искрена љубов,поддршка, биди секогаш тука за нив. Пробај да си ги пренасочиш мислите на друго нешто. Секогаш кога ќе почне да се кара со тебе тргај се од нејзе, исто како да не ти се обраќа на тебе. Не и возвраќај на зборовите,не си ставај све при срце. Знам дека нејзината љубов никој неможе да ја замени. Биди храбра. Давај си време да бидеш тажна, но освестувај се и продолжувај напред. Ова правам јас, има периоди кога ме фаќаат кризи за мајчинска љубов, но кога ќе си кажам "престани со депресии" престанувам.
Јас тебе потполно те разбирам. Моите се земале доста млади. Мајка ми ме родила на 16 години. (Не останала бремена па затоа да се земале, да кажам одма да не се протолкува погрешно). Основно кога бев не излегував буквално никаде. Ни во маалото, ни на игралиште, никаде. Во школо и после школо кај една другарка дома (секогаш им се јавував на фиксен да знаат дека сум стигнала и колку време ќе седам). Најголем проблем ми беше кога почнав средно, имав симпатија, сите излегуваа во сабота, само јас дома. Дури второ полугодие, пролетта кога бев прва гпдона прв пат отидов во диско, во маало. И ми беше дозволено два пати месечно само. Секогаш бев прва која го напнува друштвото да си одиме дома иако сите имаа дозвола да останат подоцна. Ако се случеше да закаснам следно излегување ми е забрането. Најголем проблем ми беше во втора средно кога започнав врска. Иако го знаеа дечкото постојано имаше притисок да раскинам затоа што сум била мала и требало да учам. Неколку пати се обидував да разговарам ама безуспешно. Се случи на почетокот на врска кога бевме да закаснев дома два три пати, и јадев таков ќотек да тоа не е нормално. Мои другарки се враќаа дома пијани, во 5 часот наутро, повраќаа... нокогаш ми се нема случено да се испијанчам, ама ете ни тоа не беше битно. Дечко ми примети каков проблем имам и му беше непријатно што не ја подржуваат врската. Неколку пати и раскинувавме. И тоа нивно однесување траеше се додека не стигнав втора година на факултет. Тогаш престанаа да ме контролираат каде одам со кој и до кога смеам да се вратам. И ден денес им се јавувам кога ќе се вратам (не од страв туку од навика веќе). Ама.... Сега веќе немам желба да излегувам, да и до годините е. Сега ме тераат да излезам некогаш ама едноставно немам желба. Другарките која е мажена која со дете, која си отиде, едноставно веќе не е тоа истото друштво. И многу ми е криво што тогаш не сум превземала нешто. И ден денес се прашувам дали влечам последици од тоа. И дали можеби тоа ќе се манифестира подоцна, недај боже во брак, како што велат неиживеана..... Колку и да те сакаат, и да сакаат да те заштитат некогаш прават поголема штета отколку корист со таа преголема потреба за контрола. Јас сум сигурна дека и да сум излегувала често, не би дошла дома никогаш пијана, не би останала бремена во средно па да оставам школо заради тоа, ниту па би излегувала со секој втор. Ама ете на нив им било страв да не фатам погрешен правец. Дали знаеш која им е причината што ѕала се обидуваат да те контролираат? Немаат доверба во тебе?
Еве и јас да си споделам. Имам 21 година и сум 3та година на факултет. До пред некое време родителите ми обрнуваа внимание само кога бев болна (имам доста здравствени проблеми уште од најмали нозе) и секогаш се однесуваа како да ќе умрам ако не си ги испијам лековите во точно одреденото време. Поради тоа и стекнав навика веќе да не им кажувам како се чувствувам здравствено, бидејќи секогаш прават драма од тоа. Настрана тоа, не е толку важно. Искрено, во средно и не ме контролираа. Речиси и да не знаеја каде одам, со кого, до кога ќе седам, освен некогаш мајка ми што ми ѕвонеше ако смета дека многу сум се задржала надвор. Се запишав на факултет во друг град, една година живеев сама, немаше никакви проблеми во тој поглед. Наредната година под нивен притисок почнав да живеам со цимерка, ама и таа се врати дома нели поради пандемијата. Годинава пак сама. Е сега, проблемот е што имам дечко, веќе 8 месеци. Да, често сме заедно, да, си имаме наши проблеми, ама тие не знаат буквално ништо за тоа. Знаат само дека сме во врска. Толку. Не знаат како изгледа, како се однесува спрема мене и спрема други, шо сака во животот, ништо. Ама се против тоа. Летото на сила ме однесоа дома за да не се гледам со него. Сега повторно ме убедуваат да се вратам дома, со причина дека нема што да правам сама тука. Ама тоа не е ни најмал проблем. Проблемот е што сакаат да ме надгледуваат. Често се случува татко ми да `и го земе телефонот на мајка ми (за да не ми се јави) и ненајавено да дојдат, да видат дали тој е тука. Проверуваат по шкафови дали има негови работи тука, ме убедуваат дека мора да раскинам и да прекинам секаков контакт со него. А најлошо е што се однесуваат како сето тоа да нормално, ми велат дека ќе почнат да доаѓаат секој ден да ме проверуваат (дури и сред ноќ) што глупости правам и со кого сум, да бидам сигурна дека се спремни на тоа и во секое време да сум дома и да сум сама. Инаку сум била и претходно во врска, никогаш не реагирале така, никогаш не се сомневале во мене, ниту пак ме проверувале.
Баш чудно е претходно што не те контролирале, а сега во друга крајност отишле. Ако не сте разговарале и ако има простор за разговор, прашај ги што се сменило? Што ги натерало така да реагираат. Претпоставувам се уште не си финансиски независна. Ако зависиш од нив е тешко. Доколку не можеш со збор да се разбереш со нив, тогаш не знам што друго да направиш освен да издржиш уште 2-3 години. Ќе завршиш факс, ќе најдеш работа и тогаш нема да имаат толку сила да те контролираат, пошто ќе можеш да прекинеш контакт со нив.
Финансиски ме пресекоа уште пред неколку месеци, не знам дали тој беше причината за тоа. Засега имам тргнато пари настрана од стипендијата и што работев летоска, ама нема да траат повеќе од неколку месеци. Стамбено не сум зависна, т.е. не живеам под кирија, туку во стан на татко ми и често ми се закануваат дека ќе ме избркаат од него или во иднина нема да ми го препишат. Секогаш кога доаѓа до таа тема пробувам да разговарам, ама никако не успевам да ги вразумам, ниту да разберам што се променило. Моја претпоставка е дека не им одговара тоа што дечко ми нема високо образование и што не е финансиски стабилен. Ама луѓето се менуваат, фала богу, богатство се стекнува, а за факултетот мене ништо не ми менува. И плус, тие се убедени дека сака да ме прелаже и да се омажам за него на млади години.
Или немаат ич доверба во тебе дека знаеш да се грижиш за себе, што нема многу логика, или поверојатно сакаат да те контролираат. Небитно, чим нема разбирачка со збор. Ти останува да се фокусираш на студирање и наоѓање стабилна работа. Тогаш ќе можеш да си изнајмиш стан со цимер/и или со дечко ти, па нема да можат да те контролираат.
Мислам дека ова е претерано од страна на твоите родители. Да се прави притисок на личност што сама си одлучува за својот живот е премногу. За луѓе што немаат високо образование многу често слушаме дека се прости луѓе, што не секогаш е така. Затоа најдобро е да ги игнорираш затоа што никој нема право да управува со твојот живот. Како што кажаа погоре, мисли на студиите и да си најдеш добра работа. А што се однесува до финансиите, можеш да преведуваш текстови или да пишуваш состави, да правиш матурски проектни задачи или семинарски за пари. Тоа ти го велам за да не мораш да чекаш пари од нив, а и за да имаш повеќе.